Мала молитва е молитва за родилката, по породувањето оди некој од фамилијата во црква и попот отпева вода која родилката ќе ја пие и се попрскува .. Голема молитва е молитва исто за родилката и се прави на 40 ден од породот, до тогаш таа се смета за леунка, тогаш таа и бебето одат во црква и попот кажува молитва која се однесува на неа, бебето не е крстено и не смее да влегува во црквата внатре, само во влезот каде се палат свеќи. Со поаѓањето во црква на овој ден најчесто е првото излегување од дома на мајката и на бебето. После оваа молитва може да се крсти бебето, некои си практикуваат крштевање одма во истиот ден.
јас па знам со водата од малата молитва се тура во кадичката додека се бања бебето ама јас само на голема молитва бев ни м од мала. Па никому ништо
Јас мала молитва немав. А голема да и внатре слободно влегов пред олтар со бебе в раце да ги бацам иконите. И тоа попот сам ми кажа да влезам внатре.
За ова и мене ми велеа и туривав и јас ама по правило не е таа вода за бебето, бар така ми кажал отецот. Јас од свое искуство кажувам и од сознанија кои ги имам од разговор со отец
Za golema molitva mora li I bebeto da go noseme so nas ili ne posto ne planirame na 7 Jan da go krsteme a togas se tocno 40 dena tuku na 13 Jan a za golema molitva moralo. na 40 dena da odam za golemata molitva
Не мора на 40 дена да одиш на голема молитва. Малиов 9.5 месеца уште не сме отишле, првин мало што беше, па лето фати и поп у Ѓорче му рекол на мм да не малтретираме дете може за крштевката и голема молитва и крштевка одеднаш.
Па сега види, мора. Ако си верник. Ако не си, прави како мислиш дека е исправно ама не кажувај им на луѓето тука дека не морало. Страшно. „Точно на четриессетиот ден од раѓањето, мајката ја донесува рожбата во храмот да ја претстави пред Господа. Во молитвата, свештеникот се моли да се очисти мајката телесно и духовно и повторно да може да пристапи кон светото причестување. Овој пример ни го оставила уште Мајката Божја, донесувајќи го Спасителот наш, Господ Исус Христос на четриесеттиот ден во храмот кај праведниот Симеон Богопримец, и воедно е востановен празникот Сретение Господово.“ Свештеникот го благословува детето и вели: Да се помолиме на Господ. Господи, помилуј. Господе Исусе Христе Боже наш кој во четриесеттиот ден како Младенец си бил донесен во старозаветниот храм од Марија, Твојата света мајка која не искусила брак, и си бил носен во прегратките на праведниот Симеон, сам Ти Владико сесилен, благослови го ова детенце. +++
Ако го читаш редовно форумов ќе прочиташ членката како се бореше лавовски за нејзиното бебе да преживее по клиникиве, а не да се думат дали на 40 дена да оди да молкнит бебе по цркви. Мене поп ми има кажано дека после 40 дена може кога сака мајка да дојди со бебе на молитва, никако само пред тие 40 дена.
Не, не го читам редовно форумов ниту мислењата на конкретната членка. Мојот одговор не се однесува на нејзиниот приватен живот туку на она што е правилно да се направи во однос на големата молитва. Коментарот ти е излишен. И, да де, на четириесеттиот ден се чита молитвата, симболиката ти е погоре објаснета.
Епа сеа попот грешка е значи. Тој така му кажал на мм. Не мора одма "ако си верник" и сл, и твоите коментари се излишни. Инаку моето дете беше 47 дена во болница, да не требаше од инкубатор да го вадам да го носам на молитва? Свашта. Поздрав.
Ти разбираш дека јас ти посочувам како е правилно да се направи во православната црква или не разбираш? Мојот коментар се однесува на тоа како е правилно да се направи а НЕ што да се прави со бебе што било 47 дена во болница. Штета е да го мешаш бебето за да се оправдаш за погрешните совети што ги даваш. Зашто на некој заради тие прочитани молитви и раните крштевки им зависи животот а ти можеш да ги одвратиш од тоа! Немој да ги советуваш луѓе што да(не) прават според твојот индивидуален случај, зашто им даваш погрешни насоки.
Човек (и бебе може) да се крсти од секој којшто е веќе христијанин (не само од свештенослужител), во случаи кога станува збор за животозагрозувачка состојба.
Ти не разбираш. Јас не го мешам бебето, само како пример посочив дека има разни случаи и не советувам мое од ракав, нит се правдам, само пренесов информација поп што ни кажал откако сме го прашале, не го измислив јас тоа. Иди најди го и со него дебатирајте дека погрешно ги учи луѓето. А тука од еден коментар и информација што сум пренела се преувеличува работата. Свашта. Верата и обичаите се пренесуваат со љубов, разбирање и емпатија. Јас сум растена со мајка католик и сеуште ги учам нашите православни обичаи.
Veruvaj mi golema e silata na iskrenata molitva a za drugoto jas vo pon polnam 40 dena odkako sum porodena I togas ke odam na crkva I ke prasam se sto Kako