500 e tarifa plus 50 denari za 2 sveki. A da i na kraj na molitva imas da bacis ikoni i da ostavis kolku sakas
Јас мислам дека се дочистува матката. И кај мене беше слично, со пауза па пак крварење 8 дена и престана скроз.
Јас имам прашувано поп општо за влегување во црква со менструација и ми рече може слободно само иконите не се бакнуваат.
За после породување не знам ама еднаш за велигден за причест имавме добиено со мајка ми, имам поп роднина па го прашавме како ке се причестиме дека не смее во црква да се влегува, рече нема врска да си одиме тоа било порано таков адет оти немале влошки па да не капело крв во црквата. И бевме, исто и кога се венчав во црква имав крварење.
Абе дали има врска нешто туку ај, така останало од време... Исто прашував една калуѓерка, незнам за што беше, вели кој ви ги кажува тие работи, врска нема.
@DuchessAnn Ја бев на голема молитва без бебуш. Во тро цркви прашавме,им ја објаснивме ситуацијата,кажаа молитвата е за мајка и да одам да ми исчитаат,а отпосле ако сакам за бебуш посебно да го однесам или здеавје зс крштевка. Молитва у Ѓорче зедов Оддамна ви де муабетите ама да дообјаснам дека во сплет на околности постојат отстапки. Шо значи можеш со крштевката,напомени им само тогаш.
Забелешка од модератор: Преместена дискусија од темата Прогласена епидемија на морбили И уште бебе 40 дена кога ќе видиш низ молот
Ја 40 дена уште главата нз кај ми е, не знам што сака а не па у мол да го кренам со мене. Башка секој нормален знае дека до година дена не е препорачливо да се шетаат по молови и гости. Некои работи не можеме да спречиме, ама можеме да се потрудиме да ги заштитиме.
Сега испаднав проста и немајка, и вршач на геноцид на човечкиот род, оти пред годината ја шетав ќерка ми по гости и продавници (немаме молови ние, провинцијалци сме). Ај за второто дома ќе седам до 12 месеци, да не ви се разболат децата!!!
Еве јас сум ненормална и до 1г го носев по гости! Јас навистина не разбирам како тие “ ненормални “ мајки си ги шетале по гости децата до 1г. Озбилно со ваков муабет? Ако не карантин и нит на гости нит да ти доаѓаат гости дур не напраи 1г и 366тиот ден веќе слободно може по гости. И до 40дена мајка и бебе си шетаат и е сосема нормално и препорачливо од секој искусен педијатар. Океј тука не го ставам шетање по затворени простории ни во екот на вируси ( зимно време ) али дека 40дена треба дома да се чмае ми е нон сенс. Од кога дојдовме дома го изнесував на прошетки надвор со количка, Берово, Белград итн. Гости викав и сакав да ми доаѓаат уште бебе немаше ни 40дена. Но, се разбира свои блиски и нормално виросани не ми доаѓале. И до 12мес немаше кај не го однесов. И да и по молови шетавме заедно и пазаревме. Јас сама дете чувам и 24/7 сум со него, баби сервис и слично немам и не ни сакам фала богу. Така да каде ја и он идел. Ете ненормална сум шо да праам и сите сме ненормални кој до 12мес ги носевме по гости и молови децава. Останативе сте Нормални ич да не се секирате и така да си ги чувате во карантини па после да си се чудите на прва промаја, на најмала кашлица у лифт од комшијата шо ве снашло. Еве го 2г ќе прави и да не го подречам никад не ми бил болен ( зборам болен да е под терапија било каква или антибиотици ) . Од каде не ми е јасно ги вадите овие препораки до 12мес по гости и по молови дека не се носи дете! Ова го ставам у ист кош како тука што прв пат дознав на форумов и дека нокти до 6мес не се сечат па ни коса до 1г се шишало! Од толку чувања во карантин не им јакнете имунитет нит им праите добро! Тоа не го измислив јас туку тоа е светска препорака во цел свет педијатри. Изузетак на ситуацијава кога има епидемија нормално нема шетање во затворен простор! Тоа е сосема друго. Сигурно и ние ненормалните не сме до толку ненормални во екот на епидемијава да ги носиме по молови!
До 1 година да не оди по гости и да не доаѓаат? Мене ми е нон сенс ова,ама ваљда секој си знае што е најдобро за детето. Ја па и на одмор го однесов на 7/8 месеци.
Офф топик , бебе само што направи 40 дена идеме во Охрид на викенд , август месец и од како рецепционерката ме изгледа како некој да имам убиено и ја прашав да не има некој проблем ми рече браво што сум се осудила со бебе од еден месец да идам на викенд , ми кажа имала две години ќерка и најдалеку што ја имала однесено било во Струга (а она од Охрид) дека и билп страв да патувала со дете. Да не спомнувам колку луда ме направија кога на 6 месеца со кола го однесовме Виена. Инаку и јас избегнувам во игротеки да го носам пошто кога идам на родендени се и сешто имам видено , дете со температура се мачи да стои , мислиш ќе падне , мајката на роденден го донела , епа не може така , прво имај жал за твоето дете , ни роденден му се гледа ни ништо , а по молови го носам , најчесто кога доаѓаме Ск.