Правите од мравка слон. Никој не го спомена тоа што вие го образложувате. Верувам па членката до толку не мислеше дека до година не се носи по гости. Ама со епидемијата,моментално никаде не го носам.
Bree ama ja napdanvte clenkata. Sigurno ne mislese bas do godina. A nekoja spomna gosti do 40 dena. Epa neka mi izvini ama na toa bebe sto nema ni mesec najmalku sto mu treba e copor okolu nego.
Не се искажав добро . Јас читам и се интересирам за мојот случај т.е прематурче. Препорачливо е до 3мес посети само од најблиски. Исто важи и до година, да се шета на отворен простор, каде ризик од инфекции е намален. Низ муабет и сестрите во болница ми го кажаа истото, не само за прематурчиња туку за сите бебчиња до прва година. Имаше и мајка со бебе родено во термин, и дошле на посета пријатели па се вратиле во болница со грип и завршија на интензивна, проблеми со дишењето. Не сум луда нити па сум таков тип да си го чува детето во стаклено ѕвоно. Нити сум асоцијална, би побудалеа без друштво. Нокти, коса,што? Ај не претерувајте, тоа не спомнав.
Само во Македонија деца не се шетаат до 40 дена, не се носат по молови, строго дома или надвор од цивилизација. Во Македонија се седи дома пред и после вакцина, се прави кс секој месец и тоа на сопствена желба, се лечат по фб групи. Децата се третираат како посебен род и како такви се растаат и видете тие се најмајки. Само нови правила си измислувате. Погледнете надвор малку, деца на минус 10 ги оставаат надвор да спијат, дете од 3 дена го шетаат надвор па и по молови имам видено. На 3 месеци го однеле во Египет на одмор. И пак се поздрави од нашиве деца. Кај нас децата дишат отров, ама за тоа мајките само на фб се гласни. За тоа треба да се грижеме а не за шетањето по молови. И вакцинирајте си ги децата оти сите болести ќе се вратат.
Bree kako ni go kaza ej. Aj za sledno ke znam eve, I prviot den ko ke dojdeme od bolnica ke viknam copor doma
Може и треба само во Мк. Оти родителите на децата во посалам земји растеле во здрава околина, јаделе здрава храна, повеќе свесност имале за пушење и пиење, дишеле здрав свеж воздух, па и бебињата кога ќе се родат живеат во една таква околина плус гени си влечат од предци и имаат појак имунитет. Ние растевме во соби задушени од цигари оти нормално беше да се пуши дома, оди натерај ги надвор на тераса цигара да запалат. Со антибиотици од мали за се и сешто и манџи на 6 месеци „да не му стане нешто на детето ако гледа а не касне". Па уште надвор да не изнесувале на -10. Не велам дека не се претерува ама различни се околностите. Сега новите генерации посвесни се, ама пак, кај ќе носиш бебе на шетање со воздухов?
Освен воздухот во Скопје, што друго е поинакво кај нас? Демек ние не знаеме за здрава исхрана? Да зборувам за себе и најблиски. Дете доев до 2 год, антибиотик не давам, јаде прилично здраво, не се пуши дома, а го вадам и на -10 и шетам по молови, гости, др. Се што прават и мајките надвор. Ама овде веќе се претерува, дете строго дома ако не лоша мајка си. Не живееме во Африка. А за пиењро немој. Знам колку не пијат и не пушат во др земји. Ама тоа е друга тема.
Што знаеме ние за здрава исхрана и здрав живот ај не претерувај, последниве генерации да, реков, почнаа да пазат ама генерации наназад како се живеело, ти како си израсната? Без цигари дома, со овесни каши за појадок, свежо овошје и зеленчук во текот на целата година, маслиново масло и манџи со домашен доматен сос без запршка, месо од проверени добавувачи, леб од не знам какво брашно само бело не, редовно одење на море и планина, редовно спортување, па и за воздухот велиш -освен воздухот. Освен? Ок, ситница.
Зошто тогаш не си дремнуваш надвор на минус 10 редовно со таков имунитет? Ем здраво, ем ти јака можеш да издржиш...
Само во Македонија ти солат памет како да си го гледаш детето и како да си го живееш животот. Само во Македонија те осудуваат зошто правиш така како што правиш, пошто никому не му одговара. Само во Македонија друг ти го бере гајлето што правиш со твоите деца, пошто очигледно немаат свое гајле за берење
Имунитет на постарите генерации е направен од здрава храна, чист воздух, непрскано овошје и зеленчук, чисто месо без триста салтаници внатре, пилешко без хормони....гумени чизми, волнени ракавици. ѕиври..немаше водоотпорни алишта и чевли, па сме седели со мокри нозе по неколку саати....не сме знаеле што е здраво, да, не ни требало да знаеме оти се беше здраво...И најважно, сите бевме 70% физички поактивни....Тоа дека се пушело пред носот на децата си во право, но барем можеле да се пролувтираат собите..а сега со што да прочистиш воздух кога не смееш прозор да отвориш...Ех, кога ќе ми текне, доктор те прегледува а си пуши во ординација, се пушеше и на гинекологија во родилна сала....
И јас сум од тие ненормалните мајки што ги зборите и не си го носам бебчето по молови за мој кеиф, шетаме скоро секој ден кога дозволуваат временските прилики ( читај кога не е загадено). На гости одиме и ни доаѓаат ама не ја носам по собиранки како слави и родендени, сега на слава имаше 3 месечно бебе, кој кива, кој кашла бебето штафета, епа ако немам кој да ми ја причува не одам. Може грешам ама ете јас така сметам и така правам. Ќе ја носам кога ќе разбира и кога на неа ќе и биде интересно.
Педијатрите препорачуваат новороденче да не се носи во молови. Може да се шета надвор, на чист воздух, во парк. Иако нели, знаеме каква е ситуацијата плус со воздухот. Нема потреба новороденче да се мкне по мол со толку народ. Ако слушаме педијатри за вакцини, не знам како би биле најмајки и овој совет да го послушаме. Ама во денешно време секако и секоја е најмајка, таа што го чува дома, таа што го шета во мол исто така, зашто она не се плаши од болести и не дреме дома со детето, сите сме најмајки зависи како си гледаме на работите, нема потреба од карање.
Ee draga moja, treba da go celicis pa ti. Sekade so tebe. Duri I otkako ke se rodi, odma vo mol da go odneses. Eve na nekoi clenki decata nikogas ne bile nastinati, a moevo nezno. Sto da se pravi. Ima mnogu majki sto znaat da zboruvaat sto I ne e za kazuvanje
Сите сме најмајки за нашите деца https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=10210454145804087&id=1057494670
За свеки јас сум намќор мајка оти не го носам или не и го давам детето да го носи нс 3-4 куќи во ден(колку што таа поминува во денот). Сум се затворила дома,надвор го шетам,не да влезам некаде кафе да се напијам.
Ич не се замарам за околината. Секоја мајка си знајт шо е најубо за своето чедо. Обожавам ко ќе ми се мешет, одма ги сечам. Колку бабишта по пат ми каж ет умој како детето не ми било соодветно облечено или кј дум тргнала на дожд и снег да го рашетавам. Секој во својот двор да си гледат.