Јас стварно не знам како ти си растена, еве може не сум јадела маслиново масло, јадев сончогледово и домашна маст, манџи со доматен сос дома правен, сега се купува, баба ми сеуште си прави. И овошје и зеленчук јадев во текот на цела година, а ете не знам зошто да не би јадела тогаш. Месото верувај тогаш беше да баш домашно. Дома одгледувавме свињи, баба ми макнеше од село телешко и јагнешко, домашни кокошки и петел имавме, па и јајца пресни. Стварно мислеш дека порано беше недостижно да јадеш поздраво? Абе мислиш во Африка растевме. Што е денес поздраво, чиа семето кое е докажано дека кај жени предизвикува проблеми кај хормоните, или овесните каши? Син ми ете нејќе да ги смисли. Јас еве не знам што мислете како сме растеле и како растеме сега деца. И не, не треба да сме поинакви од другите. Ана кој осудува? Дискутираме. За жал новите генерации создаваат некои нови правила и како такви се наметнуваат во општеството. Храна, градинка, шетање и дружење на деца. И се претерува. За жал на крајот децата страдаат и си навлекуваат други проблеми. Никому не му јас кажувам како да расте дете, само дискутираме за некои работи за кои немаме исти ставови. А тоа дека се осудуваат сите кои дете однеле во мол и игротека, се осудуваат. Еве не знам што е толку страшно што ќе однесам дете со мене во Капитол да пазарам. Си измислувате сами некои правила и начини на однесување. Инаку вирус и во лифт може да фати.
^ Акo си рaстенa нa селo a бaбa ти oдгледувaлa живoтни и прoизведувaлa хрaнa пo прaвилa и прoписи и плус гoтвелa без зaпршки туку сo дoмaшен дoмaтен сoс без aдитиви и рaзни зaчини a свежo oвoшје и зеленчук сте имaле и вo зимa или мoжеби сте гo купувaле 150 ден килo тoгaш сoри, aмa ете не сме рaстеле сите тaкa. Некoи живеевме вo грaд кaде е зaбрaнетo свињи дa чувaш, дишевме oтрoв и јaдевме дoмaшен мaрмaлaд сo 100 килa шеќер внaтре. Сите Хaјди не сме биле.
Јас не сум за бебе до 40 дена во мол. И сега кога е 2 години ако немам некоја обржврска да купам нешто не го шетам така рандом по мол, туку преферирам парк, иако ладно е ама да не е загадено. Ама за гости, исто не сум до 40 дена, ама до година бре, па имаме друштво со деца ,не чопор луѓе, ама по некоја седенка е убаво да се направи. Па не ќе се заробиме сами дома. И така не се живее. За здраво, се што имаме на лагер сега не е поздраво од порано. Ама што да правиме кога си немаме дворче со зеленчук , а и да имаме, воздухот ќе го уништи. Верувам дека секоја мајка прави она што смета дека е најдобро за детето,ако моето мислење не е идентично со твоето, не значи дека мојата одлука е неправилна. Не осудуваме, само дискутираме.
Во град растев, какво село. Ај жити се не ја прави здравата храна порано како поим. Овошје, зеленчук и месо се јадеше што домашно што помалку прскано. Јадевме сезонско. Јас и сега не јадам домати во зима, ама јадам друго што има. Повеќето кај нас си имаа мини фарми, други купува од нив. Не знам што се обидуваш да прикажеш ама порано храната беше далеку поздрава и поприродна. Што е се сега здраво кажи ми? Домашниот мармалад со 100 кг шеќер е поздрав од оној сега кој го купуваме, па макар и органски да е. Оти знаеш сливите се сливи.
^ Дa де мини фaрми нa секoј чекoр сo непрскaн зеленчук, рaј. И сливите не се веќе сливи aкo ги зaлиеш сo шербет.
Да со месо кое мириса на месо кога ќе го испржеш, а не ова демек сега здраво. Ти не направи Африка, демек ние леб и сол јадевме кога бевме деца.
Како прајте вие, ко пред 100 години да сте растени. 1978ма сум родена. Се прскаа садници со пестициди и тогаш. Со такви кои денес се забранети, оти после докажаа дека биле не знам колку опасни и не знам што се' предизвикувале. Воздухот и тогаш беше загаден.Во Битола сум родена. Сите на дрва се греат, колите беа батал немаа филтри, плус РЕК чадеше исто ко денес. Ниту една фабрика не го санираше отпадот прописно. Како што е проблемот со линданот од Охис. Знаете кога е натрупан? Кога бев дете и претходно. И тогаш ја клукаја со антибиотици стоката, за да не им се разболува толку и да не им умира. Друга работа, Чернобил. Откако се случи хаваријата, толку се рашири радијацијата (пошто ветрови ја носеа), што на цела планета нивото на светски дозволено ниво на радијација го покачија, за да изгледа дека е 'нормално'. Башка илијадници и илијадници нуклеарни експлозии (тестирања) кои се правеа од средината на 40тите, па до денес. За здрав живот, треба здрава планета.
Не рекoв никaде леб и сoл, не е сaмo леб и сoл непрaвилнa исхрaнa. Африкa трипaти јa спoмнa. Јaдaт и тие свежo месo и зеленчук и oвoшје дoмaшнo oдгледaнo. Нели?
Зависи во кој дел на Африка. Повеќето умираат од глад (што не можеме да замислиме) или од СИДА, оти Католичките свештеници им го проповедаа 'Божјото слово' и им забранија да користат кондоми. Избегав од темата скроз.. Во мол е помалку опасно отколку на роденден (било во игротека или дома)
Па ја спомнав дека ти цело време потенцираш дека сега се јаде здрава храна, порано не. Демек ние овде поим неаме за ништо, па за нас други правила треба да важат. Ако сме во Македонија не значи дека не знаеме ништо и дека сме растени не знам како.
Немавме мерни единици на загаденост во Битола порано, затоа сите мислат сега е позагадено. Од ко памтам за мене не се дишеше во зима, алиштата на чад мирисаа. И прскано беше и тогаш се, може и помалку контрола имаше на видот на пестициди. Татко ми во Зикот работи 40 години, пченицата што е основна житарица ја прскаат не знам колку пати.. Здраво да си засадиш сам на тараса или во двор, и пак нема да е чисто поради почвата. Тоа е..
@JuLleE ок ти е тебе бебе од една недела на сред епидемија од морбили да се носи во мол? Или во лето кога стомачните вируси се во полн ек? Мол, игротеки, во три куќи по гости? И не се само морбилите сега, еве има и грип. Нека е бебе од недела, од месец, од три месеци. Едно е да шеташ на отворено на чист воздух, па и цел ден да го преседиш надвор, со луѓе, со деца, сеедно. Но сосема друго е во затворени простории каде што е докажано дека има најмногу вируси во одредени периоди од годината. Инаку и јас пазарев и носев во мол деца, ама сега ни на крај памет не ми паѓа. Мислам дека тука никој не збори за чување деца под стаклено ѕвоно како што ти замислуваш, едноставно има периоди кога е подобро да збеснат дома, отколку да се вадат на загаденово и да ризикуваат здравје. Верувај, не сакаш да знаеш како изгледа и звучи опструкција кај 5 месечно бебе. Се слуша дишењето до друга соба. А за опоравувањето да не зборам колку долго трае. Од вирус кој јас им го донесов.
Нарцис на загаденово и јас не шетам, а не пак дете. Ама во мол одеме, пазареме. Кај мене морбили може во лифт да фати, во градинката кај него 8 деца беа заразени, во молот кој контакт со деца или возрасни го има. Еве не сфаќам. Мислам дека е доста. Секој како мисли нека си прави, секој родител најдобро знае за своето дете.
Да, со 4-5 годишно дете, кое е вакцинирано. Со бебе не е исто. Инаку, се сложувам, секој за своето најдобро си знае.
Не си знае секој родител најдобро за своето дете. Можеби најдобри намери има, ама за знаење не секој знае. И ако тврдоглаво држиме до тоа -Јас најдобро знам и не сакам никој да ми се меша, ќе се прават многу грешки. Што те кошта да прочиташ, слушнеш, примениш нешто поразлично од она што го знаеш? Се прават често грешки од незнаење и од погрешни информации, не дека некој лошо му мисли на своето дете.
Добро, токму тоа сакав да кажам, секој родител има најдобри намери. А многу не знаеме да, и секој греши, ама ненамерно, па учи од грешките. Впрочем,како и за се останато во животот. Ама секој што убедува дека неговото е најправилно,исто така греши. Ко ќе видиш, човекот учи додека е жив.
Ух, а демек сега децава сите Хајди се? Најголема лага на денешницава е т.н “здрава храна”, ама ај, вие си знаете
Се расплина многу темава. Нека биде за деца до 40 дена, како што пишува. до 2 месеци, ја немав никаде однесено, освен надвор и на доктор. И кога ќе размислам, на доктор најопасно беше. Ама кога мораш ќе го носиш, и ќе чекаш ред со уште 10 настинати деца, и ќе ти пукнат.
Da Rodeno vo Januar mesec na tretiot den pocnav da go vadam nadvor na prosetka, po mallku ama sekoj den. Molovi togasno vreme nemase, a sigurno bi go odnela I tamu. Na doctor go nosev, prvata nedela koga si gojdovme od bolnica, znaci vtorata nedela na bebeto. Se obiduvaa da stvorat mleko kaj zena sto nema mleko , kao navodno site mozele da dojat ama zaboravija da naglasat "ako saka". Iskrajno da kazam deka ni na kraj pamet ne mi pagase deka ke se razbole od drugi deca. Vo toa vreme na edna strana bea zdravi deca na druga virusni/bolni deca. Nekade vo prviot mesec pocna nos da tece I odma dobi antibiotic koj go dadov dva dena I Jas po sopstvena iniciativa go prekinav. Za ponataka sum pisuvala na drugi temi. Vo isto vreme se porodivme poveke zeni od drustvoto, tie doea I 40 dena teraa I nivnite deca non stop bea bolni. Istite tie majki do den denes koga ke gi prasas kako Elena, Tome, Janko, Petko, Stanko, koga ke ja otegnat/preuvelicat kako tridena temperatura imale, pa vozduhot vakov takov,... za koga mi kaza deka cataract imala zosto vozduhot bil necist, Se Mi Bese Jasno. Preuvelicuvanje, nekoj luge sakaat da gi pravat tragicni nastanite od dete koe tripati kivnalo I dvapati potkaslalo Eve vecerva zamina na skijanje tri dena I I so isklucok na utre, ke bide -25 do -30. Bog me kako ke bide taka, si kazavme cao/prietno I da se razbole (bas sega ima nekoja kaslica), ok se vo sluzba na zabavata. Toa e moeto iskustvo I mojot stav.