Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

40 денови по породувањето

Дискусија во 'Бебе' започната од lenkich, 20 ноември 2013.

  1. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.201
    Допаѓања:
    181.183
    Пол:
    Женски
    Да, ама сега на оние со 1 и пол месечното бебе што фати морбили, Цацко им е крив. Муабетот е, ќе преминувам пешачки на црвено, и така има шанса да ме собере кола кога преминувам на зелено.
     
    На lizaname, Meckicja, kikin и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.408
    Допаѓања:
    13.420
    Пол:
    Женски
    Малата уште нема 40 дена. Не сум ја носела некаде посебно меѓу луѓе и по продавници, ама оди со мене ако е почист воздухот. Ако не, дома на тераса ја изнесувам на кратко да види природно светло.
    Ама затоа дома имаме гости од прв ден. Кој е/бил болен не доаѓа, ама преку 15 луѓе ни влегоа дома. Едноставно не сакам да ја изолирам сосема. Едвај чекам малку сонце, да шетаме на подолги интервали.
     
  3. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.982
    Допаѓања:
    59.650
    Пол:
    Женски
    Јас не би толку луѓе да примам во овој хаос што е.
    Кај нас сега ни бабите ни дедовците не доаѓаат,се мешаат во народ и лесно може нешто да пренесат.
    Ни се најавувават луѓе за малото да го видат но на сите им откажувам кој сака нека се љути не мие гајле.
     
    На Алек***, crazylady, Martka и 3 други им се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Така и треба. Има вируси на претек.
    Во вакви периоди, не само до 40дена, и до 2-3 години дечиња, не треба да се мешаат многу со луѓе.
     
    На crazylady и monik55 им се допаѓа ова.
  5. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.408
    Допаѓања:
    13.420
    Пол:
    Женски
    Ако не сакаш да примаш луѓе, нормално дека нема лутење. Јас уште пред да останам трудна знаев дека не сакам да чекам 40 дена за гости. Штом можев нормално да функционирам, се јавив на најблиските да дојдат, понатаму и на пријатели. На сите им реков "ако си добар повели". Кој бил настинат си кажа, рековме ќе дојде кога ќе оздрави сосема. Си имаат луѓето осет, а и јас убаво си прашав. Бебето се погоди мирно, јас брзо станав на нозе, кога се е во ред јас не сум сметала дека е проблем да се има гости. Едната баба настина, па испадна бронхит, самата рече не доаѓа сега иако претходно беше тука скоро секој ден. И без гости, ете од потесната фамилија можеше да биде беља.

    Јас сум одела на гости кај новородено кога сум била викната, дали пред или по 40 дена небитно. Секој сам си одлучувал кога сака тоа да биде.
     
  6. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.767
    Допаѓања:
    23.388
    Пол:
    Женски
    И кај нас имаше блиски гости до 40 дена, фала Богу супер поминавме, уште имаме на секои 2 дена гости ;) настинати не идеа.
     
  7. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.982
    Допаѓања:
    59.650
    Пол:
    Женски
    Алал да вие што не се плашите, но јас многу паничам и поубаво е периодов да не се меша со никој.
    Тргам од тоа ако нешто му стане кај ке го носам сегде е ужас и бетер ќе му биде.
    Сепак се работи за бебиња без имунитет.
    Додека не бидна се ова доаѓаа родителите но сега ни они нема.
     
    На crazylady, lackygirl и mal.ecka им се допаѓа ова.
  8. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.195
    Пол:
    Женски
    Мене ќе ме утепате ако кажам :lol:
    И за двете ќерки имав луѓе пред 40 дена, баби и дедовци нормално, брат, золва, прадедо и прабаба, и најдобрата другарка со маж и. А со помалово пак кога наполни точно 40 дена бевме во игротеката во Сити мол да си поигра големата, а ние си седевме. Но мора да напоменам дека двете ми се родени во топлото кога нема толку вируси, значи ова се случувало јуни и јули.
     
    На crazylady, Coco31, lackygirl и 2 други им се допаѓа ова.
  9. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.982
    Допаѓања:
    59.650
    Пол:
    Женски
    Многу е јасно дека се збори за периодов кој што е полно вируси.
     
    На crazylady и mal.ecka им се допаѓа ова.
  10. Meckicja

    Meckicja Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 јуни 2017
    Пораки:
    6.664
    Допаѓања:
    8.201
    Пол:
    Женски
    Mojata pred nekojden kerkicka ja nosevme I na imenden kaj deverot ama ima veke dva I pol meseci ona a do 40 dena gosti nemav samo sestra mi I deverot I tolku kazav pred vreme oti gosti nesakam do 40 dena
     
  11. Scorpion91

    Scorpion91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2019
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    217
    Пол:
    Женски
    Мајки кажете искуство од првото изнесување на бебе после 40дена, дали плачеше, како го прифати воздухот надвор, носевте ли млеко, го доевте ли надвор... Ние за една недела планираме да го прошетаме синчето незнам како ќе реагира:inlove:
     
  12. hristinan12

    hristinan12 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2014
    Пораки:
    987
    Допаѓања:
    1.381
    Пол:
    Женски
    40дена бевте затворени дома? :^) Греота е бебето да седи дома само, треба да се изнесува секој ден по барем половина час надвор кога нема ветер и дожд. Ние од недела дена шетавме, бебче поубаво си спие, немаше плачки надвор, си го доев и уште си го дојам кога ќе огладне, за секој случај си носам чајче за ако во моментот баш нема кај да седнеме за доење па да го залажам додека најдам место.
     
    На crazylady, Mantub, Puffy2019 и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Scorpion91

    Scorpion91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2019
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    217
    Пол:
    Женски
    Имаме огромна тераса и таму сме по цел ден во количка од првиот ден го изнесов, но ме интересираше за надвор, за бучавата, возењето во количка по нерамнини, за тоа што ако плаче... инаку на тераса некогаш е мирен и си седи, а некогаш не сака, плачи.
     
    На crazylady и hristinan12 им се допаѓа ова.
  14. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.573
    Допаѓања:
    106.333
    Пол:
    Женски
    Ние завчера прв пат излеговме. Бебе денес е 11 дена :) и денес бевме на кафе со неа, си спиеше во количка, штета е да не се искористи убавото време. И вчера бевме надвор на кафе па заплака , земав ја доев и пак си заспа па продолживме со шетање :)
    За есен и зима не би седела по кафичи до мало бебе, каде се пуши, па и грипови , есен зима само надвор на воздух па колку сака нека е ладно :)
     
    На crazylady, dunika, Puffy2019 и 6 други им се допаѓа ова.
  15. hristinan12

    hristinan12 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2014
    Пораки:
    987
    Допаѓања:
    1.381
    Пол:
    Женски
    Моето баш ужива во бучава и си заспива, досега не сме имале проблем(2месеци сме), баш пред недела дена имаше свадба у комшии и отидовме да ја видиме невестата нели, и само што почнаа тапаните бебушко одма заспа:rofl:
     
    На Meckicja, Scorpion91 и Ygritte им се допаѓа ова.
  16. Ива Јовановска

    Ива Јовановска Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2019
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Мајки продавам на "Авент",електрична пумпа за измолзување, многу малку е користена, под гаранција е.
     
  17. Ivanchela

    Ivanchela Активен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2020
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    43
    Пол:
    Женски
    Ние 40 дена на 14.2 правиме и освен на контрола не сме излегле од проста причина што врие од вируси и надвор е нонстоп загадено.
     
    На Darija* и SummerGirl им се допаѓа ова.
  18. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.102
    Допаѓања:
    36.268
    Пол:
    Женски
    И нас не фати студот. Не дека јас се држев до тие 40 дена. Сакав да си ги заштитам децата. Многу беше ладно.
     
  19. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.975
    Допаѓања:
    134.987
    Пол:
    Женски
    Ако седев 40 дена дома ќе збеснев. 8 дена после породувањето се осетив одлично и излегов да пазарам. Вечерта и на именден отидов.
    Бебето не е многу шетано дека ладно ама кај мајка и свекрва го носам често. Прв пат на сликање за нова година го изнесов на неполни 3 недели.
    Сите блиски дојдоа уште првата недела, нормално кој беше со вирус или грип дојде некој ден по оздравувањето. И сега ако е некој болен не иди. 100% изолација е невозможна. И да седам јас само дома, мм оди на работа, со куп луѓе се меша така да ако е за пренесување нешто прво од него ќе му биде пренесено после од другите.
    Секој што се јавил и изразил желба да ми го види детето не сум го одбила. Сметам дека со разумни луѓе се дружам и никој не би дошол ако има настинка, вирус, грип..
     
    На crazylady, Yowannty, Mia Fuentes и 5 други им се допаѓа ова.
  20. SanelaS

    SanelaS Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2016
    Пораки:
    2.042
    Допаѓања:
    5.655
    Бебето ми е старо 14 дена и од 8 миот ден почнав да го изнесувам надвор некогаш по 10 минути некогаш по пола саат . Гледам дека ужива кога е надвор и сака да спие. Јас си функционирам нормално и ако треба нешто да завршам слободно одам на пократко време надвор. Исто и по првата недела почнаа да доаѓаат и гости, го учам да спие на галама , а не никој да не го види ниту чуе 40 дена. Според мене сваќања останати уште од турско време . Овдека кај што живеам шетањата се задолжителни затоа што на секое бебе му треба чист воздух и кратки прошетки, исто и на мајките. Па 40 дена затворена во 4 зида со цицката и со пампресите депресијата ми е неизбежна.
     
    На crazylady, mal.ecka и Sesil им се допаѓа ова.