Јас од прв ден ја вадам надвор. Беше лето, прежешко од прв ден. Надвор беше поубаво него ли внатре. Бебе уживаше надвор. Од првата недела, штом нели закрепнав е шетана. Од луѓе не ја криев, ама имаше луѓе што не сакаа да ја видат дека била многу мала не сфатив зошто.
Ние бидејќи сме во заедница морав како кажува свекрвата а и мажот ми не беше со нас така да... Навечер нема испаѓање заради млеко да не ми сопрело, исто така и алишта мој и на бебе навечер нема надвор. Гости имавме само мајка ми, сестра ми и бабите и дедовците од двете страни. Старејковицата дури и ми се налути што не беше доаѓала до 40 дена.
А зошто како кажува свекрвата? И мојата се дрзна еднаш, па си доби карта во еден правец. Среќа што сме одделно. Заради такви работи сакав да живееме одделно.
Јас се породив на 15.10 прв пат го изнесив кога имаше само 1 недела. Бидејќи имапе малку жолтица бевме на фототерапија докторката рече нема подобра терапија од природната. Времето беше уште убаво сончево го изнесував се додека беше такво. Ако седев и јас дома миалам ќе збудалев се движевме само на отворено радо вируси и зошто беше малечко и родено пред време. А тоа 40 дена ноќе не се шетало алишта надвор од тебе да не стоеле ми се.чисти глупости. Јас мислам дека тие 40 дена се за адаптација на мама и бебе поготово на бебе. Луѓе не.ми доаѓаа освен моите додуша никој не се јави сите отпосле идеа ама ќе.дозволев доколку беа здрави.
Ова со млекото,и мене мајка ми ми го кажа. Некаде после 10тина дена од раѓање со мм излеговме во населба да го подновиме бебето,а мајка ми беше кај нас го чуваше. Се заакавме по продавници,аптеки почнува да се стемнува, т.е. веќе се стемни. Се вративме и ме искара,ќе ми го снемало млекото ако шетам ноќе. Па еве да чукнам во дрво,има млеко за извоз На 7ми ден ни беше прво шетање на педијатар ја прашавме дали смееме надвор,таа вика користете сонце додека има (роден во октомври) од таму пиевме кафе во еден парк,а после си ја сфативме озбилна работава и секој ден надвор Читам препораки требало постепено,еден ден 10мин,друг 20,трет 30.. Ние излеговме 3 саати не се прибравме и така едно 2-3 недели. Во тој период му се појавија бебешките акни,мислевме дека е нешто од надвор од сонце,прашина. Па две недели правевме пауза од шетање со бебе,а јас си излегував до пазар,маркет,аптека. Дури фрлање ѓубре беше церемонија,јас ќе одам да фрлам! А контејнерот пред влез. И дојде фамозниот 40ти ден,бевме во црква,па кај едни баба и дедо,па кај кум,па кај другите. Прибирање дома во 9 и нешто навечер За тие 40 дена не примавме гости,не ради бабини деветини туку ради имунитет, имаше настинки,болести,сипаници па си го штитевме здравјето на бебето. Затоа и прошетките ни беа само на отворено,не по гости. Од гости само бабите,дедовците и браќата дојдоа.
Ние кога направи недела дена ја истадовме прв пат и тоа на кафе, на 14.01. се роди, не ја ни туткам многу со алишта. Дома веќе гости почнаа да идат, нема ден да не ја истаам на воздух. Вчера беше со мене на шопинг, по продавници, по кафетерии, нека јача имунитет.
Не можам да сфатам, ова дојде да ти е срам да кажеш дека седиш дома до 40 дена. Еве јас.да скршам мраз, седев и до 50. Бебе нема 2 месеци уште, вчера прв пат излеговме надвор, освен редовни контроли. Тие денови ги сфаќам како адаптација со бебето, јас со влошките, мрсна коса, смрдам од доење, тоа не може да влече, цица на 5 минути, ма цица цел ден, воспоставуваме лактација ( за мене многу важно), очи отвора 3 пати дневно максимум. За по продавници ли сме во такво издание? И знам дека може да се разболи и од мм, сестра му да донесат вирус, не треба многу за тоа, се дешава, ама гости? Во тој период на измешани чувства и измешана глава, се расфрлано по дома, шеташ со голи цицки, се радуваш на слободни 5 минути за да одиш под туш, саати проучуваш пелена со каки, гости ли требаат, најчесто со рака да го погалат нели? Да јачаш имунитет на еднонеделно бебе па, за мене е нон сенс. Имунитет се гради и со болести, ај да го разболиме. Мали се, освен мајка да го држи во раце и редовно јадење тие немаат потреба од ништо друго.
Можеби тие немаат потреба од друго, ама мајката има. Нели среќна мајка-среќно дете. Особено ако мајката имала патолошка бременост. Не гледам причина зошто на убаво време да не се излезе надвор,сепак и педијатрите препорачуваат дневни прошетки на отворено.
Да но еве мајката може е среќна дома, смирена и задоволна, посветена на своето бебе. Не на секој во таа ситуација му е задоволсво да е надвор и да шета со бебе. Мене на пример му беше хорор ако треба да испаднам негде, а не па да земам да го шетам. Самото тоа што треба да се бањам, фенирам, средам за пред народ ми представуваше стрес исто и кога ќе треба да мислам каде да го дојдам и дали ќе спишти дете како ќе го смирам и како ќе си отидам дома ако плаче, а јас со количка и во една рака да треба него да го смирувам а во друга да буткам количка. Башка беше август 60 степени надвор ми беше мачно да дишам, а не па да шетам со рана која уште не е зарасната и за која одев на преврски секој трет ден. Хормони забегуваат ми сметаше секој што ми соли памет како треба што треба, и ми сметаше секое прашања и потпрашање за бебето. Цица ли? Спие ли навечер? Плаче ли? Аман! Крај на програмата беше крвариш ли? И гости ме нервираа, раскрени, пресоблечи се од пижами во тренерки, па кафе, грицки уште да послужуваш. Дете му се спие плаче, а ти треба муабет на некој да правиш и да занимаваш оти ако заминеш во друга соба пола саат треба да го оставиш гостинот сам што не е во ред. И ред други работи... И бев патолошка бременост и ја преседев дома и не ми беше ни досадно ни напорно ни пак осетив некоја голема потреба да шетам. Што знам ете таква сум може, карактерот ми е тој. Ич не се замарајте кој што ќе рече, ако ви преставува задоволсво да шетате, шетајте и од вториот ден ако не седете си дома и до два месеци. На крај ваш живот ваши правила не сме сите скроени по мерка па некој ако ужува во нешто, мора и вие да уживате во тоа?
Колку сакате бидете модерни ама на бебе од 2 недели не му е место по продавници и кафетерии. Јас ја носев на лекар и на кеј по 15 тина минути, да ја мешам со луѓе и по затворени простории не ми паднало на памет. Тука не се работи за суеверие туку од здравствен аспект. Друга работа што стариве не даваат да се сушат алиштата на бебе надвор исто има логика, пример јас над мене имам комшија што знае и ѓубрето од папагалот да го истересе до тераса така да и сега не и ги сушам алиштата надвор. Еден куп суеверија има за 40 те дена ама некои пак имаат основа, тој период е за адаптација и поврзување на мајката и детето, за шеткање на свеж воздух да ама мкнење бебе секаде ми е ненормално, ќе јачало имунитет.
А зошто мора сите муабети да завршат со mom shaming? Како да не е доволно тешко во тие први 40 дена, па уште треба да се правдаме зошто нешто правиме. Ако на некоја мама и е убаво да седи дома 2 месеци со бебето, нека седи. Ако некоја сака да шета со бебе од 1 недела по продавници, нека шета на своја одговорност. Ако и се разболи бебето, она ќе се секира. Ако некоја сака да шета низ парк со бебе од 2 недела, нека шета (јас пример шетав од 9 дена на бебе со него на отворено). Ако некоја мама излегува сама додека бебето и го чува некој, нека шета. Сите си ги сакаат бебињата и сакаат најдобро за нив, на крај на ден секој на свој начин го чува детето. И ја се чудев на Катарина Ивановска како со 4 месечно бебе е постојано излезена, ама сигурна сум дека бебето и е најадено, наспано, сакано. Јас што не сакам да го оставам со баба му повеќе од 1 саат само е мој проблем. Поддржете ги другите мајки, премногу се осудуваме место да се поддржиме.
Не знам дали е mom shaming споделување на мислење дека по молови не му е местото на едно новороденче ама ете нека биде. Форум место за дискусија, мене некако ми се чини дека на мајкиве им се наметнува дека мора да функционираат како пред породување оти ќе излезат заостанати ако им треба време да бидат со бебето и ако не сакаат дома да им доаѓаат посетители. Јас кога се породив ме бараше пријателка да дошле на гости да го видат бебето јас културно и реков за понатака, а она ми се пушти као на шала како не очекувала јас да се водам од бабски убедувања. Мене не ми се објаснуваше дека ја пазам малата од здравствени причини туку си премолчев.
Јас викав гости за време на тие 40 дена, па децава ми се здрави прави. Не ми менуваше ништо дали ќе дојде сестра ми или некоја другарка.
Јас сум тип @BirMelek @ocicka2014 10.12.18 родено, снег до колена -20 бебе само на контроли 2, 3 пати што го носев, какво шетање камен ладно, убаво ни беше дома топло, на кафе излегов со мм 2 пати во тие 40 дена и одвај 20 мин седев таму прв пат средина на Март го извадив синко надвор со количка и тоа ни заврши неуспешно, траеше само 10 мин шетањето, бебето цел пат плачеше одвај чекав дома да се вратам, после тоа уплав имав ми беше страв да излезам. Немаше како да го смирам, цуцла не фати, чај не пиеше, само цицка фати Никој не осудувам, кој како сака нека си прави, секоја мајка си знае најдобро за своето бебе. А иначе не 40, 60 дена ми требаа без гости, како што пишаа погоре, цицките извадени на мегдан, бебе на 1 саат цицаше дење ноќе, ако спиеше дење гледав и јас малку да легнам, само блиските беа до 40 дена дури и тие ми беа многу во тој период ама ајде како ќе одбиеш, додуша не седеа многу ама мачно ми беше многу, не ми беше до гости.
Јас немав проблем да седам со гостите. Немав ни проблем да ги држат децата во раце. Не доаѓаа тие што беа болни. И до продавница одев. Алишта пружував навечер. Свекрвата мрчеше, ама кој ја прашува неа. Немав проблеми после пораѓаите, така што не ми беше проблем некој да дојде.
Јас пак се породив среде лето, абе ни внатре ни надвор ме собираше, тоа лето пак беше +40 испопукавме, па ај земавме клима, малу да се разлади, чат пат ја пуштавме, денски дома, навечер само прошетки околу зграда, до некој маркет.. и пак денски дома на свежо,.. па навечер на кратки прошетки, и одма ми поминаа 40 дена, ама бидејќи уште беше лето и +40... незнам веќе ни кога поминале, а ни што следуваше потоа хаха
Не 40, ако треба и 140 нека се седи дома и нек се изолира мајка, бебе, цела фамилија. Но, ако некој се осеќа добро и смета дека детето му е безбедно да го изнесе надвор или да го меша со народ, нема ништо лошо во тоа. Мене лично ми пречеа коментари за тие фамозните 40 после кои детето експресно добива сила, крила, имунитет, оди, трча, лета, ма се што може да се замисли. Шо и да спомнеш одма коментар ,,чекај 40 дена'' ко некој глуп да е и не знае да процени што и како треба да прави. Да ми беше детето родено во потпол период ќе го шетав многу на отворено, сега сум ограничена јер ладно. Одам кај родителите мои и на мм дека само таму може да се јавам и да речам да бебуш го носеме и сугурна сум дека ќе проветрат, соодветно затоплат и ред други работи да прилагодат простор за бебето, кај други луѓе не носам јер неќум никому ред да му ставам и рушам комодитет, не им оди царот на гости па да мора луѓето да се прилагодат. Кај мене слободно може да дојде кој сака. А кој би сакал освен најблиските? Сигурно на цел град не му е дојдено баш до моето бебе, не родив само јас дете
Мене ова со 40 денови по породувањето ми е многу глупо. Терминот ми е крај на мај и почеток на јуни. Планирам здравје да се шетам со бебето, а не да седам дома. Ќе се шетаме покрај езеро и сакам да одам кај моите. Навистина, можеби грешам, но не верувам во бабини деветини. Здравје, само да е се во ред со двајцата планирам максимално да уживам во сонцето, а не во бабски приказни.
И да си уживаш, ние на точно недела дена ја иставивме и тоа на кафе во јануар месец. Не се потресуваме за настинки, за бабини приказни, за уроци. Јачај му го имунитетот на бебето, породена сум во држава каде што посета ни беше дозволена цел ден, во мензата кај што идаше посетата колку ли само луѓе "виде" ова бебе уште не отворено очиња, така е мислам и правилно.
Искрено од искуство и јас така мислев дека се глупости, се додека не се породив. Не поради сите што велат. Туку баш напротив сфатив дека бебето воопшто не е спремно за вадење надвор, во тие денови него му треба само мајка, цицање, спиење и пресоблекување. Исто и од болница велат дека циркулацијата на бебето не е од одма како нас. Значи сепак треба пазење кожата им е уште црвена. А и мене ми требаше извесен период да закрепнам, плус да се навикнам на животот со бебе, што воопшто не е лесен. Ова е само мое мислење. Но секако почитувам сечие, и на крај секој си одлучува за себе. Со лесно