И јас. Једино не завршував на ургентен од болки. Тие се намалија малце и не крварев обилно. Се надевам исто ќе ми е.
Не можев да најдам посоодветна тема, како постапивте кога наполнивте 40 дена, со оглед на коронава? Бевте ли во црква и на гости? Синко е роден на 07.09. во 11:30 часот, јас сакам во сабота да одиме ако одиме во црква, маж ми смета утре дека треба...со закажување ли е или само си одите?
Ние бевме, нема да одиш науто кога има повеќе народ и мене не ми изгледаше ништо ризично, дека не е крстена не ни влегуваме во црквата, во ходникот стоевме неполни 10 мин. И бевме кај сестра ми , со неа сме цело време во контакт. Онака не мислам дека мора тоа да се прави, адети така останало, повеќе на сестра ми и беше ќеф да и отидеме а како што реков веќе имаме контакт со неа.
Бевме и ние. Ние се акнавме до манастир до осоговски и да ти кажам каква култура народ начекав алал да им е, сите се тргнаа на страна кога видоа бебе. Ич не се секирај, краток е обредот и се прави и онака на отворено пред црквата.
Не, нема потреба. Верата е во душата. Во некои подобри времиња се што треба ќе направиме. Сега не е време за тоа.
Јас два пати бев во црква, на сред недела онака без повод. Жива душа нема, не знам од што би се плашела. Друго е крштевка, повеќе луѓе, вака ќе бидете мајката, бебето и свештеникот. Таткото може и не мора. Јас би. Крштевката не направив, ама за молитва мислам може, ем пократко, ем никој нема. За гостите после тоа не, црква и дома. Се замислив баш, јас син ми некрстен го пикнав минатата недела, врвевме од кај црквата и сакав да влезам, влегов. Не можам да го крстам, такво е времето, си реков ќе влезам, што има од таа душа почисто...
Се оди точно на 40 дена. Ако не е крстено бебето, чита молитва, не влегувате ни во црква, надвор се чита молитвата. Мајката зема причесна. Оди порано, 7 8, пред да завршат поповите со пеење. На гости оди ако одиш кај луѓето со кои инаку се мешаш. Јас синко не го влечкав во три куќи, а немаше корона. Кај мајка ми отидовме само.
Jas bebeto za molitva ne go nosev nemora bebeto da se nose na molitva niti pak majkata mora da zema pricesna I sega da treba da krstevam bebe ne bi nosela na golema molitva otidovme samo jas I mm I nikoj drug na taa molitva I sega na ovaa corona ne bi krstevala dete
Јас ја крстив мојата во недела, 10 души бевме се на се, никој не поканив ради короната па и црквите тука до 20 души дозволуваат само (не живеам во Мк) Супер поминавме, мирно, чисто, од убаво поубаво и нај битно благословено
Јас во сред корона се породив и на 40 дена исто така имаше корона, нормално и до ден денес има. Се јавив во црква да прашам дали може да идам со бебето за молитва, ми рече попот нормално, ми кажа во колку часот да идам и така си бев, сама со маж ми, жив човек немаше внатре, ни прочита молитва и супер се.
Не прашувам за крштевка, тоа во подобри времиња. А за голема молитва секако само родителите и бебето одат. Само со коронава во Скопјево... човек веќе не знае како да постапи...
Jas bebeto ne go nosev taman rab na minus temp da nosam I bebe so mene oti na osmi januari mi bese golemata molitva
Бевме денеска, накај 12, супер временцето, жива душа немаше, бебе си спиеше. После тоа сакавме во некој парк на прошетка да одиме ама и поголемото бебе заспа и правец дома.
Јас не почитував 40 дена. Свекрвата знаеше да каже немале врска тие 40 дена кога викаше нејзини гости, а кога требаше малиот да го носам кај татко ми направи секакви сцени за тие 40 дена и секакви приказни раскажа. Поминаа и 40 дена па си измисли дека додека не е крстено не бивало да го шетам. Ме тераше молитви да одам да земам јас не отидов на никаква молитва. Го крстевме малиот оти сите се верници дома и попот тогаш ме напна за молитва, ама кажав дека во друга црква веќе сум ја завршила таа работа. Попот на крштевката запна следниот ден да сум одела со бебето да не причестат. Реков добро за да не правам сцени и да објаснувам, ама не отидов. Свекрвата се дотера и запна она да го носела ама реков не може заради короната и не отиде никој нигде.
Mila jas duri na 21mesec prv pat ja pricestiv kerkickata a vo ova vreme na korona ne bi nosela dete vo guzvi po nikojacena neka mi proste gospod ama strav mi e
Zdravo na site. Bi sakala da prasam dali golema molitva na bebe mora da se pravi vo crkvata vo mestoto kade sto zivees ili moze i vo drug grad ako sakas?
Zdravoo nie imame 30 dena i ne sme iskocile do sega ajde ke cekame 40 zosto jas stvarno moram da pesacam radi carskiot i imam visoki d dimeri. Megutoa sakam da ve prasam prv pat sum majka i sakam da iskacam da ja mknam so mene zosto nema koj da ja cuva megutoa mn mi e strav sto ako napolni peleni nadvor i pocne da place? Kako da i menjam ili pak mn mi e sram da ja dojam vo javnost premnogu.. vie sto pravite vo vakvi situacii ?