Што е проблем алиштата да стојат ноќта надвор? Од прв ден дома ги вадев надвор и си стое и дење и ноќе, дури не се исушат. Ништо не му се случи на бебе. Мирен, премирен. Не верувајте во вакви работи ве молам, па уште да си стварате главоболки
Глупости и се јајвив на баба ми и викам што ќе се деси ги заборавивме таја аууу како сте ги заборавиле незнам што ќе се деси али така е останато ми вели од стари.. Јас лично во такви работи не верувам, а и не се замарам али постпородилната депресија и хормоните поготово додека доев ми направија чудо.. Сега се смајам али тогаш плачев
Епа порано мислеле дека не се оставаат надвор алиштата ноќно време, да не влези некој инсект кој покасно ќе го полази бебчето, затоа велам дека денес тие муабети ги вртат некои прости луѓе. Ова е исто со приказната со лебот. Накратко, се омажила некоја жена и постојано краевите од лебот ги сечела и ги фрлала. Маж ѝ се чудел зошто така и еднаш ја прашал. 'Епа од стари е останато така, не чини да се јадат краевите на лебот. И мајка ми ги фрлаше, и баба ми и прабаба ми, ќе ги фрлам и јас'. Е таа прабаба ѝ била жива и маж ѝ пошол да ја праша неа дали знае зошто не чини да се јадат краевите на лебот. Таа му рекла 'ее синко, оти да не се јадат? Туку тој дедо ти, Бог да го прости, тоа сандачето за леб ми го направи помало и не ми ги собираше краевите на лебот, па морав да ги сечам'. И така, останато од стари, додадено, придодадено, не чини ништо да се прај. Еве шо сѐ изнаслушав дека не чини да се прави: - до 40 дена не се вади надвор бебе, да не го почуди некој. (Затоа затвори го бебето дома 40 дена без воздух, па да видиш шо е почудно ); - до 40 дена да не иди на гости и да не го гледа нечиста жена, шо има менструација или имала секс. (Во родилиште и на лекар сите жени се во климакс и целибат специјално за да не се нечисти ); - Не вели 'пријатно', оти ќе ти секни млекото. И не пуштај поздрави, не знам зошто. Јас викав и поздравував, па еве 6ти месец мака мачам со вишок млеко, нигде не го испратив.; -До 40 дена не се вадат надвор алишта од бебето. До 40 дена не се вадат ноќе алишта од бебето. (пошто не можев да одлучам дали само ноќе да не ги вадам или воопшто, решив да ги сушам надвор, уште пред да се роди бебето ). -Облечи му нешто наопаку на бебето, да не го фаќаат уроци. Ова една сестра ме праша дали сум му облекла нешто наопаку, оти бил многу убав, да не го урочел некој. Мхм, пелената наопаку му ја ставам. Ако ми текни уште нешто ќе дополнам. Воглавно овие муабети од рандом стари жени и верувале или не, од жената на деверот.
Јас знам дека не се вадело дете до 40 дена бидејќи секакви луѓе има, вируси, болести а тоа без имунитет, да не го фаќаат разболат. Сепак збориме за време кај што било срамота на стари да се повратиш, а сега можеш да го вадиш, бидејќи некој безосетен ако проба да го пипка ќе летаат шамарници. Во врска со алиштата надвор, јас знам дека после задјисонце стариве верувале во самовили, врагови па да не му го украде чорапчето, бенкичето. Глупости тешки. Луѓе сепак зборуваме за адети од старо време кога луѓето не биле еманципирани и разбрани. Како една мајка можела да се објасни со свекрва и' и нејзините комшики да не и го пипкаат детето, ајде ќе напрајме 40 дена да не искачаат од дома и никој да не доаѓа. Не се замарајте доволно мисли имате околу мајчинството и бебуш.
Абе до некаде и јас не вервам.Вервам во Господ само... Но ете како што кажа хормоните си го прават своето. Едвај чекам да го крстиме малку да ни олесни на сите... Фала ти за одговорот поздрав
леле извини ама се пресмеав Ај ти, ама и мајка ти место да те смири она во дует со тебе. И за што за глупи суеверија. Маж ти ко ве гледал сигурно ваков бил
Ај јас да ве насмеам и да се надоврзам за муабетиве Слушнете го видеово и ќе ви стане јасно. Јас ама апсолутно ништо не слушав за вакви глупости
Што ќе се смени ако го крстите ? Со тоа само станува христијанин. Или веруваш и ти како некои мајки, мора да се крсти побрзо за да е помирно, да спие поубаво и незнам ти што
Јас не оставам алишта надвор преку ноќ, небитно чии се. Животинки има, мачки, кучиња, инсекти, шубе ми е. А не од суеверие. И да се недосушени, ги земам вечерта внатре. Сепак, во село живеам, уште ноќе да оставам алишта, сабајле може нема ни да ги најдам обесени за сушење.
Чекам да се породам и перам алиштенца што сум ги купила за бебуш, низ вода што се вика ги поминувам и што ми текна имам една гумирана подлога за пресоблекување од ќерка ама дека бела пожолтела на краевите и ја прскам со средство ја оставив да отстои. И после ја плавам низ неколку води и дека внатре полнета, ја стискам, ја вртам, ја гмечам да се исцеди и само слушам лелееее цревата на бебето!! Штооо, се вртам и свекрва ми ми ја зема од раце подлогата и ми кажува ама не се цедат (превиткуваат) алишта на бебе до 40 дена, цревата ќе му се виткаат, грчеви ќе има. И ги гледа другите алишта спружени и ми вика а овие како ги переше и јас ко од пушка во машина на пола саат со центрифуга, лелеее дај да ги преперам и и викам ако сакаш слободно ама јас секако се пуштам во машина, ваљда нема сите да ми ги преперуваш, и се откажа жената
Мојата свекрва со првото ми тропаше глупости, ама виде дека не ја рецкам. Пелените не ги изнесувај навечер во канта духови влегувале.Ај ќе си ги чуваме каките до перница . Имаше на секое отварање уста по еден алтан, ама ги заборавив. Кога ми се роди второто и си дојдов од болница и се слушаме на скајп за да ми честита и вика за млеко да имаш кромид да исечеш и до чешмата да ја пуштеш да тече и да викаш како што тече чешмата да ми тече млекото и да апнеш од кромидот.Јас и реков само според научни испитувања млеко доаѓа со што почешто ставање на бебето на града, како вика науката така ќе правам и се тргнав да не и се искезам во фаца. Аман луѓе во 16 век ли живеат луѓево? Мајка ми 10год постара е нема вакви гафови.Среќа нема поима од адети.
Wow. Не сум го знаела ова со кромидов. Ај за второто се пресмеав бе лелеее. Ама и да ви кажам, да не се они со гафовиве ќе нема кој да не насмее
Да си го запамтиш убаво рецептот,за да си имаш млекце.Мене ми личи како да е од турска серија видено . Со мм се смеевме за кромидот цел месец.
Аии кромид најади се и дај му на бебчето да цица, стомачето да го боли...моето како шо е осетливо на кромид па да плаче цел ден, и после од уроци е
Хахаха, а замисли да беше лук. Ќе си спиевме со бебе ехе , а од мирисот и ѓаволите ќе бегаат Дупла корист. Ама не кромид. За уроци не ми збори имам книга да напишам од глупости.
Штета што не го знаеле ова со кромидот, барем немаше да ме прицкат по гради да гледат дали бебе голта за да се уверат дека имам млеко. За второто здравје ќе му кажам за адетов да ми го направат и рает да се @gjoker4e неее не веруваат во бајачи, а веруваат во овие работи од камена доба. Кога излегов пред 40дена му дојде шок срамота било адет било 40дена то не било за џабе така клаено Како и да е сегде различни адети различни верувања како на свадби што има така и во секојдневието