Како што ми е тешка вечерва, со ова се смеев на глас Ве молам приказнава да им ја оставиме на нашите поколенија, да се запише некаде
Интересна тема а и дискусија. Би сакала само да размислите преку една друга призма. Како етнолог и антрополог (барем вака за мирување ми брка работа дипломата) ќе споделам размислувања од терен и литература. Позади концептот на леунство или леунка т.е жена што се породила и го носи тој статус до 40 дена или повеќето што го нарекуваат бабини деветини стои она што денеска го нарекуваме пост партум искуства па се до постпородилна депресија. Во минатото како што знаете се она што не можеле да си го објаснат рационално го препишувале на нереалното, невоземското, демонско итн. Па така за психичката состојба на леунката низ територијата на Македонија најчесто биле виновни навите. Преку пример, баба ми го имаше следново објаснување зашто не искачаш жена од дома до 40 дена. Вика тетка ми, сестра на мајка ми леунка излегла ноќе да прошета, ја осетиле навите и ја навлекле накај Лепенец и жената се удавила (мајка на 5 деца) Во денешно време би и рекла не бе бабо... Кои нави, постпородилна депресија ја спукало и излезот го гледала само во реката (со оглед на тоа дека воопшто не се внимавало на психичкото здравје на жената) И според мене држи вода оваа теорија. Како што јас сега не верувам булшитот за навите така баба ми не би верувала во булшитот за пост породилна. А ист црв не јадел и ми се свиѓа што барем биле свесни дека постои состојба после породувањето но си создале цела една плејада на верувања што денеска ние најдовме да ги сереме додека постои паралелна тема постпородилна депресија и таму сме стручњаци. Мое лично мислење ( се надевам дека за десетина дена гордо ќе се наречам леунка) е дека тие 40 денови за кои нашите баби вака или онака се избореле да ги поуживаме со посебен статус се многу важни. Тој период уствари мајката успева да се соземе од породувањето, да се одмори и да се поврзе со бебчето. Ама пусто дека малце сакаме да се докажуваме дека сме самостојни и силни жени (уствари и општеството веќе повеќе ни налага) па моментот што малце дека си патиме од трендови на мами со сликички после 5 дена од породување по паркови со лисја, снег (молам не се чувствувајте повикани оние кои што си го сакате тоа, без лоша намера) сметам дека периодот на леунки полека станува минато. Физички изморени и хормони до плафон...дури и СЗО постпородилниот период го опишува како најкритичниот период од животот на мајката и новороденчето. А сега си правиме некои притисоци дека после третиот ден мораш да станеш и целосно спремна и свесна да излегуваш, кафиња, сликања.....а псотпородилната депресија ќе расте, мамички ќе паѓаат од умор (или навите ќе ги навеатшто би рекле бабите) Толку многу се грижиме за период на бременоста а многу малку обрнуваме внимание на периодот после тоа. Леунка...даден ни е статусот, заслужен ни статусот, уживајте малку во него. Имало зошто веројатно.
Браво и фала за објаснувањето! Вака стручно . И точно, во право си. Тие 40 дена си има зошто се. Психолошки на една жена после траумата од пораѓањето и треба некои 3-6 недели да си дојде на себе, да се совземе. И поради бурните промени што нејзиното тело и ум ги поминало и поминува тој период е најкритичен за да се развие постпородилна депресија. Знам и по себе, првите 2-3 недели после пораѓај бев ко во бунило, ко изгубена. И да пред многу години немале објаснување за нештата па ете си "измислувале" нереални работи. Ама од оваа временска дистанца сите тие работи се многу смешни па и чудни. П.С. ти посакувам од срце убав и лесен пораѓај, брзо опоравување и конечно да ти се исполнат рацете со најубавото нешто
@LazaLaza во право си, секој нека прави како што се чувствува и смета дека е најдобро за себе. Ама чисто ете ме интересира твое мислење- не сметаш дека тоа излегување во првите 40 дена ѝ помага на мајката да не падне/побрзо да се извлече од постпородилна депресија? Мене лично ете, многу ми годеше. Ем дишеш воздух, ем на кратко се тргаш од пумпи за молзење, пелени и сите нови ствари кои пола не знаеш како се употребуваат, ем си даваш време да се посветиш на себе пред излегување (барем 5 минути, да се облечиш, оти имало денови кога сум немала време ни во огледало да се видам), ем уште се приврзуваш со бебчо, овој пат шетате надвор, ти како мајка, тоа осознава свет. Имај лесен ко песна пораѓај и уживај во леунството, мајчинството и тие прекрасни две очи, што во тебе цел свет ќе гледаат. ❤️
Син ми кој имаше само 15 дена откако се роди, ноќта и тоа после 12 часот го имам вадено. Кога здрма земјотрес, го грабнав со се ќебиња и трк надвор. И низ град се прошетавме како што се сеќавам.
Супер е стручново објаснување за 40 дена. Јас сепак од лично искуство сметам дека за да не падне мајката во постпородилна депресија треба побрзо да се врати во нормален живот, а не месец ипол да седи сама, никој да не и доаѓа и да не излага од дома. Ќерка ми ја изнесов да ја шетам во количка, 12 дена по раѓање, а 5 бевме во болница, значи само една недела седевме дома. Ќе ја изнесев и порано ама не бев многу подвижна дека со царски . Искрено да не почнавме да шетаме толку рано мислев дека ќе шекнам со оглед на фактот дека сум многу активна, не можам да седам дома и одев на работа до 5 дена пред пораѓај. Едноставно ти прифалува реален свет и полесно го проаѓаш постпородилниот период со враќање во нормала.
Не, не далеку од тоа. Веројатно е во ред воздух да земеш. И фала богу ќе ти треба нешто итно па мораш да излезеш...не зборам за толку радикално почитување. Секој со својата психа но муабетот ми беше дека причина/последица има во секоја норма што била зададена од минатото. Кој знае, може па и јас ќе бидам таа мами што ќе шета
Јас само ќе ти кажам, батали бабини деветини и во тој период да си правиш така како што тебе ти одговара и да правиш тоа што ќе ти помогне да останеш психички здрава и среќна. Било шетање, било седење дома. Среќна мајка среќно бебе.
Па убаво е кога ќе се крсти јас верувам во тоа дека е после друго ќе е посмирено и позаштитено. Јас секогаш сум верувала во тоа и ќе верувам.... Така барем ме учеле моите уште од мала Поздрав
40 дена да седам дома и постпородилна и секаква депресија ќе ме стресе. Не знам точно што значи тоа да се "собереш" пошто се работи за 6 недели, и со царски да си ќе се собереш за 10тина дена, со природно да си уште побрзо, а за хормоните тие си се тука, баш подобро е да излезеш на воздух, нема нешто за "собирање" што захтева толку многу време. А на имуниот систем на бебето не му се дешава ништо посебно на 41от ден. Бебето не треба да се носи по молови, ресторани, по гости кај многу луѓе, а баш убаво ќе му влијае свеж воздух, сонце да го фати, птички да слуша, се вежбаат сетилата, седењето дома 40 дена нема никаква врска со имуниот систем. И без бебето дури, излезете сами, со сопруг, со другарка, 40 дена не раздвижени, само со бебешки обврски е поголем ризик за постопорилна одколку седење дома. За крштевка е друга тема, секако секој си верува во што сака, но зарем доколку верувам во Бог треба да мислам дека Бог помалку ги заштитува некрстените бебиња. Ако ги заштитува, сите се заштитени, не само крстените. Бебињата се смируваат кога ќе им прекинат грчевите А некоја да ми дојде со конче да му стави на бебето, мислам дека ќе ја отерам у три лепе, луѓето немаат осет за граници ама баш никакви.
Сите тие суеверија ми се без смисла, она со добиеното и " нечисти" што треба да прават тогаш и сестрите и докторките на гинекологија? Да земаат слободни денови кога ќе имаат секс или добиено, испаѓа дека сите бебиња што излегуваат од болница треба да се нафрлени пошто големи се шансите некоја сестра да имала циклус или секс... Она со маашината за перење демек да не се перат алиштата на бебето во машина зошто стомакот ќе го болело... сигурно во време на нашите баби кога биле помлади или прабаби посебно по селата вода немале, а не па машина за алишта. Ниедно од суеверијана немаат смисла..
Ќе полудев да седев дома 40 дена. Веќе десетиот ден ме фати сафра и некаде 12 дена мислам после пораѓај му реков на мм пакувај се одиме кај моите. Јас во корона се породив, полициски или карантин имаше не сум сигурна, па немав баш избор со новороденче кај да шетам, а кај моите во двор се препородив. Нормално, убаво е да си дадеме време, да се навикнеме на новата ситуација, да се опоравиме од пораѓај ама што ли би правела 40дена дома стварно не знам, посебно кога надвор времето е преубаво.
Во право си за се меѓутоа како да ја немаш прочитано темава. Секоја мајка излегува кога таа е спремна. Ако “мора” 40 дена дома да седи не пост породилна туку што подлабока река ќе бара за да се фрли. Тие 40 дена од медицински причини не знам дека мора само дома да седиш, да не викаш чао за да не ти отиде и млекото па нивната крава да има повеќе млеко од тебе и да имаш цела соба на располагање за да ги складираш памперсите до 40 дена. Значи да повторам секој излегува кога може и сака! И на зајдисонце и ноќе како вештерка.
Замисли земјотрес има и не мрдна од дома некоја дека сеуште нема 40 дена, ако излезе може да и се случи нешто, а ако седи дома сигурно ќе преживее земјотрес.
Мајка ми кај мене беше на почеток буквално досадна. Еден ден ја наседнав и и реков дека се што ми зборува нема да применувам, туку напротив ќе правам обратно ако продолжи.
Мое мислење е дека баш тие 40 денови за кои велиш дека треба да ги да ги поуживаме со посебен статус, биле, а и ден денес кај дел од луѓето се поврзани со ограничувања баш за мајката и бебето. Ок е мајката да си даде период за се соземе, одмори и поврзе со бебето и тоа толку колку што нејзе и е потребно и на оној начин на кој начин и е потребно, а не затоа што "така се прави" или "така треба".
Ама девојки, Јас не се обидувам да ви кажувам дали е тоа во ред или не е ред. Чисто информативно споделив со вас некое научно поврзување на работите. Фала богу дека кој кога сака ќе излага. 40 дена е класика мерка за се во народната традиција...да не пишувам и за тоа. Не го охрабрувам потегот меѓутоа не ни го негирам. Поентата ми беше едно друго видување на работите да прикажам.
Еве според тебе кои придобивки за уживање ги нуди статусот на леунка кај нас. На пример, според свекрва ми не требаше да одам до аптека оти сум била леунка.
Јас според свекрва ми не требаше на тераса да излезам чим се стемни, првите денови кога беше кај мене, топло, лето, местат столици на тераса со мм да седнат, и две вади женава. Мм и вика, уште една донеси за мојава, и таа: нее, не треба да излези на тераса, леунка е, јас од таму и викам: идааам, не сум неонка виде не виде заќути… и секоја вечер ми ги внесуваше од бебуш алиштата внатре
Епа и мојава си го доби веднаш, ова беше првиот ден ко си дојдовме од болница. Оттогаш досега и нема текнато да кажува правила што треба и како треба околу бебето и мене.