Кај нас и мачкаат со брашно по образите јас како што појма неам од адети тетка ми кога ја зашлака од нигде никаде со брашно
Хахах прв пат слушам за мачкањево со брашно. Па греотка се ќе се уплаши малото. Јас обично сум паковала во малечко украсно ќесенце и сум го давала на родителите Не знаев ни јас искрено и кога бев прв пат и кај моите и кај свекрвата ми дадоа така пс така научив, кога ќе ми дојде сега сефте бебенце ако се сетам ќе сварам јајце ако не паричка секако ќе го почестам. Ми е зборот нема правила кој како смета така
Здраво. Ни се најавија кумашините на гости (како дел од нивното одење во 3 куќи според адетот), кога бебето ќе прави 40 дена. Има ли нешто што треба домаќинот да даде на бебето? Подарок и пари им дадовме кога бебето се роди, но дали има нешто што останало по традиција да се даде или направи?
Кај нас на југот се дава јајце, лепче, и шеќер на бебче (ставено во салфетка малку леб и шеќер, не по цело кило ), зошто не ме прашувај, само знам дека таков е адетот