Многу е просто. Она има мислење, ама ти не мораш да промениш. И свекрва ми кога ги гледа децава се протресува демек и е ладно, за да ми текне да ги облечам. Јас игнор и мавам и викам ако ти студи што не се облечеш.
Само да ви кажам, денес пратив слика во групата со моите и на мм неговите од беба како се бања во гума, ја пратив во 3 попладне, сликана од сабајле, не се објаснив дека е така зошто си викам ваљда нема да мислат дека во живо и праќам, и еве ви copy-paste што пиша свекрвата Па по пасив-агресив не знам дали сте виделе. До сега само на мм му ги збори работиве, сега зема и во група со моите да го пише, ме откачи. А искрено п*тката ме боли што мисли она кога треба да е бебе на плажа или не, ама ме откачи зошто ја пиша во таа група. Мм и е ептен напнат зошто еднаш нема останато на позитивен муабет, обавезно има негативен коментар или солење памет.
Зошто прв пат ми коментира и на мене директно да кажам, само и пишав дека сме разумни, ама следен може и да откачам, се сечам ради мм искрено... не ја брани он ама повеќе сака мир во куќа од мене јас нешто што не можам да ги разберам и што ја седнав мајка ми и и објаснив е баш тоа - дали мислат дека ние не размислуваме разумно? па јас сакам ли бебето да му биде ладно, или да биде на сонце, или да му направам било што лошо. многу ме нервираат зошто се понашаат како они да биле совршени родители
2,5 години е моево дете. Едната баба обавезно прашува/пишува дали сме успеале дете да успиеме за дремка или за ноќно спиење. Другата баба ако не е во градинка што сме зготвиле за ручек и што јадело. Оти нели јас не знам дека дете треба и да одмори и да спие и да јаде. Така од воздух живее моево. До 40 дена главна работа им беше доењето, дали сум успеала млеко да добијам, дури и свекрва се јавуваше додека бев во болница да ме праша дали на некој сум му рекла Чао,па од тоа да не ми доаѓа млеко.
Не знам како да не се изнервирам... Не се замарам за тоа што го зборат, ама многу ме нервира солење памет, особено кога е за разумни работи
Исто еве 6 г сме во заедница и не научив ,башка со факти ми е поткрепено дека е психички болна и не уште се нервирам напати си викам добро дали сум јас нормална. Многу совршени ,децата оставени на бабата она на работа ,бабата си заминувала во село на сред работно време ,комшии и ги растеле децата. Сама кажува за тепани да не зборам ама битно она не напуштила работа на тоа време немој јас да напуштам сега...
Се нервирав и повеќе од што треба, не дека сега не знам да се нервирам или да ми е тешко. Има работи што и те како ме погаѓаат. Ама на крај на денот ова дете зависи од мене и се водам од таа мисла. Дека само со нервози повеќе јас ќе се разболам. Тие секако ќе си го истераат своето дали јас се нервирам или не.
За тоа што спомна дека има деменција многу те разбирам. Мојата баба скроз отиде и тоа додека бев на семестар во Полска. Моите не ми кажаа, дури кога дојдов дома. Се имаше вратено во моментот кога она го изгуби своето синче, ама наместо синчето, не умре мене и сестра ми. Ме гледаше и ми викаше да бегам дека не знаела која сум. Ме бркаше од дома по цели денови зошто сум била странец во куќата. Ќе полудев, а исто знаев што е како е... А за тоа како се гледани, ќути. Со мм се смееме дека сега сфаќаме како е он растен како бебе. На 2 недели ми збореа дека бебе ме смеело да плаче, дека не било нормално, а успут ми збореше свекрвата дека мм многу сакал на цицка да е. И сфативме дека не дека сакал, туку сигурно он закенкувал и она оп одма на цицка. Бебето почна да гука да збори, секое гукање за неа е дека нешто и фалело, сакала да ни каже...
Абе јас не сум 100 % сигурна за деменцијата ама дефинитивно има нешто според симптоми мислам деменција. А не сака да иде на лекар... Се плашам напати кога и како ќе се изгуби...
Апсолутно е така, само некогаш е тешко да не сакаш да им раскинеш на сите и да се отселиш во некое планинско село без никаков контакт со никој
Порано секој ден, сега најмалку еднаш неделно сакам да сум некаде далеку од сите Т.е не само еднаш во неделата да сум подалеку ама еднаш неделно помислувам колку би било убаво да си живеам во планински место и јас да си решавам дали и кога сакам некој да слушнам и видам.
Lelele kako mojata isto zesko puka ona vika lele baba na tebe ladni nozinjata I vikam nozite ne poakzuvaat dali e ladno mi vika aa ne jas na mojte taka gledav vikam super sega ostavi me jas da si gledam na mojte. Za prvoto traev I pukav mislev do psihijatar kje stasav od nejnite glupandrii ama za ova ne traam be ne smeat da pisnat
Чекај да ти кажам кај нас моментално што е популарно од свекрвица. -немојте многу да го смеете детето, малецко е може да се пресмее. -не го огледувај во огледало. И стандарт, нозите ладни. Надвор дали е 20+ или 50+ степени, ножињата обавезно ги проверува. Сакала да го поигра, ок и го дадов и земав да пеглам. Ја слушам нешто му пее, му брчи. Кога се симнав да видам го замотала цел у тетра пелена како мумија јер ножињата му биле ладнички и почнал да ика. До толку ми беше смешно што не ни успеа да ме изнервира. Да ти кажам искрено, вака откако ќе ми помине нервозата па си викам што очекувам од генерација која што ги гледале децата со адети и бајачки. Не знаат друго. Нема од каде да научат. На телефон само јутуб со рецепти е уклучен. Мислам, нормално, што друго ќе биде?! Не се едуцира пример како мене за детето нормално, туку кажува како знаела и како правела со нејзината свекрва. Јас ова сфаќам сѐ. Проблем е што тие не сфаќаат дека тој начин на гледање деца сега не функционира. И тоа е тоа што нѐ иритира нас денешниве мајки.
Мајка моево средина на декември се роди, па го облекував еден слој, боди на долги и пантолончиња. Бабите си збореа ладно му е така, ама јас гледав како реагира бебе. Сега климата во дневна ни е пуштена цел ден на 25 степени, навечер пред бањање ја гасиме, ама само затоа што уште може да се спие без неа. Понатака мислам дека ќе работи и преку ноќ, со отворени врати ќе спиеме во спална. Бебе откако затопли долги не видело, секогаш е на кратки и горе и долу. Навечер го покривам со тетра, не ја трпи, ја рита и се открива. Со чорапчиња сме скарани, ептен ако шетаме навечер па ќе залади малку. Можеш слободно на кратки нагоре да го облекуваш, ако ти е шубе за надолу облекувај долги ама тенки. Свекор ми уште му дува во нозе за да му ги стопли
Првото прв пат го слушам, ајдееее хахахах другите стандард. абе за бајачки и такви работи дури и разбирам, што викаш така знаеле, и не ги кривам. еве на пример сега со мајка ми се објаснувам дека нема да давам вода и баш тоа и кажувам - вие тоа сте знаеле и така сте не изгледале, не сте правеле ништо погрешно, само што препораките сега се менуваат па и ние не грешиме ако не даваме вода. Ама за работите за кои што ти треба здрав разум, а не знаење, како дали му е ладно/топло, дали се носело на сонце, дали се шетало на ветер и сл. со тоа не можам да се помирам кога ми делат совети зошто се осеќам како да сакаат да кажат Еве ти си немајка, не размислуваш за твоето дете што е добро а што не, па чекај јас да ти кажам....
Може на таков начин знаат да објаснат со тоа ќе го пресмеете. Ама кај ќерка и те како влијаеше посебно ако маж и правеше занимации пред спиење и дете се смее на цел глас. Него забавно, неа раскршен сонот и уште долго време и требаше да се смири и подготви за спиење. Значи не викам дека не треба да се смее дете или нешто којзнае што ќе се случи, кај моево таа забава и смеење, влијаеше на сонот.