Ништо не носиш. Ако врисне врисне. Мојава се расплака, ставив цуцла, ама на кратко се смири. Кратко трае.
Ај во понеделник сме ќе видиме како ќе поминеме, бабиве се превозбудени дека прв пат ќе им ја носиме на гости двете земале слободни денови ќе умрев од смеење вчера договорени ќе ја чекале внукава на први гости
@Baby warrior многу е кратко, ќе ставиш цуцла ако врисне. Моето не фаќаше цуцла, за молитвата фати и заспачудо.
Оваа мојава само на фриг цуцли и од вчера нешто почна и тир да ги плука се нервира дека не и тече млекце уште толку врисна вчера и сабајле. ГЛУМИЦА ПАР ЕКСЕЛАНС
Мене само абдоменално. За пап ми рече после 6 месеци да одам. Уште да ме ширеше со тоа спекулумот, јас после 40 дена ветрови имав доле уште . Тој преглед е чисто матката да се види во која состојба е.
Тоа ми вика една деугарка големава молитва на 40дена била за мајката ау па викам така кажи бе … да си отидам сама и кафе да испијам па ќе си дојдам дома одморена
Да за мајката јас бев на голема молитва без бебе дека беше на интензивна,ама мајка ми и свекрва ми запнаа и отидовме заедно.Малце попот ми го утна името,ама важно завршивме работа
Не сум верник, се класифицирам агностик, ама маж ми е да кажам нормален верник. Не тераме адети за ништо, само ме има замолено за молитвиве за 40 дена да одам (јас не сакав), а притоа не одиме по гости. И крштевка сакаше исто. Ок, на прв роденден правевме (т.е. на втор, за прв фати ковид и се се затвори) Небитно, одиме сега на молитва на 40 дена и не го можам бе тоа покривањето со дел од мантијата на глава. Тоа таквото напред со крстови како и да се вика. Па ме прашува попот дали сум чиста. И му реков да чиста, бањата, ама уште крварам ако прашуваш тоа попе. Маж потона во земја. И целата молитва што ја пеат толку некако ги деградира жените, а вчера родиле, језиво. Затоа не сакам попови, религиозни ствари. Па завршува молитвата и вика ете сега може да го однесете во 3 куќи, кај кумот обавезно. Аха да, еве одма. Отидовме во кафана на ручек, сами.
Па за мајката е ама во раце го држиш бебето. За двете е фактички. Ми треба ради големава инаку стварно сама би отишла.
Искрено со поголемата не го ни слушав.. Не верувам ни сега дека ќе го слушам. Инаку порано свекрвата како шо кажува бабите иделе со децата на ова и одма крштевка тогаш им правеле ,мајката дома. И баш прашуваше што кажуваа како беше и сл затоа шо она не била а мене па чудно ми беше ова оти се што збори попот збори за мајката ...
И јас не сум голем верник, маж ми од друга страна е.. таква му е фсмилијата цела ама не се мешам нека си верува … јас онака неутрално одам во црква за Вечигден и Божиќ и 3-4 пати во годината со него за некој викенд како дел од шетање иначе самостојно ептен ептен ретко во животов скоро никогаш. Ама овие редовиве ќе ги направиме зошто знам дека сака. иначе за содржината на молитвите но комент, на венчавката попот во еден момент вика жената да биде понизна под мажот и да го следи неговиот реч, да се поклонува и да слугува …. И ја и тој момент погледнувам во брат ми и он ми се смее / го има на снимката се ова фатено од свадба комедично е пошто сите околу мене знаат колку самостојна жена сум и колку е спротивно на се што сум пеењево, али ок за љубов за маж ми а и реално не знаев дека е таква содржината за венчавка во црква
Ние тргнавме сите хепи фемили, маж, јас, дете, свекрва и свекор на чело. И доаѓаме до црква, гужви тоа празник се погоди и Оп Стоп. Попот вика само мајката со бебето, на свекрва, ти не си таа што треба да прими молитва, ќе си чекаш надвор, фактички во друг дел. Како на повеќе простории беше поделена црквата.
Добро кај тргнаа тие Уствари мојава некако сугерираше да иде ама се праев не ја разбирам А да често ги гледам сосе сите од дома
Хахаха мојава не ја консултираме за вакви ствари. Сами јас маж ми бебето ќе си одиме, после и најавивме дека ќе поминеме на кафе