Utre ke ja setnam malata Vnukickata so dusa ja ceka,so nea ke spiela Popot rece ili darce ili pari na ikona i sveki da se zapalime. Edvaj cekav da pominat ovie 40 dena a sega koga pominaa nekako cudno se cuvsvuvam...ladno e pa pak po doma poveke ke bideme.
@mal.ecka ова што ќе го пишам не се однесува лично на тебе. Ми стигна известување па ја отворив темава. Бебе не се чува 40 дена дома. Кога се создал човекот сигурно не го чекала куќа, дом. Живеел надвор. Измислица на народот е седењето дома, а глупоча на народот следењето на истото. Не велам да се однесе во кафич или во трговски туку надвор на свеж воздух, на светлина, ако е ладно на пократко време. 40 ДЕНА НЕ СЕ СЕДИ ДОМА НЕКА ВИДАТ БЕБИЊАТА КАЈ ДОШЛЕ НЕКА ДИШАТ НЕКА ВИДАТ СВЕТЛИНА А Од п...а до дома не ги носиме во кучарка. Извинете на изразов. Надвор се до кола па од кола до дома. Полошо е да се чува во кола и дома отколку надвор.
Не мора да се седи само дома може да се излегува, ама до зајдисонце да сте дома со бебето. Лично јас одев до кај мајка ми кога излегувавме за на советувалиште (а одевме почесто поради пад на килажата и слаб напредок) ама до зајди сонце се враќав дома. Иначе за да видат кај дошле имаат време на претек
Јас мислев дека 40 дена неизлавање е чиста глупост. Ние малата само што се роди немаше ни 20 часа ја прошетавме со кревечето во болницата. Беше јули.После пак ја шетавме надвор оти лето, а дете плака ли плака.Сега ако некогаш имам второ може не 40 ама повеќе дена би си седеле дома.Многу се мали и се плашат.
Јас си седам дома и малата секако. Не планирам на вирусиве и воздухов никаде да ја изнесувам освен ако нема потреба. Ако е итно јас може да излезам ( еве сега се спремам за на продавница за пелени за големава да земам ) инаку ама ич не би провирила ни нос од врата. Е сега да беше пролет/ лето друга приказна ама вака...
Народни верувања дека ке заоѓало од плачење. Ние првпат излеговме кога беше две недели бидејки беше сред лето шетавме наутро и навечер. Ниту плаче ниту зајдува многу е мирен што значи останале верувања од старите.
Da ne bese zima i jas memase da ja cuvam doma..ama period na virusi podobro doma.Mene ima koj da mi nabavi se sto treba pa nemav potreba da izlezam...edno vreme me fati kriza ama brzo mina.
Да беше друго годишно време ќе беше нешто поинаку, но вака.. 40те дена излегување надвор од влезна врата ни беше само секоја недела на контрола, но баш и првиот пат имавме два термини со растојание од 1ч па седевме во кафич инаку контролите ни беа секогаш поручек, 17/18ч.. Е сега излегување на тераса речиси секој ден, кога 5-10минути, кога и половина час се греевме на сонцето, тераса голема па и се возевме со количката
На мене ми рекоа после зајдисонце и мајка и бебе дома. Јас 40 дена излагав после зајдисонце во секое време кога имав потреба од истото. Живи и здрави останавме чисто информативно да си знаете. А на ова што ми го попуваа слатко и се изнасмеав од душа
Jas ne veruvam vo takvi babini devetini.Da ne bevme vo takva situacija ko so bevme ke si ja setav.Vremeto bese toplo.Za zajdisonce,i mene mi pregovaraa.Malata bese dve nedeli vo Sk na intenzivna a jas doma.Normalno si funkcionirav kako i prethodno.Si odev vo market,kaj moite.E koga ja zemavme setanjeto ni bese od doma do pedijatar i nazad.No nasiot slucaj bese drug.Bebe rodeno pred vreme,ne primeni vakcini i ni kazaa nikakov kontakt so luge.Pa si bevme doma sami.Ama zatoa sega nadoknaduvame so setanje
Брат ми роден во зима, па од практични причини кои веќе сте ги пишале, не е шетан навечер, и пак зајдуваше од плачење. Ама не е ради Сонцето или Месечината, почна да плаче кога го болеа непцата и му излегуваа заби, престана кога процесот на растење заби заврши.
Навечер не излагав зашто мраз фати. На 40 само ќути сончево се погоди после само на контрола еднаш месечно и толку. Без абер да шетаме само зашто 40 поминале.
Јас се породив во лето. Бев дома онолку колку што ми требаше да се соземам и да закрепнам од породувањето. Тоа беа некои 10 дена. После тоа си функционирав најнормално. Шетав со малата и тоа најчесто приквечер кога не беше толку жешко. Бев кај моите и пред тие 40 дена. Па еве сме. Здрави и живи.
Na sestra mi bebeto se rodi vo sredata I oni denes si cekaa imenden na zetot gosti imase eden kup iako bebeto e rodeno pred 5 dena si funkcionirat najnormalno
Ни јас не верувам во такви работи. Ми требаше две недели да се вратам во нормала па потоа почнавме со шетање. Беше јули жешко па излегував приквечер накај 8 кога ќе подзаладеше. Некогаш само шетавме, некогаш и ќе седневме на кафе. Ми идеа и дома гости блиски луѓе, седеа и откако ќе се стемнеше (ми велеа навечер не се примало луѓе) . Исто одевме и до кај мајками, кумовите и блиски другарки. На малата баш и годеше тоа, преку ден цел ден дома жешко пекол седевме во спална климата да дува во дневна, да не и дува дирекно но сепак да лади. Сите кои ми кажуваа некакви бабими деветини учтиво им кажував дека секој има право да си верува во тоа што сака, јас не верувам и не правам така. Свекрва ми на почеток се лутеше ама си се помири потоа. Инаку што не се изнаслушав: не вели чао ќе ти секне млекото(јас ни капка млеко немав) алиштата да не ги сушам наопаку (ќе повраќало детето и немало да расти), алиштата пред зајдисонце да ги приберам дома, ние требало дома до зајдисонце. Освен домашните откако ќе се стемни дома други луѓе не. Да не му се велело маче на бебето или да му се правело мјау, да не се мерело дома со метро, да не се гледало во огледало. Сите овие ми се од свекрвами за некои дури ни сама нема објаснување кога ќе ја прашав е зошто така, креваше раменици и викаше така останало. Среќа само на збор што велеше. Има некои во креветчињата им ставаат триста глупости. Огледала, книги, метли. За лакви не работи имам слушано дури да се чуди човек.
Нас првата шетња на зајдисонце ни беше Во ремедика ми рекоа секој ден по 20-30 мин надвор бебе. И сега шеткаме не се минус температури. Бебе соодветно облечено и одма заспива, ко бајче. Од ептен бебе на секое излегување на воздух се смирува и одма заспива