И мојто девојче одма се смирува на воздух. Штета загаден е, па немаме прилика секој ден да шетаме. Едвај чекам да дојде март и секој ден/цел ден надвор да сме
И ние кога шетаме малата одма заспива. До 40 дена ја изнесував само во двор. А и јас никаде не одев, освен до докторот зашто многу тешко ми беше одењето. И дома едвај одев уште за шетање надвор бев.
Ние шетавме и пред 40 дена (од аспект на бебе може и не требаше ама па фала богу ништо не и е). Првите 2-3 недели јас цела бев во болка и поприлично бев overwhelmed, моравме да шетаме иначе ќе се мрднев дома. А, овие бабини деветтини и мене ми ги кажуваја, особено тоа бебе да не се гледа во огледало од незнам кои причини,спротивно на тоа пак, кога бевме на педијатар докторката ни даде листа со активности за едномесечно бебе каде што особено беше нагласено бебето да се гледа во огледало за да си ги научи сопствените реакции.
Можи не е прашањево за овде ама ај да си прашам.... Мајки дали за бебе се смета точно 40 дена или можи молитва порано да се земи.. Слушнав од постариве дека за радост бебе свадба крштевка се сметале недели а за умрен точно се броело деној т.е 40 дена.. Моето прашање е кога вие си замавте молитва? Од црква ти велат на 40 дена а постариве ми велат земи си порано еден ден на 39 ден оти така е за радост.. Кого да слушаш да не знаеш ваму и пријателки две истото ми го кажаа дека и тие си зеле на 39 дена молитва оти и нив им кажале дека 40дена биле само за умрен.. Ваше мислење?
Вакви суеверија има различни во секој град. Прави како што ти мислиш дека треба. Ние бевме во црква точно на 40 ден.
Мое мислење не се замарај толку. Ден напред назад ама баш ништо нема да смени ни тебе, ни на бебчето. Кога моето правеше 40 дена мм беше на пат. Јас сама со две деца, плус уште не закрепната, црква немам баш блиску требаше да се малтретирам многу. И реков не одам, кога ке се врати мм заедно ке одиме. Кога се напна свекрва ми, не можело така, точно се знаело денот, и она нешто броеше 39, 40 појма немам не слушав, после за умрени било , попот нема да ве прими и викам батали, доста не одам, ако не може покасно ич не одам, што треба пак во болница да завршам. И си дојде мм, отидовме, му кажавме на попот, он вика да така е, ама да сте живи и здрави, важно е дека дојдовте и дека сакате да доагате и в година пак да ве видам со бебе. И прво прашање после, " ве примија" викам да и кажувам што рекол " пих, се за пари" вика.
Една од причините што ние бевме точно на 40 дена е што 40 ден ни се падна во Сабота. Така што логистички ни беше добро за организирање. На 41 ден ќе биде во ред. Инаку ако прашаш поп молитвата на 40 дена е за мајката пред се не за бебето. Демек до тогап е „нечиста“, а по моллитвата е чиста. Мене ова ми го кажа лекар и баш го прашав попот и рече да така е. Ако видип до околу 6 недела (односно 40 дена) многу од жените сеуште крварат по породувањето. Јас бев таков пример, крварењето ми прекина точно на 6 недели. Многу од црковните правила всушност служеле порано како замена за соодветни медицински, здравствени, сигурносни совети за „неуките“ луѓе.
Јас молитва си зедов после 5 месеци. Тогаш си појдовме за Македонија и му кажавме на попот и тој рече можи и сега. Големата молитва е за мајката не за бебето.
Молитвата е за мајката не за бебето. Мајката треба да не крвари повеќе, што значи покасно мора да можи од причина што некои жени крварат и по 40ти ден. Ние ја зедовме три или четири дена покасно бидејќи мм беше на работа. Ме премислуваа да одам точно на денот бидејќи не крварев ама категорична бев дека молитва без мм не земам па ако треба и во пеколот да горам му кажавме на попот дека касниме неколку дена рече нема врска ако.
Ние реално бевме на 41 ден - сабота. Ова мислам попот ги наштима за да ни одговара дека мм беше на работа петокот. Ни кажа дека ако е вечер роден, не се броел првиот ден и така испаѓаше точно на 40 дена да отидеме. @wannaBeMomma ние бидејќи бевме да прашуваме претходно, па попот ни кажа да дојдеме во 12.(ни закажа). Незнам дали е исто во сите цркви - ова во црквата кај поликлиника Ј. Сандански.
Ве читам и си осетив како грижа на совест првиот пат бев во друга црква на точно 40 дена за голема молитва , а за вториот пат во друга црква исто на точно 40 дена за голема молитва и како @Snow white што пиша што и кажувале навистина не е убаво така да ти задаваат како грижа и нервоза , па за бебе и за тие што отишле на оној свет си има посебен ритуал и сосема различна молитва . Јас искрено никого не слушам , ако ме интересира идам во црква и си прашувам стар поп кој е по искусен , тој ми кажа дека се иде поточно на ден 40-ти ден , мајката да биде чиста (без менструација и без да имала вечерта односи) бидејќи мајката треба да влезе во црква после молитвата и да се поклони пред икони и да ги бакне ,исто и свеќа за Господ се пали . А ова 40 дена би ги испочитувала ако бев прв пат мајка и да уживав дома без да ми доаѓаат гости , ама со две мали деца и бебе не може да се затворам дома и деца да казнам , така да ќе си шетам со децата и бебе во количка со мрежичка прекриено сепак заштитено ќе си биде без да се угледува секој
40дена му се паѓаат на Велики Четврток. На убав празник. Таман после да шеткаме цел продолжен викенд.
Nie ja krstivme malata na 5nedeli.Popot ni e blizok,kaza devojcinjata na 5nedeli mzoe da se krstat.Nemoralo 40den da se ceka.Ja krstivme,pa mene molitva mi otpea.
Мајки ме интересира ваше искуство.. чекавте 40 дена или излегувавте? Со мм бевме излезени малу по чаршијата и едно бебе плаче ли плаче во количка се гледаше по плачот дека бебево ни 20дена нема... они двајцата дотерани и мајкава го чепка демек нешо за да не плаче, а како да не плаче она гладно е сигурно, знам ќерками на два саати ја цицав не можев до комшии да отидам , а они пак дотерани ептен се изнервирав ... ама тоа е ај да несудам јас и за мене сигурно некој коментира