Во млади години функционираат да, на повозрасни не! И никако не функционираат. Жена на 40г и маж на 60г не би можело да се функционира. Баш како што кажа Лимонко, жената ќе си сака да си ужива во годините, а мажот и ќе брои години за пензија, маж на 40г и жена на 60г може да и ја темпира климата кога ќе ја фаќаат жештините од менопауза. Така да, се во свои години и со нормална, т.е умерена разлика.
Постот ми се однесува за врск во границата меѓу 20 и 40 години кај што партнерите се на крајот, приближно, на тие граници. Никој не спомна нешто за луѓе од 60 години, и пак таа динамика не е баш 1 на 1 иста со динамиката ја што ја спомнав.
Жити се? Ти ко вол од 39 сакаш да бркаш некоја од 21? Младо мевце нели? Неискусна по можност, да ја манипулираш како сакаш? Ова е одвратна разлика бе
Не сум 39, ниту имам уште 30 години, и не мораш со навреди да ми враќаш така. Сфаќам темава е малку на посензитивна страна, но со аргументи каде имаш навреда како вол, крава, теле, поарно чувај ги за на фарма отколку на јавен онлајн простор.
А шо да кажам? Нормализираш ненормално. Зашо тогаш пишуваш за 20 години разлика? Вол е тој од 40 шо би идел со 20, и малтене педофил.
Двонасочна улица е. Не се само "волово мажи" што идат со некоја што има 20 и нешто години, имаш исто толку жени коишто идат со мажи што имаат 20 и нешто години. Го викаш ова ненормално, и нормализирано а е сосема честа појава на секое место каде личностите се полнолетни, да напоменам, а постојат сосема поненормални работи од ова, и тоа навистина штетни. Преовеличување е малку.
Или чека да му се роди потенцијалната партнерка па ќе ја чека уште 20 години за да биде легално, па ќе влезе во врска, или тој моментално си бара некоја 40+ за да му биде шугар мами..
Ова е толку језиво Според тебе до колку е нормално? 30 и 60? 20 и 50? 40 и 70? Јер нели после навршени 20 све е нормално Или стриктно за до 20 години разлика си?
Не е битно дали е мажот или жената 40годи, секој на 40 што бара 20годишни му фали нешто во мозок, не може да си најде соодветен партнер согласно годините и бира некој млад уште неоформен како човек што му е лесна мета да го излаже и после си манипулира со него/неа и со токсичност го оформува каков му одговара и цел живот му ги држи уздите во рака...
Госпоѓо, пак ќе напоменам на помлада страна сум. И мене, и на многу луѓе моја возраст, не ни е гајле кој со колку стара иде ило која со колку стар иде. Ниту имам право да осудувам, ниту па имам право да им се мешам. Сакаат своеволно со постари, имаат 20 и нешто години? Слободно нека одат со нив, не е мој проблем, ако си сакаат, нека си сакаат. И во иднина, гледај помалку со ad hominem напади во сред дискусија да влегуваш, немаш потреба од непотребна агресија во коментарот.
Абе кој ти вика за мешањето, не зборам за тоа, не ви е океј нормализирање вакви одвратности. Забегано е. Кои тие генерации на твоја возраст одобруваат нешто вакво? Мислиш ние сите тука сме некои бумери? Не е ни до годините, до мајндсетот е.
Врсници мои и помлади полнолетни што се 20+ што ги знам, од машко до женско, не им смета никако да се во врска со некој што е 10+ години од нив. Еве ти од моја лична дата од познаници и луѓе со кои сум запознаен, со кои сум зборел, никој не му е гајле ни се против тоа. И не, не мислам никој дека е бумер тука, па и да има некој генерациски да е бумер, не ми ставај зборови во уста, те молам.
Абе види, врсници ко тебе и твоите никакви одвратни размислувања да, така размислуваат одвратно како да зацрниш живот на млада девојка и да ја искористиш. Ама вие сте 1% и не значи дека СИТЕ 99% се ко тебе и твоите врсници батице па да кажиш "нормално е". Воопшто не е нормално Како можиш да речиш нормално е ова? Значи според тебе нормално е 40 годишен вол да оди со 18-19 или 20+ годишна девојка кога уште учи, м? Ти твојата ќерка би ја пуштил со некој дедо или чичко постар 20+ години да ја мафтосува? Тоа сакаш да ми кажиш? Да си ја моделираш и искористуваш ко шо сакаш ти? Ајде бе бегај таму
Како горенаведената корисничка што и реков, жити генерализацијата на векот. И не ми ставај зборови во уста, цело време викам за луѓе што се 20+, а не 18-19. Или ако веќе сакаш да дебатираш, држи се до тоа како сум го рекол, а не да земаш зборови во уста да ми ставаш, да маваш хипотетични сценарија или да генерализираш со светоглед што тебе ти фаворизира аргумент.