Девет месеци се сосема ок, според мене и не мора веднаш со цинични коментари, и јас сум мајка, но не мислам дека треба да се продолжи, но секој има право на мислење, затоа и сме различни. Никој не рече некоја да седи дома и да гледа деца, очигледно многу сакаме да читаме меѓу редови, за жал неуспешно. @Ano Да се редактирам , не знам зошто би се вратиле век назад кога и денес има жени кои седат дома и си ги гледаат децата. Не гледам зошто тие би биле заостанати во минатиот век.
Зошто се бара да се продолжи породилното не знам, кога 9 месеци се сосема во ред. Ајде да кажеме и 1 година. Ама 18месеци за близнаци или се ете над 1 година не е во ред. Зошто? Сосема е во ред децата да одат во градинка, а мајката да продолжи со работа. Се што е над една година не е добро и за кариерата и работата како прво на жената. Ќе заостанува во развојот. Работодавачите пак, ќе мораат да обезбедуваат замени, а некои работни места бараат посебна обука. И овде губат. Прво ни треба средување на работничките права, добри синдикати, промена на ЗРО, па после и породилното. Друго, кај еден закон покрај содржината е битна и формата. Се одма и се препишува на новата Влада. Плус ниеден закон не важи ретроактивно. И уште ова, за да се укине радиодифузната такса мора да се најде начин МТВ да се финансира односно да и се обезбеи буџет. Не знам, навистина очекувата за 10 дена да средат се, па и за 10 дена да се дават само критики?
Не реков дека е заостанато мајката да седи дома и да чува деца, да не се разбреме погрешно. Меѓутоа тоа е прашање на избор. Само не гледам зошто и мајките кои сакаат да града и професионална кариера да не добијат малку повеќе време со своите најмили. Сепак има жени кои пред и откако ќе родат се многу попродуктивни и од мажите во својата работна средина. Да ја оставиме темата за тоа што е наменета подршка на иницијативата за подолго породилно за оние кои се за, а не дебата дали треба или не да биде подолго. Едит: Зборуваме за последниот предлог за породилно од 12 месеци.
Ova e posledno info http://press24.mk/vmro-dpmne-podnes...nie-za-prodolzhuvanje-na-porodilnoto-otsustvo
Па ако на некоја и се брза да се врати на работа, никој не ја спречува. Ај едно прашање. Законот налага породилнито да се отвори 28 дена пред термин т.е. 45 дена. Породилното трае 9 месеци. Одземете 28/45 дена од 9 месеци и ќе ја добиете возраста на детето кога мајката ќе појде на работа. Која градинка прима толку мали деца? Каде толку брзо место ќе има за детето да се згрижи? Што е со предвреме родени деца? За таа што сака кариера да тера има простор. Работа од дома секогаш е опција. Јас на боледување сум сега па сум поактивна од пола на работа што се. Водам клучен оддел во фирмата и не сметам дека би заостанала во работата ниту сега заостанувам. Се што се сака, се може со добра организација и волја. Се друго, за мене, е изговор и страв дека некој ќе ни ја превземе работата. Ако јас сум се покажала како професионалец, немам никаква пречка во кариерниот развој ако паузирам 1 година и ако 1 година од 15, мене побитно ми е детето од фирмата. Јас ако соберам колку прекувремни часови сум седела, не една, 2-3 години не треба на работа да дојдам да се изедначам со "стопанството" со 40 часа неделно.
Затоа пишав дека е прашање на избор, ама за оние кои сакаат или мораат да работата да добијат повеќе време со малецките. И како што кажа кукла, ако некој не сака, нека не користи. И сега кој не сака 9 месеци со изјава може и после 40 дена да се врати, никој нему брани.
Темата е многу убаво поставена, а исто и анкетата. Дали сте за продолжување на породилното отсуство? Секој има можност да каже свој став и зошто е тоа така,исто како што има право да одлучи дали ќе се врати порано на работа, ќе биде домакинка од минатиот век или ќе работи од дома. Ова работа од дома под знак прашалник оти не секоја работа може да се работи од дома.
А зашто потенцираш домакинка од минатиот век?Некако ми звучи потценувачки(исправи ме ако грешам)Такво време е дојдено што порано жените не работеле а сега мораат да работа првично од финансиска гледна точка.....а денешните домаќинки не се ништо во споредба со домаќинките од минатиот век,првично зошто се матријално и финански стабилни и немаат потреба да работат....така да они се далеку попривилегирани од нас радничка класа (јас би сакала да можам максимално да се посветам на моите деца и да бидам јас таа што ќе ги воспита а дете како дете секогаш има потреба од родител и внимание без разлика на возраста) И таа домаќинка ако и е досадно може од досада да си најде работа или било кое друго хоби јас тргнувам од себе колку сум расчепена од распореди на работа, ДОМАКИНСКИ ОБВРСКИ,организација чување дете зошто со маж ми двајцата сме во смени,а блазе си им на тие што имаат помош.а дека некоја ќе ми каже дека постигнува се сама и работа и куќа и дете не ми се верува така да мислам дека сме преоптоварени ние жените
Читај погоре. Членка напиша да се вратиме еден век назад и домаќинки ќе седиме. Ни јас не знам што е тука лошо, јас цитирам само како некој гледа на тие жени.
Освен услужен дектор B2C секој може од дома да работи. Секоја функција интернационалните фирми ја аутсорсираа ние зборуваме за физичко присуство на работа.
Хах, професор во училиште сум, не би рекла баш дека можам да работам од дома. И јас сум за подолго породилно отсуство, тоа многу ќе значи. Нека постои како опција, па кој не сака не мора да го користи целосно. Породилното да не е само за мајката,туку да биде флексибилно, на пример на еден пар да му следува 12-18 месеци па тие самите да одлучат кој од нив и колку долго ќе го користи отсуството, дали наизменично или двајцата истовремено.
Секако нема штета од подолго породилно. Ако решите да тргнете порано на работа, ќе ви следува 50% од породилното плус платата.
@kukla21 породилно можеш да отвориш и на денот на породување,доколку одиш до крај на работа или евентуално поврзеш одмор. Јас на раб бев до 12 август.На 13 ти се породив А на работа мај месец се вратив Полно девет месеци терав породилно
Не сите имаат таква можност. Тие што се на патолошка мора да отворат 45 дена порано. Во мојата фирма не толерираат трудници во 9 ти да одат на работа. Не тераат 28 дена порано задолжително да се отвори породилното.
Законот јасно си кажува дека породилното задолжително се отвора 28 дена пред термин. Добра воља на работодавецот е дали ќе ти дозволи да продолжиш на работа. Ако каже не, мора да отвориш немаш и законска основа да се буниш.
Од кога така? Јас бев под државна капа кога го отворив пред три години.И не оти директорот имаше добра воља туку законот дозволуваше така