450 породилно (пеленска револуција)

Discussion in 'Бременост' started by jovana03, Oct 13, 2016.

?

Дали сте за продолжување на породилното отсуство?

  1. Да

  2. Не

Results are only viewable after voting.
  1. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Joined:
    Jul 15, 2013
    Messages:
    3,251
    Likes Received:
    18,097
    Не знам ни јас од кога. Знам дека од фонд не прават проблем да си го отвориш породилното и на денот на породување. Само што тој дел од законот многу работодавци го користат да ги испратат поарно дома трудниците. За жал се зависи од нивната добра воља.
     
    joy1 likes this.
  2. kukla21

    kukla21 Мама Staff Member

    Joined:
    Aug 4, 2013
    Messages:
    23,744
    Likes Received:
    108,741
    Законот вели да отвориш боледување 28 дена пред термин. Не е ова ништо ново, туку законски регулирано години наназад. Тоа што некои матични отвараат на ден на породување не значи дека така е законски. Има фирми, а некогаш гинеколози кои инсистираат да се отвори согласно закон.

    Значи реков секој кој работи со директни "потрошувачи" е взан на работно место. Секој друг може да работи од дома.
     
  3. Ano

    Ano Форумски идол

    Joined:
    Oct 4, 2016
    Messages:
    9,188
    Likes Received:
    40,552
    Gender:
    Female
    @augustd нема потреба да ме вадиш од контекст.
    Мојот коментар беше во контекст на тоа дека треба на професионалната жена да и се даде можност за подолго породилно отсуство. А тие што не сакаат немора да го користат.
    Јас сметам дека после 10 години стаж, во кои сум изработела и придонела за фирмата повеќе од некои за цел работен век, заслужувам сега кога сум одлучила да градам семејство да можем подолго да се посветам на детето.

    Ќе ги замолам модераторите да ми ги избршишат претходните коментари во темата, затоа што несакам да ми се вади од контекст муабетот дека јас сакам да навредам некого. Почитувам ако некоја мајка сака целосно да се посвети на родителство, ама почитувам и мајки кои сакаат да бидат професионални жени, а сепак да имаат шанса да можат да се градат и како родители и сакаат подолго време да поминат со своите бебиња, во најзначајниот период во развојот, кога се нај беспомошни. А особено ја поддржувам иницијативата за оние кои како што кажа @janickaskopje мораат да работата за да си приуштат нормален животен стандард.
     
    Kitten, Melinda85, Stara and 3 others like this.
  4. janickaskopje

    janickaskopje Истакнат член

    Joined:
    Jun 27, 2013
    Messages:
    319
    Likes Received:
    276
    Gender:
    Female
    Точно во законот стои зборчето задолжително,меѓуттоа јас се консултирав на работа,во фондот и плус со гинекологот сите ми кажаа исто можеш да тераш до крај.....е сеа постои дупка од кај знаат точно кога ти е термин...мислам дека може да се изгура зависно од работодавецот а од фонд и гинеколозите не прават проблем
     
  5. kukla21

    kukla21 Мама Staff Member

    Joined:
    Aug 4, 2013
    Messages:
    23,744
    Likes Received:
    108,741
    Како не знаат? Во картонот пишува се ако некој земе да проверува. Фондот нема штета кога ќе одиш бидејќи секако ќе те исплаќа 9 месеци. Работодавачите се позаинтересирани и ако пријават или се жалат и те како ќе ти отворат 28 дена порано или проблем на гинекологот ќе направат.
     
    Luna91 likes this.
  6. janickaskopje

    janickaskopje Истакнат член

    Joined:
    Jun 27, 2013
    Messages:
    319
    Likes Received:
    276
    Gender:
    Female
    А кој би земал да проверува? На мојот работодавец му одговараше да одам ради замената и да тече работата.(гинекологот исто терај до кога можеш).Знам многу жени што не го отвараат 28дена пред термин.Значи ако постои можност за договор со работодавецот супер...и покрај тоа што стои така во законот во пракса е друго, еве јас сум чист пример.
     
  7. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Joined:
    Jul 15, 2013
    Messages:
    3,251
    Likes Received:
    18,097
    Еве кај нас не дозволува работодавецот. Се заканува дека ќе прати инспекции кај матичната. Ако немаш слух од работодавецот нема што да правиш.
     
  8. janickaskopje

    janickaskopje Истакнат член

    Joined:
    Jun 27, 2013
    Messages:
    319
    Likes Received:
    276
    Gender:
    Female
    Е тоа е друга приказна,кај мене им одговараше работа тече,сеа ќе им е проблем со замена ама ќе гураат некако
     
    joy1 and Luna91 like this.
  9. Snow white

    Snow white Популарен член

    Joined:
    Feb 29, 2016
    Messages:
    1,096
    Likes Received:
    1,945
    Gender:
    Female
    Знај некоја што изгласаа? 12 месеци конечно или ?
     
  10. *Ane*

    *Ane* Популарен член

    Joined:
    Jun 9, 2017
    Messages:
    762
    Likes Received:
    2,200
    Gender:
    Female
    Дали коа ке затвараме трудничко ако има измени ке не извести матичната? За тие што ке фатат... :D
     
    mal.ecka likes this.
  11. fana

    fana Форумски идол

    Joined:
    Aug 7, 2012
    Messages:
    17,645
    Likes Received:
    121,456
    Gender:
    Female
    Шо напраја луѓево бе изгласаја или не за подолго породилно? до кај е работата?
     
  12. *Ane*

    *Ane* Популарен член

    Joined:
    Jun 9, 2017
    Messages:
    762
    Likes Received:
    2,200
    Gender:
    Female
    Ми изгледа дека никој ништо незнае... А сите чекаме
     
  13. kukla21

    kukla21 Мама Staff Member

    Joined:
    Aug 4, 2013
    Messages:
    23,744
    Likes Received:
    108,741
    Допрва потписи ќе се собираат. Брзо сигурно нема да биде.
     
  14. *Ane*

    *Ane* Популарен член

    Joined:
    Jun 9, 2017
    Messages:
    762
    Likes Received:
    2,200
    Gender:
    Female
    На мрт има во живо за трудничкото
     
  15. MissDaisy

    MissDaisy Истакнат член

    Joined:
    Jan 12, 2015
    Messages:
    327
    Likes Received:
    217
    Gender:
    Female
    Вчера како што знаете имаше расправа на седница на собрание по првичната граѓанска иницијатива поднесена од 217 граѓани за донесување Закон за измена на Законот за работните односи. Гласањето за иницијативата ќе биде на 22.6.17 год. Според дебатите што пратениците вчера ги водеа на собраниската седница, очигледно е дека оваа иницијатива ќе ја изгласаат за неуредна. Две пратенички од Вмро имаат поднедено предлог-измени на Законот за работните односи во однос на траењето на породилното отсуство на 9.6.17 год. што ќе се најде на дневен ред на собранието на 3.7.17 год. и ќе видиме што ќе се случи. Инаку, иницијаторките поднесоа нова изменета и дополнета иницијатива до Дик оваа недела што гласи вака:
    Предлог-Закон за изменување на
    Законот за работните односи

    Член 1
    Во Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15 и 27/16) во член 165 ставот 1 се менува и гласи:
    „Работничка за време на бременост, раѓање и родителство има право на платено отсуство од работа во траење од 18 месеци непрекинато, без разлика дали родила едно или повеќе деца одеднаш (близнаци, тројка и повеќе).“
    Ставот 6 се менува и гласи:
    „Работничка која посвојува дете има право на отсуство до наполнување на осумнаесетмесечна возраст на детето, без разлика дали посвоила едно или повеќе деца (две или повеќе).“

    Член 2
    Членот 171 се брише.

    Член 3
    Одредбите од овој закон ќе се применуваат и на работничките кои веќе го имаат започнато платеното отсуство од работа поради бременост, раѓање и родителство, односно породилниот одмор.

    Член 4
    Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“.

    Според Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните, постапката за граѓанска иницијатива на државно ниво е следната:
    1. Граѓанска иницијатива на државно ниво
    Член 66 2
    (1) Граѓанска иницијатива на државно ниво се покренува на предлог на 100 граѓани.
    (2) Граѓанската иницијатива на државно ниво се спроведува за прашања од членот 3 став (2) на овој закон. - Граѓанска иницијатива може да се покрене за поднесување предлог за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија (во натамошниот текст: Уставот), предлагање за донесување на закон и за распишување на референдум на државно ниво (во натамошниот текст: граѓанска иницијатива на државно ниво).
    (3) Предлогот за покренување граѓанска иницијатива на државно ниво треба да биде поднесен од овластен предлагач и да се однесува на прашање за кое е надлежно да одлучува Собранието.
    (4) Овластен предлагач, во смисла на ставот (3) од овој член, е првиот потписник на предлогот за покренување на граѓанска иницијатива.
    Член 67
    (1) Предлогот за покренување на граѓанска иницијатива на државно ниво се доставува до претседателот на Собранието.
    (2) Кога претседателот на Собранието ќе утврди дека иницијативата е во согласност со членот 66 од овој закон, во рок од три дена за тоа ќе го извести овластениот предлагач.
    (3) Укинат 3
    (4) Укинат
    (5) Кога претседателот на Собранието ќе утврди дека иницијативата е неуредна, прашањето во врска со иницијативата ќе го стави на дневен ред на првата наредна седница на Собранието, но не подоцна од 15 дена од денот на утврдувањето на неуредноста на иницијативата.
    (6) Собранието со заклучок утврдува дали иницијативата е уредна.
    (7) Претседателот на Собранието го известува овластениот предлагач за заклучокот на Собранието во рок од три дена од денот на неговото донесување.
    Член 68
    (1) Кога претседателот на Собранието ќе утврди дека иницијативата е уредна преку претседателот на Владата на Република Македонија го известува органот на државна управа надлежен за евиденција на избирачкото право.
    (2) Во случаите кога иницијативата е уредна рокот на постапката за собирање на потписи започнува да тече по 20 дена од денот на доставувањето на известувањето од претседателот на Владата на Република Македонија до органот на државната управа надлежен за евиденција на избирачкото право.
    Член 69
    (1) Предлагачот е должен граѓанската иницијатива на државно ниво за која е поднесен предлогот да ја спроведе во рок од три месеца од денот на добивањето на известувањето за нејзината уредност.
    (2) Ако во рокот од ставот (1) на овој член не се спроведе граѓанската иницијатива на државно ниво за која е поднесен предлогот, се смета дека иницијативата не е покрената.
    Член 70
    (1) Потписите на граѓаните за граѓанската иницијатива на државно ниво се даваат на образец пред органот на државната управа надлежен за евиденција на избирачкото право, во рамките на работното време.
    (2) Образецот од ставот (1) на овој член го содржи предлогот за кој се собираат потписите на граѓаните и податоците за реден број, име и презиме, единствен матичен број на граѓанинот и простор за потпис на граѓаните.
    (3) На образецот граѓаните лично се потпишуваат.
    (4) Образецот на кој се даваат потписите на граѓаните го заверува со печат и потпис на службеното лице пред кое тие се потпишуваат.
    (5) Во општините и градот Скопје во кои покрај македонскиот јазик и неговото кирилско писмо во службена употреба е и друг службен јазик и неговото писмо, образецот од ставот (2) на овој член се печати на македонски јазик и неговото кирилско писмо и на службениот јазик и писмото што е во службена употреба во таа општина и градот Скопје.
    Член 71
    (1) Граѓанска иницијатива на државно ниво за поднесување на предлог за пристапува- ње кон измена на Уставот и за распишување на референдум се смета за покрената ако најмалку 150.000 граѓани со свои потписи ја поддржале иницијативата.
    (2) Граѓанска иницијатива за предлагање за донесување закон се смета за покрената ако најмалку 10.000 граѓани со свои потписи ја поддржале иницијативата.
    Член 72
    Овластениот претставник на предлагачот, образецот со потписите на граѓаните за предлогот за кој е покрената иницијатива на државно ниво го предава на претседателот на Собранието во рок од три дена од денот на завршувањето со давањето на потписи.
    Член 73
    (1) Собранието без расправа донесува одлука за граѓанската иницијатива од членот 71 став (1) на овој закон.
    (2) Собранието за иницијативата од членот 71 став (2) на овој закон е должно да одлучува во рок од 30 дена од денот на приемот на предлогот.
    (3) Собранието за одлуката по предлогот од ставот (2) на овој член ги информира граѓаните.
    (4) Информирањето на граѓаните се врши преку средствата за јавно информирање.

    Јасно е дека ова прашање не може да се реши така брзо, ќе биде потребно време и секако дебати и дискусии за да измените бидат што подобри на долг рок.
     
    Ano and kukla21 like this.
  16. *Ane*

    *Ane* Популарен член

    Joined:
    Jun 9, 2017
    Messages:
    762
    Likes Received:
    2,200
    Gender:
    Female
    Знае ли некој до кај е оваа работа или ништо нема уште.. Кој е во тек:D
     
  17. kukla21

    kukla21 Мама Staff Member

    Joined:
    Aug 4, 2013
    Messages:
    23,744
    Likes Received:
    108,741
    јас сум во тек - има една група на фб па следам.
    вчера беше однесена новата иницијатива, денес поминала на законодавна комисија и следен чекор е собирање 10.000 потписи низ македонија.
     
    mal.ecka likes this.
  18. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Joined:
    Nov 27, 2009
    Messages:
    9,375
    Likes Received:
    42,202
    Gender:
    Female
    Помината е иницијативата вчера во собрание, така што ќе се собираат нови 100 000 потписи но сега на ниво на Република Македонија.
    @kukla21 10 000 само или 100 000?
     
    kukla21 likes this.
  19. *Ane*

    *Ane* Популарен член

    Joined:
    Jun 9, 2017
    Messages:
    762
    Likes Received:
    2,200
    Gender:
    Female
    Ништо баш сакав да не фати и ние што сме на трудничо:sweat:
     
    Stara likes this.
  20. jovana03

    jovana03 Популарен член

    Joined:
    Nov 10, 2013
    Messages:
    1,784
    Likes Received:
    6,712
    Gender:
    Female
    mal.ecka likes this.