Јас не верувам дека ниту до Април ќе се изреализира, но неважно дали ќе успее иницијативата сега или за некои идни мамички и бебушки треба да излеземе и да ја дадеме нашата подршка. Имам две девојчиња, завршија моите породилни боледувања, трето не ми е во план; ама знам колку ми беа малце тие 9 месеци. Мора да е најмалку 12 месеци.
Добра е иницијаативата,но според мене мајката и таткото треба да уживаат подеднакво право на користење на породилното отсуство. Значи да се прави избор помеѓу сопружниците при користење на ова право.Со ова би се спречила дискриминација на жената при вработувањето , бидејќи за жал живееме во РМ и секој работодавец од приватен сектор ќе избегнува вработување на лице од женски пол , што е случај и денес кога породилното отсуство трае 6 месеци, камоли да се усвои овој закон.
Ако не сакат да го усвојат на 18 м барем 12 да биде,подруго е кога бебчето ќе направи година па се однесе во градинка
So i da bide mislam deka ke bide pred izbori kako so i pravat za mnogu raboti,da ispadnat najdobri...koj i da e
Искрено не верувам дека сиромашна земја како нашата може да се носи со 18 месеци породилно отсуство и не верувам дека ова може да помине кај било кој и да е на власт, но ние да си го направе нашето ќе се потпишуваме јас има цела фамилија има да ја носам барем до година да се усвои
па тоа истото и јас го прашав погоре.Како што разбрав важи за тие што ке се породат откако ке се усвои со закон.За веќе породените не важи мислам
Да , пишува во описот на референдумот дека ќе важи и за мајки кои веќе се на породилно, но во нашето законодавство новите закони не важат ретроградно т.е. почнуваат да важат од моменот на носењето на законот. Така да ќе важи само за родилки кои ќе отидат на породилно ОД денот на стапување на законот на сила. И првиот пат имаа проблеми од правен аспект, па нели се советуваа со правници, и пак ваква колосална утка пак да има...
Може тоа и сега, можат да си делат родителите по пола породилно или колку и да сакаат... 9 месеци мама 9 тато. Ова не е спротивно на закон. Ако е поповолен за граѓаните може да има законото и ретроактивно дејство, ама не се сеќавам дали само во кривичен закон беше ова. Иначе имало многу случаи на закони кои важат и наназад.
Искрено јас не сум за продолжување на породилното до 18 месеци. Ако одиме на таа варијанта да пишува дека мора таткото да земе дел од боледувањето. Нека биде на пример задолжително користење на мајката во првите 6 месеци ради доење и слично, а потоа да биде поделено. Вака како што е замислена иницијативата според мене е благо ужасна. Поттикнува на економска неактивност на жената и ги прави жените уште помалку пожелни за работодавците. Јас ова го сметам за дискриминација апла на жени. Плус малку ми лични дека на жените во Македонија не им се работи. Место да се бориме за подобри услови за згрижување на деца, поттик на татковците да останат дома одреден период и слично ние само да не одиме на работа.