1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

450 породилно (пеленска револуција)

Дискусија во 'Бременост' започната од jovana03, 13 октомври 2016.

?

Дали сте за продолжување на породилното отсуство?

  1. Да

  2. Не

Можеш да ги видиш резултатите само откако ќе гласаш.
  1. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.050
    Допаѓања:
    225.339
    Пол:
    Женски
    Дај боже, но ќе има одма реакции зашто едни мајки ќе може а други не. Како ќе одлучат временски наназад колку ретроградно... дали од овие неколку месеци или цекс година што биле..
     
  2. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.889
    Допаѓања:
    132.558
    Само за тие што користат во моментот породилно. Не може ако е завршено породилното да и се даде пак.

    И не го сметам за дискриминација.

    Знаете дека по закон, можете да не користите породилно а да земете 50% плус плата за тие 9 м?
     
    На LiliBoz и kukla21 им се допаѓа ова.
  3. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    А зарем само законски се поттикнува таткото да седи определен период дома?! Во договор со сопругата може и денес да седи.

    Од муабети за "угнетеност" на жената и обесправеност ми се темни. Еднаш не сум се осетила обесправена или да ми била ускратена можност за напредок дека допрва треба да раѓам. Со знаење сум се изборила да бидам ценета и да местото ме чека и сега кога 1,5 год нема да сум на работа. Секој е заменлив, ама добри работници тешко се наоѓаат.

    и оние бабетинине од женските здруженија кога ги читам па. Начукала 80 години, ама уште е главен активист за женски права. Една кадарна не се најде да ја замени и да го унапреди здружението на приликите од 21 век.
     
    На Kaetana, fina erika, barby и 3 други им се допаѓа ова.
  4. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Така е. Така да кој се плаши за кариера може одма да се врати на работа и ќе има поголема финансиска корист.
     
    На Kaetana и LiliBoz им се допаѓа ова.
  5. Snow white

    Snow white Популарен член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2016
    Пораки:
    1.096
    Допаѓања:
    1.945
    Пол:
    Женски
    Од кога почнуваат со збирање на потписи по град пп конкретно кога да одиме цела фамилија да се изпотпишиме :P
     
  6. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.050
    Допаѓања:
    225.339
    Пол:
    Женски
    Да, знам. Ја имав таа опција ама не ја искористив.
    Баш затоа мислам нема да има ретроградно, сите ќе де бунат зашто некој добил или не. Според мене ниту еден закон не треба да ја има таа опција.
     
  7. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.889
    Допаѓања:
    132.558
    Зошто да се бунат?!

    Ке важи за сите родители кои на денот на донесување на законот сеуште се на породилно отсуство. Нема појасно од тоа.

    И секогаш кога е поволем законот за граѓанинот треба да се разгледа таквата опција.

    Секоја мајка која си го оставила детето на 8 месеци во градинка и бдеела со ноќи ради вируси оти нема уште никаков имунитет на 8 месеци бебе, и која добила мастит оти уште дои, сигурно нема да рече гајле ми е.

    Ама па ако види дека сосема е детето во ред со таткото, а нејзе и треба поголема плата, унапредување или што и да е, ќе си отиде на работа и таткото ќе земе породилно.

    Има случаи кога и двајцата сакаат на работа, кога имаат баба и детето е сосема океј со неа, па двајцата ќе одат на работа, а ќе земат плус 10 000 месечно до крајот на породилното (отприлика) и тие пари ќе бидат надоместок за бабата или жената....

    Оти бебе на 8 месеци е многу мало за градинка. А законов само пролонгира период во кој детето ке си биде дома.
     
    На fina erika, kukla21, em4e_baby и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.050
    Допаѓања:
    225.339
    Пол:
    Женски
    Мислев да не има - епа мене вчера ми заврши породилното а тие денес изгласуваат....
    Како и да е добро е да се изгласа, јас сум За.
     
    На fina erika и eli25 им се допаѓа ова.
  9. ilyan

    ilyan Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2015
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    19.428
    Пол:
    Женски
    Знам дека постои таква одредба, двајцата сопружници да го користат правото на породилно отсуство , но ретко се применува во практика. Истото важи и за 18 месечното породилно отсуство,ретко кој маж "балканец " би седел на породилно,секоја чест на исклучоци, поентата ми е дека сето ова не смее да влијае во инволвирањето на женната во деловниот свет како и во работните односи.
    Сепак мислам дека се помалку жени ќе бидат вработувани од страна на работодавците,се надевам дека грешам.....
     
    На joy1 и LiliBoz им се допаѓа ова.
  10. jovana03

    jovana03 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2013
    Пораки:
    1.773
    Допаѓања:
    6.710
    Пол:
    Женски
    Да се надеваме дека ќе се соберат, одма се фаќаме за работа ]:)
     
    На em4e_baby и kukla21 им се допаѓа ова.
  11. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.890
    Допаѓања:
    31.322
    Пол:
    Женски
    Е па драга моја сите решенија кои се однесуваат на дискриминаторски однос најчесто се решаваат со законски одредби.
    И сега може таткото да земе породилно ама статистиката не е баш розова во тој дел. Ретко кој го користи тоа право.
    Инаку Шведска е пример за догло породилно и еднакви права и таму законски таткото е обврзан да си земе породилно инаку цврц породилно (ни мајка ни татко). Толку.
    Ако зборуваме за продолжување на породилно и сега законски може неплатено до година дена мајката да седи дома. Ама и ова малку се користи.

    Е сега на терен се случува жена да добие прашање дали ќе раѓа во иднина, жени губат работа кога се враќаат од породилно, ги враќаат на пониски работни места и слично. Од тој аспект немаат еднакви права за напредување како и мажите кои цело време одат на работа без разлика дали добиле дете или не. Ако и двата пола имаат пауза во кариерата заради добивање дете системскиот проблем со напредување го намалуваш. Не е муабетот јас или ти како сме се снашле и кој колку е заменлив на лична основа туку како е системски. Постојат милион научни студии кои покажуваат дека токму паузата заради раќање деца кај жените е таа што е поврзана со поретко напредување во кариера кај жените, со помали примања во споредба со мажите и слично.

    Така што ако веќе се менува нешто да смениме со модерни текови а не само жената да седи дома подолго.
     
  12. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    И сега за жената не е задолжително боледувањето. Како ќе стане задолжително за таткото? Јас ако сакам ден по пораѓај можам да се вратам на работа.
    Во врска на седењето до година дома - не е баш така „розево“. Прво, правото може да се користи до наполнување на 3 годишна возраст на детето, а второ не се користи затоа што во тој период си комплетно одјавен од фирмата и работниот однос ти мирува. Тоа значи прекин на пензиско, стаж и сл и секако ќе касни здравствено, а со мало дете и не е баш поволно.

    На пониско работно место не може да те врати работодавачот. Може да ти го смени и да добиеш работно место кое одговара на твоите квалификации - ова е по ЗРО. И да, се работи за тоа како сме се снашле т.е. како сме се поставиле како жени во една работна организација. Ако се поставам потчинето, таква и ќе ме третираат. Ако се поставам со знаење, со цврстина, став ништо нема да ми влијае на мојата кариера во споредба со мажите. Ако зборуваме за научни студии, не е само раѓањето тоа кое ја прави жената да каска позади мажите во кариерата - емотивен момент, природната посветеност на жената и грижата за фамилијата, доење. Традиционално жената се грижи за домот - не само кај нас.

    И пак ќе кажам, кој сака да работи има можност - со сила никој никого не тера дома да седи 18 месеци или како што е сега 9. Отседи си 9 и врати се назад, ако ти одговара сегашното законско решение или врати се уште одма. Така како жена ќе бидеш изедначена со мажот. Во оваа ситуација ни тие 9 месеци не ти требаат.
     
    На Kaetana, barby и fana им се допаѓа ова.
  13. Masnicka.5

    Masnicka.5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    386
    Допаѓања:
    791
    Пол:
    Женски
    Од кога и каде може да се потпише?
     
  14. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    "Денес,сакам да се осврнам на иницијативата за зголемување на породилното отсуство.Многу има да се елабурира и докажува ЗА и НЕ,но јас се осврнувам САМО на ЖЕНСКИТЕ ПРАВА- КАКО ЧОВЕКОВИ ПРАВА,ПРАВОТО ЗА ВРАБОТУВАЊЕ..кое многу лесно ќе го изгубат жените,во општество,каде работодавачите го гледаат својот интерес. СЕ ЗАЛАГАМЕ ЗА ЕДНАКВИ ПРАВА И СПОДЕЛЕНИ ОБВРСКИ НА ДВАЈЦАТА РОДИТЕЛИ,."

    Ова е коментар на жена, претседател на некое женско здружение. Има 70тина години (ко ништо) и многу се секира за вработување на жените, а таа лично не ја ослободува фотељата на некоја помлада жена.
     
    На Kaetana, karibian, Ano и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.002
    Допаѓања:
    40.310
    Пол:
    Женски
    Тие се најлоши. Наместо да се бориме да го добиеме ова и повеќе права тие само ќе се обидат да наштетат.
    Имав ист случај кај мене на работа, каде најголемата тортура за трудници ја добиваа токму од жена.
    Сами себе ќе си наштетиме.
    Нека си седат таму и нека не се мешаат во барањата на другите.:@
     
    На Kaetana, fina erika, karibian и 2 други им се допаѓа ова.
  16. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Од утре почнува потпишувањето. Информации за секој град има во групата на фб. Ај да видиме дали ќе стасаме до 10.000 :)

    https://www.facebook.com/groups/1861231224100324/
     
    На em4e_baby и Cka им се допаѓа ова.
  17. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.050
    Допаѓања:
    225.339
    Пол:
    Женски
    Ептен го ставиле ова за работно време....
     
  18. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Така работат канцелариите на ДИК.
     
    На LiliBoz му/ѝ се допаѓа ова.
  19. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.201
    Допаѓања:
    111.841
    Пол:
    Женски
    Девојки имате информација дали ке работат канцелариите во сабота?
     
  20. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Мислам не.