Само од понеделник до петок од 08:30-16:30, и знам дека сте на работа и имате обврски, ама алармирајте и кај домашните, кај пријатели, роднини, кај блиски, бидејќи многу слабо потписи има а времето си минува. Ако не успееме после нема назад. Споделете со сите, замолете да се потпишаат, дури ако е возможно земете пола саат од работа ослободете се и одете дадете потпис, за нас и нашите најмили.
Не сум упатена каде треба да се потпишеме на која локација е тоа знам за иницијативата ја поддржувам и јас само незнам каде треба да се оди за да се потпишам.
@fina erika доколку си од Скопје еве информации каде може да се потпишете: ЗА СКОПЈЕ: Постапката за собирање на потребните потписи за Граѓанската иницијатива за донесување наПРЕДЛОГ-ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИТЕ ОДНОСИ (СЕКОЕПОЛНОЛЕТНО ЛИЦЕ ИМА ПРАВО НА ПОТПИС БЕЗ РАЗЛИКА НА ПОЛ) ќе започне на 20.09.и ќе трае до 07.10.2017 година, од 8:30h до 16:30h во следниве општини: -Во По ЦЕНТАР за општините: ЦЕНТАР И АЕРОДРОМ ( кај Ван Гог кафе влез до цвеќарата). -Во По КАРПОШ за општините: КАРПОШ, ЃОРЧЕ ПЕТРОВ И САРАЈ (кај германска амбасадаедна улица подолу УЛИЦА СТРЕЗОВО БРОЈ 7 ОД СТРАНА НА УГОСТИТЕЛСКО АКО ГЛЕДАТЕ НАКАЈ ЃОРЧЕ ОД ЛЕВА СТРАНА ПО СКАЛИЧКИ НАГОРЕ ) .-Во По ЧАИР за општините: ЧАИР, БУТЕЛ,ШУТО ОРИЗАРИ И ЧУЧЕР САННДЕВО (кајсоцијалните згради или бивша општина Бутел - тоа се бараки baraka 16 vtora baraka od skopje sever prema stara opstina vo hodnikot desno pretposledna vrata levo). -Во По КИСЕЛА ВОДА за општините: КИСЕЛА ВОДА, СОПИШТЕ, ЗЕЛЕНИКОВО ИСТУДЕНИЧАНИ (наспроти Зегин аптека , каде што поминува градскиот автобус 4ка, кај кулите воопштината vo baraka 9 soba 19) .-Во По ГАЗИ БАБА за општините ГАЗИ БАБА , ИЛИНДЕН, ПЕТРОВЕЦ, АРАЧИНОВО (каршихотел Континентал). За други градови, собирањето на потписи се одвива во канцелариите на ДИК.. Кажете за кои градови ве интересира поточно, ќе ви пишам.
Еве јас вака да ве прашам сите кои сте за породилно од година ипол кои се добрите страни а кои не се. Јас ќе ви кажам мое лично мислење. Јас НЕ СУМ за волку долг период отсуство од работа. Нит сум газда а и имам само едно дете и сигурно ќе одам на 2ро па здравје и 3то. Од аспект на кариера реални да бидеме година ипол надвор од работа е многу заостанување назад ( зависи што се работи ). Едвај чекав да тргнам на работа, да сменам околина, да видам колеги, да се напијам кафе. Едноставно да разбистрам глава. Друго 99% од вработените се на договори на определно време. Што ќе сум му ја на работодавец акоо мене ме нема 18месеци во најдобра ситуација. Ќе најде замена, замената ќе се покаже, нема да му требам јас и ете беља, а недај Боже да сум патолошка тогаш 2 и кусур години отсуство. Друго зашто да не изгласаме за невработените мајки да има паричен надомест додека се на породилно???? Зошто да важи ова само за ВРАБОТЕНИ кои ако се кај роднини креваат придонеси и плата за зимаат по 40 000 породилно а некој да не зима ништо. Не е фер и не е праведно воопшто
A кој со сила те тера да седиш дома 18 месеци или сегашните 9?! Можеш уште одма да се вратиш на работа доколку сакаш. За невработените ми нема логика да земаат породилно - системот функционира на уплати месечни од плата и од тоа се двои. Ако не допринесува, не му следува. Всушност, ако подобро размислиме сепак му следува бидејќи иако не плаќа користи здравствени услуги за кои не плаќа (осигуран преку друг, осигуран како невработен и сл). Тоа е исто како некој што денар не платил пензиско осигурување кога ќе наполни 65 да зема пензија.
Мене па друго ме загрижува. Да кажам дека се согласувам со продолжување на породилното и се потпишав. Конкретно искуство мое, бев на патолошка што никој не го посакува тоа, бев со Placenta Previa и на одев на работа земв 70% од платата што ми ја минат на банка.Значи пари на рака 6 месеци не видов.( Да напоменам дека не ја земам цела плата преку банка, осигурена на 11500,остатокот од платата на рака) После го отворив породилното земав онолку колку што ми е платата на банка, пак пари на рака 9месеци не видов. Фирмата моја ќареше 15месеци од мене, парите на рака не ми ги дава. Знам не е крива државата едноставно така функционират "газдите" кај нас. Лично за мене седење дома од 18месеци е многу(да не ме разберете грешка ) не дека не го подржувам ама до една година би седела и би издржала без тие пари на рака што ме следуваат,ама уште пола година ми е многу, а знаеме дека поголеми деца=поголеми трошоци. Ама не ми е никој крив кога работам кај таков работодвец Се надевам ке успее
Во нашата ние бевме 45 ти.Сум со надеж дека народов нема да е себичен и ќе се потпише заради доброто на намалите,а ако не им е жал,немам повеќе што да кажам.
Nie cela familija dadovme potpisi od kaj mm sega na majkami treba da i kazam da si pojdat i tie site ako nemozat baba mi i dedomi barem majkami i tatko mi
Каде треба да се потпишеме, јас живеам во општина Центар, на едно место ли се собираат потписи или во секоја општина има и каде
Сеуште постојат ЛУГЕ со срце во нашево државиче и да помогнат. Целата работа се завршува за 2 секунди работа.НЕ БОЛИ!Иначе потписите се собираат до 6 ти Октомври.Кој има срце нека се потпише❤
Кај старо матично, во парк, карши фонтана. Влезот е одма до цвеќарата (спроти Ван Гог) Бараките на о. Центар.
Здраво сакам да ве прашам дали некоја од членките се потпишала за иницијативата за продолжување на породилното боледување и дали некој знае каде точно се собираат потписи за општина центар и аеродром.Ве молам за точна информација
Има информации во темава. Има линк до Фб групата и информации каде се собираат потписите. Конкретно за Центар се собира во општинските бараки (карши фонтаната во парк, каде што беше старо матично). Влезот е од каде што е паркингот (Улицата со коцка, спроти ван гог кафе, одма до цвеќарата). Ако не се лажам и Аеродром тука се потпишува.