1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

450 породилно (пеленска револуција)

Дискусија во 'Бременост' започната од jovana03, 13 октомври 2016.

?

Дали сте за продолжување на породилното отсуство?

  1. Да

  2. Не

Можеш да ги видиш резултатите само откако ќе гласаш.
  1. mamita83

    mamita83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2014
    Пораки:
    355
    Допаѓања:
    426
    Неможам да поверувам колку на фб ја критикуваат пеленската револуција, какви луѓе сме станале како да е поважна компанијата во која работиме од нашите деца. 18 месеци е идеално детето да биде со својата мајка, а никој не ви брани да се вратите на работа порано доколку за вас тоа е подобро. Инаку и за аеродром е карши ван гог.
     
    На Kaetana, Luna91, supergirlmb и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.473
    Допаѓања:
    201.282
    Пол:
    Женски
    Не е поважна компанијата, туку фактот што жената во најпродуктивните години ќе биде домаќинка. Како да одиме наназад. Јас би рекла да имаме право на избор, да биде породилното од 9-18 месеци, па ќе си бира кој колку сака да биде дома. Или пак да биде година дена. Знам дека е голем проблем чувањето на детето после породилното, не сите имаат опција баба сервис, а градинката си носи периоди на разболување кои мора да се поминат.

    Сметам дека треба да се активира и прашањето за користење породилно отсуство од страна на таткото, сепак и тој е родител.

    Реално, она на што треба да се фокусираме е да се обезбедат подобри услови во градинките, нови градинки, повеќе квалификуван кадар, помали групи на деца со повеќе негувателки.

    А за 18 месеци породилно отсуство за едно дете, тоа се три години за две, 4.5 години за три деца... Ретко кој останува на едно дете, а ако се со мала разлика, подобро е жената да не оди воопшто на работа. И кога ќе пораснат децата што ќе прави тогаш жената? Да не се лажеме, работа над 30 години тешко се наоѓа без солидно искуство, а ниеден работодавец не би отпуштил солидно обучена замена за да се врати мајката на работа и неа дополнително да ја обучува, оти реално, тешко е да останеш во тек со работата ако седиш 18 месеци дома. Ова не важи за сите професии, ама за повеќето да.

    И јас бев и сум за продолжување на породилното отсуство, ама не вака, некако набрзина и неиспланирано ми е сето ова.
     
    На JuLleE, eli25, darcy и 6 други им се допаѓа ова.
  3. eta

    eta Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    1.965
    Допаѓања:
    5.366
    Пол:
    Женски
    Да не ме сфати некој погрешно, јас се потпишав и сум за да се изреализира оваа работа до крај. Но девојки ако се погледне реално работата, ова е невозможно во држава како нашата. Толкав трошок за толку мала држава каде што секој вработен носи на грб тројца пензионери, па уште и ова. Плус кај нас во фирмата тие што зимат поголема плата ги оставаат своите деца уште на 5 месеци за да зимат ем плата, ем пола породилно. Ако се усвои ова, половина од жените ке го прават истото. Мене ова ми чини како избрзан потег. Да не биде она народната "зајакот сакал рогови, па останал и без уши". Во Грција моја пријателка си го остави детето на три ипол месеци и тргна на работа. Јас се чудев а таа ми вели, така е кај нас.
     
    На VIKTORIJA 1, eli25 и oblace1 им се допаѓа ова.
  4. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.769
    Допаѓања:
    324.644
    Пол:
    Женски
    @eta и во Америка е три месеци породилното.После или се враќаш на раб или отказ си даваш.
     
  5. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.364
    Допаѓања:
    7.820
    Пол:
    Женски
    Цел ден читам по фб и се ужаснувам богами. После децата биле такви, вакви, зависни од компјутери и незнам што. Плус, ме погоди лично богами. За некој ден полнам 32, имам две деца првото го родив на 24 ( бев на работа и имав породилно). Второто има 9м.За второто се помачив малку. Во меѓувреме најдов неколку привремени ( маркети и продавници) работи. Кога пресметував колку плата колку трошок имав, не ми се исплати. Сега не работам. Значи никогаш нема да најдам работа???? Кога ќе отидам на интервју ќе речам еј имам 32 години и две деца дома. Ок не ни требаш. Со време да си мислам значи за свое нешто. Зар толку сме станале себични, зар на сите им е поубаво да станат во 5, да се шминкаат, дотераат, трчаат по школо и градинка па трчаат дома, па јадат набрзина стоплен ручек или хамбургери... Што знам. Јас сум за семејство, она топло, бар дур се сосема мали децата.
    Инаку кога бев бремена со првото дете, работата ја знаев одлично, не им дојде баш убаво што морав и порано да заминам на породилно, но ми ги направија сите услови ( удобен стол, слобода да излезам за преглед и слично). Но, кога ми бараа замена бараа жена со изгледани дечиња. Плус, работното место остана и за мене и за неа. Штета се затвори фирмата. Треба некоја иницијатива да се спроведе за подогнување на свеста на газдите на приватни фирми. Мое мислење е дека тој што сака да работи и е работник ќе работи и по 18 месеци, некако ко одма да се уплашивме од домаќинлукот. Некои луѓе не си ја знаат работата ни по 30 години искустгво ама тоа е.
     
    На Orchidea, Kaetana, Sunshine_1979 и 6 други им се допаѓа ова.
  6. Martka

    Martka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 април 2017
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    4.846
    Пол:
    Женски
    Во Шведска породилното е 3 години све платено бенифиции.Децата им се на 1во место,а кај нас на поооследно минусно место.Жалнооооо.Во Мк маче да не си а не па човек или дете.Немам коментар
     
    На Kaetana, victoria и supergirlmb им се допаѓа ова.
  7. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.364
    Допаѓања:
    7.820
    Пол:
    Женски
    Епа ќе се уназаделе жените, затоа Шведска е многу уназадена...
     
    На Kaetana му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.473
    Допаѓања:
    201.282
    Пол:
    Женски
    Не можеш да ја споредуваш Шведска со Македонија. Како прво, стандардот ни е сосема различен, поинаку е тоа уредено. За да станеме како Шведска имаме уште долг пат да изодиме, а сигурно прв чекор не е породилното боледување.
    Нејсе, времето ќе покаже. Досега се кукаше дека не вработувале жени поради тоа што немале родено, ако се усвои породилно отсуство од 18 месеци ќе се кука уште повеќе, дека има дискриминација на жените што сакаат големо семејство.
    Потребни се големи промени кај нас. А како што реков, прв чекор не е времетраењето на породилното боледување.
     
    На x.Daisy.x, eli25, JoyJoy и 3 други им се допаѓа ова.
  9. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Јас немам родено, ниту сум во брак (може ќе речете што се меша малава, ама еве, 26 години имам, ме засега директно, до прва доаѓа моето). Сметам дека има многу други побитни работи од тоа породилното да биде 18 месеци. Имаме огромен родов јазол во вработувањата во државата, многу поголем е процентот на невработени жени, плус постои разлика помеѓу платите кои ги земаат мажите и жените.
    И породилното во Шведска не е 3 години, туку 480 дена од кои само 420 се платени и тоа со 80% од платата.
    Јас сум за унапредување на правата на жената како работник и подобрување на работните услови (можеби паузи за доење, двократно работење или скратено работно време додека детето не наполни одредена возраст, одреден приход од фондот и од кога се вратиш на работа, можност да се комбинира породилното отсуство помеѓу двата родители).
    Се фаќам во последно време како размислувам за дете и нешто што веднаш ми ја разбива мислата е дека морам да градам кариера сега, дека технологијата оди напред и јас ќе заостанам, дека имам 26 години и сега ми е време професионално да растам.
    18 месеци породилно звучи убаво, ама не носи бенефиции за жената како работник, напротив, ја опресира и ја враќа на ниво на домаќинка.

    EDIT: за породилното во Шведска, директно од нивната страна
    И тоа, сите 480 дена се добиваат ако и двата родители седат на породилно, еден родител мора најмалку 3 месеци да е, или му пропаѓаат.

    Така е и во други држави во ЕУ, максимална должина на породилното се добива само ако користат и двата родители.
     
    Последна измена: 27 септември 2017
    На JuLleE, JoyJoy, Annath и 4 други им се допаѓа ова.
  10. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Не знам дали тоа што работното искуство ми е во интернационални компании, ама воопшто не го делам мислењето дека жената ќе е уназади ако гледа деца 18 месеци.
    Никогаш при избор на вработен, критериум не бил дали е жена кандидат или дали таа жена утре ќе раѓа. Лично имам бирано кандидати и секогаш било на база на квалификации.
    Имав 2 вработени на патолошка, па на породилно. Никој не побара, ниту проба да ги замени за стално. Замена била замена и никогаш не била третирана како перманентен вработен кој ќе ја замени онаа која е сега на отсуство. Вработен кој бил во компанијата 10 години и придонесувал, зарем треба да се чувствува загрозен од некој кој ќе го менува 18 месеци? Јас лично не се осеќам. Си го знам капацитетот и можностите.

    Мажот слободно може и денес да се вклучи и денес во породилното. Ќе се договорат кој колку ќе седи дома со детето. по закон никој не може со сила да му наложи дома со дете да седи, како што не може и на жената да и наметне. Секоја жена може да се врати на работа кога сака и денес, а ќе може и утре кога онаа која сака би седела дома 18 месеци.
    И баш во отсуство на соодветна инфраструктура (градинки, соодветни јасли, исхрана..ќ) ние и треба да сме пред Шведска во поглед на ова. Кога државата не може системски да го реши ова, може да го реши на индиректен начин. Не секој има пари да плати жена за чување ако не му го примат детето во градинка. И ако нема, баба што да прави?! Ќе си даде отказ и дома ќе седи. И што е крајниот исход?! Пак жената жртва. Србија ова го решила на креативен начин - ем поридилно една година, ем субвенција за приватна ако не ти го примат во државна. Нашава држава сака наталитет, а ништо не прави во насока на зголемување.

    Јас сум да постои како можност, па секој нек си решава сам за себе дали ќе кориати 18 месеци, ќе дели со сопругот и сл.
     
    На VIKTORIJA 1, Kaetana, Sunshine_1979 и 7 други им се допаѓа ова.
  11. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.887
    Допаѓања:
    132.553
    Ако толку ви се оди на работа другите 9 нека ги земе сопругот.

    Ако е балканец од типот не чувам јас дете вратете се и земете пари следни 9м. Точно за приватна градинка или жена.

    Ако толку сакате на 8м детето да ци оду во градинка а вие на работа парите за алишта трошете ги.

    Ама немојте да кажете дека породилното ја назадува жената. Има жени кои со години работат па врска немаат од работата џабе не зимале породилно.

    Вие што сте против имате многу кеш?
     
    На Kaetana, Sunshine_1979, jovana03 и 8 други им се допаѓа ова.
  12. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.084
    Допаѓања:
    87.700
    Пол:
    Женски
    Против се жени "wanna be" кариеристи , модерните кои не раѓаат повеќе од 1 дете и кои би потпишале породилно да трае 3 месеци да можат да имаат изговор за излегување,шопинзи,кафиња и сл.,а приоритет на оваа иницијатива треба да биде бенефитот за детето, а не за мајката.Никакво назадување во кариерата не е за мајката,но не верувам дека ке се усвои.
     
    На Kaetana, supergirlmb, Martka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.887
    Допаѓања:
    132.553
    Епа ако сакаат кариера нека пробаат да прочитаат закон кај што вика дека ако се вратат на работа порано им даваат 50%плус на плата. Ама кој да чита....
     
    На Sunshine_1979, azelea, fana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    18 месеци плaтенo пoрoдилнo вo Мк? Дa не се зaнесувaте мaлку?
     
  15. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.855
    Допаѓања:
    32.446
    Пол:
    Женски
    Сум за оваа иницијатива и ја поддржувам во целост.
    Толкава фама се дигна за иницијативата, а сега на дело ништо. Толку луѓе околу 18 000 мислам беа во групата на фб, а потписи многу слабо.
    Па убаво си пишува, доколку не ви се седи толку, одете си порано на работа. Плус ќе ви се плаќа додатно. Зошто да се скратува тоа право на мајката ако сака повеќе време да си поминува со детето. За плус 9 месеци нема да се уназади во работата или нема да потера кариера. Реално, на 8,9 месеци децата се премногу мали да се оставаат во градинки, на баби и сл.
    Ова е супер идеја според мене, меѓутоа за жал во нашата Македонија тешко остварлива. Дури и да се изгласа, мислите некој приватен ќе ве држи на породилно 18 месеци? Нема шанси.
    Еве јас сум пример за приватна фирма, само што соопштив дека сум бремена на патолошка вториот месец добив отказ.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Ова е само пример дека мора прво овие работи да се средат, пред да се размислува за продолжување на породилното.
     
    На dunika, JoyJoy, pravnicka_2604 и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Уште зa oснoвни прaвa никoј не се кренaл, имaш oтпуштaње нa бремени, бoледувaње сo стрaв дa пoбaрaш зa себе или зa дете, бaрaње нa oние сo мaли децa дo oдреденa вoзрaст дa им се регулирaaт смени пo нивни пoтреби или сaмo првa дa се oди...aмa бaм, дуплo пoрoдилнo oдеднaш. Верувaте вo oвa? И уште пoбитнo, aкo се усвoи, штo мислите кoј ќе ќaри a кoј ќе нaстрaдa пoвеќе?
     
    На dunika, JoyJoy, pravnicka_2604 и 4 други им се допаѓа ова.
  18. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.769
    Допаѓања:
    324.644
    Пол:
    Женски
    за едно дете е помалце трауматично кога мајката го ‘остава’ на 9 месеци отколку на 18.Затоа што на 18 разбира мн повеќе и е повеќе приврзано за неа.За мајката е секогаш болен оној момент кога треба првото утро да го остави и да замине на раб.Иначе мајка која седи на породилно има мн повеќе време за кафиња и шопинг отколку некоја која мора да седи затворена во канцеларија 8 часа и да трча дома по други обавези ;)

    тоа дека на оние на кои не им се седи дома па нека тераат кариера е исто ко некој на вас да ви рече ако не ви се работи седите дома и рагајте и чувајте деца.Мн ниско.

    правите огромна фама околу тргнувањето на работа,а претпоставувам 90 посто од вас пред свесно да забременат веќе имаат некаков план за тоа што ке се прави со бебето кога мајката ке треба да се врати на работа.

    ако се усвои браво,ако не се усвои речите и фала на тоа оти има и полошо.

    едит:редактирав уште ова да кажам
    јас кога заминав на породилно донесоа друга сестра на мое место и истата ја оставиа јас кога се вратив.Мене ме сметаа за вишак тогаш на моето одд и сакаа да ме преместат на мн полошо.Признавам дека вложив и напор и жалби и врски за да ме остават тогаш таму каде што бев бидејки имав веќе стекнато искуство.Значи мене за 9 месеци не ми го чуваа местото и тоа во државна институција а камоли 18 месеци кај некој приватњак.
     
    На SexiLy, dunika, JuLleE и 11 други им се допаѓа ова.
  19. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.965
    18 месеци се научна фантастика во Македонија, не знам кој ја води иницијативата, ама би требало малку пореално да пристапи. Доколку се побарани до 12месеци, можеби некој сериозно ќе ја разгледа, меѓутоа во оваа економска ситуација, сметам дека е навистина невозможно.
    За кариеристки, најмаjки, немајки...џабе да коментирам. Не се сите исти, и не сите исто можат да се изборат за свое место. Дека сметам дека ќе се намалат шансите на жената за вработување, сметам. Ова не е Шведска. Шведска важи како една од најдобрите земји каде се работи активно на полова еднаквост. Во Македонија се уште мажот е папучар ако измие садови, а не па да остане дома бебето да го чува.
     
    На Mishela, JuLleE, fana и 5 други им се допаѓа ова.
  20. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.154
    Допаѓања:
    17.622
    Мое мислење е дека намерно се бара 18 месеци со цел преговарачките страни да се најдат на пола пат и да се изгласаат 12 месеци. 18 месеци секако нема да бидат.
    Јас со две раце потпишувам. Како млада и образована мајка, воопшто не мислам дека подолгото породилно би ми било пречка за работно да се остварам. Си има време за се.
    И да тргнеш на работа со мало дете едно 3 години не си 100% продуктивен , па дај да не раѓаме да не ни патат фирмите.
     
    На Kaetana, supergirlmb, Melinda85 и 3 други им се допаѓа ова.