1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

450 породилно (пеленска револуција)

Дискусија во 'Бременост' започната од jovana03, 13 октомври 2016.

?

Дали сте за продолжување на породилното отсуство?

  1. Да

  2. Не

Можеш да ги видиш резултатите само откако ќе гласаш.
  1. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.084
    Допаѓања:
    87.700
    Пол:
    Женски
    Помалце трауматично?
    Знаеш колкава разлика е кога ќе ни се донесе бебе од 9 месеци во градинка и дете од 18 месеци?
    Огромна!
    Воопшто не точно дека е помалце трауматично ако се остави на 9 мес.,имавме случај со едно 9 месечно бебе кое бараше секој пат да цица кога мајката го оставаше во градинка, таа реакција доволно зборува колку е трауматично за детето.
    Има многу мајки што сакаат да тргнат на работа порано,не само за карира туку и за бегање или одмор од обврски од дома,има многу такви,исто колку и оние кои не го дојат бебињата бидејќи шише може да даде било кој ,да не бидат врзани 24 часа.
    Во државава ако се субвенциониаат и трошат пари за многу глупости,нека го продолжат и породилното,зошто да не?
     
    На Kaetana, *Лорена*, fina erika и 6 други им се допаѓа ова.
  2. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.769
    Допаѓања:
    324.644
    Пол:
    Женски
    аха значи ти си воспитувачка во градинка?Разбирам за вас е понапорно да чувате во градинка бебиња отколку дечиња.Примерот горе ти е индивудален а не општ така да...Од мојата немаше мислам поголем обожовател на доење и доена е до 27 месеци полни ама кога тргнав на раб за тие 7 часа додека не бев дома не побара ниеднаш.То дали некој дои или дава намерно ад е друга тема не е за овде .


    моето лично искуство со две деца ми покажа дека за било што и било каде полесно ми било да оставаѓ мало дете него ли дете кое веќе разбира.

    и уште нешто ,тебе како просветен работник,воспитувач не треба во домен да ти биде да ги етикетираш мајките дали биле кариеристки,немајки или незнам што.Тоа е нивни начин на живеење а ова е професијата која ти си ја избрала.Знаеш и јас тогаш еве како мајка можам за тебе да кажам дека повеќе сакаш поголеми дечиња да ти носат за да можеш раат кафе да си пиеш и да не се мн замараш околу бебињата.
     
    На TutiFuti, ♡BuBaLe♡, EarthFire и 8 други им се допаѓа ова.
  3. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    @joy1 твоите на колку месеци ги даде во градинка?
     
  4. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.769
    Допаѓања:
    324.644
    Пол:
    Женски
    си ме читала така да знаеш дека не ги дадов :)
    ги оставив маж ми да ги чува.
     
  5. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Значи немаш искуство со праќање мали деца во градинка. Друго е мм да го чува детето, друго на 7,5 месеци во градинка да го оставам.
     
    На ♡BuBaLe♡, Martka, barby и 2 други им се допаѓа ова.
  6. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.769
    Допаѓања:
    324.644
    Пол:
    Женски
    очекував ваков одговор
    тоа не го менува воопшто фактот дека мене како мајка ме болело што морам да го оставам дома.Но работа си е работа а дете си е дете.Спремна бев и на едното и на другото во комбинација.

    а опција имав и отказ да дадам,и неплатено да земам .Мојот избор беше да се вратам на работа и не згрешив во тој момент со таа одлука.Не ми трпеше ни работата ни детето.

    Целиот проблем овде кој ми боде лично мене очи е што лепите етикета на онаа мајка што не седи дома со бебето дека е кариеристка или што ти знам.Дури и да е така (а не се раб секогаш за тоа) тоа е нејзин личен избор.И се додека децата не трпат и растат здраво право и правилно не гледам проблем во тоа мајката да работи
     
    На sanjaeva, JuLleE и DAngel им се допаѓа ова.
  7. Annah87

    Annah87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2015
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    719
    Пол:
    Женски
    @joy1 Секој треба да има право на избор. Кој како милува така нека прави. Како што ти не гледаш ништо лошо во градење на кариера, така некој друг не гледа ништо лошо во седење дома 18 или 12 месеци. И не, не е исто да седи дома со тато и да ја носиш во градинка на 8-9месеци. Во твојот случај исто ко таткото да користел породилно од 18 месеци.
     
    На *Лорена*, iloveyou29, barby и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.887
    Допаѓања:
    132.553
    Кога маж ти не е дома и детето го даваш во градинка со 30 други деца а 2 негователки, и не си на работа заради цело време болно дете и лежење по болници, кога го гледаш детето со игли само оти мораш на работа, тогаш ке смениш став.

    Реално, со одење на работа кога детето ти е 7 месеци, ти пак си на терет на ФЗО заради тоа што детето ти е цело време болно, не си на работа исто како кога би бил на породилно. Имунитетот на 7 месечно бебе и на 2 годишно е сосема различен.

    Разликата за фондот не е голема, оти ти плаќаат 100% плата кога си на боледување, работодавецот те гледа една недела две си на боледување што е полошо отколку замена да имаш.

    Цехот го плаќа здравјето на детето ама тука многу мајки не го гледаат тоа од аспект на детето туку од аспект на мајката.
     
    На MIA-SK, ♡BuBaLe♡, Sunshine_1979 и 3 други им се допаѓа ова.
  9. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.769
    Допаѓања:
    324.644
    Пол:
    Женски
    @Cka ајде немој те молам со такви удари.Мојата ги прележа сите болести и вируси исто како и децата што одеа во градинка.Имам уште едно дете кое оди во школо и кое дома редовно се ни носи.Не се секирајте и јас трчам по лекари ко и останатите мајки.

    мојата од стомачен вирус лежеше во болница со инфузии.
     
    На wannaBeMomma му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.887
    Допаѓања:
    132.553
    Е сега замисли да ти дадат 2 недели боледување за болеста. Гледаш дека детето уште не е опоравено ама мораш на комисија.

    Одиш на комисија и ти викаат мајка за стомачен вирус не е 1 месец боледување.

    Со паднат имунитет го носиш у градинка оти маж ти исто оди на работа. По 2 дена пак е болно оти му е паднат имунитетот и пак си дома и пак со болно дете. Ти даваат пак 2 недели. Детето се бори со нов вирус немаш време да го оздравиш па да кренеш имунитет и пак одите градинка и пак болно. Маѓеосан круг оти не можеш да го оздравиш салам дома.

    Дома има 24 часа грижа и 2ца потенцијални висросани. У градинка има 30 деца околу. Да не заборавиме дека зборуваме за дете кое нема година. Не 3 годишно дете.
     
    На ♡BuBaLe♡, Sunshine_1979, *Лорена* и 3 други им се допаѓа ова.
  11. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.334
    Допаѓања:
    249.324
    Јас се потпишав од еве солидарност кон жените.
    Ако родам второ, да се усвои законот, една година би користела само.
    Кариерата, работата трпи. Живееме во Македонија и треба реално да се гледат работите.
    Плус 18 месеци пауза од работа е тотална стагнација, ама во ред, вие си знаете.
    Децата се на прво место и приоритет, ама ако мајката работи и ги остави во градинка не е немајка. И таа има потреба од време за себе.
    Се жалите од едно дете, трагедии како ќе го оставите во градинка. Како и секое друго дете во светот.
    Во Шведска е во денови породилното, обично користат до година, па си оставаат денови за понатаму.
    Во САД е три месеци, Европа се по 1 година повеќето. Вие барате 18 месеци. Многу е. Се надевам дека ќе се најде решение да биде на 1 година.
     
    На mal.ecka, kravce, DAngel и 5 други им се допаѓа ова.
  12. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.769
    Допаѓања:
    324.644
    Пол:
    Женски
    сите овие потенцијални ризици ги носиш и ти дома кај детето имајки околу тебе минимум 20 колеги,клиенти,претпоставени.Јас еве пак ти велам мојата НЕ ОДЕШЕ во градинка ама се разболуваше.Од мене,од сестра и ,од било кого човек може да префати.Тоа дали мајката го чува или детето оди во градинка апсолутна не е никаква потврда дали истото ке биде болно или здраво.

    ако не се лажам и тебе твоето маж ти го чува
     
    На wannaBeMomma и JuLleE им се допаѓа ова.
  13. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Ве водат емоции и моменталната ситуација во која сте (бремени, со мали бебиња, во план за бебе).
    Ако државава ја гледате како моќна да го издржи финансиското оптоварување, тогаш гледате со розеви наочари.
    Ако не е така и сте во право, тогаш во ситуации како оние кои ги опиша @Cka , слободно дајте си отказ, се додека сметате дека детето треба да го чувате, затоа што во розевава држава работа ќе има кога и да посакате.
    Е бидејќи и првото и второто е само филм, барајте со време врски за место во градинка (или бидете фини со свекрвите :D..ова на шала де). Да повторам - врски за упис во градинка :doh:

    Факт 1- сите носиме различни наочари 8-|
    Моето мислење не е засновано на емоции.
    И...Ве разбирам, ги поминав сите мајчински неизвесности и грижи. Знам што зборувате и зошто :hai:
     
    На ♡BuBaLe♡, mal.ecka, kravce и 5 други им се допаѓа ова.
  14. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.887
    Допаѓања:
    132.553
    Маж ми зема породилно а после 1 година се врати на работа. Малата у градинка... за жал. Одма болна а и ние двајцата. Сите со 40 темп. И се врати дома. Маж ми оди втора смена јас прва. Бидејќи работи повеќе раб места оди и сабота и недела. Во случаи кога мораме двајцата да сме на работа или маж ми на пат иде свекрва ми.

    Затоа знам како е и градинка и како е трчање помеѓу обврски на сите страни. А се ќе се решеше да е еден од нас уште на породилно место да жонглираме со време. Еве и сега скоро 1 саат а јас како и секоја вечер миев садови досега и спружував алишта а треба и да пеглам и да бришам прашина. Сосема е поинаку кога барем двајцата родители се дома заедно неколку саати па еден чува дете а друг чисти. Или барем одмара.

    Кога ќе сране детето посамостојно и ќе можам да ја оставам у друга соба без да буде опасно е друга песна. Ама затоа треба подолго породилно.

    Ако имаш прилика погледни од прозори во јасли. 15 деца плачат едно у раце кај воспитувачка а со другата рака му бута каша на друго дете. За мене тоа не е чување дете.

    Види ги сите прашања кај градинките се како да кренаж инунитет на дете. Никако ако цело време иде со 30 деца ро различни болести.

    Детето прво се навикнува на бактериите на родителите па на бабите и како расте се повеќе зајакнува и не се оболува толку. На 8 месеци е нехумано да се остави само 9 саати.

    А јас и мм кога си идеме дома прво миеме раце а после фаќаме дете. У градинка едното си брцка у нос па после на другото му брцка. И мојата мајка работи како мед лице па ние никогаш не се разболевме од неа заради тоа што она има скриен имунитет а дома прво се тушираше па не зимаше.
     
    На ♡BuBaLe♡, Kaetana, mal.ecka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.334
    Допаѓања:
    249.324
    @Cka повеќето мајки мијат садови до 1 и наутро одат на работа. Не си единствена. Премногу форсираш колку ти како мајка си оптеретена. А токму ти го прекина породилното за поголема плата така?
    Вашите деца се деца како другите. Оставете ги да растат без да се оптеретувате со бактериите.
    Јас сум децата да одат во градинка отколку да седат со баба.
    Ама вие барате посебен третман. Секаде деца во градинка се разболуваат. А има и такви кои не одат и пак се болни.
    Преголем период е 18 месеци.
    Не сте само вие мајки, само вие имате деца.
    Сама гледам дете и не се жалам. Кога одев на работа бев повеќе организира и исполнета. И посреќна. А детево исто внимание добиваше.
     
    На TutiFuti, Dust, augustd и 10 други им се допаѓа ова.
  16. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    @Cka
    Е сега замисли сето тоа да го правиш сама :nod:
     
    На Dust, augustd, mal.ecka и 4 други им се допаѓа ова.
  17. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Исто е оставање дете дома и во градинка на 7-8 месеци?! Јас не реков дека не било тешко враќањето на работа, ама далеку е полесно дома да си седи детето, отколку во градинка.

    Никој не спомна кариеристки и слично, туку дека секој кој се осеќа "уназаден" од ова може во било кое време од породилното да се врати на работа. Оваа опција е достапна секому и денес. И не е исто работа до 6 попладне и носење работа дома за до после полноќ и седење на компјутер и тотално исклучување од раб. обврски во 13-15 часот на пладне. Затоа што кариеристка не е онаа која се вратила на работа по 9 месеци, туку онаа која по тие 9 ќе треба да го менаџира работното време од 12+ часа.
    Јас и на боледување работам од дома и за време на породилното ќе се вклучувам на работа, ама тоа не значи дека сум дете да се остави на 7-8 месеци во градинка. Сум на став дека место на дете е во градинка, ама не толку мало.
     
    На ♡BuBaLe♡, Kaetana, pandelka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.769
    Допаѓања:
    324.644
    Пол:
    Женски
    читај поубаво
    негувателката спомна дека жените се враќаат на работа оти побитна им е кариерата од децата,оти сакаат да користат време за шопинг и кафе,оти даваат ад за не се мачат со доење и така натаму.
    Иначе знам јас што значи работа од дома.Мм не е безрбетник.Работеше на проекти до 5 сабајле па после тоа продолжуваше деца да чува,од школо едната да ја земе итн.Па јас кога ке дојдев од работа он седнуваше пак на компјутер и продолжуваше до наредното утро така.Ке видиш и самата дека со бебе дома тешко ке можеш од дома да работиш.Него ај..роди здравје па ке правиме муабет.
     
    На wannaBeMomma му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.473
    Допаѓања:
    201.282
    Пол:
    Женски

    Па затоа треба да се бориме за подобри услови во градинките, за нови и чисти градинки, квалификуван кадар, помали групи на деца со поголем број на негувателки соодветно на возраста на децата. Јасно ми е дека не е исто да пуштиш дете на 9 месеци и на година и пол во градинка. Ќе си кажам дека имав среќа што свекорот и свекрвата се нафатија да го чуваат малото до две годинки, самите се понудија, инаку и јас ќе го пратев во градинка. Што дека беше дома, првите два месеци глава не кренав од разболување кај малово, јас му носев дома се и сешто од работа, башка тоа што не јадеше си имаше удел и во имунитетот. А пред да го земам во раце, се туширам и рибам темелно, оти и јас сум медицинско лице.

    Треба да се бориме и за поволности во работното време на жената во првите три години, покрај паузата за доење што не сите ја даваат иако законски следува. Убаво би било да има олеснителни околности при земање боледување за дете, или пак промени во работното време на жената, а не сите попреку да те гледаат оти мораш да земеш денови затоа што детето е болно, а работата трпи (што искрено не се замарам дали трпи, други ми се приоритетите).

    Инаку се потпишав, и јас и мм... дај Боже барем година дена да дадат, ама пред се, сакам право на избор. Која сака да седи дома до 18 месеци, нека седи, нема проблем, која сака да се врати на работа порано, нека се врати. Сите сме мајки и го сакаме најдоброто за нашите деца, а факт е дека нив најмногу им требаме ние, мајките во првите години од животот.
     
    На green.eyes, Kitten, JuLleE и 7 други им се допаѓа ова.
  20. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.201
    Допаѓања:
    111.840
    Пол:
    Женски
    Според мене јас ќе предложам да има нов закон и за него да собираме потписи. Да можеш без проблем и без да одговараш да чукнеш тупаница (убава силна) на оној работотдавец што на интервју ќе те праша дали имаш деца.
    Треба убаво инспекциите да “чешлаат“ за бремените жени за условите во кој тие работат и најважно од се жената да се врати на истото работно место по завршување на породилното отсуство.
    Што се однесува до мене јас сакам да си седам со бебо 18 месеци и ама ич не ми чуе лево уво дали плаче фирмата по мене (бидејќи знам дека не плаче) кога би земала плата 100% и кога работното место ми стои јас би седела дома со бебето.
    Но сепак реалноста е друга.. Државата нема можност финансиски да го поднесе тоа.
    Оф топик малку. Колега на мм кога го земал девојченцето од градинка (2 годиники) во Јануари месец сите прозори биле отворени и дечињата биле оставени на ладно за да настинат и да не им ги носат
     
    На fina erika му/ѝ се допаѓа ова.