Бегаш надвор од дисусијата - зборуваме за мајките. Сум била на работа и по 48h без спиење, со едно туширање и продолжување со работа. Стресови и неспиење еден куп. И пак ќе кажам, не е исто работа до пладне без обврски и тежина после работно време и работа која ја работиш и дур спиеш. Со мало дете треба да се вратиш дома и да се искчучип, бар првите месеци. Потребите на детето од мајка и тарко не се исти, многу добро знаеш. Така да имам "кондиција" за работа, а фала богу и од дома подобро функционирам од оние кои се присутни на работа. И мислиш се плашам некој да не ми ја земе работата? Мене ќе ме фати скоро 18м дома и не гледам ништо страшно дека ќе се случи. Си се едуцирам и следам што се случува со работата и сега кога ме нема физички присутна. Мислиш дека во приватна фирма така лесно на секое настинување лесно се зема боледување? Се плашите од 18 месеци седење дома, а редовно отсуство од работа заради болест е нешто кое на голема врата е прифатено?! Негователката воопшто не ја сфатив така остро како што кажуваш. И пак ќе кажам, нека постои опција, па кој сака нека ја користи, кој сака нека се врати на работа. Како што можеа да дадат 3 месеци неплатено, можат да ги направат да се платени.
@kukla21 со последниот пасус се слагам.Кој кога сака и кога му одговара нека се врати на раб без притиоа да има осуди .Не е помалце мајка ни онаа која тргнала порано па макар и да немало индикација за да морало така да биде. инаку досга боледување немам земано.Дури ни кај приватен кога бев и кога детето ми се оперираше .Самиот он ми излезе у сусрет и добив 5 дена слободни од него.
Џабе е дискусија тоа што мора мора.. ко можи во една Шведска да се бидат и мм и жената на породилно можи кај нас да бидат повеќе месеци.. ЕВЕ АКО НЕДАЈБОЖЕ НЕ СЕ УСВОИ ЗАКОНОВ ЗА 18 МЕСЕЦИ НЕКА БИДАТ 1 ГОДИНА, 15 МЕСЕЦИ.. ама на 9 месеци е жално да го остајш бебето дома а ти на работа 8 сати и шо е најтрагично мора да одиш и во смени и плус зависи од фирмата да ти налагаат да останиш прекувремено.. не се 8 сати 9 се дури да појдиш дури да си дојдиш...
Фала богу не дискутираме за мајки и "немајки". Секој си ја знае состојбата дома и глупаво е да водиме туѓ есап зошто некој се вратил или не на работа. Сум за опција, посебно кај оние кои немаат можност за некој да им го гледа детето дур "пркне".
ама за жал само законот во нашава македонија не штити а во пракса е многу поинаку за жал само кај нас го има тоа..:/
Незнам за кој закон збориш на колешка ќерката работи во приватна фирма 10 години отиде на породилно и бидејќи нема свекрва мајка и работи мораше да го даде детето во градинка за дасе врати на работа, а газдата ја отпушта со изговор најдовме друга да работи.Исега девојкава е без работа, и јас незнам за кој закон зборуваш
Во право е ЈОI во закон за работни односи е тоа дека до навршување на три години на детето жената е ослободена од ноќна работа и прекувремена работа. Доколку самата сака после една година треба да потпише писмена согласност дека се согласува да работи ноќна и прекувремена работа.
А зошто не тужи?! Некои работи за да се придвижат напред треба и свесност од народот. Никој на тацна ништо не ти дава.
не е ни прв ни последен приватњак кој тоа го направил.Тоа се збори цело време дека отпуштаат од работа и на 9 месеци ако отидеш а камоли 18 месеци ако седиш дома. јас бев заштитена до три години не ме праќаа на семинари,не дежурав ноќни смени,не одев ни прекувремено.Самите претпоставени ми рекоа дека законот ме штити од тоа.
Дали искрено мислиш ако тужи некои работи ќе се средат, еве јас сеуште се тужам со болницата за мојов случај и искрено се плашам каков исход ќе добијам.Изгледа на крај ќе треба јас да и платам оштета за претрпената загуба.Знам дека коментаров не за тука ако сметаш слободно премести го.А работам во институција каде што знам и те како функционираат законите
Верувам дека ќе се средат. Една ластовичка пролет не чини, ама газдите се силни бидејќи сите молчат. И да, во претходната фирма луѓето си тужеа за што не им беше право и да добиваа спорови (работни) и си добиваа плата за времето кога биле отпуштени, плус камата, плус вратени на работа. А откако се враќаат на работа се осеќаат како бели мечки затоа што и мал притисок одма закана дека тоа е намерно заради тужбата. Работничка доби работен спор по тужба дека договорот на определено и бил раскинат откако останала бремена. Значи доби работен спор со договор на определено! Работниците имаат поголеми права од тоа што сметаат дека имаат. Полесно е да се каже таква е државата. Државата е таква каков што е народот.
Тужете мајки. Во работнички спорови обично добиваат работниците. Нека не ве лажат, ретко кој ќе пресуди спротивно на Законот. А ЗРО е барем јасен. Така да барајте си ги правата.
Нели донесоа закон со кој државата го плаќа породилното, ( тоа си е од порано колку што знам) но и придонесите на замената? Или не важи веќе? Значи се тргнало напред. И да, треба да се тужи , треба да се бараат правата. Кај нас најмали права имаат мајките на мали деца. А се запрепастувам што читам од жени. Тие што седат дома, демек најглупи и најтупи се. Треба да се бориме за свеста на газдите во приватниот сектор. Лесно е на државно, особено во администрација, да си користиш боледувања и одмори и кога сакаш да си појдеш дома. Јас имам две деца и не планирам уште, но ја поддржувам иницијативата затоа што живеам во мал град, и напуштив работа затоа што немаше место во градинка да го носам на 8 месеци, а бабите ми беа на работа. Нека има избор.
Се некако си мислам дека оваа иницијатива нема да успее.Длабоко во мене вели дека конечно некој се залага за иднината. Живи били па видели Инаку ставив потпис и јас и мм и пола комшилук
Ако не успее 18 м барем 12 м би било ок,сепак во најубавиот период кога децата почнуваат да јадат да проодуваат ние почнуваме со раб
Јас кога добив отказ, со препорачно писмо пуштив прво обавестување дека ке пуштам тужба заради отказот, бидејќи нема право да отпушти бремена жена. И работодавецот знае дека во таков спор работникот т.е јас ке добијам, бидејќи нема ништо што го штити. И ми прати препорачно писмо , повторно да се вратам на работа. Јас не се вратив. Бидејќи после сите тие работи, и откази и тужби како ќе ми беше на мене на тоа работно место? Приватна, мала фирма каде што газдите ( цела фамилија ) нон стоп висат таму. И веќе јас таму ќе немав услови за работа.
Јас гласав НЕ. Колоната НЕ беше 5 посто од гласовите Ај да напишам зашто мислам НЕ. 1. Го разбирам револтот - зашто за пензионерите може, а за трудниците не може. Причината е во долгогодишното владеење на партија која ја уби економијата и ги купуваше пензионерите - не размислуваше за младите ниту за родителите. Повеќето млади, во тоа време, се согласија на тие шеми и политики само за да добијат работно место, партиски, државно. Сега им текна - што со децава. Епа сега, чорба. 2. Јас сум практичен и прагматичен човек. И сакам да гледам долгорочно. Оваа наша економија, која се крепи на приватен сектор, не може да го издржи овој товар. Едноставно, не е остварливо сега, не знам ни за 10 години дали ќе биде. 3. Велите, имаш избор, ако сакаш, врати се порано на работа. Не е така. Тие што се државно, ќе си седат домче 18 месеци, а тие приватно, ќе се нацртаат на работа после 9ти. Може и порано. Бидејќи ниедна компанија нема да ти го држи местото година и пол, во оваа економија. И тоа не е фер, за тие мајки. 4. После одмор од 10 дена ти треба некоја недела да се адаптираш на работа, а што после 18 месеци? Ќе ти требаат 3 месеци да ги научиш новите ствари и да се ставиш во работна шема. 5. Дали размислувате каква дискриминација ќе се случи потоа? Жените нема да можат да припарат до работа. Ако имаш 25 и не си уште во брак, нема ни на интервју да припариш. Ако имаш 35 и едно дете веќе, може ќе имаш второ, пак ништо. Ако имаш 40 и две деца, си седела дома, немаш доволно искуство, не си спремна за работното место и задачи. Дали е тоа фер? Не е, но Македонија е земја полна со дискриминација, и во догледно време нема да се промени тоа, а со законов би се засилило уште повеќе. 6. Јас сум убедена дека бебињата немаат проблем со тоа некој друг да ги чува, на 10 месеци. Јасли ли, бебиситерка ли, жена, бебе нема гајле. Си расте, се доите сабајле, попладне и вечер. Измеѓу веќе си почнало да јаде. Мајките ги боли. Плачат кога ги носат во градинка и тие не можат да се одвојат од бебето. На мама и треба да е до него 18 месеци па и поише. Да бидеме искрени и јасни до крај 7. Досадно е дома 18 месеци бе жени. Ќе отупиш едноставно, со пелените, каката, садовите, и шпанските серии. 8. Нема смисла да очекуваме од државата да ни биде мајка и да ни овозможува седење по дома. Тоа пак е на товар на приватниот сектор. А тоа не е фер.
Ова предпоследнава твоја констатација кажува доволно за тебе, немало потреба ништо други да пишеш. Пошто нели, жените се борат за отупување, не за што е најдобро за детето..