Тоа што мајките во Македонија мислат дека е најдобро за бебето, не се согласувам дека е баш најдобро. Дали сега се разбираме? Типична македонска мајка кога збори за бебето, збори во множина. Какавме, сега мочавме и слично. Таа би да го врзе до сукњата до свадба, па и понатаму. Екстремно заштитнички поставена, го држи под стаклено звоно, би сакала да е таа центар на неговиот свет, и не постојат граници и правила. Па така тие бебиња растат во размазени и неспособни деца и млади луѓе.кои на 20 не знаат ни кафе да си направат сами. За неа, мајчинството е нејзин статус, и животно достигнување со кои сака да се докажува и натпреварува со другите жени. Ова не е за тебе Лили, ниту за било која членка тука. Зборувам генерално
До утре можеш да генерализираш, мене ми звучиш на сопственик на приватна фирма кој сака млад кадар да не кажам за што, а да не раѓа. Па оди се потпишува против. Дури и тие што се против 450 во темава верувам не отишле да се потпишат контра. Освен ти, наравно. И чисто информативно, не, не велам какаВМЕ, јадевМЕ и сл. Писмена сум.. Фала богу твојот глас баш нема да е одлучувачки за иднината на нашите деца.
@LiliBoz јас не сум контрашки човек. Немам тенденција во животот да рушам било што и било кому. На крај памет не ми паднало да одам да се потпишувам против Само кажувам свои аргументи и мислења. Ниту мојот став одлучува за тебе, ниту твојот за мене. Одлучува мнозинството, разумот и свесноста на мнозинството. Што и да се одлучи даље со законов, ќе преживееме и јас и ти, како и нашите семејства Јас само сакам да размислувам долгорочно, прагматичен човек сум и сакам да ја имам целата слика кога донесувам став за нешто.
Во ред. Јас разбрав си гласал/а против. Не е во ред мајките да треба да имаат разбирање за државниот буџет на терет на бебиња. Едноставно мене лично не ми е ок. Ете го мојот појде во градинка и нормално, мојот буџет пати поради бебешки имунитет. Крај краева нека скратат на други работи бе. Што е ова величење пензионери, форсирање студенти... секој на факултет оди за утре да е доктор или во фотеља. А работничка класа каде!? И после дома седеле. Епа во толицка земја не може третина доктори адвокати и министри да се бе. И во ова има политика, мајките мора да се борат зашто децата се иднината овде. И не, не за да го направам паразит врзан за мене. Туку за да не биде два дена градинка а пет дена дома. Мешаш имунитет со интелигенција кај некои мајки, немој. Повеќето овде се паметни жени без разлика дали се За или Против.
Јас гласав за. А зошто за "за" не е важно. Детето е радост за мене и пре би му се радувала отколку во градинка.
@LiliBoz јас на гласањето во дискусијава мислев )))) Види, јас се согласувам со тебе. Со години наназад пензионерите се попривилегирани од младите. Тоа не е од сега. Дури и споменици беа поважни од децата. И тоа не е од сега. Имунитетот страда заради лоша животна средина. Дишеме отрови. И тоа е страшно. Зашто за се ова погоре не се боревме до сега, да се промени? Условите за јасли и градинките се ужас, нема места, нема кадар, тоа е она што треба да се менува, системот треба од таму да почне да се менува. Едноставно мислам дека овој предлог е непрактичен и неизводлив за нашава економија. Да наоѓаме други решенија, добри и за нас, и за децата, и за нашиот домашен буџет. Без пари, не можеме да живееме. Законов од старт ги раздвојува жените кои работат јавен и приватен сектор. Во приватниот, МОРАМ да се вратам на работа после 9м., а таа во државен ќе може да искористи макс. Просто не верувам дека приватна компанија, денес во Мк, ќе дозволи 18м отсуство. Воопшто не помислив на нечија интелигенција во ниеден момент, туку просто за начинот на живот.
Овде ред нема да се доведе па макар уште 20 години да пробува некој тоа да го стори. Тоа не смее да е кочница да се бараат опции за нашите деца. Нека кратат, лепат, кројат од каде сакаат, кога се работи за деца мора да се дадат опции (мое мислење, а дали ќе е така ќе видиме). За градинка ли ми збориш какво е? Седеше пола час и прљаво ми го вратија цело. Се тешам само зашто негувателката е срце жена, барем тоа ми се погоди. Верувај ми, греота е да мора да оди толку рано. Коса ми побеле во рок од две недели. Не ми е цел да ти променам мислење, ти ја сфатив поентата, но мора од негде да се почне. За приватен сектор не можам да зборам. Државно сум. Факт е дека треба јако чешлање и таму..
? Немој ни да се обидуваш со ниски удари. Не работам во јасли,туку во големите групи,и не, не сме сите кафепијачки кои одвај чекаат да ГИ заспијат децата,не има и што си ја сакаме работата. Мојот пример кој ти го нарече индивидуален,јас го спомнав бидејки срце ме болеше,а општ пример е дека сите до едно се трауматизирани,кое одбива да јаде, кое да спие , а да не зборам пак колку се тажни,дали е тоа доволна причина за продолжено породилно,да,бебиња се еднаш, само тогаш,канцеларијата или работното место секогаш ќе биде тука,па и по 9 месеци плус породилно,за детето се многу важни ,за работата малку.
Јас сум дома 2год и 6м со дете, не сум вработена и не отупев И не е така лесно да се рече дека на бебињата не им е проблем да бидат во градинка, тие сеуште немаат јак имунитет... почнуваат во градинка и тоа е 4 дена градинка, 1, 2 недели дома. Имам пријателка на која и почна на 9м бебето, вработена.. нејзините од Велес, она во Ск само со маж и, маж и нема родители... принудена беше да остава дете по цела недела во Велес, немаше кој да го чува кога е болно и кога е втора смена, а боледување на секое неможе да се земе... Незнам како може некој да стави НЕ за ова, јас бев се потпишав и првиот пат, ке се потпишам и сега.
А за која младина зборуваме.СИТЕ ОДИДОА ТИЃИНА.Младите полека полека бегаат.Жалосно.Не само за оваа иницијатива,ОПШТО!Кога Мекедончето се изборило за нивно добро.НИКОГАШ!За некое време и како држава ќе не снема.Жално за иднината на сите нас.
Ти не читаш убаво! Јас дадов пример за да доловам колку е болно оставање бебе во градинка и на кој начин тоа го манифестира. А тоа дека има мајки кои им е досадно дома да седат и овие 9 месеци сега ,и бираат да одат на работа,за да избегнат бебешки обврски има,тоа е вистина да не се лажеме.
Се е супер со иницијативата. Иако не верувам дека ќе дадат толку, дај боже барем +3 месеца да дадат. Меѓутоа, што потоа? Зошто нема иницијатива за скратено работно време по породилното, по желба и избор, за еден од сопружниците? Можеби има таква идеја и во другите пораки ама ги немам прочитано сите. На пример работиш 4 часа место 8 и зимаш 50% од оригиналната плата, или 6 часа место 8 па зимаш 75%. Зарем тоа како долгорочна идеја не е добра за предложување? Да се има време и за работа, и за дома.
Еве го мојот на година и два месеци почна во градинка од четири недели три е болен, сега се вратив од боледување сега пак ли да земам кој ќе ми го чува детето од понеделик со воспаление на плуќа во градинка ли да го носам, боледување ли да земам? Работам во приватно и мислам дека деновите ми се одброени договорот на определено ми истекува крај на октомври не се сомневам во моите способности но мојата моментална ситуација како мајка на мало дете може ќе ми биде пресудна. Бев и се потпишав јас и цела поблиска моја фамилија и пријатели но сепак мислам дека ова нема да помине зошто во оваа земја се нема слух за тоа што е најважно, да факт е дека се нема пари за вакво оптеретување на буџетот ама мора да се најде решение, а дека ако се изгласа овој закон ќе биде причина за дискриминација на жените може да биде само една плус и без тоа сме дискриминирани
Можда не е за тука, но ... Пет месеци од државата добивав надомест за породилно, шестиот месец добив решение дека не ми следува Сите врати во пиом ги поминав, џабе и џабе. Моја е грешката што не ги тужев
Значи 12 месеци е во ред и детето може да појде во градинка. Но 18 е премногу. Навистина сакате толку да седете дома? Ќе полудете мајки. Седам година и кусур дома, детево да расте со мене, ама нема ништо да му фалеше да оди и на градинка, јас да работам. Он одеше како бебе кога работев. Отупев дома. Губам многу, и професоонално. Така да сега да треба да раѓам, а да се вработам и 18 месеци дома е поразително за мене. Пазарот на труд ќе ме проголта. Така да, понесени сте од мајчинството, и јас сум мајка, но не се согласувам волкаво отсуство од работа. Плус економски невозможно во државата. Да се избороме за 12 месеци породилно, што е пореално и повозможно.
И на 3год да појде дете во градинка, пак може да се разболува. Не е исто секако, но зарем не боли исто? Мора да се подобрат условите во градинките, не знам зошто и за тоа не се реагира. И зошто и мажите не земаат отсуство за болно дете, ако се плашите да не ја загубите работата? И тие се родители