Еве јас сум на патолошка и докторот ми кажа дека породилното морам да го отворам 45 дена пред термин, значи треба бебето да го оставам на 7 месеци и да појдам на работа? А да не спомнувам дека во јасли не ги примаат под 9 месеци. И не мислам дека ќе затупам дома туку повеќе ќе паднам психички ако појдам на работа оставајки толку мало бебе кое со душа чекам да се роди.
Имам искуство со три деца. Првото го оставив дома, со татко и, на 8 месеци ( породилното е 9 и рачунајќи го почетокот - 28 дена пред термин на раѓање ) и иако не одеше по градинки или баби, си остануваше дома со тато, сепак детето беше често болежливо, склоно на повраќање, пиеше формула.. Другите двајца беа исклучиво со мене, деноноќно, едниот до три години ( доен до две ) а другиот до 18 месеци ( доен до 18 м) и на таа возраст ги пуштив во градинка. Тој што тргна на три години се адаптира најлесно, сам јадеше, раскажуваше што правеле, имавме разбирање дека оди во градинка па кога ќе се врати дома и сл. Најмалово го пуштив во јасли на 18 м. Претходно два месеци го чуваа баба дедо. Кога го земам од градинка често е со суви усни и бара вода и ненаситно пие. Често е нафрлан на газето. Носето му е растечено. Од три месеци одење два пати прима атб и еднаш одлежавме стомачен вирус. Плус да го земам и фактот што допрва следуваат добри шест месеци со температури испод нулата, замислете ја тортурата на едно детенце да го будиш, преоблекуваш, вадиш по мразови, ветрови, снегови за да го дадеш во градинка. Мене срце ми се кине и за четиригодишниов, а камо ли 9 - 10 месечни бебуши... Јас бев и се потпишав За - без притоа да го имам на ум излежувањето и затупувањето на мајката, туку имајќи ги во предвид искуствата и емоциите на моите деца и сочувствувањето кон идните деца. Не е само физичкиот аспект ( просторно згрижување и хранење на детето ) туку баш она што треба да се земе во предвид е емоционалниот аспект и да се има особено предвид колку е значајно за бебето ( сеедно на 9,12 или 16 месеци ) кое ќе се разбуди наутро и ќе се гушка со насмеана мама за разлика од растрчани утра, преслекување, брзање, рикање на разделба.. Плус на почетокот од животот тука се честите вакцини, привикнување на нови вкусови и текстури на храна, запознавање на нови лица и звуци.. На 9 месеци е прееемало. Јас имав среќа да ме пркне до 4 години мајка ми дома. Имав среќа да им се посветам на децата до нивно пркнување. И не, не ме прави ова повеќе мајка од друга која морала да го даде во градинка на 6 месеци!! Не, воопшто. Она што сакав да го кажам ќе го разберат неколку мина. Истомисленици кои го предложиле ова, истомисленици кои го потпишале ова. Но ќе не има ли доволно? Искрено, се надевам. За доброто на нашите деца!
од 6 примаат. внука ми од 6 и пол со адаптација почна, ако збориш за Мк. инаку не мора да го отвориш 45 порано. јас го прекинав патолошкото 45 дена претходно, зедов одмор една недела и боледување две од матичен гинеколог и отидов на пород
Навистина не можам да разберам зошто упорно повторувате дека мајките се отупувале, ќе умреле од досада и незнам какви трагедии ако седеле дома?Луѓе, расте процентот на насилство кај деца, агресивни се, се нешто не им чини не треба да се запрашаме малку што е проблемот???? Да, и мене ми е полесно да работам во државна адм. и да пијам по 5 6 кафиња, паузата да ја користам за нокти и слично, пошто ова така некако излага, дека само за на работа треба да си среден и паметен. Времето кое ми е поминато со децата за мене е бесценето. Иницијативата е супер, само на жениве нешто изгледа не им е погодено.
За МК зборувам и со сигурност ми кажаа дека под 9 месеци не примаат, а за одмор немам денови ги искористив.
Големо браво за Вас мајка што го напишавте ова искуство, подобро никој до сега не објаснил зошто е потребно продолжување на боледувањето,
внука ми тргна на 6 и пол, мојот е запишан од 8, колешка од 7 го пушти.. не знам, распрашај се. овде групите се од 6 до 18 и 18 до 24.
Ајде женички!!! 2002 потписи ни требаат за тројка во последна минута!! баш во наш стил!! 2002 за да биде 10 001 потпис!!! Можеме!!!!
Што мислите ќе се соберат ли,,? А што ако не? Јас сум загрижена многу бидејки сакам да успее оваа иницијатива. И уште нешто дали знаете откако ке се соберат потребните потписи каква е процедурата понатаму, колку време отпеилика треба да дојде до собрание?
А етикетирање на оние што сакаат да седат дома со малото како затупени и уназадени домакинки е ок??? И не, породилното реално не е 9 месеци, се рачуна во денови и започнува 45 дена пред термин. Му доаѓа околу 7 месеци. Блазе на онаа што ќе роди порано, па ќе искористи некој ден плус. И уште нешто, во Македонија сите родилки работат во канцеларија? Сте помислиле дека има жени што работат во фабрики и конфекции за бедни 10000? И ако одлучат да седат дома дополнителни 3 месеци им се намалува саатнината, а со тоа и платата? Епа да, јас работам во таква фирма. Странска инвестиција успат. И ве молам, нити онаа што ќе тргне порано на работа не е кариеристка, нити онаа што ќе седи дома е уназадена домаќинка. Која кариера ќе ја градам овде во Македонија??? Просто се чудам... Гледајте децата да ги изведете на прав пат и најважно, грижете се за нивното здравје. Оти со мама е најубаво, и никој не е како мама. И одете на потпис, ако не за вас, за вашите ќерки. Можеби тие ќе сакаат да останат дома, за разлика од вас што губите на професионалност и кариера
пак дојде на моето со последната твоја реченица . .Мене ми траеше 9 месеци породилното,на денот на породување јас го отворив.Од август до мај бев дома.И не сум само јас,читам овде многумина не го отвараат 45 дена пред тоа. за моите деца ич не бери гајле.Изведени се на прав пат,здрави и прави се и покрај тоа што не седев 18 месеци дома со нив.Мама си е мама ,ама и мама има обврски кои ги започнала пред да стане мама.Животот си има тек,и кога тогаш мораш да продолжиш онаму каде што си застанала.На едно дете најубаво ке му биде покрај мама и на 20 години,разбирливо нема замена за неа.
Не посочив на твоите деца и ете, си била од ретките. Ама не се сите како тебе и немаат сите можност за боледување од матичен, од гинеколог, од психијатар, затоа што во многу производни фабрики и конфекции (кои ги спомнав погоре, ама изгледа не ти одговара па не си прочитала) не се признаени, не се платени!
а што мислиш во истите тие конфекции како ке биде ако се одобрат 18 месеци породилно?Ке престанат да вработуваат млади жени кои треба да раѓаат,бидејки на тој работодавецот не му одговара да прати една на породилно плус да и најде замена и да плаќа 18 месеци и за едната и за другата.Ке расте веројатно наталитетот пошто нели 18 месеци дома јееее ама ке се стеснува местото во градинките.Пошто што е битно дали има градинки,услови во нив и перслонал.Битно е мама ке биде со бебе 18 месеци па за после ке му ја мислиме . нека одобрат 18 месеци па се читаме за година,две како ке биде со вработување и со места во градинките
А А сега има услови и градинки и персонал? Нормално е за тебе бебе на 8 месеци да го носиш во градинка, по студови, дождови и да го земаш во 3 попладне на 50 степени? Оти сите немаат кола со клима, повеќето пеш ги носат, кога веќе зборуваме за услови... И нормално е да чекаш со месеци за да го примат? Дајте прво да ги запишеме во градинка, па да ги правиме. Таман додека се родат ќе се ослободи можеби некое место.
токму дека услови нема тоа треба да ни биде приоритет да се среди за идните генерации,а не колку месеци ке седиме дома. епа сега дај статистики да вадиме кој каква кола има.Истото тоа дете и на година и пол ке го носиш на 50 степени и на снег.Тогаш како?Дете си е дете ,или за малите боли повеќе за тоа поголемото помалце.Мене и за двете исто ме боли а претпоставувам повеќето кога планирате дете ја разгледувате и опцијата кој ке го чува тоа дете по завршување на боледувањето.
А вие мислите дека има толку голем "pool" на добри работници, па работодавачите така лесно ќе си наоѓаат замена за секоја која ќе биде на породилно и ќе се отпуштаат работнички за "добро утро". Очигледно не сте биле во позиција да барате/вработувате работници. @joy1 ако двајца немаат опција кој да им чува дете, значи да не помислуваат на него?! Последниот коментар не ти е на место. Може планирале градинка и детето не им го примиле, а немаат пари за жена. Есапот дома и на пазар не е ист.
Ти се фати за условите, и баш затоа што нема, подобро е детето да седи дома. А за учење, ако му посветуваш доволно време и внимание ќе научи се. Колку за споредба од познаници, едното седи дома со мама и знае да брои, ја знае азбуката, и на македонски и на англиски, другото оди во градинка и не знае да збори како што треба. На иста возраст се.
Ќе се вмешам и тука - голема работа ако детето дома што седи знае. Ова другово демек нема да научи?! Децата мали треба да си играат, а не да ги оптеретуваат со "учење" уште од малечки. Па цел живот ќе се со обврски, ајде и тоа малку детство да им го направиме со обврски?! На дете место му е со деца.
а децата каде се?Во градинка нели? коментарот дали е на место или не,тој е.Реално треба да се разгледува секоја опција.Ако не пред бременост тогаш за време на бременост.Дали ке го чува баба,дедо,дадилка,градинка или мама опција мора да се најде,мора да се разгледува.Ако не на 9 месеци на 18 пак ке се соочиш со истите прашања