На дете место му е со деца, со други зборови во градинка? По дифолт испаѓа дека на уназадените домаќинки што ќе седат дома и децата ќе им бидат уназадени и затупени? Според мислењата овде така некако излегува...
Кај деца со тешкотии со зборувањето или прозборувањето се препорачува посетување на градинка. Тешко дека поради градинката детенцето сеуште не зборува а другото толку напреднало од седењето со мајката.
Дете на 9 месеци во градинка и на 18 не е исто. Јас сум за градинка 100%, ама не на 9 месеци. Кој спомна уназадени донаќинки?! Сум за мајката да седи повеќе на породилно, ама не сум за тоа по завршување на истото детето да продолжи да седи дома. Децата треба да се меѓу деца.
Уназадени и затупени имаше поназад. Тоа и ме испровоцира да влезам во дискусија. Инаку, се согласуваме и двете дека е многу подобро за детето покасно да тргне во градинка. Градинката е дел од процесот на социјализација. Јас сум одела, ќе оди и моето. Ама не на 8 месеци!
Јас сум за 12 месеци. И сега многу жени со боледување + одмор истото го постигнуваат. 18 месеци е многу, а се сложувам дека многу ќе се отежни вработувањето на млади жени. Тие што веќе работат, и се докажале, да, ќе ги чекаме. Но, и јас сум била во ситуација да примам луѓе, и од една страна е тешко да најдеш квалитетен кадар, но од друга ако ми треба човек за работа, а ми дојде млада тазе омажена жена и три пати ќе размислам, зошто е сосема возможно 3-4 години да не ја видам (на 18 месеци веќе комотно се размислува за второ дете), и пак сум без човек. Секако дека сум апсолутно за подобрување на ситуацијата со градинките, сум за 12 месеци породилно, за породилно на сопругот од месец-два можеби, но 18 месеци ми личат нереални.
Што е себично???? Демек што се остава детето дома. Овој закон за 18 месеци породилно нема многу да ги реши проблемите на многу жени и деца. Ќе ги продлабочи. Имаш во моментов прашања на интервјуа за вработување дали планираат да останат бремени или не. Породилното е 9 месеци. Ако стане 18 тие што ги поставуваат ваквите прашања ич нема да викаат жени на интервју. Тогаш нема да биде себично за децата. Ќе имаат невработени мајки по дома. Никому нема ни да треба породилно. И сега не е фер кога мајките со второ дете родено брзо после првото ги викаат на работа после неколку месеци (на 3-4) за да си задржат работа. Што ако законот им гарантира 9 сега. Со 18 ова ќе стане уште поизразено. Не ми е јасно како не се гледа целата голема слика. Сте се запнале за конкретни примери или како вие би порекинале боледување или како е се супер и розово ако има 18 месеци боледување. Од каде баш 18 месеци? Зошто не и задолжително за таткото дел од боледувањето (ако сакате системски да им затнете тема за муабет на работодавците ви треба како во Шведска во закон наведено дека и двајцата мораат да земат боледување за да нема ако си маж нема да отсуствуваш ако си жена ќе мора да те нема одреден период)? Ништо не решава овој закон ама баш ништо а проблеми што ќе произлезат од него охохо.
@Cka ,ти нели се врати исто порано на работа,прашуваше нели и дали ке ти исплатат 50% плус од плата ако се вратиш порано.Твоето нели беше себично,финансиската состојба пред детето ја стави.Што сега скокаш за другите мајки дека себично постапуваат?
Колку ниско џој. Дури навредливо. Мене детето ми го чуваше таткото на детето. Не градинката. Родителите се еднакви за детето а не некоја непозната даца и 30 други болни деца. Јас не барав 50% плус туку таткото зема породилно. Затоа сум за 18 месеци. Дел за мајката дел за таткото. А ако за вас само мајката е родител жал ми е. Себично е да викате дека е ок 9 месеци оти мајката требало да се врати на својот живот. Не можам да се начудам џој. Тебе маж ти да не ти седеше дома ти ќе беше за? Ќе се радуваше на 8м бебе да вришти 8 саати? Со непознати? Погледни се во огледало и речи јас сум за на 8 месеци детето да е во градинка а не маж ми да го чува. Лесно е да работиш до 1 саат и оп дома. Лесно њ маж ти да думка. Оди од 8 до 5 на работа и маж ти исто па бори се со болести секој ден и пак речи нека одат. Уште не момам да се начудам. Дури и ЛАЖНО ме обвини за 50% на плата еј....
да ти најдам постот каде зборуваше за 50 посто?И каде велиш дека пари требаат.Та на другите исто им требаат пари. не маж ми немаше потреба да думка дека детето само си заспиваше.Впрочем и твојот думкаше така да ако мислиш дека со ова ме вреѓаш се лажеш. ако се себични другите мајки за тебе онда ти не си за некои?
Дај најди го )))) ај и онака маж ти е дома ти чува дете имаш време да си на форум со 2 мали деца. Јас да немав маж дома нит ќе одев на ново место нит на 9 м ќе се вратев туку ќе земев со 1 година породилно. Ама ете имам разбран маж што не значи дека сеа треба да викам сите да прават како мене. Знам дека е тешко и затоа сакам да им помогнам. Не се вратив на работа за мој ќеиф туку за да има дома за леб. Ти од друга страна за што се врати? За себе?
-гледам модератор ти сменил мислење,веројатно си ме вреѓала нешто,ти благодарам По бедно од некого да наречеш беден а да незнаеш нормално да реплицираш нема него ај.. -друго ти си најмалце компетентна да судиш за тоа кој колку време седи на форум ,со оглед на тоа дека самата пишуваш реферати ама немаш време за ручек и секс(твои се овие зборови).Обично не користам лични моменти за да се препукувам ама пошто ти ми чепна у фамилија па и јас (сеедно ке не бришат ) -тебе свеки ти ја чувала малата и ТИ НЕ СИ СМЕТАЛА дека е грешно што порано си се вратила на раб ама ги осудуваш другите што порано се враќаат -си се вратила заради пари им требаат на сите ,разбирливо јас се вратив за себе си,да.И не се срамам да кажам дека ми беше потребно да излезам од рутина.Јас лажен морал не глумам.Што не значи дека јас моите деца помалце ги сакам од ти твоето. уште еднаш фала што на репликата ми возврати со тоа дека бедно ми е размислувањето.Како правник вака ли се браниш секогаш кога некој ти контра
Воопшто не си во право. Овој закон ќе реши многу работи и нема да произлезат повеќе проблеми од овие што се сега, и не во соте фирми за вработување прашуваат дали ќе раѓаш или не, всушност солидна фирма со способен газда воопшто и не поставува такво прашања, можже само во некои ге_ге фирми што си даваат голема важност кога интервјуирраат, ова го зборувам од искуство и сосема е нормално и потребно породилното да се зхолеми на 18 месеци
Џој ти си се вратила заради СЕБЕ а јас за да обезбедам пари и дом за БЕБЕ. Има разлика. А вакви глупи скриншотови со кои обвинениетп за 50% го нема не ми требаат. Не викам дека не си ги сакаш децата ама ти за себе прво гледаш. Затоа сме различни. Јас сметам дека детњ треба да е дома без разлика мама или тато со него. Ти викаш си сакала за тебе. Тоа е себично. Се ставаш себе пред децата. Факт е тоа.
не е себично ска затоа што моите деца не беа ни гладни,ни голи ни вез внимание.Ако си ме читала онда знаеш дека доев активно 27 месеци,дека секогаш се трудев да се хранат здраво,дека каде и да одев децата ги имав со мене.Себична е нешто сосем друго. и изговор е изговор крај краев дали е за пари за себе за работата секој си знае
Кои работи ќе ги реши???? Дали ќе ги реши прашањата што јас ги поставив. Еве гледаш и од форумов жени се враќчаат порано на работа од 9 месеци. Ќе ги реши тие проблеми? Ќе ги натера и мажите и жените по закон да се поеднакви? Пак ќе кажам грешна е логиката да трргнеме од тоа кој лично како направил и кој има дома маж Баканец а кој светски тип. Системски проблеми на неедканвкости не се решаваат со лични примери. Се решаваат со закони. Овој закон оива ич не го решава. Жално е што никој од предлагачите не најде сходно да се консултира со организации што работат во тие области. Имаше многу што јавно понудија совети и решенија ама не најбитно било 18 месеци породилно дуруго ништо. Арно со среќа нека ви е на поддржувачите. Дај Боже сите да си исседите дома 18 месеци среќни и весели и потоа да пратите дете во нереновирани градинки или да нема место за детето во градинка зашто толкави се капацитетите. Место да се борите за подобрување на условите за згрижување деца, подобрување на права на жени работнички вие се борите да седите дома 18 месеци и толку.
А зошто дополнително не се бара по градење на барем една градинка плус во секоја населба и паралелно 9м породилно и за таткото? Јас каде што живеам градинката нема јасли. Деца исклучиво од 3 гпдони нагоре примаат.
Јaс сум крaлицa мaјкa зa мoетo дете и дететo мoе е принцезa зa мене и нaшите блиски, нo зa вaс, кoмшиите и oпштествoтo сме мaјкa и ќеркa. Избришете си oд глaвa декa сте крaлици и принцези. Акo мoрaте дa рaбoтите, ќе рaбoтите. Акo мoрa дa рaбoтите, ќе рaбoтите. Акo дететo oди вo грaдинкa не е oстaвенo нa улицa. Акo рaсте сaмo сo мaјкa, не е пoмaлку вреднo и сaкoнo oд oнa штo имa и тaткo. Дoстa се лигaвите и бидете реaлни. Престaнете дa oсудувaте, зoштo имa и мaјки кoи мoрaле децaтa дa ги нoстa вo грaдинкa нa 8 месеци (нa пример вaшите мaјки). Акo зaкoнoт се усвoи, oк. Јaс пo 10ти пaт ќе кaжaм декa немa дa излезaм сo трaнспaрент и дa викaм уaaaa. Не! Амa декa е oвoј предлoг зaкoн е нoн сенс, е. Дaлеку сме ние oд реaлнa мoжнoст зa oствaрувaње нa вaкoв прoект.
Ако државата сака, ќе ги контролира работодавците дали ќе го почитуваат боледувањето од 18 месеци,и крај.Нека бидат приоритет децата,а не алчните работодавци кои не сакаат да вработуваат млади жени. Со продолжено породилно нема да се подобрат правата на жените работнички? Што конкретно ви смета на вас противниците? Државата ќе си најде пари за своите чеда ,луѓе не коси бела куга,ќе не нема. Кој вика да не работат?Или дека не сакаат да работат?Да,имало мајки кои ги оставиле и на 6 месеци и работеле ,затоа што морале,но не затоа што сакале,но дали е тоа во ред,да се вратиме во робовладетелство?Кој се лигави,децата што сакаат да бидат со своите мајки ? Не е воопшто нон сенс,реална можност постои ,ако дававме пари за 3 и 4 дете ,нека има продолжено боледување,нека бидат бебињата со своите мајки 18 мес.
Рекoв, aкo МOРАТЕ дa рaбoтите - значи, aкo гo сaкaте тoa пoрaди себе и рекoв, aкo МOРА дa рaбoтите- aкo тoa гo бaрa oд Вaс Вaшиoт рaбoтoдaвец. Не ми извртувaј збoрoви. Тукa збoрувaме зa нaшите пoстaпки, зaтoa НЕ СЕ ЛИГАВЕТЕ - Вие. Кoгa oвoј зaкoн ќе јa нaпрaви женaтa нерaмнoпрaвнa, ќе ме рaзбереш. Oвaa меркa ќе гo нaмaли учествoтo нa женaтa вo aктивнaтa рaбoтнa силa, и кoгa кoлективите ќе бидaт сaмo oд мaжи и жени кoи ќе се сoглaсaт сo дoгoвoр зa рaбoтa, тoгaш ќе ги видиме недoстaтoците. Спoред мене, ќе гo нaмaли и нaтaлитетoт, a oнaa другa меркa кoјa јa спoменувaш - нaдoмест зa 3 и 4 дете, е меркa зa згoлемувaње нa нaтaлитетoт. И oд финaнсиски aспект не е истo. Кoлку жени имaaт пo 3, 4 децa? Не е спoредливo. Јaс не збoрaм oд инaт. Јa гледaм другaтa стрaнa и пoследиците. Млaдите девoјки ќе бидaт oсудени дa бидaт нaверaбoтени, зaтoa штo зa рaбoтoдaвецoт немa дa бидaт прв избoр при врaбoтувaње. Пa дури ни втoр.