1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

450 породилно (пеленска револуција)

Дискусија во 'Бременост' започната од jovana03, 13 октомври 2016.

?

Дали сте за продолжување на породилното отсуство?

  1. Да

  2. Не

Можеш да ги видиш резултатите само откако ќе гласаш.
  1. Bojana 123

    Bojana 123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2016
    Пораки:
    230
    Допаѓања:
    211
    Пол:
    Женски
    Само зборење на памет како научена стихотворба, ништо друго, нема да се вработувале млади девојки, како да не, ова повеќе личи како некоја гатачка да зборува, предвидување што ќе се случело во иднина, нека се донесе законот па ќе видиме како ќе биде, во државните институции неѓа да биде проблем, а исто така и во приватните солидните фирми како што и претходно пишав на способен и успешен газда овој закон нема да му пречи. Продолжувањето може да донесе голем бенефит за мајките и децата, ии не станува збор за никакво лигавење туку за здраво родителство.

    Знае ли некој колку потписи се собраа до сега
     
    Последна измена од модератор: 4 октомври 2017
    На barby и fana им се допаѓа ова.
  2. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Вчера на фб видов околу 8800
     
    На Martka и fana им се допаѓа ова.
  3. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    гатачка не сум, изнесувам свој став и гледиште.

    Секако дека нема да биде проблем да се вработат во државна институција. Во државните институции се вработува и (ова И значи покрај обучениот кадар се вработува и кадар со партиски книшки и не соодветно образование) не соодветен и непродуктивен кадар. Но, ќе биде проблем за вработените кои вистински работат во др.институции, затоа што теретот ќе падне врз нив (да ќе има замена, но за да тие заменски работници работат, некој ќе треб ада ги обучува). И, ќе биде индиректно проблем за сите нас затоа што од државниот буџет ќе се одлеваат повеќе средства.

    Овој закон ќе му пречи на работодавецот од причина што кога вработува во вработениот вложува.


    Сакаш да кажеш дека родителството до сега не било здраво...па, не би рекла.

    Уште фали пак приказната со отворените прозори во градинка да се стави како причина бр.1
     
    На Glasna, LollySky, VIKTORIJA 1 и 6 други им се допаѓа ова.
  4. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.888
    Допаѓања:
    31.301
    Пол:
    Женски
    Е баш така.
     
    На joy1 и sanjaeva им се допаѓа ова.
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.472
    Допаѓања:
    201.272
    Пол:
    Женски
    Не, не е како гатачка да зборува, туку реалност. И сега во моментов е проблем вработувањето на младите жени, а со породилно отсуство до 18 месеци ќе стане уште поголем проблем. @sanjaeva ти објасни убаво, ти некако не сакаш да прифатиш. Реално, пишав претходно, треба да се работи на подобрување на условите во градинките, нови градинки, квалификуван кадар, помали групи, т.е доволно капацитети за згрижување на сите деца кои имаат потреба од тоа. И задолжително породилно отсуство и за таткото!
    Јас поддржувам да биде 12 месеци, сосема доволно и за детето и за мајката. Колку е постаро детето, толку потешко ќе биде одвојувањето. Од лично искуство зборувам.

    А проблем е тоа што се губи рутината и треба многу подолго да се вратиш во форма на работа. Особено ако дополнително треба да се обучуваш. Тоа е поголем трошок за работодавачот. Да, ако вредиш, нема да бара друг, ама реално, секој е заменлив.
     
    На JuLleE, LollySky, EarthFire и 13 други им се допаѓа ова.
  6. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.124
    Допаѓања:
    20.279
    Пол:
    Женски
    Се сложувам со некои членки. Прв пат кога слушнав за оваа иницијатив, одма бев против, не оти сум ИНАЕТ ниту дека сум себична крава од мајка која сака да гради кариера!!! Како девојка сум била на многу интервјуа, и на голем дел од нив бев прашана дали имам родено, или дали планирам да раѓам за брзо, и тоа за 9 месеци отсуство, за 18 немаше ни да викаат девојки. На едно интервју, бевме викнати десетици кандидати и кандидатки. Беше кажано вака, цитирам: "Жените кои се мажени, и без деца да ја напуштат канцеларијата. Жените кои не се мажени, а планираат за брзо да се мажат, да ја напуштат канцеларијата. Тие жени кои не се мажени, и не планираат за брзо, или оние кои веќе имаат деца можат да останат!!!" Mажите никој не ги ни спомна да напуштат поради било каква причина. Интервјуто беше за секретар/ка. Имаше и други слични интервјуа. Кој не се соочил со такви дискриминации, не може ни да замисли што може да се случи со 18 месеци породилно.
    Пред брзо време, приватна клиника бараше медицинска сестра, па преку нивни вработени бараа препораки за работници, па ме прашаа дали познавам некоја која има средно медицинско, и е ИЗРОДЕНА веќе. ИЗРОДЕНА!!!!!!!!!!!! Сфаќате???? Вработија 40 годишни ИЗРОДЕНИ жени, не оти биле повредни, туку оти веќе имале родено.
    Не е се така розево, суштински треба да се гледа на работите.... секоја акција има и реакција. Државата ни менталитетот не ни се спремни за такво нешто.

    Јас сум за 9 месеци мајка, и 9 месеци (или помалку) татко да зема отсуство - нека не се вика породилно, нека се вика родителско отсуство. Е тогаш нема да има толкава дискриминација. И татковците нека ги почуваат, и тие се родители, нели. Плус, условите во градинките се мизерни и на 9 месеци, и на 18 месеци... јас би се борела прво за подобри услови во градинките, па после за други работи. Се почнува од суштинското!!! Ако се даваше пола/пола за жени и мажи, со трчање ќе потпишев.
     
    На Elen4e_sonce, LollySky, Mishela и 9 други им се допаѓа ова.
  7. Bebence01

    Bebence01 Активен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2017
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    411
    Пол:
    Женски
    Sobrani se potpisite uste vo sobranie da pominat pred izborive ke bidi super
     
    На mal.ecka и jovana03 им се допаѓа ова.
  8. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Собранието е распуштено до после избори.
     
  9. Bebence01

    Bebence01 Активен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2017
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    411
    Пол:
    Женски
    Epa ko taka tesko da pomini posle...ama da se nadevame sepak
     
  10. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Колку што прочитав сега на фб - на 10.10.2017 ќе ги носат во собрание, а тоа имало 30 дена рок да се произнесе по иницијативата.
     
    На mal.ecka и Bebence01 им се допаѓа ова.
  11. Bebence01

    Bebence01 Активен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2017
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    411
    Пол:
    Женски
    Mozi nemam videno,samo vidov deka ke gi povlekuvaat spisocite i imase nekoj spomnato deka mozi da bidat i odma predadeni ...
     
  12. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.084
    Допаѓања:
    87.690
    Пол:
    Женски
    Drzavata treba da vodi smetka i da kaznuva za zenite da ne bidat diskriminirani i zloupotrebuvani od strana na rabotodavacite,najmnogu zaradi grubiot kapitalizam koj e na scena i koj bi gi vratil majkite i na 6 meseci na rabota pa i na 3 ,ama toa nema vrska so ovoj predlog !
    Imame slucai na majki koi se vrakaat posle 9 meseci i posle zemaat lazni boleduvanja za da sedat pak doma.
    Nit drzavata ke izgubi mnogu,nit rabotodavacite ke izgubat,naprotiv ke dobijat zadovolen rabotnik pa ke im se isplati vlozenoto,a bidejki i rabotnikot vlozuva ke vlozi uste poveke ako ima podobri uslovi.
    Deteto ke dobie najmnogu, ke bide doeno vo najmala raka do 18 mes.A majkite nema da gi izgubat ni znaenjeto nit vestinite za olku kratko vreme.Ako gi izgubat togas ne gi ni poseduvale.
    Karierata ne smee da bide pred deteto,tocka.
     
    На ana-banana, Orchidea, pandelka и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Bojana 123

    Bojana 123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2016
    Пораки:
    230
    Допаѓања:
    211
    Пол:
    Женски
    Мајки ќе ва
    Точно. Детето е пред се, ама не за сите. Од постовиве гледаме дека повеќе водат сметка за буџетот на државата, за трошокот на работодавачите, за нивната многу голема кариера, а најмалку за интересот на детето.Тоа е. Кој како размислува и чувствува така и пишува
     
    На supergirlmb, ana-banana и Orchidea им се допаѓа ова.
  14. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.965
    Ха. Ве читам и пак упорно вртите како да се навредите. Дали вие до толку не сте свесни дека полова дискриминација постои, или не сакате да видите не знам што е работата. Зошто работа? Со работа жената е осамостоена, може да се грижи за себе, своето дете, своето семејство. За да утре некоја будала ако земе да ја малтретира, а родителите да не ја примаат дома, оти веќе ја "дале", да има начин да опстои, да преживее, да го обезбеди своето дете. За да утре, скраја да е, мажот во семејството стане не-работоспособен, да има кој да го донесе лебот на маса. Секакви ситуации. Затоа работа, работа, работа. Работата е неопходна за жената бре луѓе. Не мора да биде менаџер, не мора да биде вселенски научник или што ти знам...да има приход за да може да биде независна.
    Во нашава земја се уште не сме постигнале некое добро ниво на полова еднаквост, за да може да зборуваме за останати права. Дека ова нема да доведе да влошување на состојбата, не знам како можете да го речете тоа. Не поединечни примери, гледајте пошироко малце. Во Шведска зошто се работи на родителско отсуство на двајцата родители?
    “Women who make full use of their maternity or parental leave entitlements receive, on average, lower wages in the years following their resumption of work than those who return before leave expires,” the Organisation for Economic Co-operation and Development concludes in a review of studies on the subject. The effect can continue for years after leave takers return to their jobs and “can permanently damage [mothers’] ability to achieve their labor market potential.”
    Поделено родителско отсуство ги изедначува шансите на мажот и жената на работното место, а и е реално подобро за бракот и семејството. Кога тоа овде би се постигнало? Навистина има мноооогу работа дур да дојдеме до 18месеци породилно отсуство, за жал, сега би имало навистина негативни последици.
    Најдобро за детето? Па може најдобро за детето ќе биде цел живот мама да е дома, да го носи во школо, да му прави ручек, да му помага со домашна, да го носи на тренинзи... ете, не одете на работа воопшто. Најдобро за детето? За утре кога ќе порасне сфати дека жената не е само мајка и не е способна само за да биде мајка, туку може да биде се што ќе посака. Нашите мајки успеаа со помалку права, зошто ние да не можеме да успееме денес? Жена што успешно завршува обврски и на работа и дома е херој за секоја ќерка.

    Да се надополнам со една информација што сега ја најдов. Според организацијата Save the children Финска била најдобрата земја да се биде мајка во 2014, земја која има само 4 месеци платено породилно отсуство. Истото е надополнето со многу бенефиции во форма на здравствени услуги, месечни додатоци за дете, а платено породилно отсуство може да земат и невработени и студенти. Имаме многу работа...
     
    Последна измена: 5 октомври 2017
    На Glasna, Elen4e_sonce, JuLleE и 9 други им се допаѓа ова.
  15. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.307
    Допаѓања:
    19.642
    Пол:
    Женски
    Се сомневам дека предлогот ќе биде изгласан позитивно. Инаку не би било лошо да биде до 12 месеци мислам дека е доволно.
     
  16. kiki_riki

    kiki_riki Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2016
    Пораки:
    2.010
    Допаѓања:
    16.899
    Пол:
    Женски
    Дали имате сознание дали доколку се изгласа ќе важи и за нас што сме веќе на породилно или само за тие кои ќе отворат породилно откако ќе се изгласа?
     
  17. Bojana 123

    Bojana 123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2016
    Пораки:
    230
    Допаѓања:
    211
    Пол:
    Женски
    И мене ова ме интересира, но не верувам дека некој има точен одговор на ова прашање се додека не се донесе законот. Убаво ќе биде да важи и ретроактивно, но ќе видиме. Ако некој има некоја информација нека се вклучи
     
    На kiki_riki му/ѝ се допаѓа ова.
  18. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.118
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    Јас колку што читав на страната на фб што е ,пишува дека ако се усвои законот ќе важи и за тие што веќе се на трудничко боледување.
     
    На kiki_riki и fana им се допаѓа ова.
  19. EarthFire

    EarthFire Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2014
    Пораки:
    171
    Допаѓања:
    880
    Што мислите, мајките во Франција и Холандија не се мајки?
    Не ги сакаат децата?
    Тие деца, не се разболуваат? Како се они поздрави од нашите?
    Нивното отсуство од работа е само 3 месеци!
    Али успеваат, затоа што се добри социјални држави и добиваат одлични надоместоци и бенефиции, али тоа не значи отсуство од пазарот на труд! Имаат одлични градинки и имаат пари да платат бебиситерки. Затоа што имаат добри плати, и јаки економии.
    Со овој закон, мама ќе биде посигурна поред бебе, ама како жена ќе страда. Тие што не работат приватно, не можат да го сфатат ова. А не можеме сите да работиме државно, а и не сакаме.
    Што се однесува до себичноста за која зборувате, дали сте свесни колку сме веќе ние себично општество? Да не бевме себични, немаше да дозволиме да ја водат државата луѓе какви што ја водеа до сега. На сите им беше важно тие да си се средат и удомат, за неправдите кон другите мање битно. Тоа што не е себично, е да се потрудиме да ја видиме големата слика. На сите да им е добро, да размислуваме долгорочно. Имате сестри, братучетки, кои бараат работа сега? Епа нема да ја добијат со овој закон, жените ќе бидат дискриминирани, и ако не го гледате тоа, многу ми е жал. Приказните за солидни фирми на кои нема да им пречи ова, се мит. На запад се стопати посолидни од нашите. Конкуренцијата меле, после 18 месеци, си неконкурентен веќе. Пак ќе речам, тој што ниеден ден во животот не поминал во приватна фирма, не знае. Другарка ми е во една од најдобрите компании во Мк. Зема +3 неплатено, кога се врати на раб, само ја преместија во друг сектор подрумски сектор, и и дадоа 3 смени да работи.
    Тоа што нашите деца се болешливи, значи дека наместо 18 платено породилно, треба да излезете и да протестирате нешто да направиме за отровниов воздух што го дишеме сите!
     
    Последна измена: 5 октомври 2017
    На Glasna, VIKTORIJA 1, JuLleE и 7 други им се допаѓа ова.
  20. Minnie-e

    Minnie-e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2011
    Пораки:
    1.892
    Допаѓања:
    7.626
    Пол:
    Женски
    Штом упорно нагласувате дека за 9 месеци породилно сме дискриминирани тогаш скроз нека го укинат (facepalm).
    Инаку мајка ми е работодавец и се потпиша. Јас одма и реков тебе ова за на работа нема да ти одговара и ме збуни кога ми рече зошто? За мене е подобро да знам дека вработената ќе биде отсутна 18 месеци (за толку и ќе барам замена)а за тој период јас не плаќам за нејзе. Досега, после 9 месеци нормално фирмата пак си плаќа за вработениот ама најчесто со месеци де доаѓа на работа, де недоаѓа. И тоа ти се јавува сабајлето дека ќе го носи детето на контрола и не може да дојде (што значи во зависност од дејноста може цел ден да не работиш, или трчаш некако да се снајдеш), па ти се јавува попладнето дека отвара боледување и нема да дојде 2 недели. Тие две недели немаш кој да ја замени(па трчања, нервози) а плата и придонеси ти плаќаш. Таман кога ќе поминат 2 недели и ќе почне на работа за неколку дена истото.
    Нормално дека не значи кога ќе тргне на работа по 18 месеци дека нема да има потреба од боледувања и слободни денови, ама детето веќе ќе има стекнато имунитет колку толку.
     
    На Kaetana, supergirlmb, barby и 4 други им се допаѓа ова.