Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

450 породилно (пеленска револуција)

Дискусија во 'Бременост' започната од jovana03, 13 октомври 2016.

?

Дали сте за продолжување на породилното отсуство?

  1. Да

  2. Не

Можеш да ги видиш резултатите само откако ќе гласаш.
  1. mamita83

    mamita83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2014
    Пораки:
    355
    Допаѓања:
    426
    Женски права ќе сме изгубеле... Кариера неможеле да имаат ако породилното било 18 месеци? Подобро било на запад... Не би рекла.
    Не има различни. Некои жени сакаат кариера. Некои сакаат фамилија, деца и целосно им се посветени. Некои сакаат и едно и друго, некој баланс веројатно. Некои сакаат нешто третто.
    Неможе овој закон да ви ја уништи кариерата доколку вие тоа не сте го избрале. Само ќе имаме поголем избор. Кој ќе ми забрани јас доколку сакам уште на три месеци да го прекинам породилното боледување - зборам за тие што од било која причина мораат, сакаат, можат. Секој си ја знае состојбата во својата компанија - како ќе се одрази породилното врз кариерата, во својот дом кој го носи лебот на маса. А всушност кај нас законот дозволува мажот да оди на породилно наместо жената.
    Така да кој може и сака ќе прави како му одговара.
    Повеќе ми изгледа како лечење фрустрации, меѓусебни вреѓања која што избрала домаќинка или кариера - која е подобра. Нема подобра се е прашање на личен избор.
    Дефинитивно сум за 18 месеци породилно. Одете и потпишете се, поздрави генерации ќе израснеме сигурно.
     
    На supergirlmb, ana-banana и ♡BuBaLe♡ им се допаѓа ова.
  2. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Јас подискриминирана се осеќам од коментариве тука, отколку некогаш во реалност. Најозбилно.

    @Minnie-e спомна еден многу важен "детаљ". И да е породилното пократко, тазе мамите почесто отсуствуваат од работа. И тоа неплански (нормално, не може да планира кога дете ќе и се разболи). И баш кога најмногу ти треба човек, ти го немаш, а немаш ни време да се снајдеш. Мене повеќе ќе ми значи да знам дека некоја ќе ја нема 18 месеци, отколку да сметам на неа по 9, а неа ја нема уствари.
     
    На supergirlmb, LadyC, Minnie-e и 2 други им се допаѓа ова.
  3. EarthFire

    EarthFire Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2014
    Пораки:
    171
    Допаѓања:
    880
    Зависи за какви дејности и какви компании правиме муабет.
    Има работни места каде што постојано има промени, и новини. Денес времето брзо тече, постојано има нешто ново. Има разлика значи дали зборуваме за бутик, или за ИТ компанија, сметководство, итн итн. Компанијата прво треба да ја обучи замената, значи плаќа за тоа. Ако ти се вратиш после 18м и си падната од Марс неспремна, треба да поминеш обуки за да влезеш во штос и да си корисна, значи +2 месеци, и тоа е уште една инвестиција.

    Вака, да се разбереме.
    Поддржувачите на овој закон се жени кои работат државно, жени кои имаат сопруг кој добро котира финансиски, и жени на кои работата и професионалниот развој не им се важни.
    Значи јас ги разбирам вашите лични интереси од законов. Вие не ја гледате големата слика.
    Не се сите жени како вас.
    Она што вие го велите дека е можност за избор, јас го нарекувам дискриминација.
    За вие да можете 18м да седите дома, на товар на буџетот, некоја друга нема да биде конкурентна на пазарот на трудот само поради тоа што е жена, или ако веќе е во работен однос, ќе треба да се нацрта порано од вас на работа и за нејзе нема никаква разлика.
    Пак ќе речам, барате ДУПЛО продолжување! Не 9, туку 18 месеци!

    Зашто не сте толку заангажирани за да направите нешто за воздухов кој го дишеме и кој ги прави болешливи децата? Повторно го прашувам тоа? Зашто не се борите за тоа, туку се борите за да седите дома?
     
    Последна измена: 5 октомври 2017
    На Oxymoron, oblace1, JuLleE и 8 други им се допаѓа ова.
  4. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Тие што викате дека повеќе сме се грижеле за фирмите, дали озбилно мислите дека ми е гајле за фирмата? "Модерните" професии вклучуваат постојан професионален развој, технологијата е динамична, се менува постојано. Јас сум од последен испит директно на работа и пак се среќаваш со нови работи секој ден, секој ден се измислува нешто ново. Значи да се покориме дека за жена не е динамична работа, работа која вклучува патување, професија која се развива или умствена работа за која треба да одржиш некој терк на размислување. За џабе организации за потикнување на повеќе девојки да се занимаваат со наука, технологија или инжинерство... Чист пример ви давам, погледнете по инжинерските фирми колку жени инжинери имате, а реално по факултетите се горе-долу еднакво застапени и двата пола. Што мислите, зошто е тоа така?
     
    На JuLleE и Annath им се допаѓа ова.
  5. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    7.840
    Допаѓања:
    109.379
    Пол:
    Женски
    Мојот став нема да го напишам бидејќи се отиде во бестрага, мразам надмудрување и правење споредби небо-земја/вода-воздух |(


    Зошто некој да одговори на ова кога убаво си пишува во насловот на темата за што се дискутира, отвори таква тема па можеби ќе добиеш одговор на поставеното прашање!
    Оваа тема е дали сакаш да седиш дома 18м или не, а каков воздух ќе се диши пропратно е сосем небитно :)
     
    На barby, eli25, em4e_baby и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. EarthFire

    EarthFire Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2014
    Пораки:
    171
    Допаѓања:
    880
    И уште нешто да надополнам: многу е ниско да ги навредувате жените кои едноставно сакаат да работат, да остваруваат и да постигнат нешто.
    Ниедна жена која е успешна во кариерата не сум ја слушнала да потцени жена која е домаќинка и чува деца.
    Ама затоа некои мајки се однесуваат како да се посебна сорта, погрижливи, попосветени, помајки.
    Тоа нема смисла :)

    @emkaemka Небитно?! Најголемиот агрумент во дискусијата ЗА законов, е разболувањето на децата. Те молам. Не го гледате изворот на проблемот, туку последицата. Сакате симтом да решавате, не причината.
     
    На Oxymoron, oblace1, JuLleE и 6 други им се допаѓа ова.
  7. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.174
    Допаѓања:
    88.640
    Пол:
    Женски
    Аргумент треба да биде доброто на детето,Бебето ќе биде покрај својата мајка!
    Американскиот рецепт е дека продолжување на породилното значи непродуктивност и помалку профит,дали тоа истото го читаме и овде?Дали треба да бидеме како најлошите Сад,Лесото,Свазиленд со само 84 дена ?????????????За да мајките се реализираат како успешни во работата?

    Франција породилно има да 3 месеци ,ама родителско одсуство трае до 3 години и право на скратено работно време,во Холандија 3 месеци породилно и 26 недели родителско ,во Германија е продолжено породилното од гарантирани 14 месеци на 3 години за да се подигне наталитетот,при што работодавецот е должен да и го чува работното место дури и да остане трудна и со второ дете во овој период.во Англија е вкупно породилно и родителско 52 недели, ,во Чешка породилното трае 2 години, мајката може да бира од 1-до 4 години,а државата одредува фиксен износ на плата за тој период,
    Бугарија 410 дена .Албанија 52 недели.....

    Ни најдобрите јасли на свет неможат да му ја заменат мајката на 3 месечно бебе,џабе високи плати и јаки економии,не е се во парите!
    Што имаат предвидено да се прави со мајчиното млеко,ако жената треба да го остави на 3 месеци,а е на работа 8 саати?
    Таблети,гратис од државата?

    Како поблиски по стандард ,еве пример во Бугарија не се реализирани жените што седат 410 дена дома ?

    Успешните компании даваат бонуси за раѓање деца,и им помагаат на младите родители,само така се потикнува наталитет.
     
    Последна измена: 5 октомври 2017
    На supergirlmb, ♡BuBaLe♡ и Martka им се допаѓа ова.
  8. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.811
    Допаѓања:
    325.437
    Пол:
    Женски
    @Cosmi :hai:

    -Сад-12 недели
    -Кина-14 недели
    -Холандија 16 недели
    -Бразил 17 недели :)

    Данска,Канада,Германија,Чешка даваат од 55-110 недели со тоа што исплакаат 100 посто од плата само 15-29 недела.После некои исплакаат само 45 посто од плата а други нула посто.Седиш дома ама пари нема.Исплатливо нели особено ако маж ти не работи .Или ако како кај нас касни породилно по 2-3 месеци.Друг приход немаш а бебе плаче за храна,па памперси,па треба облека,греење иде зима.

    нека кренат два прста светиците мајки кои ке се сложат на 18 месеци породилно ама после деветиот месец да не им се исплаќа ништо?
     
    На oblace1, JuLleE, Kathrynn и 6 други им се допаѓа ова.
  9. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Еве јас сум светица.
     
  10. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.811
    Допаѓања:
    325.437
    Пол:
    Женски
    и ти си директорка

    има жени што немаат приходи како твоите што е голема разлика.Сит на гладен не верува
     
    На Nausicaa и DAngel им се допаѓа ова.
  11. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    А тaa нoвaтa штo ќе јa врaбoтиш нa нејзинo местo немa ли дa имa децa штo ќе се рaзбoлувaaт пa ќе требa нa бoледувaње дa oди? Или ќе јa бирaш пo критериум децaтa изрaснaти дa и се, или мaж дa е. Еве гo рaзмислувaњетo, дискриминaцијaтa. Oти тaзе мaјкa не е сaмo мaјкa нa 9 месечнo бебе и не се рaзбoлувaaт сaмo дo 18 месеци пa кoгa ќе се врaти -гoтoвo, мoже 100 пoстo дa сметaш декa имaш чoвек кoј немa дa кoристи бoледувaње. Знaчи сепaк рaзмислувaш вo тaa нaсoкa -кoј кoлкaви децa имa, бoлести, бoледувaњa...a oд другa стрaнa демек муaбетoв врскa немa.
     
    На oblace1, JuLleE, Baby-bubu и 2 други им се допаѓа ова.
  12. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Франција ти го покрива целиот трошок за прегледи во бременоста, породувањето исто е на трошок на државата, и што лежиш во болница е на трошок на државата.
    Во Бугарија има закон според кој работодавецот не може да те избрка од работа додека детето не наполни 3 години. ( и породилното е 90% од платата), после можеш да земеш родителско отсуство, ама тоа се плаќа по минимална плата.
    Ни во Бугарија ни во Франција не мораш да го известиш работодавецот дека си трудна се до денот додека не отвориш породилно.
    И во Холандија породувањето и здравствените трошоци во бременоста се на товар на државата. Родителите добиваат помош од државата се додека детето не наполни 18 години. Имаш сестра што секој ден доаѓа првата недела да ти помогне, не само да ти даде совети туку и да ти подзачисти по дома или да ти купи нешто од продавница.
    Во Германија трудница не смее да работи тешка работа, никако да крева, и секој работодавец мора да има фотеља за да може да си ги поткрене нозете и да одмори, кога и треба одмор. Не смее ни со хемикалии да работи, не смее да работи трета смена и уште едно чудо правила. Доилка има 2 паузи од по пола саат и една од саат време во текот на 8 работни часа (ова не и се смета како пауза, и се смета како да работела во тоа време). Ако нема градинка во близина, има една пауза од саат ипол. Во Германија не е породилното отсуство 3 години, многу посложено е. Можеш да одиш и да се враќаш на работа, во текот на првите 3 години од животот на детето, ама мораш да се најавиш и не смееш повеќе од една година одеднаш да земеш.
    ме мрзи понатаму... во принцип, сите овие држави имаат многу убави бенефиции за трудниците и мајките, и за семејството како целост. Ние немаме ништо...
     
    На *Лорена*, oblace1, Orchidea и 10 други им се допаѓа ова.
  13. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.423
    Допаѓања:
    113.498
    Пол:
    Женски
    Амa дaли мене ми менувa кaкo е вo стрaнствo? Не! Ниту вaс! Тaму не сте и збoрувaјте зa тaму кaде ве зaсегa, a тoa е Мaкедoнијa. Пoддржувaм мaјкaтa дa биде дoмa сo бебетo 18 месеци (и пoвеќе). Тoa штo привaтниците тoa немa дa гo oдoбрaт и ќе дискриминирaaт жени е сoсемa другa темa. Прв чекoр е зaoструвaње нa кaзните зa секoј штo ќе дискриминирa женa или недaј бoже ќе oтпуштa oд рaбoтa. Измени и дoпoлнувaњa вo зaкoнoт зa пoрoдилнoтo и дa се сaнирa секoјa дупкa вo истиoт. Ќе тргниме нaпред некoгaш се нaдевaм :doh:
     
    На ana-banana, em4e_baby, pandelka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.006
    Допаѓања:
    14.447
    Пол:
    Женски
    kaj nas imase vo opstina organizacija kade sto trebase da se soberat 10 000 potpisi i trebase da trae do utre megjutoa se sobraa povejke od 10 000 i spisocite bea povleceni
     
  15. Bojana 123

    Bojana 123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2016
    Пораки:
    230
    Допаѓања:
    211
    Пол:
    Женски
    И јас кревам рака
     
  16. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.811
    Допаѓања:
    325.437
    Пол:
    Женски
    капирам тоа :)
    но немаш родено нели?
    Впрочем 90 посто од вас што сте ЗА немате родено и поима немате како изгледа чување на дете.

    Се читаме за неколку месеци тогаш
     
    На marchi-cool и wannaBeMomma им се допаѓа ова.
  17. EarthFire

    EarthFire Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2014
    Пораки:
    171
    Допаѓања:
    880
    Споредуваме со Запад од две причини: прво да разберете дека вие не сте помајки од тие, односно дека детето е важно за нас и за нив, а второ, да разберете дека тие имаат многу појаки економии и социјални држави, а помалку барања од вас. Вие сте размазени жени. 9 месеци платено породилно еј во една малецка Македонија, додека Холандија само 3! Баба и дедо на располагање си имаат некои плус, што во Холандија нема шанси да сметаш на родителите откако ќе створиш семејство. И тоа ви е малку! Холандските деца се поздрави, посреќни и имаат милион активности кои им ги нуди државата, бидејќи Холандија не поддржува мами да седат дома, ама затоа поддржува здрав раст и развој, чиста животна средина, спорт, добри градинки, образовен систем - бонбона!

    Ама секоја земја со своите приоритети нели!
    Вас не ви е приоритет да се борите за чист воздух од кој се разболуваат децата - бидете искрени и признајте дека најголем број од Вашите деца кога се болни, се болни од пневмонии, не ви е приоритет добри градинки, туку сакате да седите дома, под закрила на државата, бидејќи си имате услови за тоа најверојатно. Епа голем број жени немаат. И плус, бидејќи сметате дека со тоа подобро се грижите за децата. Јас ја разбирам мајчинската потреба да му биде потребна на детето, ама на детето после 6 месец му се потребни и други луѓе и ок му е со нив, детето си расте убаво како и да е.
     
    Последна измена: 5 октомври 2017
    На oblace1, JuLleE и DAngel им се допаѓа ова.
  18. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Никаде не беше спомнат критериум во твојот коментар :)
     
  19. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.174
    Допаѓања:
    88.640
    Пол:
    Женски
    i
    Дали си ти мајка?

    Со што воопшто го поткрепуваш тврдењето дека холандските деца се поздрави и посреќни ?
    Зошто во Холандија е реткост двајцата родители да работаат полно работно време до 12 година на детето.
    Со тоа што на 3 месечно бебе му го кратат доењето?Дали е тоа здраво или во Холандија има заменски мајки кои дојат,и гушкаат кога плачат?
    Абе деца,дај родете па филозофирајте дека 3 месеци породилно е доволно,децата не се барбики ниту играчки да стојат во креветче 8 саати.
     
    Последна измена: 5 октомври 2017
    На ana-banana и Martka им се допаѓа ова.
  20. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Ако си ме прочитала наназад кажав дека имав минтиов период 2 вработени напатолошка, па на породилно - горе доле 18 месеци. Фирмата не пропадна бидејќи ги немаше. Се преорганизира работата и двете се вратија на работа. Си се уходаа брзо. Во ниту еден момент не се размислуваше да ги "шутнеме". Така да коментарите за дискриминација зачувај си ги за други.
     
    На supergirlmb и fana им се допаѓа ова.