1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

450 породилно (пеленска револуција)

Дискусија во 'Бременост' започната од jovana03, 13 октомври 2016.

?

Дали сте за продолжување на породилното отсуство?

  1. Да

  2. Не

Можеш да ги видиш резултатите само откако ќе гласаш.
  1. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.084
    Допаѓања:
    87.684
    Пол:
    Женски
    Има родено x2 и кревам рака и јас,парите не се толку битни.
     
  2. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.769
    Допаѓања:
    324.642
    Пол:
    Женски
    па Кукле разбирливо е дека ке им одговара на тие со високи приходи или маж позади себе кој финансира.Прашајте ги оние мајки кои ги немаат тие услови а овде се изнавреѓани бидејки ке се вратат порано на работа.
     
    На JuLleE, Nausicaa, Annath и 2 други им се допаѓа ова.
  3. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Напротив - не им одговара баш. Јас ниту земам цела плата на бомедување, ниту ќе земам кога ќе сум на породилно.
     
    На Lexy10 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Bojana 123

    Bojana 123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2016
    Пораки:
    230
    Допаѓања:
    211
    Пол:
    Женски
    Имам едно дете, на пат е и второто и знам како се чува дете, од тие причини сум за подолго породилно отсуство Јасно е како мајка чува дете, а како баби, градинки, бебеситерки или некои трети. Ретко кој вложува толкава љубов и енергија за чување дете како мајката.
     
  5. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.050
    Допаѓања:
    225.337
    Пол:
    Женски
    јас зимав 70% на патолошка а 100% на породилно. не ми ја намалија поради патолошкото
     
    На LadyC му/ѝ се допаѓа ова.
  6. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.769
    Допаѓања:
    324.642
    Пол:
    Женски
    тогаш знаеш и кои финансии требаат за бебе/дете и како е кога породилното касни.Ама сепак креваш рака за после 9 тиот месец да седиш дома без пари да земаш.

    ти можеби го можеш тоа дека имаш вишок финансии.Има мн мајки кои не го можат ама вредат подеднакво колку и ти како родител
     
    На eli25, EarthFire и DAngel им се допаѓа ова.
  7. EuHenIa

    EuHenIa Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 мај 2017
    Пораки:
    2.365
    Допаѓања:
    73.097
    Пол:
    Женски
    Јас потпишав за иницијативава затоа што сметам дека има жени кои реално имаат потреба од подолго боледување. Јас лично не би останала на трудничко повеќе од 9 месеци. Со ќерка ми ми следуваа 3 месеци ала породилно, платрно отсуство за адаптација кои на работа ( тогаш бев тазе вработена и немав договор за подолгорочен работен однос ) не ми ги дадоа. Јас бев со детето 10 дена ( земав одмор) и си појдов на работа. Во никој случај не сум помалку мајка поради тоа, работното место го барав и чекав со години и не сакав да ризикувам да го изгубам. И што се случи, ние сме одлично приспособени, меѓусебно и во градинка, а јас си ја задржав работата и добив решение. Да треба да бирам пак истото ќе го направам.
     
    На SexiLy, JuLleE, sanjaeva и 2 други им се допаѓа ова.
  8. EarthFire

    EarthFire Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2014
    Пораки:
    171
    Допаѓања:
    880
    @Cosmi според мене три месеци е малку. Ама успеваат и со толку. Зборот ми е, на развојот на детето не влијаат негативно тие три месеци со мама.
    За здравјето и развојот на холандските деца потврдувам од професионално искуство.
    Јас не сум за три месеци породилно.
    Јас сметам дека добра форма е да се вклучи и тато, и максимално нека биде 12 месеци.
    Со тоа што и сегашните 9 месеци платено + 3 месеци неплатено е ок верзија.
    Ама има право една членка погоре.....вие се борите за 18 месеци платено, или 9+9 неплатено, ама имате добар бек ап и можете да си дозволите.
     
  9. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Секоја дискусија за мајка/најмајка е сувишна на темава за мене. Секоја си го гледа чедото онака како што мисли дека е најдобро. Дали некоја за 6 месеци ќе оди на работа или ќе оди по 15 е работа на лично убедување.
     
    На Melinda85, eli25, barby и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Bojana 123

    Bojana 123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2016
    Пораки:
    230
    Допаѓања:
    211
    Пол:
    Женски
    Кога го родив првото дете не работев, немав прилив на финансиски средства и пак го изгледав детето како што треба, (само со платата од сопругот која не е голема),па дури и бев среќна што е така да не морам да го оставам детето и да се вратам на работа.Сега работам и знам што ќе ме чека кога ќе треба мало дете да носам во градинка, бидејќи ќе немам друг избор. Според мене премногу се потенцира тој финансиски проблем
     
    На supergirlmb му/ѝ се допаѓа ова.
  11. pandelka

    pandelka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.556
    Допаѓања:
    7.362
    Пол:
    Женски
    Не ми е јасно зошто цело време изнесувате факти за странство како е!? И зошто споредувате!? Па гледајте си за себе, вас да ви е убо. Цело време зборувате за економијата на земјава, колку неможит да издржи трошок за 18 месеци породилно како да породилното наше ќе ја спаси и воскресни ако не се изгласа дури и да се врати порано од тие 9 месеци- како да не!! Како шо вложуваат во кампањи за трето дете и за зголемување на наталитет можат и за истово, јас мислам дека се надополнуваат едно со друго.
    И зошто жената да " отупи" ако е дома 18 месеци, не е точно, ако се сака нешто се може, потребна е волја и брзо ќе се вклопи во околината како на 9, така и на 18 месеци- во секој случај треба адаптација.
    Во однос на финансии ако се вратам побрзо од породилно, па мене ми е исто- платата ќе ми е иста дали ќе сум на породилно или на работа, дури и поубо на породилно- трошоци за пат и храна ќе ги претворам во пелени! И искрено, не сите земаат редовно плата исто како исплатата на породилно.
    Друго, нека вложат во градинки, нивно надградување во секој смисол а не во споменици, зарем ние треба да плаќаме за нивно несовесно трошење на пари од буџетот!!
    Работодавачот во секој случај ќе праша дали сме мајки, дали планираме да родиме и кога, дали е 9 дали е 18 месеци, крај краја буџетот го исплаќа породилното. Зарем ние шо планираме да родиме и имаме малечки треба да сме дискриминирани. Во секој случај ќе се среди и ова, младинава се исели од државава- незнам дали сте заприметиле.

    Јас сум за 18 месеци зошто сакам да сум повеќе со неа и баш ми е гајле за фирма или држава, колку тие шо ме ценат толку мјас нив, читај ич! Во ред е, нека имат опција за предвремено враќање, комбинирано со сопруг и сл..
     
    На Lexy10, fana, em4e_baby и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.172
    Допаѓања:
    147.901
    Пол:
    Женски
    100% ти е платата на породилно Кукле од искуство кажувам. :) А на боледување 70
     
    На LiliBoz му/ѝ се допаѓа ова.
  13. EarthFire

    EarthFire Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2014
    Пораки:
    171
    Допаѓања:
    880
    Баш ми е гајле за фирмата ( читај: економијата) и државата ( читај: буџетот кој се пуни од економијата) ама јас си гледам мене да ми е убаво, и би сакала државата ( онаа за која не ми е гајле) да ми овозможи да седам дома 18м.

    Ти благодарам што си искрена!
    Бидејќи во некои постови поназад се зборуваше дека ние кои ја гледаме големата слика и сакаме можност за кариера и финансии истовремено и подобри услови за згрижување на децата сме: себични.

    Вие женски сакате да си седите дома, да крчка ручече додека си седите на фб и интернет, и после да си ги одгледате шпанските и турските серии по ред :inlove: и ако евентуално се умаца бебе од кашичката, инстантно да го пресоблечете :) Тоа е македонска мама :) Да ви кажам, на запад се среќни мамите да им го вратат детето испрљано: тоа им е знак дека добро си прошло и дека добро се забављало, и дека јадело нешто :) :) И така, по пижамки цел ден, на кафенце, а муж да работи турбо за да ја крепи домашната економија како и буџетот за да стига породилното..... :) Убаво сте си смислиле вие :) И ве разбирам :l: Само не ве поддржувам, иако и јас сум на пат за мама :sun: Без лутиш
     
    На Oxymoron, oblace1, SexiLy и 9 други им се допаѓа ова.
  14. pandelka

    pandelka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.556
    Допаѓања:
    7.362
    Пол:
    Женски
    А на државата и е битно за мене!!!! НЕ!
    Затоа ич не ти допират постот до мене!!!
     
    На fana и barby им се допаѓа ова.
  15. EarthFire

    EarthFire Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2014
    Пораки:
    171
    Допаѓања:
    880
    @pandelka, па ако не ти е битна, и ако ти нејзе не си и битна, зашто чекаш од неа?

    Јас обично во животот, не чекам ништо од оние кои не ми се битни и за кои мислам дека јас не сум битна.
    Дал се тоа луѓе, дали се институции небитно. АКо не ги поштувам и ако тие мене не ме поштуваат, јас не барам никакви повластици од нив. Структно ладно и профи се однесувам, ако веќе мораме да сме во некаков однос :D
     
  16. barby

    barby Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2010
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    8.450
    Ајде прво породисе па ќе правиме муабет. Јас дури бев бремена планирав после 3 месеци да почнам на работа, ама кога ќе го фатиш бебето во раце, кога плаче и не се смирува додека ти не го прегрнеш и кога ќе знаеш дека само ти си му потребна, ќе смениш мислење
     
    На orhideea, Melinda85, Lexy10 и 4 други им се допаѓа ова.
  17. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.201
    Допаѓања:
    111.834
    Пол:
    Женски
    А ти мaјкa шo предлaгaш зa взaемнo дa сме зaдoвoлни и држaвaтa (екoнoмијaтa) oд мене и јaс oд неa?
     
    На ♡BuBaLe♡, em4e_baby и pandelka им се допаѓа ова.
  18. pandelka

    pandelka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.556
    Допаѓања:
    7.362
    Пол:
    Женски
    @EarthFire дај молимте, да се чекаше од државава немаше да се отсели толку младина. И впрочем шо направила за тебе толку многу па си толку благодарна а и баш ме интересира како и враќаш? М?
    Јас детево го чекав 8 години, поминав низ се и сега сакам да уживам во периодот поминат со неа максимално. И не , напијам кафе за да шетам , нестојам толку на ФБ или незнам што, акои гледаш така и тие што одат на работа седат и киснат на форум , ФБ , на кафиња, со турски серии и сои тоа многу појќе од мене.
    Ќе те видиме потака, дали ќе сакаш да го оставаш на други или ќе се посветиш максимално на него.
     
    На Martka, orhideea, LadyC и 5 други им се допаѓа ова.
  19. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    @LadyC има максимален износ кој го плаќа фзо. Не е поврзано со тоа што 70% се плаќа патолошка.
     
  20. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.364
    Допаѓања:
    7.820
    Пол:
    Женски
    Колку само злобни сме ние жените. Тие што седат дома мислат дека оние на работа им е полесно, демек на форум на фб и шетаат, а овие дома пак по пижами, и турски серии. Абе, еден филм немам изгледано од почеток до крај откако ми е родено второто. И, знам дека и на работа да одам кога ќе дојдам дома пак се ќе ме чека мене.Значи до кај сме дошле... Жена на жена очи копа, па особено ете за дете. Искрено, се згрозив од некои коментари. Наместо да се бориме баш против такви работодавци кои жената која родила и треба да роди ја гледаат како неспособна за работа, ние тука очи копаме.
    И, да потполно се согласувам и имам примери еден куп кои кога им завршува породилното на 8 месеци ( пошто се отвара нели 28 дена пред термин) не секој може на ден на породување да отвори. После тоа одат на еден куп боледувања до година и нешто. И исто се фаќа. Само што вака би било со помалку стресови и за едните и за другите. Ама уште е она селското во нас. Види ја онаа, вака прави види ја така прави. НЕка има закон па кој како сака нека прави.
    И ако читал некој, и во Македонија има закон да излезеш порано од работа до година на детето мислам беше, да не работи прекувремена и ноќна смена мајката, но зошто никој не се бори за работодавците да почитуваат закони? Кој ќе те пушта секој ден два сата порано??? Тука треба да се сменат работите.
    Ако сакаме наталитет, прво треба да цениме бремена жена, и мајка на мало детенце.
     
    На pandelka и ♡BuBaLe♡ им се допаѓа ова.