1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

450 породилно (пеленска револуција)

Дискусија во 'Бременост' започната од jovana03, 13 октомври 2016.

?

Дали сте за продолжување на породилното отсуство?

  1. Да

  2. Не

Можеш да ги видиш резултатите само откако ќе гласаш.
  1. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.195
    Допаѓања:
    106.173
    Пол:
    Женски
    Да се надоврзам на @supergirlmb во однос на законите и правата на родилките по ЗРО, нели следи по 2 саати пауза за доење, без трета смена до 3 години на детето и БЕЗ ОТКАЗ до 3 години на детето и нели БЕЗ ОТКАЗ на бремена жена.
    Ајде кажете КОЈ го почитува овој закон???
    Еве јас работев во фирма ама баш фирма за која однадвор чиниш рози цветаат, но кога син ми имаше 8 месеци и ми заврши породилното МЕНЕ МИ ДАДОА ОТКАЗ!!! И останав и без плата и без здравствено осигурување, со две деца и плус и маж невработен. Кој ме штити??? Ај мене, ама моето 8 месечно бебе????!
    Друг случај, 2 години покасно почнав на друга работа, во помалку звучна, но сепак фирма. Бев трет месец бремена, и кога низ колегиски муабет открија дека сум бремена, за два дена добив отказ. Кој ме штити??? Која држава??? Кој закон???
    А како е да си со деца по цели денови дома по пиџами и да "уживаш" , знам.
    И како е да си "кариеристка" и да одиш на работа со трчање и подочњаци и да оставаш расплакани деца дур ти се пара срцето, и тоа го знам.
    Заклучок - никој не коментира и размислува во име на децата!!! Оваа иницијатива е За Децата!!! Нив до одредена возраст им е потребна и незаменлива МАЈЧИНАТА БЛИЗИНА!!! И кариерата може да почека и се но ДЕТЕТО САМО ЕДНАШ РАСТЕ! И не, многу сум несложна со она " вака или така ќе си пораснат децата". Баш мора да сме совесни и свесни што за нив е Вака Или Онака!!
     
    На Две Принцези, fina erika, victoria и 14 други им се допаѓа ова.
  2. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Да ве поправам само - 1ч е за доење до навршување на 1 год на детето.
     
    На JuLleE и fana им се допаѓа ова.
  3. i-v-a-n-4-e

    i-v-a-n-4-e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2011
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    1.116
    Пол:
    Женски
    Ајде да го кажам и јас моето мислење. Бев се потпишав, ама според мене и 12м се доволни ако не го усвојат да биде 18м. Малата има 7+м јас треба да кренам на работа за еден месец. Свекрва ми дома нз колку ќе може да ја чува затоа што има болки во рацете и нозете, мајка ми работи, мм исто. За во градинка ми е жал уште на 8м да ја пуштам. А ми требаат финансии и за бебе, и за кредитот што ќе треба да го подигнеме. Сакала нејќела ќе морам да ја оставам за да работам да имам за бебуш најпрво. Работам во приватна фирма за плата од 250 евра, исто и маж ми отприлика толку зема ако оди трета смена и саботи. Така да ако усвојат барем 12м, и тие 3м плус да плаќаат ќе биде добро. Не ме сваќајте погрешно значи сакам да бидам дома со бебуш ама кога ми требаат финансии ќе морам да се снајдам некако за чување на малата иако срце ми се кине
     
    Последна измена: 6 октомври 2017
    На karibian, fina erika, eli25 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Marlana

    Marlana Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2017
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    418
    Пол:
    Женски
    Ve citam ovde poveke denovi i eve sega najdov prilika da pisam na temata. Znaci devojki vie koi ste protiv mozete bez nikakov problem da go prekinete porodilnoto otsustvo nikoj nema da ve spreci vo toa dokolku sakate da se nadogradite kako uspesni zeni i zeni so kariera . Jas glasam za porodilnoto otsustvo da trae poveke da bideme poveke vreme so nasite deca duri se malecki i krevki togash se i najmili.A ako zboruvame na koj mu e potesko i koj ima poveke obvrski sekogash ke bidat zenite doma so cuvaat deca poumorni i poiscrpeni otkolku tie sto odat na rabota znam kako e so malo dete doma celo vreme samo da trcash po nego a znam kako e i da pocnish na rabota i koga ke se vratish doma da nemash tolkava obvrska zatoa sto pogolemiot den od denot si go pominala nadvor a ne vo domot .Majka mi selogash mi veli bidi srekna duri se do tebe i se vleckaat za fustanot tvoj zosto potoa ke sakas da se so tebe a niv ke gi nema . Izvinete na dolgiot post majki i podrska za porodilnoto otsustvo vo sekoe vreme :inlove:
     
    На karibian, Lexy10, barby и 3 други им се допаѓа ова.
  5. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.050
    Допаѓања:
    225.337
    Пол:
    Женски
    токму така. и ќе пукнев во градите тие седум часа. потоа се одби.. верувам да бев дома повеќе немаше да се одбие.
     
    На ♡BuBaLe♡ и eli25 им се допаѓа ова.
  6. EarthFire

    EarthFire Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2014
    Пораки:
    171
    Допаѓања:
    880
    Јас - ич не ја сакам државава и ништо таа не направила за мене, за тоа и ништо не барам :D
    Да ти е живо и здраво ќеркичето сакано и чекано :sun:

    Членката погоре пиша дека дома со бебето поуморна е него да оди на работа.
    И јас и верувам!
    Јас еден месец да сум на одмор, ќе ми здосади, па камоли 18.
    Таа рутина, каките, перењето, садовите, па ручек спремање и така секој ден, па мене би ме полудела.
    Јас ве разбирам дека сакате да се гушкате, мирисате и бацувате со бебето дури расте, и разбирам дека сакате секој момент да го видите и да бидете тука, ама кажете ми искрено, не ви доаѓа некогаш преку глава? Од домашните обврски, од самиот дом? Не ви треба некогаш забава, да смените средина, некој да ви го причува да не думкате вие постојано, да не бара некој нешто од вас постојано, да си направите муабет со некого без прекинување, и тоа некој муабет шо нема врска со дете и со готвење, туку некој друг муабет?

    Најискрено си правиме муабет, јас ве уважувам сите како одлични мајки, тоа не е спорно.

    Ако одиме на работа, не сме исчезнале. Тука сме половина ден сме присутни и тука.
    12 месеци, толку мислам јас. Не повеќе.
    Крај краеви и сега имаме 9 платено + 3 неплатено.
     
    Последна измена: 6 октомври 2017
  7. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.887
    Допаѓања:
    132.532
    Офф . Јас одам на работа од 6м на бебе а сега сме 19 и уште дојам. Телото по 1 недела прекина да прави млеко додека сум на работа. Првите 3 месеци паузата ја користев околу 12 саат.

    Бубале јас бев полномошник кога добивме спор за отказ на бремена ви 3ти месец иако работодавецот не знаел дека е бремена. Го наведивме дека знае оти беше гинеколог. Ја врати на работа и и плати за нематеријална штета плус.
     
    На ♡BuBaLe♡ му/ѝ се допаѓа ова.
  8. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.050
    Допаѓања:
    225.337
    Пол:
    Женски
    кај мене имаше млеко ама он се одвикна... :(
     
    На Cka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.195
    Допаѓања:
    106.173
    Пол:
    Женски
    Нормално дека здосадува монотонијата и потребно е и пауза,промена,прошетка,одмор, релаксација ...но ИМА РАЗЛИКА меѓу саат-два да одиш на кафе/вечера/шопинг/масажа...за да смениш, и секојдневно да се будиш со аларм,да брзаш да стасаш на време на работа,да спремаш и разнесуваш деца..а притоа на никого не му е гајле дали ноќта детето имало "скок во развој" па сте пееле цела ноќ,или растело забче, имало тт и сл. па си одвај спиена два саати.
     
    На karibian, Sexybaby86, *Лорена* и 2 други им се допаѓа ова.
  10. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.888
    Допаѓања:
    31.300
    Пол:
    Женски
    Исто па исто се вртиме.

    Де ова де тоа. И се се врти околу себичноста и која е помајка.

    Како бре вие што пропагирате седење дома ќе објасните нееднаквост на половите во Македонија и тоа што законски жените ќе бидат помалку привлечен пол за вработување заради паузи во кариера. Ама веќе.
     
    На mimiiiii, joy1 и DAngel им се допаѓа ова.
  11. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Мене повеќе твосво ме дискриминира него на работното место. Дискриминација е изговор за неуспех по мене.
     
    На pandelka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Orchidea

    Orchidea Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2017
    Пораки:
    1.151
    Допаѓања:
    2.457
    Пол:
    Женски
    А замисли стануваш во 5 сабајле, трчаш на работа од 6 до 2, се враќаш во 3, бебето трчаш да го земеш од градинка оти ако задоцниш учителката ти се лути зошто си задоцнила, па трчаш дома ручек да спремиш, да замиеш, да зачистиш, ајт времето летнало, си легнуваш оти утре пак мора во 5 да стануваш. Па бебето сакало во 3 ноќеска да си поигра малку...
    Или замисли втора смена, стануваш во 6 да го разбудиш, да го спремиш, го носиш во градинка, се враќаш, готвиш, зачистуваш по дома, една перална пушташ, трчаш во 1 да не задоцниш за автобус, се враќаш во 11, бебето спие, останале малку садови од ручекот... Со детето ќе се видиш наредната недела на трета смена...
    Монотонија? Досада? Рутина? Задоволство? Убавини...
     
    На karibian, ♡BuBaLe♡, *Лорена* и 4 други им се допаѓа ова.
  13. SexiLy

    SexiLy Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    2.108
    Пол:
    Женски
    И ја НЕ сум за 18 месеци седење дома. Ако жените имаа помош првенствено од мажот нема да имаат потреба да го бараат спасот во 18 месечно породилно.

    Една година е сосема доволно за да се стабилизира женското тело и да продолжи со работа на работа.
     
    На EarthFire, DAngel, joy1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.769
    Допаѓања:
    324.642
    Пол:
    Женски
    кај мене го почитуваа законот.Не одев ни дежурства ,ни втора смена,не ме праќаа ни на семинари,ме пуштаа порано секогаш кога ке побарав.Јас не идев дома да дојам.Бебе од 9 месеци веке има 3 оброка и слободно може без доење да преживее неколку часа.Тоа што ти дале отказ си на некој начин сама крива бидејки не си си ги знаела правата,не си се побунила,не си тужела а си можела.Ќутете си вие и понатака и нека ве отпуштаат вака трудни.Ама од друга страна очекувате да ви одобрат 18 месециии???Ми нема логика едно со друго.Значи тој трудна те нејке та ке те сака 18 месеци отсутна и ке те чека назад м?
     
    На Baby-bubu, JuLleE, JoyJoy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.888
    Допаѓања:
    31.300
    Пол:
    Женски
    Постојат студии што ова го докажуваат, мислам на нееднаквоста во Македонија. Една од причините е и породилното.
    Ама ок еве ја се прогласувам себе си за неуспешна пошто сметам дека има дискриминација.
     
  16. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Колку сака студии нека има. Јас си го знам својот потенцијал и знам колку можам. Не ме дискриминира никој на раб.место.
     
    На pandelka и mal.ecka им се допаѓа ова.
  17. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.195
    Допаѓања:
    106.173
    Пол:
    Женски
    Верувај ми правата си ги знаев и законите и бев кај тројца адвокати но никој не се нафати да го тужи Телеком, кој си ги имаше сите законски "дупки" на своја страна и ме имаше ангажирано на работа преку агенција за привремени вработувања која на секој три години се преименуваше во нова за да го скокнат и законот за после 5 години ангажирање на определено на истото работно место да ме ангажираат на неопределено. Така да јас не ни бев правно вработена во Телеком. :^)
    На другово место ме отпуштија со оправдание не ни треба никој за тоа работно место и немаа замена за мене а кога си ги барав правата во трудова инспекција ми рекоа буквално со зборовите - шо ако си трудна, ако те отпуштиле.

    Да се доискажам на темава сега...
    Читајќи ги коментариве на темава и гледајќи ја заплашеноста и потчинетоста на жената во однос на нејзините работнички права и тоа од се жени кои коментирале, ме загрижува оваа појава на помирување со неправедната судбина и ставот - да си молчиме да си трпиме.
    Мојот воз помина, моите деца пораснаа, мојата, хммм, кариера продолжи на друго работно место и среќа кога ми јавиле од градинка дека син ми е болен и да го земам хитно сум можела да излезам и да го земам.
    Но јас сакам да се борам за идните трудници и тазе мајки да не поминуваат низ исти неправди како јас.
    И да не се лажеме, во Мкд ретко кој гради кариера:nod: Се е ова одење на работа на нешто сосем десетто од тоа што си учел и тоа за никаква плата!
    Секоја чест на исклучоците.
     
    На karibian, Orchidea, *Лорена* и 7 други им се допаѓа ова.
  18. didisi

    didisi Популарен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    1.969
    Допаѓања:
    3.683
    што се случи со законов?
     
    На mal.ecka и Lina2031 им се допаѓа ова.
  19. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Ништо. Вчера е пак поднесена иницијативата во собрание.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Две Принцези

    Две Принцези Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2017
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    372
    Пол:
    Женски
    Дали некоја мамичка знае до кај дојде работава