Лично мислам 12-15 месеци е најоптимално. А мајките што сакаат помалку никој не ги држи со сила дома. Во моменталнава состојба најмногу очи ми боде и ме револтура како може за близнаци да е 15 платени месеци, а за едно 9 платени плус 3 неплатени. Чекај малку што е моево едно помалку дете да морам да го пратам на 7-8 месеци во градинка. А близнаците на 13-14 месеци. Не е фер едно или две, дете е дете. Исти потреби има. Тоа на 7 месеци пола намирници не ги пројало, нит е проодено. Или зошто мене да не ми се платени до годината месеците, а на мајката на близнаците да и бидат. Второ првично вака 9 месеци може звучат оптимално. Но ако земеш во предвид дека малку порано ќе го отвориш породилното. Лично јас одев до последен ден на работа, но само јас знам како со стомакот се качував во автобус. Плус дете во градинка треба да го адаптираш некоја недела испаѓа на 7 месеци да го пуштиш. Трето градинките да се пристојни нека, ќе го пуштиш. Но кога во групата има 50 деца (во нашата градинка е така) и кога за оброк имаш никаква храна, под знак прашање ако стигне да го нарани. Мислам ве молам вреди ли да се коментира. Да и јас многу сакам да сум меѓу народ и во комуникација. И условите на работа ми се супер и ме исполнува. Но кога ќе ми текне каде син ми ќе го помине пола ден би стиснала заби уште некој месец да сум затворена дома. Пак ќе речам на тие мајки што им се средени децата слободно нека си тргнат порано, а овие другите нека имаат избор. @joy1 те означувам тебе затоа што со тебе горе доле имам слични ставови за исхрана и растење на децата. Во една прилика те памтам имаш напишано дека многу си среќна што малата твоја не мора да оди во градинка и ја чува сопругот баш поради никаквото мени на исхрана таму. Дали да мораше да оди во градинка од 9 месеци, а ти да имаш можност да ја причуваш дома бар уште 3 немаше да ги искористиш. Не мораш да ми одговори, само сакам да потенцирам дека уште со паштети ги ранат во градинка, а вамо ми се споредува како било во културниот свет.
Пред да напишете некој пост, не е лошо да прочитате барем основни работи па после да се блчамирате со неточни информации. Како бе никаде го нема ова???? бога да сачува!!! Инаку мој став е дека мора да се продолжи, во многу земји е подолго, додуше и во многу е пократко, но за едно бебе сметам дека нема поубаво од домашна нега барем до 2-3 годишна возраст.
А каде го има ???? 2-3 години 100 % од плата???????? Сакаш и жена да ти пратат да ти помага? Имам дома 2 годишно тоа не е бебе е дете,само јаде,збори,бара деца сака социјализација.Може тебе ти требаат толку да се оправиш. Може и подобро нормално е добредојдено,но и 9 месеци 100% од плата или ако останеш и 3 неплатени ќе те фати како една година 75% од плата. И кои земји се тие што Вие ги земате за репер и се споредувате???
Дали се приметуваш дека само ти не се слагаш и се караш со сите тука? Зашто 5 пати исто пишуваш и пет пати исто се објаснуваме? Ете, ти погоре имаш линк од @Dust или не разбираш англиски? Еве накратко објаснување : 1. Секој месец се молиме како пред икона да ни пуштат породилно. 2. Не е 100% плата да не се лажеме зашто при патолошка се кратат и 9месеци и платата. 3. Моето дете може најубаво да се оформи со мене како негова мајка а не со неписмени пикнати со врски по градинките, или некои кои нема да му водат грижа. Што се 7+ месеци за бебе да се оттргне од мајка му? Свесна си каков муабет правиш? 4. Јас ако земам 3 неплатени месеци, ти ќе ми обезбедиш за детето да имам за основни потреби? 75% од 70% плата за цела година, кај некои што земале по 10000 редовна плата си се запрашала колку им се крати со патолошка и плус 3 неплатени?
Ne mozam da poveruvam da moze edna majka vaka nesto da napise. Na rabota ke te potapsat na ramo ako se vratis pobrgu da mozat da te iscedat maksimalno, a koj ke ti nadomesti ljubov i vreme so bebence koe nekoj go ceka so godini.
Без да навлегувам во оправданоста, само ќе кажам дека и многу побогати држави од нашата не можат ова да си го приуштат. Во Европа само Естонија и Црна Гора имаат подолго породилно платено 100%.
Јас не се караам со ниедна,го кажав мојот став 9 месеци се доволно и 100%. Тоа што некој се лупа во гради дека господ знае колку плаќал и треба да добие за возврат нешто повеќе, му дадов пример да види дека е во заблуда. Јас сум мајка што сум донела на свет дете,чекам второ и сум му овозможила онолку колку што мислам дека е потребно.Тоа не ме прави помалку мајка што сум се вратила на работа после 9 месеци и што вложувам максимум во себе и во своето семејство, за утреден да бидам пример за моето дете. Доколу мислите дека ако родите дете треба да седите дома со години и да заборавите на себе седете но не барајте пари.
Со втората ќерка , на работа требаше да се вратам кога таа имаше 7,5 месеци,зар мислите дека е во ред на таа возраст да ја дадам во градинка??? или да плаќам жена, која испод 10 000 сигурно нема да се нафати да ја чува?? и да оди во градинка,има и такви ситиации,што кога постојано ќе треба да одам на боловање бидејки сите многу добро знаеме што се ни носат градинките,значи ем ќе ми кратат од плата,ем чќе малтретирам и дете и себе и давачки по болници ,како што ми се случи со поголемата,па завршивме у Козле друго е кога детето има 12-15 месеци,веќе и со исхраната е друга приказна,и да се разбереме поголемо е. Среќа имав што мајка ми баш кога тргнав на работа се пензионираше па сета грижа за малата таа ја превзема И да сум и те како за повеќе породилно, до 15 месеци ми е сосема ок
Во Германија е 2 години Во Црна Гора е година Во Србија е година А во европскитр земји за кои кажуваш дека е пократко само едно прашање, дали си ги видела јаслите??????? Ги пуштаат децата на 9 месеци во градинка и на помалку ама една негувателка е за 2 деца!!!! Две!!!! Не 20 30 40 Што јадат децата на 9 месеци во јасли во Швајцарија ???? Што јадат нашите деца???? Имате баби или кој и да е да ви ги чува децата па се правите паметни. Јас сум на патолошка, ке ми го отворат породилното 45 дена пред термин Ако се породам 2 недели после термин што е нормално нели и се случува , тоа е 2 месеци и кусур. Значи бебето ке биде неполни шест кога ке тргнам на работа За да го пратам во градинка ми треба месец дена адаптација и излегува на 5 неполни во градинка. Е баш да те видам прати го ти на 5 во градинка па збори после. И јас си ја сакам работата Максимално не исполнува, сакам да одам на работа , ама еве лежам на патолошка бидејки моето бебе е најбитно од се на светот за мене. Немојте себично да ги гледате работите , мене не ми требаат 15 месеци породилно па баш ми е гајле И на крај едно прашање , ШТО Е СО ДОЕЊЕТО АКО ЈАС НА 6 МЕСЕЦИ ТРГНАМ НА РАБОТА????.
Унгарија, Бугарија, Норвешка. И да ете сакам и жена да ми пратат по дома да ми го чува и тоа за безпари преку фонд покриено !! ОК е ? Или и тоа ти смета? Социјализацијата на децата е сосема друга работа, и нема потполна врска со праќање во градинка. Социјализација на бебе во јасли? Абе ај. Туку муабетов ми е дека Владата форсира повеќедетно семејство а ништо не направи за бенифит на вработените мајки. Се останува за нас исто. Може барем ова да го поправи. Зголемување на времетраење на трудничко е една од мерките. За да имаш трето дете мораш да имаш и прво и второ. Во горенаведените земји на овој начин се обидуваат да ја зголемуваат негативната стапка на прираст на население. Бај д веј, здраствениот фонд го цицаат неработниците, а ние вработените секој месец си го полниме прописно, и кога ќе дојде време да си ги користиме бенифитите од нашата придобивка нешто тешко оди. Еве уште немаат префрлено трудничко за месецов. И пак тебе ти се обраќам..... за каква доедукација зботуваш??? Па македонскиот работник и по дифолт е еден од нај неедуцираните и без продолжено трудничко. Затоа и странските фирми кога доаѓаат тука напрво се жалат за нестручен кадар.
Социјализација на 7 месечно бебе??? Живти се. Зошто за близнаци е 100 посто до 15 месеци породилното платено, а за едно дете не.
Кога веќе ми се обраќаш,За доедукација вие во државните фирми ниту ја имате ниту ја сакате. Тука најмногу законот ќе им оди во прилог на приватници не на вас и затоа не се сили. Во годината имаш најмалку 25 дена годишен одмор,што приватник може да сонува.Боледување можеш да користиш кога ти душа сака без да ти виси работното место на конец така да седи и ќути. Вие од државните фирми го празните фондот не ние од приватните. Дали го прочита законот во Бугарија,Унгарија и Норвешка или онака си ја спомна. Унгарија 6 месеци 70% од плата и до 2 год (за останатите уште 18 месеци) 70% но не ако изнесува повеќе од 340 евра месечно. Норвешка 12 месеци 100% или 15 месеци 80% Бугарија/Македонија мин 12 м да си вработен/мин 6 м вработен за да имаш основ породилно 13 месеци 90% од плата/9 месеци 100% и 3 м0% Македонија за доење до една година имаш платено по 1,5 час на ден да отсуствуваш од работа. Унгарија и Норвешка се јаки финансиски земји,Бугарија е во ЕУ и не можеме да се споредиме ама па не сме лоши. Неколку членки на темава што живаат во поразвиени земји ти ги пишаа условите таму и дека не се сјајни,ама тука не се коментира,се гледа само каде сме положи.
И за близнаците треба 9 месеци ама 200% сепак се две деца одеденаш. Претпоставувам е 15 месеци поради тоа што најчесто се раѓаат предвреме и развојот е потежок. Не е исто 32-ра,35-та и 40 недела. Братучетками има близнаци.Моето прооде на 11 месеци нејзините на година и 3 месеци.