Значи овие глупости ..погоре напишаниве може да ги каже само некој ,кој има на кого да ги остави децата ,но што со нас што живееме сами и сме принудени да го однесеме детето на 9 м во градинка ?! Далк сте свесни кои трауми се тоа прво за самото дете ,а потоа и за родителот. Ќерка ми еве веќе две недели како оди на градинка ,само ние знаеме како ни е .
Или оние кои се газди. Башка имаат и помош од страна викнато за сами да не се на темава. Ми се згрози што се прочитав. Страшно.
За џабе не рекле ,сто стапа на туѓ грб не болат. Значи или има кој да им ги чува или пак имаат пари ,па не идат на работа( како шо рече газди) и пукаат сеир на останатите.
У ваквите случаи и со ваквите луѓе ,верувај не враќа . Но да не бидеме надвор од темата. Зошто се потребно тоа породилно од моја гледна точка . Епа вака моето дете веќе спомнав од 2 недели во градинка . Моето дете носи уште пелени ,кои во градинка не го менат веднаш откако ќе се искак како што го прави мајката и често си доаѓа црвено. На моето дете во моментов му растат заби и градите постојано му се мокри ,но таму никој не обрнува внимание и често качува температура. Моето дете неможе да ја јаде храната од градинката ( бидејки нема заби ), каши не примаат . Моето дете лежи цели 8 часа у кревет ! и ме чека секоја можна минута да одам да го земам ! Треба ли уште причини зошто мајката му треба на детето во тој временски период ?! Мајката е дома за да го "оспособи" грубо кажано детето за нормален тек на живото ,мајката за тоа време верувајте нема да е пред огледало или на кафе !
Kaко ме исплаши сега, моето нема ни 9 да биде, на патолошка сум, се зависи од тоа кога ќе се породам...
Rabotata vo ovaa drzava e toa sto nikoj ne go pocituva tugoto mislenje,ako nekoj ima razlicno mislenje od nas toj e protiv nas, navistina?sozdreete ednas gledam site vozdrasni zeni ste ovde nema nikakvo nivo na diskusija samo prostakluk... Porodilno boleduvanje 18 meseci navistina? Treba prvo da ja gledate realnata sostojba na drzavata nemame vlada kako prvo drzavata funkcionira so tehnicka vlada, kako vtoro ova ne e Svajcarija Svedska ili Ceska razbudete se od zimski son I vasite baranja neka bidat realni za vo ovaa drzava... Razumno bi bilo da se pobaraat 12meseci I za toa sum za,no poveke od toa spored ovie drzavni uslovi e I smesno... I sega znam deka ke se pocni so niski komentari ,no voopsto toa ne me zasega toa e moe mislenje I sekoj treba da gi pocituva tugite razmisluvanja... Vo moja blizina ima zeni so izgledani 3decinja koj na vreme pocnale so boleduvanje I se vratile na rabota bez nikakov prigovor zeni,majki kralici...
@mime87 pochituvam deka imash razlichen stav, sekoj ima pravo na svoe mislenje. Edinstveno sakav da te prasham, dali gi imash prashano tie majki kralici shto morale da gi ostavat dechinjata na taa vozrast vo gradinka, kako se chuvstvuvale koga morale da go napravat toj chekor? Dali si gi prashala koga bi se naogjale sega vo takva situacija i bi imale mozhnost za pogolemo porodilno boleduvanje nema da prifatat tuku ke gi ostavat dechinjata pak na taa vozrast vo gradinka? Veruvam deka odgovorot ke bide negativen. Sekoja majka najdobro si go gleda deteto i potrebno e deteto da e bar edna godina so majkata a ne vo gradinki kade shto edna vospituvachka e odgovorna za 20-30 deca i ne im posvetuva vnimanie kolku shto im e potrebno na dechinja od taa vozrast (Vidov deka i ti si pishala deka bi bilo dobro da e bar 12 meseci taka da se soglasuvame vo toj pogled).
Јас сум за повеќе од 9м, имам другарка која нема на кој да го остави детето и мајка и од друг град често доаѓа да го чува, иако бебето оди во градинка, односно почна на 9м, а се знае детенце колкав имунитет има тогаш па 2 дена е во градинка, една недела дома и таа недела бабата патува, спие тука и ја чува... сум за барем 15м породилно за мајките. Многу е мало детето за на 9м да се остави во градинка... кој ги видел тие душички како го поминуваат денот во градинка, знае која траума е за детето.
Не сум паметна да кажам многу на темава, но имам некој став со оглед на тоа што и годините ми се тие. Пред се да кажам, немам дете. Сепак како жена што утре треба да биде мајка исто ме плаши овој момент кога ќе погледнам во иднина. Прво ме плаши тоа што имаме премногу малку градинки. Листите на чекање се огромни, групите се преголеми, воспитувачките се малку, а кадрите се пааа... како ќе ти се посреќи. Премногу воспитувачки влегоа со убрзани курсеви, од немајкаде за барање работа, а не дека нешто многу сакаат деца и ги бива да работат со нив. Има многу незаинтересирани меѓу нив, многу нетрпеливи и избувливи што не знаат методолошки да го решат проблемот. Дури и оние кои сакаат да се посветат немаат можност затоа што имаат премногу деца на одговорност. Да додадеме на тоа дека секое дете си има индивидуални потеби и навики, и веќе настанува хаварија. Па затоа децата се враќаат измрсулавени и испотени од градинка, со температури, гребнати, чукнати и сл. Зошто и физички не е возможно секое од нив да биде надгледувано како што тоа би било во случајот дома. Но, тие деца мора да тргнат во градинка. А мајката мора кога тогаш да се врати на работа, секако доколку одлучила дека ќе работи. Секој период си има нешто зошто детето е подобро да биде дома. Прво додека да пркне малку, после додека да ги израсне сите заби, па следат фази на тантруми, па проблеми со храна и сл. Секогаш ќе има зошто тоа дете да е дома со мајката. А и никој нема да ти го гледа како што ќе си го гледаш сам. Трудничко боледување од 7 или 9 месеци реално е премалку, но ако земеме во предвид се погоре, и 1 ипол година е малку, затоа што никогаш нема да си вистински спремен да го пуштиш детете во градинка ако мислиш дека таму не е добро гледано. Пред се треба да се подобрат условите во градинките и да се овозможи подобра грижа за децата. Јас конркетно би ја разгледала можноста за 12 месеци породилно, а потоа почнување на работа со скратено работно време, период што би траел уште половина година, за да може пополека и мајката и детето да се навикнат на промените. Зошто реално тоа одење во градинка е траума за сите. Пиштења, вриштења и плачки. Па не знам која мајка е способна да работи и да се сконцентрира на работното место, а да знае дека детето и е потресено и истрауматизирано и едвај чека да го земат. За близнаци да не зборувам. Тука и на таткото треба да му се даде боледување, барем во првите месеци. Не треба да гледаме ние како сме израснале, мислам дека треба да се оди кон напредок. Сите сме дојдени на светов така и треба малку повеќе да е почитува целиот чин на носење дете на свет. Порано жените биле домаќинки, сега и тие наголемо придонсуваат во економијата и покај тоа што раѓаат и по неколку деца. Државата тоа и те како треба да си го земе за одговорност, затоа што настрана мајките, тие деца утре ќе придонесат за развој на државата, тука ќе живеат и ќе работат. А со тоа што би имало мотив и услови за растење деца, директно ќе се влијае на развитокот на целото општество во државата. Но ние сме Македонија и промените кај нас не одат така лесно. А реално оваа пеленска револуција без да се искомбинираат со гореспоменатите реформи, мислам дека не би помогнала многу. Затоа револуција, но за целосни реформи.
Aman mn na srce se si zemate Ili ova ili ona Ili ednostavno sme realni i prifakjame deka koga togas mora da se vratime na rabota.Od edna strana vo edna tema gi branite gradinkite kako se naj naj od druga strana ovde kukate kako vo gradinkite rabotele neobrazovani,prljavo bilo,vakvo onakvo. Mora da svatite deka idealno nema .I na 3-4 god da go pustis vo gradinka pak ke pomine period na razboluvanje. I na svekrva i maz da go ostavis pak maani i prob ke ima. Nemozes vecno TI i samo ti da sedis so deteto.Koga i da dojde moment na razdeluvanje boli no fala bogu se prezivuva. Verojatno koga planirano ostanuvate trudni imate i nekoja zamisla kade i so kogo ke go ostavite deteto koga ke dojde vreme za toa
Во добар дел се согласувам со тебе, но кога би можела да бирам би избрала барем 15 месеци. Што повеќе време со мајката подобро за бебето. Не секој може да си дозволи да земе неплатен, а и прашање е дали би му дозволиле онаму каде што работи...
Можам секако. Нареден исто ќе наплаќа, до сега еден не бил бесплатен. Ни кога прашувам некоја трудница, ни јас кај што сум била. Тоа мислам дека е надвор од тема, ама ај да ти одговорам зашто лесно е од страна да се сугерира.
Никој не рече дека не сакаме да одиме на работа. Зборувам за себе. Јас уживам да одам на работа зашто сум тип на човек кој не може да безделничи по цел ден а и си ја сакам струката. Реални или не, повеќе би сакала детето да го пуштам на 15 месеци во градинка наместо на 9. Тоа е целата поента на муабетот.
@Mariangel se soglasuvam deka da odgledas dete e tesko,I daj boze da ja osetam taja maka naskoro,no ako sme realni za sostojbata na drzavata treba da sme realni so nasite nasite baranja isto,so nadez da bidat ispolneti... Koga gi pravime prvite cekori najpoveke ni e potrebna majka,no ne samo togas tuku do krajot na nasiot zivot...
Moeto bese odgovor na napisanoto od tinuska.Traumi,luge bez osecaj sme nie sto gi ostavame na 9 meseci itn. A fakt e deka nisto od toa ne e taka nitu tolku strasno.Vtorata maz mi ja cuva.Prvata odese vo gradinka .Zivi zdravi bez traumi se i dvete
Нема мешање чувства тука. Кога се мора , се мора. Јас ќе морам кога тогаш, дали на 9 или ако успее ова покасно, зашто немам кој да ми чува деца. Па сега како велат "живи Били па видели" дали ќе имаме трауми или не