Прво дали се читаш што пишуваш ?! Каде тоа ти виде ,дека јас сум пишувала све најнај по теми за градинки ? Ниту пак некој рече дека не сакаме да одиме на работа ,туку дека 9 м е малку за да детето може да функционира во таква средина. И немој да се дразнуваш ,да пишуваш банални работи КОГА СТЕ РАЃАЛЕ ВАКА ТАКА ,не е твоја работа ,толку.
A tvoja rab e da gi narekuvas drugite majki bez osekaj bidejki za niv e normalno da pocnat na rab po 9 meseci?
Прочитај убаво ,после кажи каде тоа сум навела МАЈКИ БЕЗ ОСЕЌАЈ . Не се уфилмувајте толку ако не ви се битни децата , одете од прв месец на работа ,никој не е спречен ,ама немој да ме цитираш и да ја сервираш твојата ароганција .
Arogantna si ti Procitaj si go postot poln so frustracii Koga pisuvas so golema bukva znaci se deres nekomu ,a toa e protiv pravilata na forumot. Si ja citas vtorata recenica kolku ti e polna so omraza? Ako ne vi se bitni decata velis Da se zasramis treba
Богами незнам кој треба да се засрами , цело време попуваш на темава мн било ,малку било . Ако сакаш ти да градиш кариера ,твој проблем . Има мајки на кои децата им се на прво место и јас го напишав тоа со кое се соочуваме ние во врска со градинката
И јас си изнесов свое мислење ,а тоа што ти си научена овде да ти се улизнуваат твој проблем. И не заборавај дрска и арогантна си ти ,во сите теми. Можеш да пријавуваш до утре кога не ти одговара. Со здравје
Јас те поддржувам тотално, уште сега се мислам кој ќе ми го чува бебушот и кои врски да ги бркам за во градинка да го пикнам. Пошо од една страна нели ако нема кој а кај мене нема кој да го чува ќе мора у градинка, а од друга страна за да иде у градинка треба да фатиш врски. Ако било во ред со 9 месеци да се оди на раб и бебе да се даде у градинка, стварно не знам како постојат толку многу жени кои жртвувале работа за да останат и да го дочуваат дома бар уште некој период. Колку и да расправаме, тоа е жива вистина. Сите мои блиски кои приватно работеа напуштија, а да не зборам и колку многу беа викани на работа и порано од 9 месеци со закани за отказ.
Епа тоа е , некому не му е битно дали детето ќе е во градинка или ќе го чува било кој. Значи тоа е мое дете , само што дознава кој му е мајка ,му требаш едноставно еве мене лично не ми е сеедно.
Нормално. Ни на мене не ми е. Ама не се нервирај, не вреди. Јас бев и потпишав. Да се избориме за она кое го сакаме и она за кое целиме . А и не треба себично да гледаме само за нас доколку и веќе сме родиле па да тепаме по она македонско правило „ јас не фатив, сеа зашто да потпишувам други да користат“ зашто траст ми ги има и такви многу.
Ако има кој дома да ми го чува + ако морам + ако е работа што не се испушта. Ама пред се да оди се нормално претходно,мислам здравствено.
Многу „ако“ имаш Галапче Или јас требаше по опширно да го поставам прашањето Муабетот ми е, тврдам дека повеќето ако им се пружи шанса за вработување, иако имаат бебе дома, ќе се нафатат. Јас на моја вработена не би и дала 15м. боледување. Не станува збор само за тоа кој го плаќа тоа боледување, туку ако си вработен некаде, значи требаш. Ќе речете - замена...ок...ама и таа замена ли ќе ја обучувам, ќе оди на обуки, курсеви, семинари.. Друга работа...обично во МКД децата се со разлика од 1.5 -2 год. едно од друго. Ако жената сака три деца, ќе заборави фирмата каде е
А зошто во другите држави даваат? Зарем мислиш дека 8 месеци се доволни,оти еден однапред ти го даваат секако пред пороѓај? Што е побитно сањаева,детето или работата? Дали е исто да оставиш бебе на 8 месеци или дете на две јас дури би кажала. Да,тогаш и мајка и дете по ке прифатат Џаба ми работник кој со паметот е дома. Да не спомнуваме земања односно потребите од чести боледувања пак. Ама често жени мораат да напуштат еабота оти освен на администрација другите не даваат. Едит. Нека ме заборави фирмата,затоа и ке си останеме ваква држава.
Нема логика да се споредуваме со другите држави. Која држава е моќна да го направи тоа, ок е. Јас лично немам проблем со тоа дали боледувањето ќе биде 9,12,15 или 18 м. Само мислам дека не треба да се чуствувате обесправени ако тоа не стане реалност. И секако, би додала во закон дека во приватните фирми оваа проблематика ќе се уредува со договорот за вработување....така да од старт ќе си знаеш колку боледување ти следува, да нема после зошто, како, ама... Јас за 10 години немам ни ден боледување користено. Другарка ми, под државна капа, по 10 дена користи на три месеци. Децата ни се на иста возраст. И моето и нејзиното се разболувало. И она не го сака нејзиното повеќе...туку само и се може....па дури и кога не треба.
Iskreno kazhano. Ova go zborev pogore. Site rabotodavci istovo go zborat. Jas kako vrabotena ovoj muabet go slushav cela bremenost. I sega znam deka 99% rabotata mi visi na konec. Ama pansto e pobitno? Druga rabota ke najdam. A vremeto koe trebalo da go pominaam so deteto nema da go vratam nikogash. Pominav ednash niz ova, se vrativ po 4,5meseci. Moj izbor e ovoj pat da ne bide taka. P.S. Ne sum pomajka od tie sto na 8,9 mes nosat dete vo gradinka ili pak napushtaat rabota. Ednostavno smetam deka na 9 mes deteto ne e spremno za gradinka, ni pa za babi da go cuvaat. I da, i mene neka me zaboravi firmata slobodno. Jas reshiv da se vratam na rabota, dali na starava ili na nova, koga jas ke odlucam, a ne rabotodavecot. Go pocituvam ova mislenje najmnogu od site prethodni raboti sto gi ischitav. Najiskreno beshe.
Ако фирмите немаат услови кај нас,не се виновни мајките и децата,проблемот треба да се решо од друго место. Не.се работи за осекање обесправеност. Правиме муабет како е најисправно. Дете на осум месеци нема воведено оброци асално. Пак ке повторам. Која ефективност од таков работник? Со осум месечно бебе дали може да одо ма семинари а за ефектовноста да.не збориме. Може грешам ама размислувам од аспект на мајка признавам. Тоа не ме прави поголема мајка од тие што.мислат дека осум месеци се доволни ама моменталните емоции ме терат да мислам дека се заборавиле тие моменти и потребите на истите.
@sanjaeva убаво велиш, во таква држава сме што ниту бремените жени немаат којзнае каков избор. Доколку семејството има потреба од уште една плата, мајка и те како ќе размисли ама и ќе се убеди дека мора да го остави бебето дома а таа да работи, макар имало 9 месеци. Жена која нема потреба од работа, која има доза на сигурност нема да размислува дали, едноставно знае дека ќе работи дури тогаш кога бебето ќе и е спремно за во градинка. Ама онаа мајка која нема многу опции, најверојатно ќе ја прифати работата. Што велат старите - зависи колкав "зор" имаш...
I prethodniot pat i sega sum vo isti finansiski tesnec da mi e potrebna plata i da so edna noga trgam na rabota. Ama pa ne se osmeluvam. Ke se snajdeme so mm, no decata tolku mali ne gi prakjam vo gradinka, a na sveki pa ic pa ne i gi ostavam. Drugi opcii za cuvanje nemam.