Е како е најисправно... Секоја мајка сака да си го чува детето. Секој треба да оди некаде, тогаш кога ќе биде свесен каде оди. Тоа значи дека децата се спремни за градинка по наполнети 2.5 години. Ако ништо друго да знае дека таму ќе си игра со деца, ќе знае да побара вода, да каже дека нешто го боли. Ама ова во некој идеален свет. И јаре и паре нема. И затоа правам паралела....имаш редовен р.о. = сакаш боловање од 15м па и повеќе немаш работа, ти се укажува прилика = е добро де, и градинките не се така лоши Пресметливи сме луѓе, тоа е проблемот.
Сања ми ги избегнуваш прашањата. Знаеме дека нема јаре и паре. Одиме во крајности. Значи темата вели 15 месеци,не 2,5 години.
Одлуката е индивидуална. Едните велат дека ќе се снајдат, другите не се осмелуваат да бидат во теснец и едноставно избираат работа. Јас повеќе ги разбирам овие вторите, но од оваа гледна точка. Да, пресметливи сме и многу добро ги разбирам оние пресметливите кои одлучуваат да имаат повеќе пари а децата во градинка да ги пратат. Еве уште еден, малку поразличен пример. Мајка остава тинејџер дома и заминува во странство да работи, бидејќи тука би требало да работи за минималец. Значи жената избира лагоден живот, наспроти скромен живот (читај мизерување) и директна контрола врз син и кој е во најлудите години. Можеби најголем дел би останале да внимаваат, ама факт е дека парите се веднаш после здравјето, нели? Во иднина, кога и јас ќе сум пред овој избор можеби и ќе го сменам мислењето.
Не прашав тоа. Ефективна ли ке сум па дури и да одам на семинари си осум месечно бебе чии оброци се сеуште подои? Да парите се после здравјето,убаво кажано погоре,ама здравјето итекако го калиме,односно даваме основа во тие месеци плус што ги бара темава. Е сега што во државава нема пари и што здравјето ни зависи примарно од пари. Има државата пари за тие месеци ама одат на други места. Затоа велам,не барајте ја мајката назад,барајте од државата она што ве скратува за да неможете да обучите друг кадар. А како тие девет месеци без тој човек ако не обучете друг? Ако го обучете за девет ке издржите и петнаесет. Што ако се разболам, непланирано,ке пропадне фирмата? Ако веке така размислуваме.
@galapce еднa прoсечнa мaк.фирмa не е Алкaлoид. Твoј прoблем е aкo не си ефективнa. Имa кoј е. Ќе дoбиеш oткaз зaрaди не испoлнувaње нa р.oбврски и тoлку. Ти oдгoвoрив, aмa не ти се свиѓa oдгoвoрoт. Тoј друг чoвек или зaменa реткo пoстoи вo реaлнoстa, пoвтoрнo збoрaм зa мaлa фирмa. Ќе се кубури 9 м. нo немa пoтребa зa пoдoлгo. И aкo неплaнирaнo се рaзбoлиш и земеш бoледувaње, oк...нo aкo тoa стaне устaленa рaбoтa, пoвтoрнo ќе се сooчиш сo губење нa рaбoтaтa. Еднo е штo сaкaме, другo кoлку мoжеме.
За жал, така е. Ќе наведам личен пример- "Газдата" ми се закануваше со отказ откако останав бремена затоа што неможев да одам на терен на +40 степени. Ќе докажел дека сум неспособна и ниеден закон немало да ме заштити во тој случај за неизвршување на работните обврски!!! А баш од него не очекувам да ме чека 15 месеци,ќе ми врачи отказ инстантно, може ќе ме намести дека нешто јако сум згрешила на пример...си има врски човекот и си може. И само му посакувам "same to you and many more" кога ќе му дојде времето. Затоа што финансиската стабилност која си ја имал ти ја разнишал во најбитниот период во животот,бременост па и чување на мало дете покасно... 90% од газдиве во Македонија се исти и би го направиле истото. Ќе си најдат друг кадар,преферабилно маж кој нема да отсуствува заради бременост или затоа што детето се разболело. Па после младо семејство непркнато неможе да состави крај со крај...па и те како ќе е приморана жената да се врати на работа кога ќе и отпее песната шефот. Е сега суштината е како жените во репродуктивниот период правно да бидат заштитени? И да се донесе овој закон, ќе си потпишат дека своеволно се враќаат порано на работа и толку од целава галама. Бенефит ќе имаат само вработени во државна администрација.
Нема и јаре и паре...Еве кај мене да не морав да одам на патолошка газдата не примаше друга, значи нема боледување у ниеден случај. Нема боледување, нема одмор, ама ништо не сум видела. Зашто да плаќа уште една, ако не сум јас има друга која ќе работи нели? И он така ќе си обучува нови и нови зашто ниедна нема да трпи да не оди на одмор, да нема боледување ако треба или ден слободен од одмор штоследи поради некоја битна X причина. У денешни време сите сакаме да сме газди со влог од 5000е и да командуеме некому а газот не ни држи. Мене како работник не ме интересира дал он има да плати уште една пошо чинам дека е способен чим уште првите 6 месеци од отварање на фирма си купува пасат 2016 .
Eве мој пример:јас работам во фирма на мои родители и планирав да се вратам на раб кога ми одговара мене пошто имав замена но не испадна така јас исто моето дете го пуштив в градинка на 9 месеци зошто еден враб напушти и морав јас . Тоа "морав" во фирма на мои родители е јасно но јас одлучив да работам уште пред да се роди детето да го издржувам тоа дете и да не зависам од други и си оди в градинка и ништо не му фали а јас со тоа што работам и вложувам во нив сум посрекна. за разлика од мојата јатрва што седи дома зошто му било жал да го пушти в градинка а има скоро3 год и се со една плата мала тоа за мене е неразбирливо или е затоа што нејке да работи и детето е изговор а тоа неја прави подобра мајка од вработените баш напротив нејзиното дете трпи финан зошто таа нејке да работи И да повторно би се вратила на раб на 9 месеци и би ги избегнала сите тие плаченја в градинка на 15 месеци од лично искуство но и подржвам да е породилното подолго зошто сите сме различни а различни се децата некои побрзо се адаптираат на нова средина но некои не но се е до тоа каква цел си имате поставено.
Собраа во Ск 100 потписи веќе од пред мислам 2 дена, наредно ќе бидеме известени што како ќе се одвива. Ова беше само почеток. Сигурно ќе има и надвор од Ск. @Ејприл чисто информативно, да ти било малечкото 6-7 месеци и напуштел вработен, ќе си го дала во градинка толку мало?
Е aј сегa и нерoденo ќе гo дaде вo грaдинкa. Пoстaпкaтa нa @Ејприл се викa oдгoвoрнoст. @LadyC зoштo не сaкaте дa рaзберете декa aкo тебе кaкo рaбoтник не те интересирa..., негo кaкo гaздa пa ич не гo тaнгирa кaкo ти, јaс, Митрa ќе гo чувa дететo. Тoa штo купил пaсaт 2016, е негoв успех. Не битнo дaли пo 6 м.рaбoтење, дaли oд пaрите вo перницa.
Епа затоа он како газда ќе пропадне. Кога ќе се направи синџир од девојки кои ќе се жалат дека он држи прекувремено, не дава редовно плата, не дава одмор, не дава боледување ниедна нема да сака да работи таму, евентуално ќе се нафаќаат и ќе ја грешат работата и он ќе е у загуба, не јас. А успех не е да купиш кола. Успех за мене е да ја доведеш на нула фирмата првата година. Едит: Мислам дека Ејприл треба да одговори на ова прашање зашто за неа беше наменето, без навреда.
Не би рекла дека е до финансиската моќност на државите секогаш. Најмоќната економија на денешницата САД дава само 3 месеци породилно. До државните стратегии мислам дека е! Исто така не се согласувам дека породилното отсуство може да се решава со некои интерни договори. Во секој случај НЕ. Затоа постои закон за работни односи кој ги решава општите услови за работа. Секако интерни договори се под уставот и законите, па така неможе да се уредува и времетраењето на платените боледувања. Дури и да е вработениот под посебен закон подложен од конкретната област се оди на закон кој е лекс специјалис т.е. закон кој е поповолен за вработениот. Ако беше боледувањето уредено со договори на секоја фирма поединечно, секоја бурекџилница или трафика ќе делеше породилно со времетраење од ракав.
Се пoнaшaте кaкo дa е ситуaцијaтa - еве јaс ќе си бирaм кaде ќе рaбoтaм. Акo имaте мoжнoст дa бирaте - oк, aкo не- без филoзoфии и прикaзни зa мaли децa плс.
Abe zheni ama ste chudni. Fakt e deka ke ima razlichni mislenja na temava mora li sekogash da se dokazhuvate koj e vo pravo? Ako vi se svigja predlogov odete potpishete se, ako ne ne morate i kraj. Tuu ama ja zaredivte so karanici za neshto shto ne e bash vo nashi race..
Убаво е дур се дискутира и да се прочитат различни размислувања. Понекогаш од нив има шѕо да научи човек па дури и да сфати дека не е во право. Нема потреба од навреди ако не сме истомисленици,поготово за вакви теми.