Pa za diskutiranje i se otvaraat temive.. Ama chesto se pokazhuva deka makedonche ne znae da diskutira, znae samo da se rasprava i da navreduva so cel da dokazhe kolku e vo pravo. Se dokazha toa povtorno.. Argumenti i fakti, realni i iskreni razmisluvanja na temava.. Ete toa treba da spodeluvate, a ne da se dokazhuvate koja kolkava majka e
Не сум била во таква ситуација .мојата беше дете 9 месеци само со нокно цицанје и не многу плачливо и немаше никаков проблем веднаш се адаптира в градинка незнам доколку беше нешто друго како ке одлучев но искрено би се снашла некако зошто стварно имам цел за повеке деца а за таа цел треба да работам а ако не работам сега на овие год кога можам најмногу да се докажам кога би раб. и зависам од таа работа без разлика што е семејна .напорно е но треба и да се раб и деца во исто време мора да се прилагодиме затоа што не секогаш можеш да натокмиш се :дете, па да седиш дома во исто време да имаш пари и да те чека раб место.колку и да ни дадат месеци породилно ке ни биди малце за да се организираме секое дете е различно.би сакала да се 15 но и би работела мегу време некој сат
Ако е семејна да ти кажам јас и дете на работа ако треба ќе носам. Имам додуша и у таква работено фирма каде ќерките на газдата ми свиреа ( читај се учеа ) виолина по 8 саати над глава, така да имам веќе искуство и со тоа. Инаку сигурно не сум луда да си го оставам најскапоценото нешто гладно, жедно и необлечено и да чекам некој да ми даде. Работам преку 10 години и мислам дека сите што сме тука сме жртви за нашите деца, без оглед дали за свое работиме, дали државно или приватно нели? Се разбравме сепак.
Се зависи од раб дали вреди а за погоре опишаните работодавци не вреди да се коментира се разбира дека ке одлучиш да си дома и да бараш др работа по неколку месеци.но ете знам блиску сме со термините сакам и јас 15 мес но реалноста е поинаква и вервај дека мн е полесно да се снајдеш кога е бебе и да биде в градинка отколку ко ке почни на училиште и е само 2-3 сати штп тогаш кој ке ни го чува останатите сати и тогаш ли породилно да бараме
@galapce во Македонија, правата на работникот се приказна за мали деца. Зборуваме за држава каде К-15 се дава на работникот, а потоа се бара назад. Секоја чест на оние кои можат да бираат каде ќе работат. Сурова е реалноста, не јас. Пред да те прими ќе ти даде да потпишеш бланко бел лист, кој ќе го искористи тогаш кога ќе притреба. Според мене, по чесно е да ти дадат да потпишеш договор за вработување во кој ќе биде наведено колку породилно боледување ти следува. Тогаш ќе си знаеш дали ќе го играш орото или не.
Проблемот е навистина што мене нема кој да ми помогне. Разбрав градинките работат до 5, јас и нормалното време го терам од 8 ипол до 5. Додека фатам бус, дома додека дојдам мене веќе 6 ќе ме фати. Једино мм да не оди веќе на брод, да седи да чува деца или пак да најде нешто што ќе е со помало работно време. Сигурно не сум единствена, нели сите некако се снаоѓаме, ама верувај и градинка ако треба, треба и пари да ја платиш истата, ама никој нема да останува секој ден да ти го почува детето уште , саат време ако треба. Не сме ние таков народ. За училиште е скроз различно, детето е поголемо, не можеме да правиме компарација воопшто. :/
Кога ке се роди малото ангелче многу убаво ке ве распореди не се секирај уште од сега ке си се наредат сите раб во ред .иначе во бт градинките се со раб време 6-18
Види, ако можеме да се избориме тоа би било прекрасно бар уште некој месец плус. Ако не можеме како сите така и ние нормално. Не можеш да пребираш нели. Ама не е убаво да не сакаш да помогнеш а да можеш (не зборам конкретно за тебе туку општо) . Треба да сме посложни и да пробаме да си дадеме меѓусебна поткрепа и поддршка како мајки, идни мајки, жени, како пожртвеници за сите околу нас најблиски... Тоа е труло кај нас, што сме лоши и завидливи како народ.
Ако потпишам бланко лист тогаш јас сум Дете. Како беше она,моркови ке препродавам бланко не потпишувам. Бев решила никогаш да не велам никогаш,еве пак реков,белки нема да ме снајде. За жал Сањаева,во счучајов си ми и ти сурова оти овде не правиме муабет дали државата ке ги одобри,туку дали ние сметаме дека треба да се одобрат. И не,неможам да ве разберам. Ете јас се сметам жена кариерист,барем дур не станав мајка. Ако барам продолжување на породилно,не значи дека се откажувам од кариера. А за добар работник,како раководител,не ми значат неколку месеци плус за да фирмата пак го врати назад. А за фирми во кои се работи на смени? Дур не наполни две години мајката ке оди само прва смена. Ако нема проблем колективот,дур сама смета дека треба,нека биде прва смена. Оти помладите,често знаат да ги сакат повеќе ноќните смени. Еве ке бидам и јас сурова. Дур има меѓу нас жени што пидржуваат квази Газди,ке ги има се повеке. Не размислувам детски,само споделувам искуство од она што го работев јас и мојот тим. Сакаа ама не потпишавме вракање К15. Е прифакањето дел од плата на рака ни беше пропуст. Ама затоа ја добивав и дур бев на патолошко боледување. Ако сакаше можеше да не ја даде. Цел ми е да уочам дека постојат и поинакви газди ама е битно и колективот да се држи. Од кај ми текна зборот колектив. Ама ете ние за ништо во државава не се држиме и затоа си патиме.
И јас сум за без разлика дали ке бидиме ние опфатени со законот или не но во нашиот град сеуште нема никаква иницијатива еднаш слушнав на вести и освен на форумот нигде на др место
Мн убаво кажано. Секоја чест. @Ејприл толку сме шупачка земја што ко што видов денес и еднократен паричен надомест не даваат секаде... И тоа не е во ред, ама сите си ќутиме. Нели, јас сум Карпош општина (мм не е во раб однос тука и ни следи) и ќе земам, а ќе земам и од град Скопје. Ама да дојде ред да треба да се потпише за секаде, одма би потпишала за да помогнам и иако немам јас лично фајде од тоа. Ете, тоа е разликата. И ми се допаѓа како размислуваш зашто и мојот газда е ваков или таков и онаков, али знае дека сум работник у пм и дека искрено можеби нема да најде ко мене друга до толку да се грижи за се на раб. Колешка ми што ја обучував не ја регистрираше, едноставно за се мене ми се обраќаше се додека јас не прокрварев и веќе не се вратив на раб. Едит: Да не очекуваме дека ќе се дава на тв ова многу. Не им е нели у прилог за да го емитуваат ...
Сања,сурова во смисол оти овде споделуваме Наше мислење како сметаме дека Треба да биде. Не како е Возможно да биде.
Овие 100 потписи се прелиминирани, во смисла дека требале за да може да се покрене иницијативата за измени на законот. А иницијативата се става во Собрание со собрани мислам 10.000 потписи.
Гaлaпче те мoлaм дa ме тaгнувaш, зa дa ти врaтaм Убaвo кaжa нa пoчетoк нa дискусијaвa, збoрувaш пoнесенa oд емoции. Вo денешнo време кoгa децaтa oд 5 гoд. oдaт вo шкoлo, дaли сериoзнo мислите декa некoј ќе дoзвoли прoдoлжувaње нa бoледувaње. Прaшaјте кoгa земaa плaтa oбрaзoвaние месецoв? Нa 17, 18... a зaкoнoт е дo 15ти. Кoгa земaa? Oдкaкo влaдaтa пoвтoрнo кредитнo се зaдoлжи. Е сегa ќе кaжaм кaкo требa. Зa дoбрoтo нa децaтa кoи сегa се бебињa, a утре требa дa живеaт вo држaвaвa, требa дa не се прoдoлжи бoледувaњетo oд причинa штo зa дa се исплaтaт тие бoледувaњa ќе зaглaвиме сo нoви и нoви кредити. Знaеш нa чијa глaвa ќе се скршaт истите? Нa мoетo дете, твoетo дете, нaшите децa. Држaвaтa не е крaвa музaрa. Држaвaтa е еднo гoлемo семејствo. И истo кaкo и дoмa штo прaвиме, и нa држaвнaтa чергa требa дa ги пуштиме нoзете кoлку штo тaa е долга.
И секако нели се нема за боледување затоа мора да ја заштитиме државава, ама се има за споменици, ајкули у Вардар, бродови, градења на неквалитетни улици и автопати, перење пари и правење 300 други мајмунлаци. Државата остана со пензионерите, оние кои немаат средства да заминат или имаат убави придонеси, и последните се оние кои се со план да заминат за нивните деца да имаат подобра иднина. Ќе пазиме на „черги - мерги “ а на пензионерите кои се со една нога во гроб ( нека ми простат) им се покачува пензијата цело време. Знаеш зашто? Зашто само они останаа за гласање.
Државата работит на поинаков начин сега. Парите не ги чува од тоа за тоа ,туку ги оплодува, што значи има, како во пензиско така во здравствено. Крај краја кој процент се трудници на породилно од целокупното население- минимално, затоа фрчат реклами да се зголеми семејството. Речиси сите млади се иселија. Ако прави кампања за тоа, нека ја опфати целокупно. Јас сум за продолжено породилно, зошто да не си седам дома со малото до година. Ова сега го мислам а сигурно кога ќе имам ќе сакам не 450 туку 800 породилно.
Пишав одма после тебе и затоа не те тагнав. Кој го негира во темава првиот твој пасос? Да бевме во темата за владара ке те нападнеа. Во овој дел си реалист,да. За вториот. Готово,не убеди,не потпишуваме. Се надевам тоа ке го спаси нашето Големо семејство. Зарем навистина сте сериозни со ова размислување? Ајде тогаш да потпишеме за да го намалат на три месци,така ем ке ја спасиме државата,за да и во Наше време го осетиме подобрувањето. А башка тоа ке не прави мајки што мислиме за иднината на децата оти вака не сме.
Јас сум ЗА продолжување на породилното ако не 15 месеци барем 12 месеци, додека детето да наполни годинка. значи не ми е јасно како некои можат да бидат против. зошто кога ги качуваат пензиите никој не е против, а платите на вработените нека бидат исти и потоа ги нема младите се иселуваат, епа ќе се иселат кога државата едноставно не нуди добри услови. еве повторно ги качија пензиите пред месец-два, епа само пензионери ли има оваа држава. Се надевам дека ќе се избориме за продолжување, ама треба да се собираат потписи и во други градови. позз и имајте убава ноќ