1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

450 породилно (пеленска револуција)

Дискусија во 'Бременост' започната од jovana03, 13 октомври 2016.

?

Дали сте за продолжување на породилното отсуство?

  1. Да

  2. Не

Можеш да ги видиш резултатите само откако ќе гласаш.
  1. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.887
    Допаѓања:
    132.543
    Јас сум за да се продолжи породилното.

    Како жена која сака кариера и која оформува семејство и дом, сметам дека е подобро барем една година да седам дома со бебето. Или година и пол. Кога сакате и кариера, свесни сте дека и таткото може да земе породилно по извесно време и вие да се вратите на работа. Детето нема само мајка, има и татко. Исто битен и значаен во животот на детето. Затоа немојте да викате дека така кариерата ќе ви застане со 2 или 3 или 4 деца. Еве јас сакам 4 деца, и градам куќа за 4 деца. АМА... јас така сум решила, дека во животот ми е побитно семејството, не кариерата. Посебно сега кога знам што значи дете. Кариера е работа во која одиш се погоре за повеќе пари за дома да дадеш и да бидат задоволени и среќни. Кариера не ти носи насмевка и среќа у душа.

    Со други земји е глупо да се споредуваме. Ајде, Австрија имале 3 години...Америка имале 3 месеци. Едното доволно да направи деца залепени за мајката, а другото да остави гладно дете. 9 месеци е сосема океј од аспект на храна и самоастојност на детето, ама ни една година нема да му штети. На 9 месеци детето веќе има 3 оброци кои може друг да им ги дава. Ама на 1 година се прекинуува со доење. Зошто да се одмолзувам во веце? Зошто детето да не цица 2-3 пати во тие три месеци?

    И еве една дилема мноооогу голема и многу битна според мене. Родители се двајца. Не е само мајката. Факт е дека мајката е потребна за здраво бебе во почетокот, ама мајката треба да јаде да одмори и да има чисто наоколу. АКо сите имаат дете ко моето кое 3 месеци не може да се одлепи од мајката, тогаш не можат да си зготват (а многу е битно да е здрава мајката) не може ни у веце да се оди на раат, неможе ни да исчисти. Треба сопругот, кој и е партнер во СЕ во животот и 50% родител на детето да е таму. ЗОшто не добијат и татковците истовремено породилно???? Зошто ако таткото е невработен мајката може да земе породилно, а ако таткото е вработен, а мајката не, тогаш он не може да земе породилно? Како е решено тоа во закон? Дали таткото може да земе породилно само ако мајката е на работа или умрена? Јас сум повеќе за породилно и за двајцата родители. Доста со тоа дека сме мајки и можеме се и сме херои. И доста со та машка и женска работа. И доста со тоа да сме и мајки и доилки и шефици и чистачки. ДОста со крвави гради и 40 дена крварење од пораѓај и 9 месеци трудни на работа и рана од шиење на вагина се да правиме. Детето има татко кој треба да е тука и мајката има партнер кој треба да е тука. Не треба бабата да помага. Бабата е баба и не му е родител на детето. Таткото треба да е тука.

    Јас без маж ми ќе бев изгубена. Кога трчаше дома од пауза за да ми даде да јадам, а он немаше време да појаде сфатив која карпа ја имам во животот. И сум сигурна дека ако беше дење ноќе со мене ке бев посреќна и детето ке беше повеќе задоволено.
     
    На MIA-SK, Mia.milicka, gjoker4e и 14 други им се допаѓа ова.
  2. anjathesaint

    anjathesaint Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2011
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    106
    @LadyC девјката едноставно си ја прокламира сегашната власт, па може е и платена за тоа.... Само такви се со вакво размислување.
     
    На LadyC му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.887
    Допаѓања:
    132.543
    Podobro e da dades fakti otkolku da lepis etiketi. Jas sum vmrovka pa nemam takov stav. I sea sho praime? Samo takvi se so takvo razmisluvanje? Nauci da debatiras, a ne da obvinuvas, navreduvas i baras nelogicni pricini zosto nekoj ima poinakov stav od tvojot.

    Jas ne se molam pred ikona za pari. Na 10ti imam legnato sekoj mesec. Veke 7 meseci po red. Ama sakam podolgo porodilno. Jas go prekinav moeto oti smetav deka e podobro taka ama vo druga situacija bi sedela do kraj i poveke.
     
    На slobodka, anjathesaint, i-v-a-n-4-e и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    Дали останува прашањево уште статус кво поради неоформеното собрание?
     
  5. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.921
    Допаѓања:
    123.328
    Тешко изводливо. Кај нас на работа ( приватно) се враќаат со 7 или ако имаш среќа 8 месеци, ако имаш замена. Ако немаш, со четири. Конкретно мене сеуште не ми најдоа замена, мислам и оти нема да бараат допрва, којзнае што ме чека. Ако ти одговара работи, ако не оди си. За жал. Ова го знам од сам почеток, го кажаа уште на само интервју.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Stara

    Stara Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2016
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    3.802
    Пол:
    Женски
    Денес дадоа зелено светло, на комисија во Парламентот, ова е најново нешто, среќа за сите идни мамички кои ќе се породат по влегување на сила на законот. Јас веројатно ќе се породам и за малку нема да имам 12 месеци породилно.
     
    На Melinda85 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.002
    Допаѓања:
    40.308
    Пол:
    Женски
    Мислам дека предлогот бил за 450 дена (отприлика 15 месеци). Проблемот е што ова е само почеток на борбата за подолго породилно. Еве го објаснувањето од иницијативата на ФБ.

    upload_2017-6-6_15-29-38.png
     
    На CameliaMiller и referentka им се допаѓа ова.
  8. Stara

    Stara Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2016
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    3.802
    Пол:
    Женски
    Ова го има на Time.mk, денес е гласано на комисии.
     
  9. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.154
    Допаѓања:
    17.622
    А ако имаат отворено породилно пред да се породат? (пр. Јас треба да го отворам 45 дена порано) Или секако важи од денот на породување?
    Едит. Не го видов претходниот пост. Ко така не не фаќа нас:(. Ај за наредното здравје. :D
     
  10. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.002
    Допаѓања:
    40.308
    Пол:
    Женски
    Абе дај боже да помине постапката. Работата е дека и самите иницијатори викаат дека има уште многу работа за да влезе во собраниска расправа и измена на закон. Кешки нека го изгласаат, па се надевам ќе важи ако сме уште на породилно.:D
     
    На Katerina2017, CameliaMiller и Luna91 им се допаѓа ова.
  11. MissDaisy

    MissDaisy Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2015
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    217
    Пол:
    Женски
    https://www.slobodnaevropa.mk/a/28531771.html
    Започна денес комисиска расправа по граѓанската иницијатива за измена на ЗРО во однос на траењето на породилното отсуство. За утре е закажана седница бр. 2 по ова прашање. Да видиме кога ќе стаса предлогот за гласање во Собранието и дали ќе важи ретроактивно или само од денот на стапување на сила на измените.
     
    На Katerina2017 и kukla21 им се допаѓа ова.
  12. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Го отупеле за формалности. Формата пред содржината - класика.
     
  13. Katerina2017

    Katerina2017 Активен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2017
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    150
    Пол:
    Женски
    Rekoa deka ima kardinalna greska vo inicijativata...tamu bilo podneseno deka se bara promena vo zakonot za porodilno otsustvo a takov zakon ne postoi...tuku istoto se regulira so clen od zakonot za rabotni odnosi i deka e progledano niz prsti, bitna bila sodrzinata inicijativata e prifatena no za 12 meseci da trae i od utre kje pocnat so slednite cekori za implementacija...mene mi e termin 10.09.2017 iskreno mng se raduvam ako bidne dotogas
     
  14. MissDaisy

    MissDaisy Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2015
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    217
    Пол:
    Женски
    Како и секогаш. :)
     
    На kukla21 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.002
    Допаѓања:
    40.308
    Пол:
    Женски
    еве ја групата на ФБ која објавува за целата иницијатива
    https://www.facebook.com/450porodilno/

    Во еден од коментарите - односно одговорите и самите пишуваат дека допрва следи тешкото.
    upload_2017-6-6_19-39-51.png

    Мора да се има предвид дека сега ќе има реакција и од бизнис заедницата, која мислам дека отсекогаш била најголема пречка во имплементрање на вакви измени.

    Дај боже да се успее,и за нас и за сите идни мамички.
     
    На kukla21, Katerina2017, MissDaisy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.148
    Допаѓања:
    13.513
    Пол:
    Женски
    Абе луѓе ова многу е 450дена породилно? До сега за близнаци не беше толку.

    Нема шанси ова да успее да се воведе.
     
  17. Stara

    Stara Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2016
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    3.802
    Пол:
    Женски
    Убаво би било да важи и ако е започнато породилното, но никогаш не е така, не може ретроактивно да важи. Тој бенефит ќе го имаат само родилките по влегување на законот во сила.
     
  18. Katerina2017

    Katerina2017 Активен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2017
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    150
    Пол:
    Женски
    Za bliznacka bremenost ova e vekje vo vaznost, baranjeto e i so edno detence da se uzivaat istite benefiti
     
  19. Libra88

    Libra88 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 септември 2012
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    2.993
    Нели за близначка бременост е 12 месеци?
     
  20. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    15 е од лани уште.
     
    На Libra88 му/ѝ се допаѓа ова.