jas ne vidov nikoja da vrega boldiranoto velis strucno si navlezena vo fizkata PISUVAJ od toj aspekt zs toa sto podeluvas e apsurdno ova ke bide dolgo ama aj i bi zamolila za tvoj odgovor na pocetok pisuvas problemi so struja i totalen mrak od 10-15 dena i inflacija (realno ako se sluci totalen mrak (a nema) ,neizbezna e) 1- kako i dali moze da dojde do problemi so struja ,totalen mrak pa i kolaps na komunkaciia internet,sateliti i sl? -MOZE vo slucaj na golema solarna bura (i periodov imase) ,solarnata bura moze da predizvika eriozni elektromgnetni problemi vlijae i spzi site zici (a se slucilo vo minatoto 1859 so telefonskite zici i po 2000 vo del od amerika i so strujata,so denovi bile bez struja, ) a za da se sluci ona sto ti navede treba ogromna solarna bura no togas bi imale i ogromna radijacija i zracenje sto ke vlijae i na zivotot pr pticite se vodat od magnetnoto pole sekoja promena ke gi dezorientira i pri migracija moze i skroz da isceznat nekoi vidovi toa zracenje i radijacija i za covekot bi imale katastrofalni posledici a ne premin vo 5 dimenzija i blagodet i utopija 2- 5 dimnzija vo1 imame od edna tocka dodruga edna linija,, 2 dimnzija od edna tocka do druga 2 linii primer triagolnik,kvardat i sl ,3 dimenzija 3 , ona sto site nie gledame, percepirame imame visina,dolzina sirina pr kocka , vo 4 dimenzija od edna tocka do druga 4 linii , ti pustiv i slika pogore , dali covek voopto moze da percipira bilokoj predmet vo 4D? za 5 D voopsto i da ne spomnuvam , dokolkuvoopsto ipostoi? i aj sega pak 3- nam ni se poznati tie dolzina,visina,sirina i vreme za 5D ni treba uste edno,sto e toa ednoto ? ako ideme kon nekoj si utopiski svet toa ednoto dali e mislata,svesta ? ako e mislata so ogled deka coveckoto telo nema sansa da egzistira vo 5D ni vo 4 ama aj,,dali po tvoeto covek bi si prodolzil da zuvee vo 3D ama mislata, svesta, informacija ke mu zivee vo 5D? pa otamuk moze da stvara i novi 'realnosti" koi ne postojat, ke menuva so mislite kako sto saka ,ke moze da bide na 3 mesta istovremeno, sto bi bile ko izmileni bogovi nesto? vo toj slucaj bi imale HAOS a ne utopija ja ko primer zedov mislata zaradi taa utopija sto se "prodava' zatoa te zamoluvamTEBE ko dlaboko strucno navlezena vo fizika da odgovoris so tvoi zborovi, ne so klipcinja od yt sto e toa plus ednto sto ni treba pokraj dolzina,visina,sirina i vreme i plus -sto e 5D? -na koj nacin bi nastanal totalen kolaps na struja, komunikacii i se ? -ili nekoj ni pomaga nam da premineme u 5D? ako da KOJ? -najvaznoto koja e 5-ta koordinata (pokraj D/S/V/vreme) lesno e da povrzes 2 raboti matematicki i sklopis klipce i spodelis , objasni ti ko strucna po fizika so tvoi zborovi ona sto te prasav pa da vodime diskusija sporedbi so ateisti, hipici, tesla, sto znaci izumot na struja i sl e totalno apsurdno i nema nikakva vrska so 5D
Сега ќе бидем кратка: Би почнала со факти : - 1D (x) 2D(x,y) 3D (x,y,z) 4D (x,y,z) + t (време) 5D- фрекфренција,емоција и енергија( што се во човековото тело) Самата физика вели вака... Колку е поголема фрекфренцијата толку е покусо времто f=1/T Порталот за влез во 5-та димензија e 528 Hz. Нашето тело вибрира со одредена енергија по надминувањето на 528 човекот влегува во друга димензија на просветлување будење љубов среќа и повеќе алудира на НИЕ наместо ЈАС. 5-та димензија е научно признаена. Што значи влегувањето во 5-димензија ние би зрачеле со поголема енергија и побрзо би оствариле она што го сакаме ..и би ни било многу полесно дофатливо. На пример јас сакам да остварам одредни работи и за одреден период но сум ограничена со време место и можности и можам да остварам само одредени работи.. што со 5-та димензија би било поинаку(зрачњнето на таа фрекфренција би го скратил времнскиот период). Други работи што нашата енргија не кочи е појавување на страв,вина,бес.. и така натаму што во 5-та димензија би ги немало. Сега ќе одам веќе на она за кои имаме контра ставови. Ова е добро базирана теорија за мене на која се повеќе и верувам. Светот го наполнија со многу негативни работи. Но заразлика со минатото народот е едуциран и има поголем поглед кон светот и почува да се бори против робовладетелскиот систем (Протести на секаде и ...). И почнаа со пандемии со кратење на работа и бла бла... (Да имало пандемии ама вакви мерки немало... да имало пандемии ама политика за вакцини до толку никогаш не се водело ии да не породлжам да не навлезам во друга тема).Народот се буди а на големите сили (семејства) тоа не им одговара и . силите намерно предивикуваат демек природни катастрофи(земјотреси и сл) .А за струјата, помрачувањето,слаба мрежа ... мене ми го споделија многу поодамна пред да се случи,овој проблем народ со способности.. јас верувам дека постои можност се повеќе и повеќе дали ке настане е прашање на време.
aha, ako dobro te razbrav spored ovaa teorija voopsto ne stanuva zbor za premin i na fizickoto telo komplet pa i samata zemja vo 5D (na ova mislev jas koga rekov nevozmozno e) , tuku nie pak bi ostanale i okolu nas percepirale se vo 3D samo emociite ,energijata vo teloto bi preminale na povisoko nivo pa bi ziveele vo nekoja utopija bez emocii (nakratko kazano) dobro moze da se kaze i samo svesta bi bila na povisoko nivo .. ako e taka ne sum bas optimist brgu da se sluci,,nie na forumot se "utepavme" od dokazuvanje koj e vo pravo pa do vreganje i kavgi vo 5D toa bi go nemalo
За ова се сложувам за раѓање свест кај луѓето и осободување од пијавиците што им цицаат крв милениуми наназад. Гледаме колку се сменети работите во последниве неколку децении,како и вербата во "официјални авторитети" се намалува/не се зема сериозно како порано/се отфрла.Така го гледам ова како нова свест,не влегување физички во таа нова димензија(без физичко тело)И оптимист сум по ова прашање. Со тоа што паралелно милионерски месаји и самопрогласени богови(ванаби) веќе имаат сковано и слична нивна верзија на овој рај/утопија каде ќе си живеел по нивна замисла и дизајн и ќе си немал ништо(а они се) и ќе си бил среќен(неповрзано, ќе имале они дигитален пристап до твојот мозок / расположение/физичко здравје) И се hostile и не превише толерантни кон оние што не го гледаат ова како спас и подобрување на човештвото.Wonder why Moral of the story: Choose wisely.
Две забелешки. Првото= прашање: нели има малку проблем да сите го остварат она што го сакаат ако се сакаат различни, да не речам спротивни работи? Пример, јас сакам раат, слобода, куќа на море, самоодржливост, Бенџамин (да го речеме) сака да ги има сите ресурси и сите да му бидеме робови? Со второто-болд, ама ич не се согласувам. Мене не ми изгледа така, ниту едуцираност, ниту борба гледам, дури страшно ниво на нерационален конформизам и отсуство на критичка мисла. Критичка мисла не значи да си стално против, ама да преиспитуваш, да препрашуваш, каде умре question everything? Тоа со струјата никако не разбирам каква врска има, може сум промашила нешто. Дали теоријата вели дека е потребен блекаут за да се случи премин во/ кон таа 5та димензиа или што веќе?
Да, одличен е филмов ама не е истото со тоа за што е отворена темата.Во филмот се разгледува можноста за wormholes и патување низ време повеќе од научно фантастичен аспект.Во темава се мисли на нешто како промена на колективна свест, будење, повеќе спиритуални работи. Не ништо од ова не е научно.
Јунг бил многу револуционерен според мене за времето во кое живеел. Ретко кој психолог кој сака да го одржи својот углед пред колегите и научната фелја би се осмелил да зборува како него за работи кои навлегуваат во метафизика и парапсихологија. Не сум сигурна дека дури и денес професориве по психологија, бар нашиве, многу се впуштаат во тој правец, иако се учи парапсихологија и постојат институти за парапсихологија на светски познати факулти за психологија. Кога ќе почнеа да објаснуваат за колективно несвесно, архетипови, за есенцијата на човекот, имав впечаток дека студентите не разбираат баш до крај јасно што е точно сето тоа. Мислам дека тоа е затоа што не им беше предавана целата приказна за Јунг и како дошол до овие поими. Малку се учи биографскиот дел за Јунг на факс. Реално Јунг зборува за концепти кои се сега веќе познати како концепти на new age движењето, многу пред неговата појава. Не велам дека е тој хипик или дека припаѓа на некое вакво учење. Напротив, тој поаѓал од искуствата што ги имал стекнато во клиничката пракса со луѓето, но и од сопственото искуство. Дури кога завршив факултет и кога се информирав малку повеќе за него дознав дека имал и NDE (near death experience) во 1944 г. (Не знам како е преводот на македонски ваљда искуство блиску до смртта.) Искуството му влијаело врз психолошките теории кои ги прифатил, многу нормално. Колективното несвесно која ја надминува индивидуата, единката и до која сите имаме пристап. Оваа идеја ги има своите зачетоци уште кон крајот на 19-ти и почеток на 20-ви век. Продолжува и во учењето за Аkashic records и која ја развива Едгар Кејси (кој умрел 1945), па потоа во 70-те и хипиците и нивните „истражувања„ на овие концепти и обиди да навлезат во највисоките форми на несвесното со помош на психотропни супстанци, печурки и сл. Филмов интерстелар е одличен филм, ама не се однесува баш на оваа тема. Повеќе се однесува на теоријата на паралелни универзуми и идејата дека црните дупки се портали до нив. @Angie1432 еве истото го пишала дури го куцав одговоров Петтата димензија јас го сфаќам како уште еден, можеби историски понов, назив за повисока состојба на свесност која се стреми човекот да ја постигне.
Еве оговор на прашањата.. 1. Достигнувањто на 528Hz осначува просветлување,љубов и среќа.. што би го изобилувал народот со позитвни мисли и барања и нивно остварува .. Бенџамин во овој случај се политичарите(најаките семејства) и донекаде ние бидејки во нас се содржата стравови,гневои и бес кои резултираат со такви црни мисли или желби за контрола.. што велат колку е помоќен човек толку повеќе сака да котролира ... се изгубува човечноста ... 2.Според вибрационата скала сега ние се наогаме во период каде што покрај сите стравови бес итн.Кај повеќе од народот се појавува храброста, желбата да оствари дела и слично. Едукацијата не е само базирана на титула во одредено поле.. туку сознанијата за подобар свет... Колку работи ни се скирени но сепак имаме и преглед на тоа колку може подобро да биде и што лошо и што добро може да се случи. од Протести со повеќе од 10000 учесници 1990-1999- 78 протести 2000-2009-55 протести 2021-2020-282 протести Во 2021 до октомври има 230 протести значителни (права за црнците(ако не се лажам протестот влезе и во еден од наголемите во историјата 2020 го носеше името на убиениот црнец), Covid-19, климатски промени....) 3.Третово уште кога ја отворив темата напишв се верува и дека не е мој личен став но дека јас одбирам да верувам во таа теорија и поврзаност
528Hz е.. е призната.. научно е докажано дека е можно само што ектеприментите се извршени на глувци, лачење на тестостерон,терапија против анксиозност а Никола Тесла многу за ова објанувано во минатото. Она прашање што уште не е разработено е поправката или обновата на DNK на кое верувам се работи бидејќи немаат ја исклучено можноста. “If you want to find the secrets of the universe, think in terms of energy, frequency and vibration.” ― Nikola Tesla
Признаено е тренфер на состојба.. на глувци тестираноо и добиен ефект за кој се зборува во темата ( напишав што е досега и на што се работи и не се исклучува)
Ако ги игнорирам сите нелогичности во твојот пост, да пресметаме колкав ќе биде овој период. Според формулата што си ја напишала Т=1/f=1/528=0.0019 секунди. Дали ова значи дека за толку краток период ќе добиеме сè што посакуваме? И цитатот од Тесла не гледам каква поврзаност има со темава. Сè што знаеме за универзумот е преку мерењата на фреквенции (со помош на Доплеровиот ефект знаеме дека тој се шири), преку енергијата која ја зрачат планетите и сл. И не само за универзумот, истите принципи и мерења важат и за микроскопско ниво.
Друга наука. Го прочитав само првото мислење, после ќе се вратам можеби со време во плус. Убава тема, интересна теза, само да видиме колку има смисла. Со две димензии, односно должина и ширина, ќе дефинирам координати во областа. Со три димензии, ќе прецизирам значи и простор. На пример, договараме да се сретнеме на некоја улица (должина) со број 104 (ширина) на петти кат (висина). Ама средбата се уште не може да се оствари, бидејќи фали димензија број 4 (време). Само со четвртата димензија, ќе ја дефинираме прецизно точката на средбата. Е сега, мене ме интересира како 5 - та димензија го продолжува ова?
Nice ti see you again. Ја ко шо го разбрав, инстантно ќе се најдете, док кажеш швец, ваљда не губиш време. Нешто ко во метаверзумот од Марко
Луѓето ќе слушнат за енергија и ја користат за се. како на пример овде https://vm.tiktok.com/ZM8x32uR7/. Ова со фреквенцииве ми е познато баш од тикток, еден куп испревртени работи, како луѓе што никогаш не учеле за физика да дознаваат за фреквенции и пробуваат да го спојат со спиритуални идеи.Премногу messy, збркано и милион чудно споени работи. Иначе да, баш читав нешто за стаорци и 528Hz ама пак нема никаква поврзаност меѓу тоа и идеја за преминување во други димензии...пошто кај стаорците се зголемувал тестостеронот, нешто што нема врска со тоа што се збори тука.
Епа тоа е проблемот, ќе прочитаат или научат некои физички работи па ги интерпретираат по своја желба. Затоа и ја цитирав членката, формулата дава точно определен период за таа фреквенција. Не може само да се напише дека ќе е помал периодот за исполнување на желбата. Физиката дава конкретни одговори и апсурдно е да се користи за вакви спиритуални работи. А, и после гледањето на видеото стварно не сакам да осцилираме со таа фреквенција, не е пријатна за слушање Секако, ако се мисли на фреквенција на звук (не е кажано конкретно за што станува збор), бидејќи нели има различни видови фреквенции