1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

5 тибетанци

Дискусија во 'Слободно време' започната од anastasija85, 20 март 2013.

  1. anastasija85

    anastasija85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    1.027
    Што има Тибет? Тибет има свои лами, монаси и манастири. Има своја висорамнина, свои Јангце, Хоанхо, Инд и Ганг. Своја традиција, јазик, империја, знаме. Свои воени конфликти, своја книга на мртвите … Но Тибет има и свои практични ритуали.

    Tibetan rites

    Секое тело има седум енергетски центри или чакри. Визуелно можеме да ги замислиме како невидливи енергетски полиња кои се вртат. Секоја чакра е во одредена врска со седумте ендокрини жлезди во човечкото тело. Познато е дека овие хормони управуваат со сите телесни функции, вклучувајќи го и процесот на стареење. Не сум сретнала некој досега што не сака да остане ,,вечно млад“, и покрај тоа што знаеме дека процесот на стареење е неминовен и природен.



    Тибетантските ритуали или популарно наречени Т5Т (The Five Tibetans) не претставуваат ништо чудно и мистично. Тоа се всушност пет мали практични вежби кои се од огромно значење за нашето тело бидејќи ги раздвижуваат сите негови витални делови со едноставни и елементарни движења. Тибетанците се вежбаат независно од полот, возраста и пропратните болести. Биле практикувани со стотици години наназад пред да ги открие ,,белиот човек” од Западот.



    Кажете ми колку пати дневно правите дома ритуали? Пиење на кафе, туширање, местење на косата. Па дури и преслекувањето на мислите е своевиден ритуал. Колку пати сте биле во дилема да го промените својот ритуал, неговиот редослед, па ако сакате и неговиот крај? И ако имате некоја ,,лоша” навика запрашајте се зошто ви служи? А што би се случило ако се ослободите од неа или евентуално ја замените со некоја подобра?



    Ритуалот како ритуал има своја психолошка вредносна единица доколку не му робувате. Може да стане корисна навика под услов да останеме свесни за неговите предности. Психолозите пресметале дека некоја работа да прерасне во навика, потребно е да се повтори точно 21 пат. Тибетанците исто така се повторуваат 21 пат. Very very happy coincidence, I would say.

    Тибетанците ги научив одамна од Чен. Чен ја паметат веројатно сите кои вежбаат tai chi cuan во Скопје, а богами и многу луѓе кои живеат во Стар и Нов Аеродром. Честопати имаше обичај да пешачи покрај кејот на Вардар во овие населби движејќи се наопачки, наназад со едно стапче во раката кое стално го моташе. Чен замина (мислам во Романија) но ни го остави своето наследство кое веројатно го носела во својот ген со генерации. Честопати велам дека многу паметни работи дошле од истокот, а Тибетанците се веројатно една од најмоќните за добробитот на целото човештво.



    Вежбите се практикуваат во непарен број (по 3,5,7 пати …) се додека не се стигне до бројката од 21 пат за секој ритуал посебно. Во почетокот додека телото се навикне потребно е да се почне со вежбање на секој ритуал барем по три пати дневно, а потоа може секоја следна недела да зголемувате за по два пати без лимитирање во кој период од денот се прават. Важно е да се работат последователно, но доколку некој не може да извежба некој од ритуалите, може да се изостави. Тибетанците се вежбаат без некој поголем напор и се прават со онолку енергија колку што може да вложи телото.





    Првото нешто на кое треба да внимавате, тоа е вашето тело оти треба да ве служи до крајот на животот. Во здраво тело здрав дух, нели вели старата поговорка. Со секојдневно практикување на тибетанците се подобрува не само вашето физичко, туку и емоционално, ментално и спиритуално ниво. За почеток можете, но и не морате да го посетите вашиот лекар за консултација, но секако би било добро да се информирате што всушност претставуваат овие пет мали вежби. Колку што ми е на мене до сега познато, единствен извор на податоци за овие прастари тибетантски ритуали кои претставууваат клуч за одржување на младоста, здравјето и виталноста е книгата Фонтана на Младоста од Петер Калдер која ја аплоудував во две верзии (со српски превод). Па не чекајте нешто да ве заболи. Само напред, подобро е било што да се спречи, отколку подоцна да се лечи.


    http://www.youtube.com/watch?v=_7JIVyy-tH0

    дали некогаш сте ги правеле овие вежби и како сте задоволни од нив?
     
    На kikikikirika и Gordana10 им се допаѓа ова.
  2. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски

    Прв пат читам за нив од тука, ги немам правено вежбите, но околу чакрите и сето тоа што го кажа, ми е познато од јогата.Сосем точно е тоа за чакрите и се од голема важност.Колку што знам доколку истите не функционираат правилно, не можат да го зачуваат телото во здрава состојба.Токму затоа се и ваквиот тип на вежби за да се воспостави баланс во организмот.
    Во врска со ритуалите, како пример пиење кафе или слично, едноставно ги правиме, не затоа што ни се навистина потребни, неопходни, туку затоа што мислиме дека не можеме без нив, без разлика дали се штетни или не.Некогаш човек и да знае за негативното влијание кое го имаат на телото, сепак упорно посегнува по нив, мислејки дека доколку ги отстрани тие ритуали или навики, нешто лошо ќе се случи, па затоа и не се откажува од истите.Добро е да ги практикува, доколку истите се корисни и не штетни.
    Исто така, целосно се согласувам со последното што го кажа.Треба да се внимава на телото, неговото здравје, бидејки ако не функционира истото како што треба, тогаш многу работи кои ќе сакаме да ги реализираме во животот, ќе бидеме спречени токму поради тоа.Затоа, пред да се појави болест, треба да се зачува здравјето, што обично на тоа ни текнува доцна, кога болеста ќе се појави.Како ќе има сила организмот да се справи со болеста доколку се појави, ако претходно не се направи ништо за зајакнување на имунитетот? Нема да се справи, не дека нема да може, туку шансите за неговата борба со болеста ќе бидат мали.
    Интересни се овие работи, кои и те како имаат големо значење во животот.
     
    На anastasija85 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.681
    Допаѓања:
    97.907
    Пол:
    Женски
    Секој дел вежби си има свое значење.
    Прв тибетанец ја зголемува телесната и духовната раздвиженост и ја стабилизира психичката состојба.
    Втор тибетанец ве враќа во вашето средиште и ги зајакнува стомачните мускули и имунитетот.
    Трет тибетанец го шири градниот кош и помага појасно да се видат животните цели.
    Четвртиот тибетанец го исправува вратот ,го јакне рбетот,го активира варењето на храната .
    Петтиот тибетанец го прочистува умот и го анулира лошото расположение.
    При правењето на вежбите треба да се слуша телото и бројот на вежбите полека да се зголемува.Вежбите не се ни малку лесни и наивни.Врвот на спремноста е да се направат 21 вежба.
     
    На anastasija85 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. papagal4e

    papagal4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    135
    Јас првпат слушам,но ке пробам.
     
  5. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.484
    Пол:
    Женски
    Како досега не сум забележала дека има тема за моите омилени вежбички...

    Ги правам веќе може 2 години секојден, ретко кога заборавам да ги направам. Нели највисоко ниво е до 21 пати да ја повториш вежбата, еден период можев сега не сум ни пробала, јас секогаш по 15 пати ги правам.

    Иако изгледаат лесни, напорни се ако ги правиш повеке пати. Е сега дали подмладуваат не знам, ама мене ми се предобри.

    Посебно ги препорачувам за мрзи како мене што никакви други вежби не прават.