1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

5:2 Диета

Дискусија во 'Диети' започната од Lilit, 26 декември 2013.

  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.689
    Допаѓања:
    150.088
    Диетата 5:2 која во 2013-та го освои светот ви овозможува да јадете сè што ќе посакате, но само пет дена во неделата. Истата е дело на Мајкл Мозли и Мими Спенсер, а е базирана на истражувањата на американските и британските научници кои тврдат дека принципот на исхрана во кој е предвиден и определен пост им помага на луѓето полесно да ги загубат килограмите и да ги стопат масните наслаги.

    Како функционира?

    За време на оваа диета ви е дозволено да јадете што сакате во текот на 5 дена во неделата додека во преостанатите 2 дена треба да се внесуваат само по 600 калории на ден.

    Кои правила треба да ги следите?

    1.Јадете нормално и здраво во текот на неделата (не повеќе од 2000 калории)

    2. Два пати во неделата внесувајте по 600 калории од ден

    3. Три пати во неделата вежбајте по 30 минути.

    Што да јадете во деновите кога внесувате 600 калории?

    Се што ќе посакате се додека истото не го преминува лимитот. На пример за појадок можете да јадете парче сланина и две јајца или пак омлет со печурки. За ручек ви препорачуваме печена риба со зеленчук или пак супа со домати и лук. Вечерата завршете ја со пилешко или морски плодови. Во текот на денот пијте вода, кафе или зелен чај. Во овие денови не се препорачува да вежбате.

    Кои се предностите на диетата?

    Освен тоа што се исхранувате здраво и притоа губите килограми, според истражувањата диетата има и некои друг предности како:

    -превенција против болести

    -зголемување на животниот век

    -подобрена когнитивна функција и заштита од деменција и Алцхајмерова болест

    Кои се недостатоците?

    Во деновите кога внесувате помал број на калории може да ви се појави вртоглавица, потешкотии со спиењето, нервоза и намалување на енергијата особено ако претходно сте биле навикнати на обилна исхрана. Диетата не се препорачува за бремени жени, дијабетичари и луѓе со пореметувања во исхраната.
     
    На anuskaNESTLE му/ѝ се допаѓа ова.
  2. MorbGoth.666

    MorbGoth.666 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    148
    Ајде нека помине НГ ќе пробам :)
     
  3. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.370
    Има и две варијанти на диетата, двата дена по 600 калории да се разделени и нешто потешката да се споени (тогаш има уште поголем ефект).

    Друга варијација е место 600 калории да се пие само вода или чај или свежо цеден сок од зеленчук :) .
     
  4. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.689
    Допаѓања:
    150.088
    Ма ефектот на крај каков е?
    Ова е премногу лесно на прв поглед.
    Дали е поздрава варијанта на било кои други диети?
    Барем не е монотоно како онаа глупата УН диета.
     
    На Viktorijaaa5 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.415
    Пол:
    Женски
    Со еднократна употреба не би имало ефект, ама да се научи организмот вака да функцинира не гледам ништо страшно.
    Убав предлог даде Икс-Мен, со воден ден, знам жена во години, баба, која секој петок и е воден ден, на природни сокови, чаеви и млеко. Изгледа како да има 50, а има 70 години, витка е и здрава.
    Не е лошо, преку недела да се јаде понормално, за викенд да се внимава малку поише.
    Може да се проба, ништо не губиме.
     
    На Lilit и XMaN им се допаѓа ова.
  6. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.121
    Пол:
    Женски
    Од 1ви јануари, чесен пионерски збор. :( :D
     
    На XMaN му/ѝ се допаѓа ова.
  7. MorbGoth.666

    MorbGoth.666 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    148
    А дали се враќаат килограмите? И што откако ќе се заврши?
     
  8. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.370
    Не се завршува, од само една недела нема голема корист ама од таков режим на живот има огромна корист посебно ако се прави со воден ден и ден со сокови :).
     
  9. chips.for.free

    chips.for.free Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2013
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    37
    Од 20 Јануари ќе ја почнам :)
     
  10. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.689
    Допаѓања:
    150.088
    Денов почнат со помија - една банана, една мандарина, 4 суви смокви, исецкани и измешани со лажица цимет и шоља јогурт, две лажици житарки, 5 исецкани непечени бадеми, мелена мешавина семиња,плус семе од коприва и коноп (ммм коноп :D ).
    Ручек ваљда салата и стек, вечера шоља јогурт или само салата.
    Одам на верзија 5 јадење, 2 дена ич. Е така. Да не пишувам секој ден, појадокот вака ќе ми биде сигурно, ручекот ќе биде варијација од стекови, печурки, салати, јајца, риба, зеленчук, ориз и сладок компир, секако се со зачини и со маслиново и со кокосово масленце. Ужина може по некое овошје или еден двопек со путер од кикирики или нешто ми ти такво.
    Кога јадам нешто помијасто како погорното во различни варијации чија основа е банана, изедено пола час после станување (оти прво пијам апче, морам да чекам), побрзо слабеам и сита сум добар дел од денот. И за разлика само од житарки кои ми се одвратни, ова ми е многу, многу вкусно. Исто добро ми оди со некои тн мрсни појадоци од типот пржени јајца и сланини, ама за тоа од сабајле баш и немам многу време да го правам, плус така може и да те замириса и покрај аспиратор, ова е супер алтернатива.
     
    На EuHenIa и Hipster им се допаѓа ова.
  11. Naj.mila

    Naj.mila Активен член

    Се зачлени на:
    7 септември 2013
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    0
    Sakam da oslabam vo liceto , kako da go postignam toa?
     
  12. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.399
    Допаѓања:
    81.591
    Пол:
    Женски
    Диета кај која 5 дена се јаде нормално,а 2 дена се калориски редуцирани посни денови.Се слабее 4-6 кг месечно и се смета за диета која е здрава,и кај која не се враќаат кг.Дали некој ја има држено?
    Или има друштво да ја почнеме заедно,после празнициве?:D
    https://www.google.com/amp/s/miss7zdrava.24sata.hr/amp/dijeta/fast-dijeta-4472
    https://www.fitness.com.hr/prehrana/dijete/5-2-dijeta-gubite-visak-masti.aspx
     
    На LunaGrey му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.399
    Допаѓања:
    81.591
    Пол:
    Женски
    На LunaGrey му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.321
    А не е поарно секој ден да се биде во умерен калориски дефицит, притоа и навика ќе стекнеш.:?: Да речеме внесуваш по 1300 калории дневно.
    Вака 5 дена јадеш што ти дојде, после два дена треба да се стискаш одеднаш. А и 500 калории се премалку за во денот, макар што треба два дена да издржиш.
    Не знам, чудна ми е диетава:?:
     
    На Animali и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  15. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.399
    Допаѓања:
    81.591
    Пол:
    Женски
    Па добро може да е умерена исхрана 5 дена,и пишува дека ако се прејадува секој ден со џанк фуд тие два дена пост се бескорисни,но се смета за најздрава диета ,и нема јо јо ефект.
    Незнам,мене ми изгледа ок,ќе ја пробам ,а тие два дена пост би дошле како прочистување на организмот.
    Добар режим е всушност,а не е тешка.
     
  16. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.399
    Допаѓања:
    81.591
    Пол:
    Женски
    2 недели јас -2 кг.
    Само модифицирани еден посен ден,еден на течности.