Адам Сендлер ми е многу ок, лабаво типче и скоро секогаш ме смее иако глуми дебилче скоро во секој филм. 50 први состаноци е интересна романтична комедија. Самата идеја ми се допаѓа, наобично и смешно. Ми се допаѓа како секој ден одново и одново се обидуваше да ја освои за на крајот од денот пак да завршат заедно. Одлична беше идејата да ја снима и така да продолжат да живеат. Музиката ми е хитче! Леле кога плачеше на бродчето хахаха, се дереше и ја пееше песната
Го имам гледано 2-3 пати. Добар филм кој ни дава лажна поука колку е силна љубовта и колку е човекот, упорен и решен да ја освои девојката секој ден. Викам лажна бидејќи тоа го нема во реалниот свет.