1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

50 нијанси на сиво (Е. Л. Џејмс)

Дискусија во 'Книги' започната од Spidy, 24 септември 2012.

  1. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.196
    Допаѓања:
    10.835
    Пол:
    Женски
    Fifty Shades of Grey - E. L. James


    Викендов случајно ми падна во раце оваа книга за која прочитав многу работи по интернетов, нешто добро, повеќе лошо, но сепак доволно ме заинтересира за да веднаш почнам да ја читам штом ја видов.
    Јас лично сум задоволна од книгата, особено од тоа што до последните неколку страни не открива како точно ќе заврши целата приказна. Сите негативни критики кои ги прочитав мислам дека би биле поддржани само од личности кои можеби имаат прочитано повеќе (и можеби подобри) еротски романи, но за мене како прва ваква книга :$ навистина ми се допадна.

    Приказната ја раскажува Анастасија Стил во прво лице, млада девојка без воопшто сексуално искуство, која налетува на Кристијан Греј, милионер-садист кој пробува да ја завлече во својот луд свет. Два спротивни лика кои некако наоѓаат заедничка средина низ целата книга се до моментот кога едниот решава да биде "my way or the high way"...
    Не би сакала да го откријам крајот ;)

    Морам да напоменам дека книгата ја читав на англиски, што дава огромна димензија на било која книга (да се прочита на јазикот на кој е напишана, а не преведена).
    Искрено не би ја препорачала на помладите феминки (од очигледни причини :lol: ) но е сепак е дело кое дава убав увид во емоциите на ликовите, од најдобрите до најлошите делови на човечката психа.

    Пријатно читање... ;)
     

    Прикачени фајлови:

    На ftwtrw и XstrongerX им се допаѓа ова.
  2. BV87

    BV87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    81
    Ги прочитав двата дела 50 нијанси на сиво и 50 нијанси потемно и сега моментално го читам третиот дел 50 нијанси слободно. Вториот дел е подобар, повеќе внимание е посветено на тоа зошто Кристијан е таков каков што е, а и стилот на пишување е за нијанса подобар од првиот дел. Не се лоши книгите ма да не се ни до толку добри колку што се дига фама околу нив. Според мене просечен љубовно/еротски роман.
    Се шушка дека ке се снима и филм според книгата и живо ме интересира кој ќе го глуми Кристијан Греј.
     
    На Spidy му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Ох па и тема имаме :)

    Не можам да опишам колку си бев лута сама на себеси што подлегнав на љубопитсвото и на целата фама околу книгава, го послушав другар ми и ја прифатив понудата да ја прочитам.
    Сега можам да кажам, дека изгубив само време. За среќа не драгоцено затоа што е толку просто пишувана книгава, што буквално се чита ко весник - во еден здив.

    Нема концепција книгава, поента па ич не ни знам дали има некаква. Ликовите не ми се убаво сработени, ме бунат. Ме буни цурата, ме буни и типот. Значи или - или! Вака не можам да си направам слика за нив какви се ко карактери.
    И ајде си реков, ако ништо друго, ајде да ме пали книгава, еротика, порнич во пишана верзија - зошто да не?
    После првата секс сцена фатив да се смеам и веднаш сфатив зошто токму Американците се луди по книгава.
    Поголеми глупости и нелогичности не сум прочитала, па богами одамна. Автоматски веќе не ме ни палеше книгата, затоа што не е реална а ако плескање по дупе се карактеризира ко садо мазо, мхм...ај важи :)

    Крај краева, има еден тип кој пишал критика за книгава, и сосема ме погоди.
    http://off.net.mk/bookbox/chitanka/50-nijansi-sivo-od-e-l-dzhejms-ili-zoshto-od-site-nijansi-na-sivo-ja-biram-sasha

    Не ми доаѓа ни на крај на памет да го прочитам вториот дел. За третиот пак ич да не правам муабет. Книгава ми изгледа ко нафрлена фантазија на една сексуално неисполнета тетка. Очигледно, затоа што онака сексот во реалноста не изгледа баш. Имам прочитано многу подобри еротски романи и за жал овој не би го ставила во таа група.

    Да, книгава е благо речено ужас. Барем за мене. И не пали кај мене финтата на „ај бе добра е за одмарање мозок“ (како што ми рекоа). Мене глупави книги ме иритираат така да кога нешто ќе ме изнервира не би рекла дека мозоков ми одморил.

    Инаку Кристијан Греј би требало да го глуми Ryan Gosling ;) Барем така прочитав.
     
    На mh23, Twinkles, genijalci и 6 други им се допаѓа ова.
  4. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    317
    И јас се излажав по некои критики и ја купив.
    Врска нема.. :Down:
     
    На mh23 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.196
    Допаѓања:
    10.835
    Пол:
    Женски
    Само што го завршив и вториот дел, и сосема се согласувам.
    Очекував во друга насока да оди приказната, ама бидејќи сум си хоуплес романтик, стварно се надевам на хепи енд :)
     
    На mh23 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. BV87

    BV87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    81
    Дефинитивно вториот дел е најдобар од трилогијата. Третиот дел не е толку динамичен ( при крај станува интересен), а најголем е од сите над 500 и нешто страни е, ма да толку пати едни исти фрази се повторуваат што е страшно. Ама не се секирај, има хепи енд - и не е некое големо изненадување. Искрено не ми е јасно како ваков просечен тип на книга да заработи толку милион долари.
     
  7. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.320
    Допаѓања:
    101.520
    Пол:
    Женски
    Моментално ја читам првата книга од трилогијата. И мене ми се допаѓа. Не очекував некоја тешка тематика, туку еротско романче за луфтирање мозок. А во периодов ми треба лесна книга. И едно заклучив, оваа книга треба да ја читаат мажите, тогаш можеби ќе има многу посреќни жени. И не, не мислам во материјалниот дел од книгата :lol:
     
  8. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.634
    600 ден? :rofl:
    Ain't gonna happen. |(
    Па колку сака филмови нека ми прави продавачката дека уште само една останала.
     
    На kjukli и Liksi им се допаѓа ова.
  9. BV87

    BV87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    81
    Ги имаш во пдф формат сите три дела, не вреди за тие пари
     
  10. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.634
    BV87, знам дека не вреди. Затоа пишав ain't gonna happen.
    Влегов со цел друга да купам ама љубопитноста беше посилна од мене.
    Морав да прашам колку и е цената. :)
     
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.514
    Пол:
    Женски
    600 ден. ццц... Не да не вреди...
    Ми кажаа демек вториот дел бил подобро напишан, речениците биле поконцизни, немало толку повторување на зборови, ама некако не можам да се излажам да го прочитам.
     
  12. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    614
    Допаѓања:
    1.991
    Ја реков дека никогаш нема да ја прочитам, и ме снајде - ја добив на поклон :( Можам да му ја подарам на некој ако сака, првиот дел , секако дека немам намера да ја читам :D
     
    На parfemlilav и Miss.Bass им се допаѓа ова.
  13. Lenni

    Lenni Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2012
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    50
    Ова е следно што ќе го читам. Добив барем едно 10 препораки за тие 50 нијанси... Да, да... (God gave us the rainbow, but we wanna 50 shades of grey . . . ;))
    A, и штета што не го одбраа Hеnry Cаvill за К.Греј :(
     
    На Jordanovska-K му/ѝ се допаѓа ова.
  14. TinaM25

    TinaM25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2009
    Пораки:
    230
    Допаѓања:
    40
    Пол:
    Женски
    Ги прочитав сите три дела за три дена и мене искрено ми се допадна. Еротските делови со време ми станаа досадни, ама приказната ептен ме погоди. Како двајцата се запознаваат и како завршуваат на крај. Ептен се трогнав, како можат луѓе да се променат во име на љубовта. Посакувам да ја имам таа среќа да запознаам некој што ќе ме сака до тој степен. Последниот дел ме натера да плачам како мало дете, посебно последните реченици. Не е некое незнам какво литературно дело, но мене лично ми се допадна.

    п.с. Незнам зошто, но песната на Кристина Агилера ме следеше целото време додека читав (your body) :D
     
    На SaNJaAaaAaa му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Angel-Adriana

    Angel-Adriana Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    555
    Имав рауми од книгава! Една вечер станав и ми беше страв, се препотив, такви кошмари имав! :sweat: Воопшто не ми се свиѓаше! :puke: :x
     
  16. plawa

    plawa Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2011
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    130
    ^^ Може сум глупа, дека плава. Ама ај те молам просветли ме какви кошмари може да се има од еротски роман??? :?: :roll:
     
  17. Angel-Adriana

    Angel-Adriana Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    555
    Јас не верувам дека си глупава :) Да не сватиш дека те вреѓам! :!: Ама многу одвратно ми беше каде што пишуваше големи нужди, мали нужди! :puke:
     
  18. MissDior

    MissDior Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2011
    Пораки:
    1.184
    Допаѓања:
    10.085
    Деновиве ми дојде книгава до рака и онака среќна викам конечно и јас да видам зошто паѓа цела свет во несвест. Не би сакала никого да навредам ама книгава е ср*ње, петпарачка шпанска серија со еротски призвук. Моја грашка што не се информирав (никогаш не сакам да читам кратка содржина ми го упропастува изненадувањето) за тематиката, бидејќи еротски роман не е баш мое поле на интерес макар и во слободно време. За читателите со истенчен вкус за литература кои бараат интелектуален импулс, не се ни обидувајте да ја читате книгава, губење време е. Ако цел свет полудел по 50 нијанси на сиво јасно ми е до каде дојде човештвото. Извинете ме на израз ама книгава требало да се вика 50 нијанси на ср*ње! :rofl:
     
    На mh23 и Lola-M им се допаѓа ова.
  19. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    И јас се чудам како се излажав да ја почнам да ја читам :x стигнав до 100 и некоја страна , божее која глупост прво приказната лимонатка просечна девојка ја засакува принц од бајките кој има темна страна :D и ајде се читаше кога почна да ја тупи со деталните описи кои ни малку не се еротски туку чиста бљујотина на вулгарност и оскудна фантазија а богами и никаков допир со реалноста , само вулгарен и сув опис на садо мазо порно клип :puke: :puke: :puke: :puke: И дефинитивно нема да ја дочитам . А па за другите делови не станува збор , ги имам во пдф формат сите ама нема шанси да ги читам :swear:
    Не знам која популарност ја доживеа просто да се чудиш
     
    На mh23 и Lola-M им се допаѓа ова.
  20. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.477
    Mimiii што те чуди. Коа моеше Твајлајт толкава слава да здобие,зошто не и книгава :D Мене искрено ми се допаднаа сите три дела. :)