Пред некое време паднав во дискусија со сестра ми за трилогијава. Нејзе и се допаѓа, не до тој степен да се треска од земја и да ја препорачува на секој, ама вели и била интерсна за читање. Дискусијата се водеше за тоа на каков начин е напишана, бидејки мене не ми се допаѓаше ниту стилот на пишување, ниту темата на приказната, а поготово не ми се допадна начинот на кој "писателката" ги опишала така наречените еротски делови кои според мене воопшто не се еротски. И аргументот на сестра ми беше дека сепак треба да имам обзир дека серијалот го пишувала обична домаќинка а чим е бестселер веќе некое време значи има нешто добро во него. Моето мислење беше, и Џ.К. Роyлингс била обична жена, која серијалот за Хари Потер (потчно првите книги) ги пишувала додека патувала со воз, чинам на патот до работа беше, или нешто слично, па сепак нејзиниот серијал е нешто на што "50 нијанси сиво" неможе во никаква смисла да му парира. (без разлика што се сосема различни жанрови) Се на се, чиста глупост, без никаква литертурна вредност, без употреба на никаква имагинација, обично чик-лит срање. Инаку ја читав на англиски, само првиот дел, и тоа до пола, и неможев никако да се натерам да ја прочитам до крај.
Сестра ти помала е Можам да замислам дека на тинејџерите многу им е интересна и највеќе што ме нервираше е тоа Shit Shit , Oh my god 100 пати се повторува Spoiler Јас уште кога го прочитав делот каде губи невиност Анастасија и свршува 3 пати се изнасмеав и си реков авторот сигурно е невин
Па што може да се очекува од домаќинка што нема друга работа и има просечен сексуален живот.( Ова го има изјавено мажот и.) Се гледа дека е полуписмена со употребување на истите фрази, имагинацијата и е сосема просечна, описите на ниво на дете од прво одделение... Oh my, oh my...
Не, напротив, постара е од мене 5 години што да праам, имам сестра што нема вкус кога се во прашање книгите хаха
Ме интересира книгава- ми ја препорачале неколку другарки Прочитав дека некој ја имал во пдф- па би ве замолила, ако имате време да ми го испратите или пак да ми пратите страна каде што ќе можам да ја спуштам (може и на англиски). Поздрав
Јас ги најдов на Google, само побарај pdf download... Јас си ги имав ставено на мобилен, си читав на предавања
Јас го прочитав првиот дел, го земав од библиотека. И не сакам да ги оставам недовршени работите, па макар и дочитувањето на останатите делови. Барав на Гугл пдф формат на книгата ама не можев да најдам, конкретно 2 дел. Ај некоја ако најде нека постира тука.
Еве ги сите три дела, само кликнете на името на која книга сакате да ја симнете и на наредната страна има линк http://www.pdfebookfree.com/fifty-shades-trilogy-pdf-download.html
Неможам да ја на најдам на интернет на македонски,само на англиски.А ми имаат кажувано дека ја имало,па ако на некој не му е тешко да стави линк )
http://www.laguna.rs/o1918_pedeset_nijansi_siva.pdf Се надевам ќе ти заврши работа иако не е на мак ќе ја разбереш
Се извинувам за оф топик Spoiler дали сеуште ја имаш книгата и дали може да ми ја подариш/продадеш доколку си заинтересирана пиши ми лп
Јас на англиски си ги прочитав сите 3 дела,чисто од љубопитност.Не ми се допаднааа,книгите се толку некреативно напишани ко некоја средношколка да ги пишувала мислам еден збор на секоја страна се повторува,досадно,безвезе сторија со глупава доза на еротика.3/10
Ги имам прочитано сите три дела, ги прочитав за недела дена Mене лично ми беше многу интересна и заразна книгава, лесна книга, лимонадка, баш за релаксација. Земав да ја читам бидејки беше фалена насекаде, светски бест селер и не се покајав. Единствено што ми сметаше е македонскиот превод, толку печатни грешки и толку глуп превод сеуште немам сретнато. Красно си појдов да ја земам на српски, ама мајка ми ме престигна ми ја купила на македонски...Ете тоа е нешто што ми сметаше додека ја читав, но во секој случај супер интересна книга. Сега баш ме интересира каков ке е филмот, но како и по обичај книгата е секогаш боља, а изборот а Ана некако не ми се допаѓа, Кристијан е ок.
Може ли некој да ми даде линк каде ги има сите три дела од книгава целосно, за читање онлине и да е на македонски, српски или нешто слично
Очиве ми светнаа - БУКВАЛНО ! Ремек дело на еротиката. Секс на хартија. п.с. На "парче" цената се движи 800/900 денари Колку се комплет ?! Барав, не ги нудат заедно . Само промотивни реклами среќавам по фб за таков пакет, на мое големо разочарување. Наводно 1500 трите.
Ја земав првата дадена, втора рака. Од 70 годишна жена, алал да и е на интерест ама и она рече за џабе се дига прашина. Не ја дочитав. Какви еротски книги имам прочитано, оваа е Том и Џери во споредба.
Мене ми личеше на оние љубовни викенд романчиња на времето.Напишана без некоја страст како шупливо дрво.Не знам само зошто толкава фама се дигна околу неа.