Значи вака знам дека имам отворено тема која е скроз спротивна на оваа што сега ќе ја пишам но кој има прочитано таа и кој ќе ја чита оваа ако разбери нека разбери ако не жал ми е. Мислам дека форумов е ѕа да се советуваме, да споделуваме мислења, искуства а пред се да комуницираме/дискутираме.Па затоа го пишам овa Се инспирирав да го споделам ова со раѕговорите кои често ги имам со баба ми и дедо ми, а и тоа што имам читано,истражувано, гледано филмови и што уште не. Често си мислам дека сум родена во погрешна генерација но што да се прави прифаќам да живеам сега НОРМАЛНО. Сакам да напоменам дека не ми е јасно како се движи времево па се наеднаш и набрзина се менува. 50'-75'години по мое мислење мислам дека биле најубавите години. И не ми зборувајте дека имало војни, земјотреси бла бла бла..ѕатоа што ене ги моите баба и дедо се сеуште здрави и живи фала му на Бога! Светот толку е сменет и се менува со брзина на светлината што повеќе не се знае ни што е ПРАВ маж и ПРАВА ЖЕНА.Се прашувам како ли дојде до толку сите да бидеме расипани, љубоморни, озборувачи пред се затворени луѓе. Се повеќе и повеќе депресивни, не излегуваат од дома, се се врти околу семејството Кардашијан, околу интернетот итн.Сите сакаат лежејќи да заработуваат, да бидат славни пејачи,глумци итн.' Посакувам војската да биде морална бидејќи се извинувам на изразот но се повеќе и повеќе гледам како машките се испедерчуваат, се депилираат, се шминкаат И НЕ ЗНААТ ШТО Е ВИСТИНСКА ФИЗИЧКА РАБОТА..А за жените пак да не зборувам! Живееме во толку одвратен свет каде што се е измешано, одвратно и сето тоа ние новите генерации го направивме и продолжуваме да го правиме тоа.А да бидиме реални колку што е добра и оваа технологијата толку повеќе е и лоша.Се се сведе на Дрога,Алкохол,Кој каде е излезен, Мување со кој ќе стигнеш,Сексот и Парите. А посебно овие мали деца кои не знаат ни да почитуваат, уште од мали нозе знаат да зборуваат само за секс и безобразни работи и како шлаг на тортата не се ни срамат! Се пијанчат, пушат секој втор почна да се дрогира, која девојка има поголеми усни направено и така. Машките се фаќаат за задници имаат женско понашање. Ужасно не ми се живее повеќе зашто само околу неколку работи се врти светот и се се знае со интернетот и паметните телефони и ТОЛКУ! Сите деца почнаја да неучат ужас, ужас, ужас! Со ова не сакам да кажам дека порaно било само мед и млеко и дека тогаш немало лоши работи но сакам да кажам дека тогаш луѓето биле посреќни иако можеби живееле во сиромаштија и јаделе леб и сол. Нон стоп беа надвор, со сите си имаја здраво а не како сега сите со наведнати глави, намуртени,И да сите пишуваме на социјалните мрежи "срце, муце, тс" но дали од срце сте го напишале тоа или ради реда онака?.. Сите луѓе се претворени во фејк фигури! Можеби луѓето порано работале од утро до вечер, но со песна и НАСМЕВКА. И да ова не го кажувам од памет, иако не сум живеела во тоа време иако би сакала макар сега да имав и 80 години не ме интересира. Според тоа што го истражував, читав и гледав сегашниот начин на чивот со тогашниот се небо и земја. Се трудев што пократко да напишам иако можам книга да напишам за ова..Па затоа можеби е измешано но сепак се потрудив и би сакала да чујам ваше мислење да дискутираме малку. Иако ништо нема да се смени сепак. Ако има ваква тема, или ако не е оваа соодветна на форумов избришете ја слободно. Јас само сакав да кажам колку сегашниов живот е жалосно депресивен според луѓето околу мене кои ги слушам нон'стоп како се жалат! И да ако мислите дека грешам со напишаново прашајте ги вашите баби и дедовци па се ќе ви објаснат. И ова ќе го заборавев каде е слободата пред се?? Сега не смееш од страв да излезеш на улица зашто можеби некој ќе те грабне, ќе те силyва, ќе те убие БЕЗ причина. Тогаш имало слобода ако не за друго И во 1 часот по полноќ сам да се шеташ никој ништо лошо не ти правел.Тоа е разликата!
Не знам шо да речам вдуша ме погоди со ова.Мило ми е шо се запознавме во лп и шо имаме толку слични мислења. позз
Многу различни теми ти се начнати во постот, но сепак главната поента на моабетот ако ти е дека порано поубаво се живеело, дека порано луѓето биле ЛУЃЕ, дека имало соживот и др. ..Да, се согласувам дека сега а и понатака не очекува СЕ, само не еден нормален убав мирен живот...перверзии на секој чекор, трагедии, сопки, бизарни работи....човек да се засрами што припаѓа на еден таков мизерен вид
Леле луѓе, значи треба да разберете дека све се менува и едноставно не може да остане ко што било пред 50 години ( што е добра работа ) Порано било нормално и да се поседуваат робови, да се палат жени за кои сметале дека се вештерки, да се убиваат луѓе поради вера, да се убиваат хомосексуалците и слични срања... Убаво било тоа? Знаете ли дека денес живееме во најмирната ера? За тоа дека порано луѓето биле полни со љубов и разбирање... нема врска, и има многу примери кои го потврдуваат тоа. И денес постојат многу добри луѓе кои не се фејк, ама вие сте навикнати само да го гледате лошото во ситуацијата. Денес има "педери" затоа што луѓето се послободни околу својата сексуалност, а не како порано да се кријат стравувајќи дека ќе бидат избркани, малтретирани или убивани. И што по ѓаволите има лошо некое машко да сака да се депилира и негува бе? Маж не е до изгледот и облеката, маж се докажуваш на дела. Денес не знаеле што е физичка работа... Не знаат, затоа што има милион машини кои можат поефикасно да ја завршат работата од човечка рака. Сите се пијанчеле и дрогирале - нивна работа, нивно тело, ќе прават што сакаат. И што според вас е ПРАВ МАЖ и ПРАВА ЖЕНА? Жената да седи дома и да чува три деца, а мажот од сабајле до вечер да оди на физичка работа, така? Порано имало највеќе слобода? Сериозно? Па баш порано највеќе имало грабнувања, убивања, силувања, ама тогаш немало толку јаки медиуми да го прикажат тоа на јавноста па се покривало. И ако не се осеќаш сигурно научи си боречка вештина или носи солзавец. И еве ви еден цитат од Сократ, за да видите дека уште во негово време се зборело како новите генерации се никакви.
Читајќи ми отиде 50% од батеријата Не можеш да кажеш дека во тоа време поубаво се живеело оти не си го осетила Не ви рекла дека во лош период живееме затоа што премногу напредна технологијата, имаш толку многу информации, се што те интересира можеш лесно и брзо да најдеш Премногу теми зачна и скоро со ништо не се согласувам
1. Што има врска хомосексуалноста со депилацијата и шминката ( подобрување на личен изглед кој ти одзема 15 минути дневно, или 2 саати месечно за депилирање ) ? 2. Што има врска храброста т.е. способноста да убиеш и да спасуваш животи со сексуалната ориентација ? Е сега, тоа што децата дремат цел ден на интернет, сакаат лесни пари, не се воспитани, се пијанчат и дрогираат, не се образувани за сексот и рано го применуваат, виновни се родителите - родени баш во ,, најубавите години ,, , пеесетите до седумдесетите. Порано сиромаштија на леб и сол и да не постоела, па затоа си биле колку - толку задоволни. Која си ти да осудуваш некој што нема леб да јаде во денешно време, оти бил намуртен?! Тебе ќе те прашува...Си има он свои проблеми, за тебе дали ќе ти се насмее го заболело... Работеле со песна и насмевка...па оти зимале пари и имале за културен живот, затоа... Имало слобода...Имало закон, а не ко сеа го знаеш чистачот у станица, па ќе те пуштат... Земи ти размисли кои се причините за ова однесување, па потоа конструктивно да си дебатираме.
Од каде идејата дека во периодот од 50-75 немало педери, озборувачи, и расипани луѓе? Овие размисли ми влечат корени од оние за бивша СФРЈ, демек сите живееле сложно во хармонија, иако не се знаело кој каков кур на идеали подржува и кој на кого му работи зад грб. Така да вистината за таа наводна (не)постоечка слога за славјански држави кои меѓусебно не се поднесувале, е дефакто far from the truth. Нејсе, светов отсекогаш бил хаотичен, додека озборувањето претставувало и сеуште претставува механизам за ,,контемплација'' на ниски страсти. Само што разликата е во тоа што денес човештвото си има повеќе дадено слобода сите тие размисли и критики кои ги чувало во умот за другите личности да ги изнесне гласно. Така да, сосем ирелевантно е дали покрај мејнстрим озборувањето за Петко и Станко, ќе имаме и нови алтернативни солуции (сервирани од жолтата штампа или интернет порталите) од типот на Кардашијанци и Хилтоновци, бидејќи резултатот е ист. Затоа што човековото его секогаш ќе бара задоволување преку пориви од овој тип. Сексуалноста и хомосексуалноста исто така не се тренд. Ниту се одраз на перверзија и изопаченост, туку тие отсекогаш постоеле. Разликата е во тоа што сега се многу повеќе експлицитно и повторно јавно прикажани, во сите свои форми и облици. Додека, дрогата и алкохолот доживуваат експанзија некаде раните 80-тите години, што значи веќе има 30 и кусур години како се раширени меѓу популацијата, но, повторно не се некои нови wow ствари, а уште помалку страшно - загрижувачки. Бидејќи ако е за тоа, и за моја генерација се стравуваше дека од тие опасни експериментчиња со водка, ексери и тревка децата ќе станат наркомани или пијаници, па ене ги денес живи и здрави. Откако помина "критичниот" период, адолесенцијата, поголемиот дел се вратија во нормала, и од сето тоа стадо дали останаа само тие 20% - 30% зависници. Што се однесува до термините - ПРАВИ вредности, ПРАВА жена и ПРАВ маж, (што се крајно смешни и дискутабилни), моето прашање воедно е што се според тебе ,,вистински'' ,,прави'' вредности? Си чула за родов идентитет? Знаеш дека е тоа комплексна дефиниција, и не секоја индивидуа мора да коренсподира со имагинарно поставениот стереотипен шаблон? И на крај, колку години имаш? Сериозно.
Секое време си има своја предност, тежина и се останато.. Но не заборавајте дека промената на настаните,економијата и многу други фактори е променета баш од нашите родители, дедовци и пра дедовци Размислете подобро и ки видете дека е така... Моите кога сум ги слушал..и нивната генерација... Тито па тито...југославија..де југославија.. Е јас ли сум крив за распадот?? Самите се криви.. Сакаат преку леп погача.. Власта ја растури југославија.. А кој ја бира??? Нашите родители... Точно е дека во тоа време што викаат господ одел по земја,ама ѓаволот им го земал умот од лакомост.. Со мојава струка сум влегол во мн мн станови.. Се што живее во тие станови од 45 надоле рачунајте дека е од мама и тато.. А кога тие родители ке заработат во ова време за нивните деца?? Да не се мама и тато многу жители ке се на улица.... Ние со еден збор сме паталци од тоа време...ја плакаме сметката за нашите,за сите нивни промашени постапки...и уште многу имаме за плаќање...
Во 50_70 растоварале камиончиња...денеска растовараме шлепер и ни пауза не даваат додека не се растовари...секако...вистина не знаеме што е физичка раб...
Секој за времето во кое бил млад вика дека било најдобро - ако ја прашаш баба ти, ќе ти каже пред 50 години, ако ја прашаш мајка ти, ќе ти рече пред 30 години. Оттаму, најверојатно и периодов, од ’50-та до ’75-та. За ова постои и научно објаснување зошто е така, па најверојатно и ние за 20-ина години ќе викаме, „Еее, у 90-ите беше супер, а ова сега е...“ Самиов муабет е контрадикторен, бидејќи баш тие деца од тие „златни“ времиња, кога сите биле „луѓе“, кога се играле на улица и кога на сите им викале „Добар ден“ се истите тие нелуѓе, кои за време на распаѓањето на СФРЈ се убиваа меѓу себе, поради различна вера и националност, кои државава ја водат у пропаст, кои се родители на денешните „невоспитани“ деца и кои се газди на фирми у кои луѓе робуваат за 9000. Малце чудно колку брзо се смениле нели? А у однос на „вистински вредности“ и слобода... Па, прашајте некое дете чии родители биле на Голи оток, дали и они имаат мислење дека порано се било супер или подобро од сега. Цензурирање на музика, литература и уметност, само затоа што не биле компатибилни со партиската идеологија мене и не ми делува така привлечно. Поентата ми е дека секое време носи свои убавини и има свои недостатоци, а секако - се делува поубаво и подобро кога е човек млад или дете. Нема потреба од идеализирање на некое доба, треба да ни биде јасно дека се е релативно и зависи од личната перцепција.
И мене. ***************** Во врска со темата, се што наброја помалку или повеќе, го имало и било присутно од секогаш. Денеска нам, брзиот развој на технологијата ни овозможил достапност на информациите што се дешава околу нас, за што спомнативе генерации можеле само да претпоставуваат (па од таму и ден денеска дел од нив знаат да почнат реченица со "во мое време тоа немаше..." ...е имало ама не знаеле. Јас верувам дека истите морални вредности сеуште постојат, само што текот на годините си земал своја жртва и луѓето денеска имаат изместени вредности. Но свеста се менува бавно, од човек на човек. Па така и оваа што денеска не идентификува, ќе претрпи промени еднашка, евентуално. На подобро или полошо.. да бидеме здрави и живи па ќе видиме.
Сега видов дека каде една овца и сите понеа Се гордеам со тоа што можеби сум црна овца но мило ми е што не размислувам како сите. Погрешно разбравте јас не реков дека тогаш немало педери зашо тие од секогаш постојат! И не ми смета што е сето ова вака се прифаќам шо е ново.Ако не сум осетила не значи дека не можам со да кажам бидејќи сум учела и проучувала многу за ова! И исто така кажав дека тогаш не било мед и млеко! И да ете да кажеме дека има и сега тешка работа но повеќето не работат и само седат сведок сум!
О Боже! А зошто не, доцни 90-ти, рани 2000-ти... кога бев дете, играв плочка во двор, криенка зад школо, нинтендо дома, гледав Дизни на касета и мама-тато ми беше на располагање 24/7 да се грижи што ми треба, што не ми треба Башка, ниту некој ме киднапираше, ниту ме нападна, значи безбедна сум била. Мене ми беше убаво, мора и на сите останати да им било многу убаво, м? Промени го насловот во 1950-2005. Ах... а дали знаеш дека периодот '50-'75, во некои градски населени места во Македонија немале пристап до водовод и канализација, (населени места за кои не би ни верувала)? Јас не би ја избрала '55-та година, најмалку '55-та во неразвиена земја. Но, при толку силна желба да живееш во нечие туѓо минато, жал ми е за тебе што не се роди 1900-та, да си ја пробаше среќата да преживуваш востанија, балкански и светски војни, можеби ќе си дочекаше '50-'75 worth the risk.