Не си црна овца, за најголем дел од горенапишаното си во право, единствена добра работа во ова денешно време е напредната технологија, ама таа технологија колку што е добра, толку е и лоша. Благодарение на интернетот денеска можат да се регрутираат многу млади луѓе од страна на терористичките организации кои подоцна ќе убиваат недолжни луѓе низ Европа, да не зборам колку педофили и силувачи демнат на интернет, едноставно времето во кое живееме е ужасно, а за морални вредности и слични работи да не зборувам бидејќи тие воопшто не постојат.
Ако не знаеш да држиш чекор со времето, ќе те прегази без да го изживееш. Ние само сакавме да те натераме да размислиш пообјективно, ама штом си решила, продолжи со песимизмот да жалиш по нечие туѓо минато.
Ama jas voopsto ne zalam i nemozes da kazuvas za mene dali sum pesimist ili optimist. Znaci ubavo mi e i sega ali togash mi bilo poubavo spored kazuvanjata na drugite i tolku.
А од она што мене ми го кажувале другите за тоа време, јас заклучувам дека ти не си во право и толку. Сфаќаш што значи лична перцепција? Ај ја започна темава и кажувај ни на сите: ми се допаѓа твоето мислење, не ми се допаѓа твоето мислење
Оh, well... старата позната тема за тоа колку цветале рози во минатите времиња. И тоа минати времиња кои, кога е во прашање конкретно периодот што е наведен за темава - никој лично не сме ги искусиле, освен ако некој тука на форумов нема најмалку... 50 и кусур години? Патем, Анаја, Спојлер: grammar nazi :D колку години имаш, па ти „беа“ убави времињава? Јас колку што го знам мајчиниов ни јазик, ова време се користи кога си била присутна таму, а дури за во 70-тите да си била на таа возраст за да можеш да ги памтиш, треба да имаш 50 и кусур. И да, Лана, во право си на самиот почеток - во доста од тоа што си навела тука си контрадикторна со она од темата за Балканот. Мнооогу контрадикторна. Всушност, од тоа што се сеќавам од воведното мислење во таа тема (нема сега да барам и да цитирам/копирам), искрено не можам да најдам НЗС од тие ставови и овие што си ги напишала овде. За претходната тема се согласував со сè напишано, а за ова имам скоро целосно спротивно мислење. Јас кога се зборува за денешната „невоспитана, развратна, бунтовна, ваква, таква“ младина споредувајќи се со тоа совршенство од млади луѓе во минатото - секогаш го користам цитатот на Сократ што го ставила Алис и референцата дека - замислете - и пред нашата ера имало поплаки за младината слични како и сега! Ама ајде со ред да елаборирам сеа пред да се спремам за излегување, штом веќе имам инспирација на подолго да филозофирам на темава. Она што најмногу ми бодеше очи - класичната дефиниција за прав маж, права жена, „попедерчувањето“ (леле мајко, зборов ) со шминка и депилирање, и фамозниот воен рок за кој веќе сум се изјаснила дека сум против негово враќање како задолжителен. Не, вистински маж не значи дека мора да биде подготвен за во војска или само за физичка работа (а не за уметност, јазици на пример), како што вистинска жена не треба да биде предодредена за домаќинка што треба да раѓа деца. Не, не и не! Јадни ние ако во 21-ви век треба за тоа да жалиме и да бараме враќање на вакви... норми?! Сме станале расипани и љубоморни, ај тоа е меѓу сите особини што си ги напишала а ги имало секогаш, ги има и ќе ги има... ама за оговарањето како баш успеа да бидеш носталгична за минатото? Па баш оговарањето и мешањето во туѓи животи е резултат на заостанатост, а не на менувањето на времињата. Посебно на Балканот, тие „комшии“ што се дежурни камери и чиешто мислење по нормите треба да биде некаков си фактор за одлуките на младите - се од овие генерации, прекрасно воспитаните, од над 50 години. ^Коментарот за сите овие работи најпросто би го свела на: генерализација... огромна генерализација. Од самите нас зависи како ќе го користиме интернетот, дали ќе ги избереме Кардашијанс како идоли. А и стварно не знам каде тооолку често наоѓате во секојдневието ваков разврат на деца уште од 13-14 години. Секој втор почнал да се дрогира... сериозно? Моите, особено мајка ми, се југоносталгичари и ми раскажувале за тоа многу, ама јас лично сум неутрална за тоа време и не ме привлекува. Разбирам само некои што слушаат музика и негуваат стил што се поистоветува со тоа време - да посакуваат да биле родени тогаш (иако со мене ни тоа не е баш случај, за тоа од музика и уметност што по мој вкус ми се допаѓа - наоѓам многу квалитет од денешното наше време), ама вакви ставови на млади луѓе... not really.
Kazuvam zasto mene taka mi odgovara Kako prvo jas nemam 50 godini i ne se ni bitni godinite A kako vtoro ne kazav jas deka zenata mora da bide samo doma i da ragja deca bidejki ni jas ne go sakam toa no ako ti si svatila taka neka ti bide I ne znam zosto site gi okrivuvate nasite roditeli, i li babi/dedovci jas voopsto ne spomnav koj treba da bide kriv sto e ova taka kako sto e..Seto toa e "prirodna pojava" koja sto ja vleceme nie lugjeto.I da najcesto gi slusam po ulici decata od 13-14 godini kako se zanimavaat so tie raboti. Toa za sekoj vtor sto se drogira go kazav kako najbanalen primer. "Разбирам само некои што слушаат музика и негуваат стил што се поистоветува со тоа време - да посакуваат да биле родени тогаш" <---- seto ova sto sakav da go kazam jas lezi vo ovaa recenica samo jas go prosiriv so moi mislenja.Sto neznaci deka neslusam denesna muzika..Ja obozavam denesnata muzika
Можеби се убави филмовите од тоа време што ги гледаме денес. Интересни, топли, несекојдневни, па во тој миг дури и посакуваш да си таму. Идеално образование, бескрајна почит кон повозрасните и професорите, невина љубов, машкост, женственост итн. Но вистината е дека ништо и никогаш не било толку совршено. Секогаш имало хомосексуалци, само немале храброст да бидат она што навистина се, па се скривале живеејќи го целиот живот во лага. Машкоста, женственоста, почитта, трудот, чесноста и среќата се релативни работи. За некого машкост е да претепа жена, за некого да заштити жена. Јас лично сум пресреќна што живеам во денешново време. Работите се напреднати и човековите вредности се изменети, но најважното е што луѓето имаат слобода денес. Смеат да бидат хомосексуалци, атеисти, верници и се она за кое во минатото би завршиле зад решетки или би гореле на клада. Секако, секој има свое размислување и поглед на нештата. Што се однесува до мене, тие минати времиња нека останат само на филмовите.
Ама тебе коментарот ти е напишан ко ти да си сведок на тоа време. @LanaSGirl, приметувам дека си фан на Лана, ама не се внесувај ептен во спотовите. Како и да е. Мене ептен ми се допапаѓаат филмовите кои се снимени во тоа време или пак се понови, а се базирани на минатото, но кога ќе размислам колку фантазии има и во денешниве филмови, сфаќам дека и тогаш не било сè така совршено.
Jas ovaa diskusija ja zapocnav inspirirana od moite baba i dedo.. a ne radi Lana ili nekoi filmovi tamu..da gledam takvi filmovi ponekogas, i ja slusam nea, no nemaat tie ni malku so toa [to go pisuvav..a toa sto gi spomenav vo temava se samo kako primer vmetnati i toa sto jas imam + i mnogu citano i istrazuvano da ne se povtoruvam
Расипани луѓе и „лоша“ младина имало, има и ќе има. Времето ама баш нема улога освен перцепцијата на „постарата“ генерација. Многу пати сум сакала да бидам барем малку поназад во времето, имаше одредени работи кои би сакала да ги имам, да ги искусам, ама од друга страна имам одговори на многу прашања сега, и ме нервира одговорите кои ги немам па радо би одела понапред него поназад. Имам зборано со баба ми и нејзиното минато и искрено ... да се плашам да не ме бендиса турчин (колку и да е иронично ова сега ... ) и да си замислувам дека сум во палата дур берам тутун .... Да, се е убо она претставен во филмојте ... то би го сакала ама сепак има некои работи поради кои не би можела и не би сакала да бидам подолго во минатото него на филм или вероватно ако имам временска машина на една недела, одмор малку де (концерти во глобала...)
Само зборам во смисла како баба ми ми кажвала, во глобала тие две работи најмногу Другите работи кои ги збора се за како татко ми си ја скинал веѓата.