1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

'50 - '75

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од LanaSGirl, 23 октомври 2016.

  1. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.850
    Допаѓања:
    47.948
    Пол:
    Женски
    Ајде на страна кажувањата на бабите и дедовците, затоа што и не ми се некој веродостоен извор на информации. Знаеш ли декА тој период не смееле да одат в црква, секој кој што имал идеја бил погубуван (гледај го најновиот мкд филм Златна петорка каде баш тој период е убаво отсликан)
    Денес во маркет можеш 'од пиле млеко' да купиш, ти текнало темна чоколада, со бадеми, лешници, е во тоа време имаш еден вид на чоколата затоа што државата контролира и таа кажува што ќе се произведува, а не пазарот .... хомосексуалци од секогаш постоеле од Да Винчи, Микеланџело, Оскар Вајлд... од секогаш младите прерано влегувале во сексуални односи не само сега, бар за тоа им верувам на бабите.
    Не, не се сите озборувачи и лицемери, сами си одлучуваме со кого ќе се дружиме, дали некој е депилитан тоа е негово право и нема да го деградирам ради тоа
    Друг пат кога пишуваш како си начитана за тој период размисли два пати со сопствена глава
    Тоа што државата ни е нефункционална никако не дава право да го величиш тој период, начин на живот и заработувачка
     
    На PrettyDramaQueen, CameliaMiller, Аliсe и 7 други им се допаѓа ова.
  2. anaja1

    anaja1 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.532
    Допаѓања:
    7.422
    Пол:
    Женски
    Не е точно тоа дека не смееле во Црква да одат,јас сум крстена,а и слава сме имале и сме чекале гости.И колач сме кршел во Црква:hai:
    Јас не раскажувам од баби и дедовци:)
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.
  3. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.850
    Допаѓања:
    47.948
    Пол:
    Женски
    @anaja1 родена си '94?:D
    Комунисти не одат во црква
    Тој период многу црковни објекти се срушени
     
    На Ana Chio и Aleksandar1212 им се допаѓа ова.
  4. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Мене, конкретно периодот од насловот секогаш ми звучел тапа. Повеќе ме влече 75-50 п.н.е., кога Цезар стануваше проминентен. Носталгија :D


    Вчера се брзав и не допишав некои работи.
    Спомна авторката на темата наркоманија и пијанчење. Порано, секој, ако не втор, тогаш трет, бил алкохоличар. Од работа одел во кафана да тегне ракија, кога ќе се врател дома, или се истурал на домашните, или слабо комуницирал со нив, затоа што мортус легнувал да спие. Сами гледате дека многу од дедовците денес не се одлепуваат од чашката. Нарко-мафијата е проблем на изминатите 30-тина години, и повлекува други сериозни проблеми, тоа е точно, никој не го идеализира денешното време, ама не постои идеално време. Во секоја етапа, на одредено место, има нешто што не штима. Како времето минува, луѓето што ги виделе последиците, се стремат да го исправат тоа што е погрешно, после се јавува друг проблем што друга генерација ќе го решава, некогаш некои решени заборавени проблеми ќе се појават пак, и тоа е циклус.
     
    На SuperGirl24, Iva220, CameliaMiller и 3 други им се допаѓа ова.
  5. LanaSGirl

    LanaSGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2016
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    1.116
    Пол:
    Женски
    Изгледајте го филмот WALL-E па може некои работи ќе ви станат појасни..Како напредува технологијава можно е да стигнеме до тоа само ќе ни фали уште да заминеме од планетава..И се што имав да кажам кажав не сакам да се повторувам :)
     
  6. celineparis

    celineparis Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2014
    Пораки:
    930
    Допаѓања:
    2.570
    Можеби сум малку надвор од темата ама кога веќе коментираме, иако сум јас веќе возрасна, сепак ми е жал што децата нема да искусат веќе вистинско детство како што имаше во 90-тите и почетокот на 2000 г. Тоа играње надвор и никогаш не сме се замарале со проблемите на возрасните. Исто така за на школо до 5то одделение мене ми даваа најчесто по 20-30 денари, а понекогаш и 50. Сега што ги гледам децата на истата возраст иако им е школото на 5 минути земаат по 100-200 денари. Мислам што ќе им прават на тие пари кога имаат и ужинка на голем одмор. Друга работа што страшно ме нервира е кога истите тие деца негде 2002, 2003, 2004 родени викаат во наше време вака беше, онака беше. Кое ваше време бе деца? Вашето време тек допрва доаѓа, воглавно сакам да кажам дека се однесуваат, облекуваат и размислуваат како некој стари баби.
     
  7. anaja1

    anaja1 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.532
    Допаѓања:
    7.422
    Пол:
    Женски
    Јас сум жив пример дека фамилиите на комунистите оделе во црква:D
     
    На Offspring, Aleksandar1212 и elimkd им се допаѓа ова.
  8. GabyTranceॐ

    GabyTranceॐ Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2015
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    1.108
    Пол:
    Женски
    Да гледаме напред а не у историја :D ;)
     
    На ceca-1 и elimkd им се допаѓа ова.
  9. Dabria

    Dabria Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2016
    Пораки:
    233
    Допаѓања:
    1.225
    Пол:
    Женски
    Сум сретнала многу адолесценти со мислење исто како твоето и барем според мене, тоа е затоа што сакаат да се одделат од околината а не знаат како. Реално, сите „тагуваат’’ по времиња кои никогаш и не ги виделе а не би издржале три минути без вифи.
    Искористете го тоа што го имате, временски машини не постојат. Општеството не било совршено во ниеден период но тоа не можеме да го промениме, можеме само да се прилагодиме на условите и квалитетно да си го живееме животот.
    А што се однесува до ова време, мене баш ми се допаѓа. :sun:
     
    На CameliaMiller, supertoasty, ceca-1 и 5 други им се допаѓа ова.
  10. anaja1

    anaja1 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.532
    Допаѓања:
    7.422
    Пол:
    Женски
    За мене разликата ја гледам само во тоа што, не бев бомбардирана од информации,што да јадам,што да не јадам,што е здраво што не е здраво:hai:
    Многу ми беше слатко кога јадев....да не почнам да набројувам,сега тоа ми е забрането:!:
    Само колку да ми олесни:@
     
  11. PaLaVa

    PaLaVa Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    3.705
    Пол:
    Женски
    Ми се допаѓа ова време во кое живеам баш поради напредокот на технологијата. Благодарение на тоа денес го имаме светот на дланка, информирани сме за многу нешта а и далеку сме понапредни во многу области, вклучувајќи ја тука и медицината и лекувањето на многу, за тоа време неизлечиви болести.
    Не го користат интернетот баш сите за да пратат светски шоу бизнис, многумина заработуваат онлајн, заминуваат на работа во странство, запознаваат нови луѓе, пријателства, партнерства, патуваат па дури и си наоѓаат сродна душа, работи кои секако не би можеле да ги прават ако не би постоел интернетот.

    Моите родители се родени и израснати токму во ова време кое го опишуваш како идеално. Вистина е тоа дека многу работи не им биле дозволени, баба ми две од четири деца ги има крстено скришно а останатите две се крстеа сами на постара возраст. Можеби некои работи функционирале подобро баш поради тоа што биле контролирани од државата, но дека било толку совршено, не било.

    Секако дека денес не живееме најубаво но размислувај за тоа дека еден ден во блиска иднина ќе имаш и свои деца кои ќе треба да ги спремаш за живот во иднината а не во минатото. Доколку нешто не штима во општествово ние сме тие кои треба да се потрудиме тоа да го смениме, за наша подобра иднина.
     
    На Someonespecial и Dabria им се допаѓа ова.
  12. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    199.005
    Пол:
    Женски
    Немoј дa жaлиш зa време кoе не знaеш нaвистинa кaквo билo, oсвен oд рaскaжувaње. А реaлнo, зa секoе време, секoј штo живеел тoгaш имa свoјa верзијa нa прикaзнaтa.

    Дa пaрaфрaзирaм еден цитaт кoј ми се дoпaднa уште oдaмнa - "ти не гo бирaш времетo вo кoе ќе живееш, туку oдлучувaш штo ќе прaвиш сo времетo кoе ти е дaденo" ;)
     
    На Val-Dim, Espadrila, MiloMalo и 3 други им се допаѓа ова.
  13. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.997
    Допаѓања:
    261.113
    Застанав кај правиот маж и правата жена.
    Тато носи мама меси принцип на функционирање од секогаш ми бил одвратен и грд, ужасно ми е и да помислам дека општеството треба да има право на збор во изборот на мојот партнер, припадност, религиозни убедувања, сексуални преференци и општо - животни избори.

    Не, не мислам дека било поубаво времето. Мислам дека биле неинформирани, а информациите кои ги добивале биле такви какви што им одговарале да ги слушнат, немале се, но мислеле дека имаат се.

    Можеби било побезбедно, океј, но тоа не ми е доволно за да се убедам. Лично преферирам свет во кој сите информации ми се оддалечени на еден клик од мене, свет во кој сексуално општам без да се секирам за општествените размислувања, преферирам свет во кој секој може да биде што сака, од сексуална ориентација, до религиозна, итн.

    Не, не ми се допаѓа минатиот концепт на семејства.
     
    На Sanjichka007, Dabria, Offspring и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Мене ми се повраќа пак кога ќе прочитам оти во времето на комунизмот се рушеле цркви и џамии и децата не смееле да ги крстат.
    Прво и основно, Македонската православна црква беше признаена во тоа време. Моите родители двајцата се родени во 60тите години, двајцата се крстени во црква.
    Уште пак кога ќе прочитам а тоа само по форуми и по интернет, во реалниот живот никогаш, се на некој дедо му на голи оток бил, од каде излегоа толку многу луѓе во последниве 10тина години што сведочат дека близок нивни бил на голи оток, навистина незнам. Јас во моето најблиско опкружување во реалниот живот, никогаш немам чуено ниту се имам сретнато со човек кој бил на голи оток.
    Друга ствар. Што е муабетов со чоколадите со лешници, темни, бели и незнам какви? Југославија имала огромен пазар, и огромно домашно производство, се произведувало се и сешто и се продавало на домашниот пазар. Од автомобили, до руди и минерали, до прехрамбени производи и да не набројувам какви се не гигантски фирми имало во тоа време. Денес не сме способни зборувам на нашиве простори, да направиме автомобил играчка на батерии.
    Не туку ширете рекла казала муабети туку земете малку повеќе информирајте се за тоа време, ако веќе не сте го живееле постојат пишани докази, живи сведоци, на интернет факти и докази што се постоело и што се се произведувало тогаш во таа држава.

    Еве ви, и чичко гугл знае.

    Godine 1956. počeo se intenzivno provoditi program obnove pravoslavnih manastira, dijelom iz turističkih razloga a dijelom i zato što su izmedu višeg pravoslavnog sveštenstva i države uspostavljeni nešto nježniji odnosi.[10] Po priznanju makedonske nacije, dolazi i do inicijative za organizovanje samostalne Makedonske pravoslavne crkve
     
    Последна измена: 25 октомври 2016
    На SuperGirl24, LanaSGirl и anaja1 им се допаѓа ова.
  15. anaja1

    anaja1 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.532
    Допаѓања:
    7.422
    Пол:
    Женски
    Се што кажа е точно,поздрав до твојте родители,генерации пред и после 60-сетите:hai::clap:
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Wahnsinn

    Wahnsinn Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2015
    Пораки:
    376
    Допаѓања:
    2.459
    Пол:
    Женски
    `50 -`70 ми се некако ептен ептен рани... ја би сакала `80 или `90 најубави се... јас сум `97 ама камо да сум била порано.. тогаш најубаво се живеело не одма да мислите за финансии дека зборувам, туку ете општо. Немало фб и глупостиве од денеска како снап и твитер и ред други.. едноставно се се случувало во живо а не виртуелно.Тажно е воа бе луѓе, излегуваме на кафе и зјапаат во телефони. Не знам , но мислам дека можеби и луѓето било подобри тогаш.. немало толку лажни лица насекаде, не знам моѓжеби грешам..но и без тоа, факт е дека било многу поубав период од денес..
     
    На LanaSGirl и anaja1 им се допаѓа ова.
  17. anaja1

    anaja1 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.532
    Допаѓања:
    7.422
    Пол:
    Женски
    Воопшто не грешиш,потпуно си во право:hai:
     
    На Wahnsinn му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Секое време со себе си носи тежина.
    Тебе ти се допаѓаат 90ти, затоа што не си ги живеела. Многу луѓе ги паметат по лошо, по војни, по транзиции, по распади, по сиромаштија. Кога би бирала на пример, радо сите нека зјапаат во телефоните, само војна да нема, само сиромаштија да нема. Дај боже зјапањето по телефони да ни е најголемиот проблем во животите.
    Мене од таа тегнолошка гледна точка денес ми се допаѓа начинот на живот, ете ќе се сложам со @CameliaMiller .
     
    На Someonespecial и SuperGirl24 им се допаѓа ова.
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.997
    Допаѓања:
    261.113
    Никој не те тера да користиш снап, твитер итн. Јас не користам, на пример, ама ми се допаѓа што луѓето имаат СЛОБОДА И ИЗБОР. Избор дали ќе имаш фејс или нема ни мобилен да имаш. Твое право.
    И за се останато, во секоја смисла, од кариера, до семеен живот, имаме избор и дискриминација на многу пониско ниво од пред 50 години. Да не заборавиме, жените до замалку 100 години немаа право на глас, доста сме напреднале. На мајка ми генерацијата пола и повеќе не завршиле факултет зошто татковците сметале дека нема потреба жена факултет да учи.

    Денес јас можам што сакам да бидам. Да имам кариера, можеби да бидам фул тајм домаќинка. Просто тоа е нешто што е далеку подобро него било кога. Слободата што сакаш да правиш со себе, без да те боли уво. Може и да си одбереш да те боли уво.
     
    На allaround, crimson, Someonespecial и 3 други им се допаѓа ова.