1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

6-те најморничави места во светот

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од anastasija85, 4 декември 2010.

  1. anastasija85

    anastasija85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    1.029
    Не е важно дали верувате или не во духови,постојат неколку места во светот каде што не би поминале ниту една ноќ.Овие места дефинитивно ја заслужуваат репутацијата што ја имаат како морничави,трагични или мистериозни.


    1.Шумата Aokigahara

    http://usagiyjay.wordpress.com/2008/...de-aokigahara/ - линкот не е за оние со слабо срце и нерви. - Апокалипто
    [​IMG]



    Оваа шума се наоѓа во основата на планината Фуџи во Јапонија и просто кажано изобилува со мртви тела.Како што Нијагарините Водопади се познати по безбројните венчавки,така оваа шума е позната по безбројните извршени самоубиства.
    Од 1950 година па се до денес повеќе од 500 луѓе си го одземале животот.“Трендот“ започнал кога писателот Seicho Matsumoto ја објавил новелата "Black Sea of Trees" каде што двајца од карактерите во новелата извршуваат самоубиство токму во оваа шума.
    Последователно на ова желни да докажат дека се бизарно подложни на сугестија стотици Јапонци се обесија на безбројните дрвја во неверојатно густата шума каде што и на сред пладне може да се пронајдат места кои се целосно во темнина.
    [​IMG]

    Освен телата оваа област изобилува и со мотивирачки билборди и знаци како: Животот е скапоцен!Размисли уште еднаш!
    Помисли на твојата фамилија!


    2.Мостот Overtoun
    [​IMG]


    Лоциран близу шармантното село Милтон во Скотланд овој мост во секој случај не е привлечна дестинација за самоубиство на луѓето,НО...
    Од сеуште неразјаснети причини стотици кучиња извршуваат самоубиство фрлајќи се од мостот.
    Овие самоубиства почнале уште во раните 60-ти и до денес околу 600 кучиња се самоубиле.Сведоците тврдат дека не се работи за несреќни случаи туку дека кучињата намерно,по своја воља скокаат од мостот ДУРИ постои и случај каде што кучето не успева првиот пат да се самоубие(останува живо по падот) И ПОВТОРНО СЕ ВРАЌА НА МОСТОТ И СКОКА!


    3.Мистериозната куќа Winchester

    [​IMG]

    Се наоѓа во Сан Хозе.Има 160 соби кои се конструирани како лавиринт со неверојатно долги ходници,тајни премини,ќор сокаци,врати кои не водат никаде и скали до таванот.
    [​IMG]

    Направена е од Sarah Winchester,наследничка на богатството Winchester.При крајот на 19-от век длабоко ожалостена од смртта на сопругот и ќерката посетува еден видовит човек во Бостон кој и кажува дека ја прогонуваат сите жртви кои погинале во рафалните напади на Winchester и дека единствениот начин да биде во мир со нив е постојано да гради и да надоградува ЕДНА куќа.
    Во 1884 година започнала изградбата на оваа куќа во Сан Хозе која не престанувала и во наредните 38 години кога Sarah починала.
    Размерите и големината на куќата се такви што човек кој никогаш не бил со сигурност би се изгубил,а токму тоа и била намерата-духовите да се збунат и да се изгубат.
    Во куќата преовладува и деталот на “пајакова мрежа“ и бројот 13.


    4.“Куќата на коски“ во Седлек
    [​IMG]


    Уште откако некој во 13-от век испрска земја од Светата Земја на почвата на гробиштата во Седлек(Чешка),луѓето од цела Европа бараа после нивната смрт да бидат закопани таму.Гробиштата растеа се до 1870 година,кога свештениците одлучија некако да се погрижат за безбројните коски и да направат место за нови тела.
    [​IMG]

    Денеска “Куќата на коските“ во Седлек претставува капела декорирана со илјадници човечки коски.

    [​IMG]




    5.Одмаралиштето San Zhi

    [​IMG]

    Што добивате кога ќе споите напуштени,за`рѓани згради во футуристички НЛО дизајн со серија на мистериозни смрттни случаи чувани во тајност од страна на Владата?
    Резултатот е одморалиштето San Zhi лоцирано во надворешноста на Taipei.
    Овој објект требаше да претставува ексклузивна дестинација на богати луѓе кои не знаат како попаметно да ги потрошат своите пари.
    Изградбата започнала околу 80-те години но била прекината поради мистериозните несреќи кои се случувале при градењето.






    6.Prypiat
    [​IMG]


    Prypiat се наоѓа во северна Украина и порано бил населен од работниците и научниците на нуклеарката на Чернобил.Овој град основан во 70-те години “собирал“ 50 000 луѓе,но во 1986 година била забележана одредена дисфункционалност на Чернобилскиот реактор па од безбедносни причини бил евакуиран целиот град.

    [​IMG]
    Оттогаш овој град е целосно напуштен.

    [​IMG]
    Со оглед на тоа што радијацијата е намалена со текот на годините овој град е сега отворен за јавноста.
    [​IMG]

    Еден од поморничавите објекти во градот е детското негувалиште кое е преполно со детски чевли,кукли и се разбира...детски духови .
     
    На RainbowButterfly, КикиМаус, Sweetlove_0312 и 5 други им се допаѓа ова.
  2. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Фино, фино :^)
    Сакам да дознавам за вакви мистериозни места, и баш ме заинтересира онаа Winchester куќата.
    Би влегла без двоумење .
     
    На RainbowButterfly, КикиМаус, Arthur и 2 други им се допаѓа ова.
  3. anastasija85

    anastasija85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    1.029
    сте слушнале ли за други вакви мистериозни места во светот?споделете ако знаете ;)
     
  4. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    Е какви се пак тие врати што не водат никаде, не ми е јасно :^)

    Инаку интересни места би сакала сите да ги посетам :D
     
  5. sunshine93

    sunshine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2010
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    37
    Долината на безглавите луѓе

    Во националниот парк Нахани во северозападна Канада се наоѓа реката Нахани. Областа е достапна единствено со помош на чамец или авион и е домот на многу природни чуда, како вртлози, гејзери и водопади двојно поголеми од Нијагараните водопади. Џон Бакен, авторот на „39 стапки“ еднаш кажал за долината: „Тоа е убаво место за кое што сонуваат старомодните луѓе....Некои велат дека долината била полна со злато, а други дека била жешка како во пекол поради топлите извори...Но исто така е и доста озлогласено , бидејќи голем број на луѓе отишле таму и никогаш не се вратиле....Индијанците за тоа место велат дека било домот на злите духови...“
    Таа клисура и навистина е озлогласена поради извесниот број на сурови смртни случаи и исчезнувања, заслужувајќи си го така озлогласеното име „Долината на безглавите луѓе“. Сето тоа започнало во 1908 година, кога браќата Меклауд отишле да бараат злато во долината. Ништо не било слушнато за нив ниту пак биле видени цела година се додека не биле откриени нивните обезглавени тела близу една река. Девет години подоцна швајцарскиот трагач по злато бил следниот кој што бил најден исто така без глава. Во 1945 еден рудар од Онтарио бил пронајден во својата вреќа за спиење со неговата глава отсечена од рамениците. Скептиците овие напади ги припишувале на гризли мечките, или пак на непријателски настроените индијанци, но има и други чудни случувања кои што ја зголемуваат мистериозноста на долината. Воинственото племе Наха едноставно исчезнало од долината неколку години пред да се случат првите смртни случаи. Другите индијански племиња од околината ја избегнувале долината со векови бидејќи сметале дека таа била опседната со непознато зло. Голем дел од долината останал неистражен, а исто така има и приказни според кои во долината се наоѓа влезот кон центарот на земјата. Други пак веруваат дека долината е дом на некој изгубен свет, со блескаво зеленило и тропска клима, поради тоа што жешките извори произведуваат топол воздух, а исто така и дека долината е полна со злато, и дека во неа се шетаат голем број на „големи стапала“. Дека тоа е живеалиштето на Бигфут е помалку веројатно, но сепак сигурно е дека нешто чудно се случува во долината Нахани.
     
    На FBI и 1209 им се допаѓа ова.
  6. sunshine93

    sunshine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2010
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    37
    Катакомбите во Малта

    Image
    Во 1902 во градот Паола на островот Малта, работниците кои што правеле простор за нови станбени објекти налетале на огромен подземен комплекс кој што потекнува од предисторискиот период на Малта, уште пред 3000 години. Местото оттогаш било заштитено од УНЕСКО како дел од светското наследство, и официјално било наречено Хал Сафлиени Хипогеум. Потоа била превземено подетално археолошко истражување, и се покажало дека не е така едноставно како што се чинело на прв поглед. Биле пронајдени преку 30.000 човечки костури во погребни простории, вклучувајќи мажи, жени и деца. Многу од черепите биле невообичаено проширени, и научниците не можеле да го потврдат нивното етничко потекло. Почнале да се шират гласини дека се работи за посебен човечки вид прилагоден на живот во подземјето.
    Најраните жители на островот поднесувале човечки жртви за да го одоброволат нивниот бог на подземјето, за кој што верувале дека скита по подземјето под самиот остров. Името кое што му го дале може да се преведе како „Змија“. Кога Свети Павле доживеал бродолом на островот, како што е запишано во Библијата, тој го опишал тоа, па дури и тврдел дека и самиот бил гризнат од змијата. Тој поминал извесно време на островот, преобратувајќи ги тамошните луѓе од обожувањето на божеството рептил во христијанство. Се верува дека човечките жртви биле спуштани во катакомбите за да ги изеде змијата, и така да го избегнат нејзиниот гнев.
    Сета таа мистерија била проткаена со гласини за бришење на текстовите и цртежите во древните катакомби, а сето тоа кулминирало со ненадејната смрт на главниот археолог на местото. Подземниот комплекс се уште не е целосно истражен. Една службеничка одбританската амбасада во 1940 – те се спуштила во најдлабоката просторија на последното ниво, откако го убедила туристичкиот водич да му дозволи пристап до областа која што вообичаено е забранета за пошироката јавноста. Таа изјавила дека откако влегла во малата просторија, здогледала дваесет суштества рептили прекриени со бели влакна на една испакнатина од пештерата. Едното од нив ја кренало дланката и нејзината свеќа се изгаснала. Таа бргу избегала надвор, но откако се вратила неколку дни подоцна, и било кажано дека водачот кој што и го покажал местото никогаш не бил вработен на туристичкото место, и дека таков влез каков што опишувала никогаш не постоел.
     
    На AnaKlarc, FBI и Lady-Sweet им се допаѓа ова.
  7. sunshine93

    sunshine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2010
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    37
    Овие ги најдов сега. Инаку и мене ме интересираат вакви работи и сакам да ги читам.. мистерии :^)
     
  8. Lady-Sweet

    Lady-Sweet Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2010
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    90
    И мене ме интересираат вакви работи....ако знаете уште пишувајте.....
    со задоволство ќе ги читам :)
     
  9. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    И јас би влегла без двоумење :)
     
    На Draginja му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Biggie

    Biggie Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2011
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    62
    Е навистина се морничави :D . Јас би сакала да отидам на некои од нив. Со придружба, секако :D .
     
  11. stewart

    stewart Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2010
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    30
    Би сакала да ја видам куќата Winchester а и мостот Overtoun :)
     
    На Draginja му/ѝ се допаѓа ова.
  12. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.048
    Пол:
    Женски
    Доколку ве интересира куќата Винчестер гледајте го Роуз Ред ;)
     
    На Draginja и GirlFromMars им се допаѓа ова.
  13. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Како да напишам на англиски или ако може траилер од јутуб :)
     
  14. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.048
    Пол:
    Женски
    ова е за Rose Red
    http://www.youtube.com/watch?v=tgk_6GUl1T8

    и има уште еден филм за истата куќа (само ова е приказната а во претходниот ја истражуваат случката, мене овој повеќе ми се свиѓа)

    The Diary Of Ellen Rimbauer
    http://www.youtube.com/watch?v=49BBU5mPQmY

    сега имињата се сменети ( и куќата се вика Rose Red, ама горе доле слична историја имаат жениве и истото тоа е опишано што се случува во куќата и е баш за Winchester House.
     
    На Arthur и caroline.costa им се допаѓа ова.
  15. imorena

    imorena Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    435
    Допаѓања:
    3.286
    Пол:
    Женски
    7. Magh Sleacht рамница, во близина на Ballyconnell, Ирска. Многу легенди се случувале на ова место, приказната е тоа што тука бил Хром кој Келтите многу го почитувале и му носеле жртви. Посетителите на ова место велат дека слушнале звуци и мирис на запалено месо, некои дури и сликале сенки во форма на луѓе, кои се наоѓале околу камењата пред зајдисонце, други велат дека виделе дури духови на рамицата среде бел ден ...

    6.Катакомби, Париз, Франција... Милиони посетители и водичи кои го посетиле катакомбите во Париз, велат дека ова место е уште мистериозно, се чувствуваат многу ладни места, исто виделе духови кои поминуваат низ ходниците на катакомбите, а некои дури и ги придружувале групите наоколу, многу забележале група на сенки во темен ходник во катакомбите, некои дури и ја стопирале посетата на катакомбите порано, не го виделе крајот бидејќи почувствувале голема слабост и не сакале да одат понатаму,имале голем страв. Во голем број слики можат да се видат паранормални сенки, па дури и камерите имале снимено. Никогаш не се препорачува да се оди сам или со луѓе кои не го знаат добро патот низ катакомбите бидејки можеш лесно да се изгубиш и никогаш нема да излезеш од катакомбите.Многу од нив на шала отишле во катакомбите, и никогаш повеќе не биле видени ни пронајдени.

    5.Атол Палмира Ајленд, Тихиот Океан ... Луѓето што ги посетиле островот велат дека ова е дефинитивно еден остров на духови, многумина велат дека имаат многу непријатно чувство и многу паранормални работи се случуваат на островот.Местото е ненаселено, едно од најоддалечените места во светот, кое е лоцирано во средина на Тихиот Океан. Според легендата тука е закопано гусарското богатство, и се случиле многу убиства а едно од најголемите е во 1970 година,има пријавено исчезнување на многу луѓе на овој остров, кој никогаш не биле пронајдени, исчезнати бродови, многумина велат дека историјата на овој остров е слична на Бермудскиот триаголник ...
    4. 731 Единица на експериментален камп, Харбин, Манџурија, Кина.. Камп наречен по Азискиот Аушвиц, многу луѓе биле убиени во овој логор, некои од нив биле затвореници, од нив се правени експерименти, кастрирање и многу повеќе, а не им била дадена никаква анестезија. Многу луѓе биле убиени во овој логор, и денес во овој град и околните села има пријави на многу мистерии, духови, многу паранормални феномени, таинствени гласови и звуци, сенки во слики, дури и БиБиСи биле да го снимаат местото и имале проблем со светлата и батериите кога почнале да снимаат ...

    3. Трансилванија, земја на Дракул, Романија ... Туристите како и лицата кои живеат овде пријавиле многу мистериозни појави во замокот, чувствувале ладни места, чудни звуци, многу луѓе виделе мистериозни сенки во замокот на грофот Дракула. Понекогаш тие обиколки во замокот биле скратени поради некои мистериозни крикови и паранормални настани ...

    2. Greyfriar’s Kirk гробишта / затворот Covenanter е во Единбург, Шкотска.Сурови работи се случувале во затворот Covenanter, загинале многу затвореници а во близина на затворот се наоѓале гробиштата на Greyfriars Kirk, луѓето биле живи закопани,а многумина биле изгорени. Околу 1998 започнале да се случуваат многу необајасливи работи околу гробиштата, каде што луѓето кажувале дека почувствувале ладни места, голема смрдеа, гласни звуци кои доаѓаат од гробовите, а некои од туристите биле повредени. Многу туристи, посетители, па дури и водичи биле нападнати од нешто што ни тие самите незнаат што би можело да биде, имале модрици и гребаници по рацете и нозете. Некои од нив биле дури и се туркани, биле зашеметени и повраќале. Многумина виделе сенки, слушнале смеа, виделе објекти што се помрднуваат...

    1. Whitechapel / Spittalfields, Лондон, Англија ...На ова место се одржало едно од најпознатите брутални убиства што се забележани.Џек Мевосек убиецот на кои треба допрва да се открие вистинскиот идентитет и кои се уште не е решен. Туристите како и лицата кои живеат во Whitechapel виделе и слушнале многу мистериозни феномени. Многумина виделе духови кои биле жртви на Џек, еден чудна војска од римски војници, духот на морнар, мистериозен црн пајтонџија, со бели коњи, кои ненадејно се појавуваат без звук и исчезнуваат, додека си трепнал ...
     

    Прикачени фајлови:

    На PrinceOfPersia и anastasija85 им се допаѓа ова.
  16. spellbound

    spellbound Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2010
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    1.483
    Сакам да одам во Aokigahara и Prypiat :)
     
  17. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.638
    Допаѓања:
    29.257
    Пол:
    Женски
    Мене многу ме интересираат вакви мистериозни и морничави места :)
    Еве нешто што пронајдов.

    Катедралата со черепи во Ортранто, Италија

    [​IMG]
    Во 1480 отоманските трупи го нападнале и го освоиле италијанскиот приморски град Ортранто. Освојувачите избрале осумстотини од жителите на градот, ги одвеле на блискиот рид и им заповедале да го прифатат исламот. Откако тие одбиле, биле обезглавени. Ридот оттогаш е познат како Ридот на Мачениците, и останките на побожните граѓани кои што не сакале да се одречат од својата католичка вера биле вградени зад олтарот на локалната црква. Вчудоневидувачко, зар не?
    [​IMG]


    Палатата Самервинд

    [​IMG]

    Палатата Самервинд, порано позната и како палатата Ламонт сега е само напуштена рушевина на бреговите Вест Беј Лејк во североисточен Висконсин, САД. Се смета дека е едно од најопседнуваните места во државата. Поради напуштеноста, како и случаите на пожар, останало многу малку од зградата. Самервинд бил изграден во раниот дваесетти век првично како рибарска куќичка. Во 1916 имотот бил купен од Роберт П. Ламонт кој што ги ангажирал архитектите од Чикаго, Талмаџ и Вотсон за да го преуредат местото во палата. Ламонт останал да живее во Самервинд приближно 15 години, за времето на кои слугите го известувале дека куќата е опседнувана од духови, но тој не им верувал. Како и да е, според кажувањата, тој ненадејно го напуштил имотот откако забележал некаква појава на дух во кујната.

    Откако некое време стоела празна, куќата ја купиле Арнолд и Џинџер Хиншо кои што се вселиле во неа во раните седумдесети заедно со нивните деца. Од тоа време наваму почнале зачестените известувања за појава на духови во тоа место. Откако се вселиле Хиншоови тврделе дека забележале извесен број на чудни појави, почнувајќи од треперливи сенки кои се движеле по степениците и тивки гласови кои запирале кога тие би влегле во собите од кои што се слушале, па се до разни електрични и механички проблеми како и отварања на прозорците сами од себе. Исто така виделе и дух на некоја жена кој што се појавил неколку пати во близината на собата за обед. Шест месеци по вселувањето Арнолд доживеал нервен слом, а Џинџер се обидела да се самоубие. Арнолд бил пратен на лечење, а Џинџер се преселила кај нејзините родители во Грантон, Висконсин.

    Во јуни 1988 Самервинд бил погоден од гром неколку пати кое што предизвикало пожар кој што уништил голем дел од палатата. Чудно, и покрај непосредната близина на високи дрвја до куќата, сепак токму таа била погодена од гром. Денес од неа останале само остатоци од оџаците, темелите и влезот.

    Мистеријата Клапам Вуд
    [​IMG]
    Со тоа име се именувани серија на невообичаени збиднувања кои што се поврзани со Клапам Вуд во Западен Сасекс, Англија, кои што станале многу познати во популарната култура. Се известува за разни мистериозни случувања како невообичаени глетки и феномени како и исчезнувања на миленичиња. Исто така, со тоа место се поврзуваат и смртни случаи на луѓе. Почнувајќи од 60-те години на минатиот век разни луѓе тврдат дека таму забележале НЛО објекти, чувствувале тешка необјаснива мачнина или биле турнувани од невидливи сили, или пак забележувале некакви чудни необјасниви маглини како се појавуваат на патеките низ шумата. Други пак имале силно чувство дека некој ги демне и следи. Мерењата со Гајгеров бројач покажале зголемена радиоактивност во областа.

    Откако местото станало познато по својата мистериозност се случиле четири смртни случаи било близу или пак внатре во шумите. Првиот се случил во Јуни 1972 кога полицаецот Питер Голдсмит исчезнал додека ловел во областа. Неговото тело било најдено шест месеци подоцна. Второто тело било на Леон Фостер, откриено во Август 1975, кој што бил објавен за исчезнат три недели пред тоа. Третата жртва бил свештеникот Хари Нил Снелинг, поранешниот пастор на Клапам, кој што бил пронајден три години по неговото исчезнување. Во септември 1981 исчезнала шизофреничната бездомничка Џилиан Метјус- Витерс чие што тело било најдено шест недели подоцна, и според вештачењата таа била силувана и задавена.

    Во нивната книга од 1987, Демонската врска, Тојн Њутон, Чарлс Вокер и Алан Браун тврдат дека во Клапам Вуд се негувал сатанистичкиот култ наречен „Пријателите на Хеката“, кои што во шумите жртвувале кучиња и други животни. Според кажувањата Чарлс Вокер бил контактиран и вовлечен од некој член на групата кој што му кажал дека во култот учествувале луѓе на важни места. Подоцна култот го напуштил местото поради тоа што печатот многу се заинтересирал за случајот, како и поради тоа што големо невреме, познато како Големата Бура од 1987, уништило голем дел од шумата токму во годината кога книгата била издадена.

    Триаголникот Бриџвотер
    [​IMG]
    Триаголникот Бриџвотер е област од околу 520 квадратни километри во североисточниот дел на Масачусетс, САД. Уште од колонијални времиња тоа е место каде што наводно биле забележани бројни паранормални феномени почнувајќи од НЛО, џиновски змии, „Големото стапало“, како и исчезнувања и убивања на стока. Во средината на областа се наоѓа мочуроштето Хокмок , што значи „место каде што скитаат духови“, а кое што било наречено „Ѓаволско мочуриште“ од раните доселеници. Во тој триаголник се пронајдени повеќе индијански гробници.
    Еден од најпознатите феномени забележани таму се необјаснивите светла кои што вообичаено се забележуваат во мочуришните области, а кои што според известувањата се појавуваат секој јануари.

    Амитивил
    [​IMG]

    Малку се луѓето кои што не слушнале за филмот Ужасот во Амитивил – а повеќето и го имаат гледано истиот. Но она што можеби не го знаете е дека е правен врз основа на вистински случувања. Авторите на книгата (Џорџ и Кети Лутс) биле убедени до смрт дека приказната е вистинска. Во 1975. брачната двојката се вселила во куќата во Амитивил, Њујорк. Но тие не знаеле дека тринаесет години порано синот на поранешните сопственици ги убил сите шест членови на неговото семејство- велејќи дека бил воден да го стори тоа од гласовите во неговата глава. Убиецот Роналд Дифио е се уште во затвор во Њујорк, и таму ќе остане се до неговата смрт. Уште почудно, сите негови жртви биле најдени мртви во нивните кревети со лицата надолу без никакви знаци на борба, или пак седативи во нивните тела.

    По дваесет и осум дена откако се вселиле, Џорџ и Кели избегале- велејќи дека серија ужаснувачки искуства ги натерале да избегаат. Семејството почувствувало лоши мириси, слушале силни гласови, чудни звуци, а дури и физички биле нападнати. Исто така виделе светлечки црвени очи во куќата. Кети нашла мала скриена соба во куќата, бојадисана во црвено, и нивното куче не сакало ни да пријде до чудната соба. Подоцна повикале и свештеник да ја благослови куќата, и тој исто така бил очевидец на некои такви случувања, за што посведочил пред камера. Сегашните сопственици пак, како и тие по Лутсови, не се пожалиле на такви мистериозни и паранормални појави, а прозорците во холандски стил биле преуредени за да ги спречат љубопитните погледи.
     
    На anastasija85 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. blonde.92

    blonde.92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    34
    и јас доаѓам со вас :D
     
  19. bal0n43

    bal0n43 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    81
    Темава ме натера да си симнам некое хорорче и да си го гледам вечер :D
    Шо се однесува до местава, најголем впечаток ми оставија шумата, куќата Винчестер и мостот од кој се фрлале кучињата.
     
  20. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    871
    ххахахаха јас би сакала да одам по скалите што не водат никаде :lol: :lol: