1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

6-те најморничави места во светот

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од anastasija85, 4 декември 2010.

  1. selly.gomez

    selly.gomez Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2011
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    42
    Хахаха куќава Winchester со тајниве премини и долги ходници Хогвортс да не е :D
     
    На Amona и Beatriche19 им се допаѓа ова.
  2. t.w.e.e.t.y

    t.w.e.e.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2011
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    617
    Би сакала да посетам едно од местава :D
     
  3. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    мн интересни места... сум читала за сите подетално и навистина би сакала да ги посетам...
     
  4. TeddyS

    TeddyS Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    235
    Допаѓања:
    121
    Ме интересираат мистерии , ако најдам ќе постирам ;)

    Многу возбудливо но и морничаво ! :worried:

    Не би сакала да посетувам вакви места , се ежам , страшливка сум :$

    Ајт да затворам џамов , да не ми влези некој дух :tmi: :lol:
     
  5. TeddyS

    TeddyS Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    235
    Допаѓања:
    121
  6. WhiteButterFly5

    WhiteButterFly5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2011
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    69
    и јас доаѓам со вас. :lol:
     
    На Pepa12 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. mackaa.t

    mackaa.t Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2011
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    3
    ЈАс имам слушнато за едно вакво место . Се наоѓа во населба Црниче Zелена куќа викаат умирале кој како ке се доселел умирале сите. Имало духови,опседната била цела куќа и така.
     

    Прикачени фајлови:

  8. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    :o значи јас живеам до најморничавето место :D
    Не е точно, никој не живее во куќата долго време, нити умира некој нити ништо. Си стои празна и запуштена. Градбата е прекрасна, штета што ќе се уништи кај и е. Имам пишувано за неа низ темиве :)
     
  9. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.598
    Допаѓања:
    23.108
    Пол:
    Женски
    Уфф, би сакала да ги посетам сите до едно. Ептен ме интересираат вакви мистериозни места.
     
  10. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Ме интересираат вакви места, подобро кажано-ме привлекуваат. :lol:
    Да бидам искрена, ме привлекува се што е мистериозно, неистражено, тајно...
    Така што би ги посетила ако имам можност. ;)
     
  11. Dayse

    Dayse Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2011
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    133
    Пол:
    Женски
    Сите би ги посетила :D
     
  12. taylor.swift

    taylor.swift Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    10
    стварно страшно но би влегла од љубопитност
     
  13. Juicy

    Juicy Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    1.812
    Допаѓања:
    11.127
    Пол:
    Женски
    Интересно .
     
  14. andy96

    andy96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    13
    Куќата Winchester многу сакам да ја посетам
    исто и мене ме привлекуваат мистериозни работи :D
     
  15. Beauchamp

    Beauchamp Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2011
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    5.607
    Пол:
    Женски
    уу..крипи :angel: баш сакам вакви места! сите би ги посетила :P ама сама не идам нигде :rofl:
     
  16. Sweety55

    Sweety55 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2011
    Пораки:
    181
    Допаѓања:
    414
    Пол:
    Женски
    Леле, страшно :o
    Куќата Winchester ми се допаѓа...стварно сакам да ја посетам :P :P :D
     
    На bluegirl7 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. dolly.doll

    dolly.doll Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    594
    Допаѓања:
    505
    Пол:
    Женски
    А во кој град еоваа куќа ?
     
  18. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.551
    Во Скопје, и нема ни с од страшна. Бев со една другарка преку ден, и освен неколку огромни пајаци и мнооогу скапани греди, немаше ништо страшно.
     
  19. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Prypiat - Најмногу ме привлекува.
    Страв ми е од вакви работи но премногу сум љубопитна за да им одолеам, така да ова ми е на прво место, а и сите други би ги посетила, ме заинтригираа иако ќе ми се тресат колениците и ќе имам тахикардија, но сама никако нели.
     
    На Christina.A му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Ридот на крстовите, Литванија
    [​IMG]
    Kryžių kalnas- Ридот на Крстовите, кој што се наоѓа на 12 километри од малиот индустриски град Šiauliai е литванско место за аџилак. На малиот ред се поставени повеќе од пеесет илјади крстови кои што ја претставуваат христијанската посветеност и симбол за литванскиот национален идентитет. Потеклото на првите крстови е непознато, но и покрај пстојаните обиди на комунистичката власт за време на 20. век да ги отстранат крстовите, тие сепак се враќале во илјадници.
    Местото само по себе не е страшно, но концептот на мистериозното појавување на илјадници крстови, и тоа како да се појавиле сами од себе, може да биде вознемирувачки во извесна мера.

    Зградата на Мери Кинг
    [​IMG]
    Со години скриените подземни простории на оваа зграда во Единбург, Шкотска биле обвиткани со митови и мистерии. Приказни за духови и убиства, како и митови за жртви на чума кои што биле соѕидани и оставени да умрат се првото нешто што ќе го чуете за тоа место. Во 1645 местото било затворено засекогаш. Чумата ја нападнала малата заедница, и според кажувања локалниот совет донел решение жртвите да се затворат и соѕидаат во таа зграда за време на неколку години, оставајќи ги да умрат. Веројатно затоа тоа место е наречено „улица на тагата“. Се разбира дека истото има и репутација на место полно со духови. Духот на едно мало девојче, наречен „Ани“ е нешто како локална славна личност, која што скита околу местото тажна поради тоа што ја изгубила нејзината омилена кукла. Сега има цела соба со кукли кои што посетителите ги оставаат за неа. На сликата погоре е Др. Џорџ Ре во костум за чума, кој што работел во областа.

    Капучинските катакомби во Палермо, Италија
    [​IMG]
    Овие подземни гробници се наоѓаат во Палермомо, Сицилија. Покрај тоа што тие денес се едно од застрашувачките туристички атракции, исто така претставуваат и значајно историско место. Во 1599 свештениците од манастирот го мумифицирале починатиот свештеник Силвестро од Губио и го сместиле во катакомбите. Телата биле обезводнувани и потоа змивани со оцет. Некои тела се балсамирани, а други пак херметички затварани во стаклени ковчези. Монасите биле погребувани заедно со нивната секојдневна облека. Првично катакомбите биле наменети за починатите монаси, но во наредните векови станало статусен симбол да се биде погребан во капучинските катакомби. Во нивните тестаменти, локалните значајни личности барале да бидат мумифицирани во одредена облека, или дури и облеката редовно да им биде менувана. Катакомбите биле затворени во 1880, но туристите сепак постојано доаѓале да ги посетат. Последниот случај на погребување во нив бил во 1920. Едно од последните тела внесени таму е на Росалиа Ломбардо, која што починала на двегодишна возраст, и нејзиното тело е извонредно сочувано со помош на древа техника која што била заборавена, но неодамна повторно откриена.


    Poveglia, Венеција
    [​IMG]
    Повелја е мал остров во Венеција кој што бил дом на жртвите од чума во средниот век. За истата намена служел и во римско време. Историјата на овој остров е исклучиво поврзан со смртта. Покрај тоа што служел како место за болните од чума, бил во употреба и како колонија на лепрозни во текот на многу години. И кога веќе ќе си помислите дека не може полошо од тоа, во 1922 на островот била изградена лудница, Еден од докторите кои што работеле таму бил нападнат од луди пациенти кои што го фрлиле од врвот на некоја ос зградите. Рушевините од болницата останале до ден денешен. Низ историјата на овој мал остров умреле 160 000 луѓе. Се вели дека цел еден слој на островот се состои од остатоци од човечки тела, и дека рибарите го избегнуват островот затоа што би можеле од водите да извлечат делови од тела. За да го посетите тоа место, ќе треба да се спријателите со некој од локалните жители кои што таму имаат виногради, затоа што јавниот пристап е строго забранет.


    Европските костурници
    [​IMG]
    Костурниците се згради или места кои што служат за оставање на коските на починатите луѓе. Тие често се употребуваат кога нема доволно место за вообичаено погребување. Вакви места можат да се најдат насекаде низ Европа. Меѓу најпознатите се катакомбите во Париз кои што се мрежа на ходници полни со скелети веднаш под париските улици. Фотографијата погоре е од Санта Мариа дела Кончезионе деи Капучини, црква во Рим, Италија, изградена по нарачка на Папата Урбан VIII во 1626. Во неа се наоѓаат остатоците на 4000 фратри. Некои од скелетите се недопрени, но во поголем дел одделни коски се употребени во создавањето на сложени украси. Тоа е само една од морничавите костурници кои што можете да ги посетите.