што мислите за замокот на гроф дракула? би спиеле таму? во креветот на грофот бббууухуууу јас нема шанси
Прво и најважно креветот на грофот Дракула не можеш ни да го допреш а камоли да спиеш на него Башкатоа во замокот нема ништо страшно, освен ептен тесните и полумрачни ходници и самата градба на брдо Еве слика од неговиот кревет
знам дека таму неможе да се спие туку самата помисла да би спиеле таму ,ти викаш дека нема ништо страшно?Од помислата за митовите на гроф Дракула да спијам ноќе би била језива,дома се плашиме за некои ситници а не па за ова
....во дворецот на дракула нема ништо страшно,јас сум била таму и сум го допрела креветот,само малце се лоши скалите бидејки се премногу тесни и искривени..
Јас дефинитивно сакам ситед а ги посетам посебно куќата Winchester.Кој е за ајде (сама ме фаќа страв помалку)
Јас така на зафрканција отидов со другарка ми во новите гробишта во Битола..Здогледав еден гроб каде што имаше слика од една почината жена...Дојдов до гробот, ја гледав сликата..Жената беше многу убава.. Забележав убава црна коса , црни очи, црвен кармин, црвена јакна и црни пантолони..Одеднаш слушнав смеење од никаде..Морници ме полазија ја фатив другарка ми за рака и да ме нема..наеднаш почна ветер многу да дува да чука на знаците лелелеле луѓе ден денес немам стапнато на тоа место од страв
znam a zamisli mene kako mi beshe...uplav imam od toa mesto ni milion dolari da mi dat pak da odam nema sansi hahahahahah stvarno bese zastrasuvacki ziv coek na patistata nemase
http://www.primetime.mk/najgolemata-sko ... a-stravot/ Мистеријозната куќа на стравот..во Скопје .. Велат дека е опседната со духови ...Искрено не верувам но некако видеово изгледа пререалнооооо...снимено од Македонска Телевизија...
Не дека некој ме тераше да отварам овде, па сега да се плашам да се завртам, ама нема везе. Напуштенио град би сакала да го посетам, само до мене да имам некој од посилниот пол, да ме гушне да не се плашам.
Слушнав дека има некој филм снимен за Чернобил или се лажам? Ако е точно , пишете ми кој е сакам да го гледам
МОРНИЧАВO! НАЈСТРАШНИОТ ОСТРОВ ВО СВЕТОТ! Островот на куклите е еден од најпознатите страшни места во светот. Островот на куклите се наоѓа во Мексико и е едно од најпознатите призрачни и мрачни места во светот. Пред куќата на Дон Хулио висат мртви кукли кои набиваат огромен страв кај посетителите. Легендата вели дека во едно гратче во Мексико живеел Дон Хулио Сантана. Цел живот човекот бил прогонуван од мртвиот дух на девојче кое се удавило пред неговите очи. Од шокот Дон Хукиан полудел, затоа во 1975 година се повлекол да живее на осамениот остров. Пред тоа, тој собрал илјадници кукли од депонијата. Непотребните играчки на децата биле осакатени. Имало кукли без раце, нозе, глави, очи. Тие биле секакви дрвени, порцалански, пластични, човекот едноставно не избирал. Дон Хулио ги собрал сите нив, ги ставил на својат брод и ги однел на островот. Старецот почнал да ги поставува мртвите кукли со конец и да ги врзува на дрвјата. На својот призрачен остров старецот одгледува зеленчук, кои ги разменува за кукли и така дрвјата, преставуваа куќички на старите и грди кукли, кои и денес влеваат страв кај посетителите на призрачното место. Многу туристи го посетуваат Островот на куклите, па дури и тие оставаат своја кукла таму. http://mojataubavagradina.mk/index.php? ... Itemid=530 http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... OAL4Q1VLY#
http://grid.mk/read/news/121638531/1290 ... ostatocite И што им требаше за да ја урнат.Па ќе граделе нов објект Не верувам дека ќе се најде “храбро’’ македонче што би го купило новиот објект...