Dark tourism во светот е во пораст. Луѓето доаѓаат на страшни локации кои важат за опседнати со духови и сл. со цел да доживеат паранормални искуства. Добар дел од посетителите се паранормални истражувачи кои доаѓаат со своја опрема во обид да најдат докази за постоење на паранормални нешта. Јас би ги издвоила следниве- како едни од пострашните места за истражување, кои сум ги гледала на интернет: 1. Bobby Mackey's Music World, Wilder, Kentacky - порано било кланица, денес е ноќен бар со жива музика. Попознат е уште и како портал кон пеколот. Урбаните легенди вклучуваат приказни како онаа за Johanna, бремена танчерка од 40-те која се самоубила со отров откако татко и го обесил нејзиниот сакан кој бил пејач во една од просториите на барот и приказната за 22-годишната Перл која 1896 год. била убиена во близина на местото на грозоморен начин од двајца студенти кои наводно биле сатанисти. 2. Островот Повелија, Венеција, Италија - во минатото бил зона за изолација и карантин на болните од чума а на почетокот на 20-тиот век бил психијатриска болница. Место кое било наменето за изолирање на непожелните од остатокот од општеството, во секој случај. Денес е напуштено, но се смета дека изобилува со паранормална активност. 3. Бродот Queen Mary, Long Beach, California - закотвен на пристаниште, овој некогаш воен брод, сега е музеј/хотел. Редовно го посетуваат оние кои се заинтересирани за историјата но и за паранормалното. https://www.travelandleisure.com/hotels-resorts/most-haunted-hotel-america-queen-mary 4. Куќата на Lizzie Borden, Fall River, Massachusetts - куќата е сведок на две до денес неразјаснети свирепи убиства со секира на угледен брачен пар. Лизи Борден, една од нивните ќерки иако не била никогаш обвинета, сепак сеуште е осомничена. https://lizzie-borden.com/history/ 5. Бојните полиња во Гетисбург, Пенсилванија - место на една од најкрвавите битки од граѓанската војна во Америка. Привиденија на војници кои се движат низ полето се честа појава: https://www.gettysburgbattlefieldtours.com/ghost-tours/ 6. Замокот во Единбург - направен во 11-ти век, познат е по страшните паранормални појави и исто е еден од пострашните замоци за истражување: https://www.edinburghcastle.scot/
Во Македонија има некое вакво место, со историја? Напуштени куќи има многу, во нив страшно е само ако стапниш на игла од наркоманите.
Нема да заспијам сега. Имам влезено во една од овие во Битола уште кога бевме мали деца. Немаше ништо, само некои стари весничиња, сметки и ѓубре. Не сум ја знаела "приказната" иако веројатно точната е тоа дека не можат да се договорат за имотот, па остана само таа стара да дели од останатите.
Јас не можам да се сетам дали ја имам видено таа куќа. Некако кога ја видов сликава како да ми е позната, може некогаш сум поминала кога сум била на шетање натаму. Многу сакам вакви приказни, држат внимание.
Баш Црн Мост, ако одиш надолу од десната страна одма на кружниот тек. Еврејската не знам која е. И некоја трета е спомната во текстот ама не пиши кај се наоѓа.