1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

666 Park Avenue

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од wolf4e, 12 октомври 2012.

  1. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.894
    Jа открив серијава пред неколку дена и како љубител на хорор серии,морав да ја погледнам.
    Jа видов само прва епизода и не бев кој знае колку воодушевена :?:

    Mалку ревју за серијава :)
    Cе работи за една зграда во Mенхетен во која се случуваат чудни и мистериозни работи,а и парот(газдите) кои живеат тука се доста мистериозни,се појавува една девојка која бара работа во зградата и ја добива и почнува да живее тука,сите вработени живеат во зградава и почнуваат да се случуваат чудните работи.

    Bо главните улоги играат Bанеса Bилијамс од Dеsperate Housewives и Pејчел Tејлор од Greys Anatomy.

    [​IMG]

    [​IMG]

    http://www.youtube.com/watch?v=_rL4GSQfU60

    Ja гледа некој серијава? Bи се допага?
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  2. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    Ми фалеше некоја нова поразлична серија од моиве :wasntme: да ѕирнам. Ќе симнам неколку епизоди баш, да видам како ќе ми фати за око :) па ќе пишам импресии :wasntme:
     
  3. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    Уште од промото ми падна многу на око, ама рано е да зборам само 3 епизоди до сега.
    Ја обожавам Вилемина, т.е Оливија, родена ми е за вакви улоги.
    Се надевам дека нема да отиде во погрешен контекст серијава.
    Ветува!
     
  4. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.326
    Допаѓања:
    101.565
    Пол:
    Женски
    Серијава е прекрасна барем по промото. Ветува. Симнати ми се сите епизоди до сега, викендов планирам да ги гледам.
     
  5. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    425
    Дали јас тоа го гледам Terry O'Quinn? Ааа мојот омилен глумец, со улогата на John Locke во Lost. Гледам ОБАВЕЗНО! ГО обожавам човеков!!! Само Ванеса Вилијамс некако не ми седи за хорори...хммм нема везе. Се надевам дека ќе биде добра. Следна е на листата за гледање!
     
  6. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.998
    Допаѓања:
    279.369
    ЈАс до третата епизода сум стасана.
    Не е нешто wow, али сеуште гледам потенцијал за добар заплет на настани.

    Приказната е добра, изборот на глумци истотака е добар.
    Но сум во исчекување на некој момент од кој ќе ми замрзне крвта, или малку ќе ми дигне адреналин, оти нели треба да е хорор.
    Можеби јас со преголеми очекувања сум, инаку има драма/романса елементи, психолошки, трилер...не е лош за лош само нека почнат почудните и пострашните работи побргу :rofl: .

    Инаку за содржината, паровите ми се совшено вклопени.
    Младиве ми се срцкасти, ептен си одговараат. А газдиве подеднакво добро си одговараат поради особини спротивни од оние на младиве хаха, си се нашле двајцата лошотилоци.
    Комшиите, таа манекенката и мажот и писателот ми се истотака добри, само не ја сваќам улогата на таа комшиката што му се пика на мажот. Помини замини таа се рассоблекува гола пред прозорец за тој да ја види.
    Ќерката на газдите извршила самоубиство. И во писмото што го изгоре мајка и стоеше како пишува девојчето дека татко и е злобен. Значи ли тоа дека мајка и само се фанала за истото оро со мажот и но не е премината на црната страна, дека има надеж за неа?
    На девојкава почнаа да и се причинуваат ствари, т.с да ги гледа старите станара од зградата(тоа девојчето што и се обраќање). Сите тие починале од неприродна смрт или индиректно по вина на газдава?
    И зошто баш неа и се причинуваат?
    ЌЕ и дадам шанса на првава сезона....биче боље.
     
  7. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.894
    Cтигнав и јас до трета епизода,првата епизода не ми се допадна толку,но другиве две ми беа одлични :)
    Hајантипатичен лик ми е дефенитивно онаа плавата што се соблака на секое и го демне писателот(заборавив како се викаше) а кога ја виде Xенри,кутричката се исплаши :D A нели направија нешто писателот и плавата? :^)
    Mногу ме интересира каде исчезнуваат лугево,во зидот,заглавен,мртви\живи се?
    Cтварно мистерија е цела зграда :|
     
  8. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    Само новата 6тата не ја изгледав, немав сили синоќа, а и искрено малку спуки ми беше у 3 саат да догледувам уште една.
    Како што почнаа да гребат грнаките по прозорот си помислив, Кандински is coming :sweat: :D
    5тава беше скери инаф, се поише и поише ја paзгореа работава, се поише ја расплеткуваат мистеријата околку Дрејк.
    Мене ужасно језива ми беше и ме извади од памет сцената во втората епизода кога и излегоа
    птици од ѕидот,мене па ми се видоа ко љиљаци, а јас имам фобиа од љиљјаци, ќе пуштев за малку водичка...
    [​IMG]
    [​IMG]
    Ми се допаѓа што имаме у обратна ситуација, некој му се заканува и на Гавин за промена, инаку обратно би било без рамнотежа. Само што имаше во сефот толку битно? Тоа ли му е тајанта за натприродните моќи?
    [​IMG]
    Малку искрено не ми се свија тој сајанс фикш дел, мртвите се враќаат, влагаат у ѕидови, кои знам дека се тотално невозможни и нелогични ама сепак нешто ме држи и понатака да ја гледам.
    До сега немам лик кој ме иритира посебно. Можеби малку женава на писателот, незнам лигава ми е, иронична, и мислам дека не го сака маж и.
    Инаку кастингот им е 5+, сите ги погодиле екстра.
    Нона ми е тотално мистерија, но мислам дека ќе биде клучниот човек кој ќе им помогне на Хенри и Џејн.
    И дали тоа малото девојче кое посотјано и се појавува на Џејн и некоја баба, прабаба, итн.
    Би имало логика некоја. Само ме интресира дали сите натприродни нешта во Дрејк ги контролира Гавин?
    Уште ништо не е јасно, се надевам дека ќе ја снимат целава сезона зашто има руморс дека можеби и да ја прекинат. Е тоа би било стварно штета |(
    ОД мене сега за сега има оцена 8 што е доста висока според мене.
     
    На VAGA91 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    425
    Нема да се замарам што е и како е, туку ќе дадам коментар дека баш би ми било криво да ја прекинат. Јасно ни е дека има премногу серии, нешто е веќе видено, нешто не, сепак јас сакам кога има нешто да се гледа.
    И повеќе од јасно е дека голем дел од народот и не гледа серии од ваков жанр, што би довело до прекин на серијата. Народот сака комедии, тоа е докажано.

    Сепак, се надевам ако не друго ќе ја завршат сезоната. Мислам дека има иднина и за повеќе сезони, но ќе видиме. Верувам дека има уште неисцрпени извори за да ни го задржат вниманието.

    Сега коментар малку за серијата општо. Ги изгледав сите шест епизоди. Во спојлер.
    Солиден избор на улоги, како што кажав Тери тука ми е најомилен лик, значи човеков го обожавам и сакам да го гледам. Привлечен глумец ми е. Гледам дека и Ванеса до некаде се снаоѓа во улогата, но како што кажав не ми е тип за хорори. Сепак солиден пар се. Овој писателот е оној дечкото од Нико во Lipstick Jungle. Ми се допаѓа :wasntme: Жена му ми е симпатичен лик, а таа плавата ме нервира. Очигледно сака да им го расипе бракот. Џејн и Хенри ми се добри, само ме нервира Џејн со плава коса и црна веѓа :^) Инаку се супер пар. Јас да сум на местото на Џејн би полудела до сега :D малку тоа ми е без веза, ко да не и страв од ништо, оди сама во подруми, влегува во врати, ја гледа малечката, мислам ту крипи, али ко на филм знаеме како е :D Според ланчето што го носи, јас сфатив дека девојчето би можело да и е баба, но како баба кога е девојче дух? И таа кутијата што ја имаше во сефот, дефинитивно ќе се врти се околу неа во целата сезона. Ќе видиме.

    Оценка од мене за глумата и глумците има 8/10, причините кажани погоре, а приказната општо е 9,5/10. Одлична.
     
  10. VAGA91

    VAGA91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Женски
    Ja изгледав и 6тата епизода. Не ме привлекувале до сега ваков тип на серии, ама оваа ме тера да ја гледам. Омилен лик ми е Брајан, некако мн ми е секси дечкото :) Ајде се надевам во 7ма епизода ке ни се разјаснат некој работи :) Од мене 9/10.
     
  11. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.998
    Допаѓања:
    279.369
    Ја изгледав шестата епизода и ми се допадна.
    Беше некако очекувано дека ќе настанат проблеми помеѓу Џејн и Хенри. Под влијание на работите кои ги гледа, очекувано дека она сака да се врати се како што било предходно, т.с да се вратат дома. Од друга страна он не е свесен за овие настани и подпаѓа под влијание на магијата и можностите кои ги нуди големиот град. Во оваа епизода добив впечаток дека он со оваа црнкава што е пи ар, а Џејн со детективот подобро се поврзаа одколку они еден со друг. Капак на се он смета дека она ги има истите проблеми како баба и, т.с дека се мрднува со паметот(што и го сваќам).
    Повраноста помеѓу халуцинациите на Џејн и настаните во Дрејк зградата е логична. Немав обрнато внимание на девојчето од сликата, т.с што се случило со нејзе. Мислам се криеше под креветот кога мајка и почина, очигледно преживеала и е баба на Џејн.Што ќе му дојде дека ненормалниот дух е прадедо на Џејн.
    Претпоставувам има некоја незавршена работа поради која она ги гледа халуцинациите а тој се враќа по нејзе, се прашувам дали Дрејк е запознаен со тоакоја е Џејн и која би било неговата реакција. Зошто духот се враќаше како девојче, за она да не ја препознае сопствената баба како возрасна или е дух на друго девојче?
    Докторов стана уште една марионета...
    Со тоа што Виктор ја пооедува кутијава се надевам на поголем баланс на настаните.
     
  12. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.894
    И мене тоа ми е без врска некако :| Посебно секирата и тој што почина веке :^)

    Jа изгледав новата епизода вчера,како што ми се чини овај Xенри ке се сплетка со црната,оваа Џејн ке остане изгледа сама и ке полудува,можеби тој детективот ке и помогне кој знае :^) Jас помислив дека оваа Bанеса не знае за сефот и дека маж и крие од неа,но изгледа не :) Kај и да е и на докторчето ке го лапнат зидовите :yawn: :wasntme:
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    6тата е океј, ама како заврши седмава епизода :x
    Ај ем блоун оф мај маинд.
    Се отплеткаа барем дел од работите
    Знаеме веќе која Џејн што би рекла Нона дете на дрејк.
    Али што ќе се деси сега откако остана затворна доле?
    И да и мене ми мириса нешто дека Хенри можеби ќе се сплетка со неговава PR.
    Али до некаде сите животи што ги поседува Гавин се зашто се продале на некој начин-услуга за услуга.А дали ги држи за конец и Хенри и Џејн? Јас мислам сеуште не, и затоа плетка нешто за да може да хи има во свои раце.
    Мистеријава се отплеткува, посебно со овој Шоа, се надевам дека нема да умре, поинтересено би било така.
    Koлку беше гадна сцената со Кандински и со скалперот што му беше у стомак, :puke: уф се наежив на сцената, па и ја има у гиф сликитици на нет :puke:

    [​IMG]
    [​IMG]

    И дури за 2 недели новата епизода, ЗАШТО :devil:
    Фантастично промо, нели
    http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... 7WxCtW9nIg
     
  14. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    425
    Каква епизода. :o
    Ова со мозаикот надолу, е најавната шпица за серијата, се откри и тоа. Сега да видиме што ќе биде со Џејн, таман пред запросувањето, ја снема.
    Предобар сплет на настаните.
     
  15. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.537
    Допаѓања:
    28.794
    Пол:
    Женски
    Ја почнав пред некој ден, до 4та епизода сум, и ми изгледа занимлива,ама ќе видиме понатаму.Инаку не ми е некако премногу страшна,
    се штрекнав само на делот кога излетаа птиците.
    Дека е нешто ептен вау, не е.Ама пополнува време,а и не е до толку клише.Ќе и дадам шанса :)
     
  16. 1DeeDee1

    1DeeDee1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2012
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    57
    Џабе е се веќе.. Серијата е откажана :worried:
    On November 16, 2012, ABC announced that the series had been canceled, and will finish its thirteen-episode run. ;( Голема конкуренција јбг :worried:
     
  17. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    Koja конкуренција HIMYM со патетична сезона, ма дај.
    Една поинтересена серија ќе дадат и ќе ја укинат |(
    Барем до крај да ја дадеа сезонава а не на средина да ја прекинат.
    Ма дај, глупости.
    http://www.tulsaworld.com/blogs/post.as ... t/52-17820
    Па во ист кош со Партнерс, пф |(
     
  18. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.537
    Допаѓања:
    28.794
    Пол:
    Женски
    Аман ABC сите серии што ги гледав ми ги прекинаа,не ги можам више |(
    А таман си ги изгледав сите епизоди и ја чекам новата, и... :|
    Иако не беше нешто нај нај, имаше добра приказна.
     
  19. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    425
    Е ова стварно не им требаше. Безобразни :devil: Уствари народов е крив не знае што е добра серија.
    Не се сомневам дека добро ќе биде скоцкано и во останативе неколку епизоди, мераклиски ќе си ги изгледаме.
     
  20. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Аман бре.
    Зошто откажана?!
    Баш ми се допаѓаше серијата, и имаше добар потенција. Интересно се одвиваше приказната, таман почнаа некои работи да се дознаваат а и баш беше нешто поразлична од другите серии.
    Стварно не ги сфаќам ABC. Почнуваат со некоја серија, и одма ја откажуваат.

    Прочитав на интернет дека 13те епизоди од сезонава ќе се доснимаат и дека продуцентите ни спремаат големо изненадување.
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.